Дали премиерот Фридрих Мерц во моментов дава големи интервјуа затоа што се приближува годишнината од неговиот избор за канцелар – или затоа што коалицијата што ја предводи, составена од ЦДУ, ЦСУ и СПД, е во криза? Веројатно едното се надоврзува на другото. Во ЦДУ, а исто така и во ЦСУ, постои „сè поголемо незадоволство“ поради компромисите што ги договара таканаречената голема коалиција, изјави Мерц во неделата (3.05) во емисијата „Кaрен ...

Од поморската база Кил-Вик на Балтичкото Море, германскиот брод „Фулда“ исплови кон Средоземјето, каде најнапред треба да биде интегриран во НАТО-состав за противминска одбрана. Бродот е специјализиран за откривање и уништување морски мини. Во случај да дојде до меѓународна мисија во Ормускиот Теснец, „Фулда“ би се наоѓала значително поблиску до можната зона на ангажман. Од почетокот на војната со Иран, на 28 февруари, режимот во Техеран го ...

Проевропската влада во Романија, предводена од граѓанскиот премиер Илие Боложан, е соборена со големо мнозинство во парламентот, по изгласаната недоверба. Иницијативата ја поднесе опозициската крајно десничарска партија АУР, заедно со Социјалдемократската партија (ПСД), која до неодамна беше дел од владејачката коалиција. Барањето за изгласување недоверба тие го образложија со противење на строгата политика на штедење што ја спроведуваше ...

Првата судска пресуда поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани донесе условни затворски казни за тројца полицајци, осудени за злоупотреба на службената положба. Судот утврди дека контролите биле спроведени само формално, без суштинско исполнување на законските обврски, што, според судијката, создало привид на правна заштита и овозможило злоупотреби. Основниот кривичен суд во Скопје на полицајците Кире Богатинов и Горан Лазаров им ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во Македонија да остане во границите забележани во другите европски земји, при што како клучен индикатор го посочува месечното движење на цените на основните прехранбени производи. Владата, според него, преку засилени контроли и антикризни мерки, има за цел да го заштити животниот стандард на граѓаните во услови на глобални економски притисоци. Инфлацијата и цените во споредба со Европа ...

На 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, Македонија се потсетува на јазикот како темел на националниот идентитет, жив сведок на историјата и едно од најголемите национални богатства. Пораките од државниот врв, институциите и меѓународната заедница упатуваат на заедничката одговорност – македонскиот јазик да се чува како аманет за идните генерации. Македонскиот јазик – жив сведок на историјата и идентитетот Македонскиот јазик не е само средство ...

Во конфликтот меѓу Иран и САД формално во сила е примирје. Меѓутоа, долготрајната блокада на Ормускиот теснец од страна на Иран, кој е клучен за светската трговија, доведува до повторно заострување на тензиите - вклучувајќи закани и употреба на воени бродови. Дури и земјите од Персискиот Залив повторно пријавуваат напади. Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе започне со ослободување на бродовите кои се заглавени ...

Што се случи? Во понеделник (4.05) попладне, околу 16:45 часот, во центарот на Лајпциг, возач на автомобил влета со возилото во толпа луѓе. Според податоците на полицијата, возилото тргнало од Августусплац и преку Марктплац се движело низ Гримајшката улица, која е пешачка зона. Очевидци за телевизијата МДР изјавиле дека автомобилот се движел со брзина од околу 70 до 80 километри на час. Пред возилото да запре, дошло до два тешки судари. ...

Апостолот на македонската револуционерна борба, идеолог и великан, Гоце Делчев кој животот го посветил на ослободување на Македонија, денес, на 123- годишнината од загинувањето во село Баница, повторно е меѓу своите, низ колективната и национална меморија за неговото дело. Одбележувањето на денот на раѓањето и на загинувањето на Делчев, во Македонија отсекогаш имало и повеќе од емотивен карактер. Неговото име повеќе од еден век е синоним за ...

Налепниците со порака дека студентите ќе победат на изборите предизвикаа бес кај поддржувачите на власта во Србија. Билансот е загрижувачки: стотици графити со говор на омраза против студентите во блокада, повеќе инциденти, па дури и едно киднапирање. „Блокадери усташи“, „блокадери терористи“, „ректор Ѓокиќ убиец“, „ректор крадец“ – ова се само дел од графитите кои во последните денови ги покрија фасадите на зградите во Белград и други ...

Поригорозна миграциска политика беше едно од клучните ветувања на ЦДУ и ЦСУ во пресрет на минатогодишните парламентарни избори. Тие партии сега се приближно една година на власт заедно со СПД, партија која прашањето за миграцијата во голема мера му го препушта на својот коалициски партнер. Сојузниот министер за внатрешни работи Александер Добринт е задолжен за спроведување на она што самиот го нарекува „миграциска пресвртница“. Уште на првиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира значително да го намали бројот на американски војници стационирани во Германија, „многу повеќе“ од веќе најавеното повлекување на околу 5.000 припадници на американската армија. „Ќе го намалиме бројот драстично и ќе одиме многу подалеку од 5.000“, изјави Трамп пред новинарите во Флорида во саботата (2.04), еден ден откако Пентагон официјално нареди делумно повлекување на силите. ...

Денес ми се чини дека секој Први Мај во моето детство во југословенското време врнеше. Често се прашував зошто Први Мај често почнуваше со облачност и „мајски” дожд, а дури попладнето светнуваше сонце, а Втори Мај почнуваше со сонце, а од пладне се истураше пороен дожд со грмотевици? Додека возбудена трчав попладне, кога дождот правеше куса пауза, по џадето кон Автокоманда, за да се договориме со роднините каде ќе одиме на второмајскиот ...

Секој петти граѓанин живее со приходи под прагот на сиромаштија, а секое второ вакво семејство се соочува со сериозни егзистенцијални предизвици.Ова го покажуваат анализите на Државниот завод за статистика, кој деновиве ги објави т.н. лакенски индикатори за 2024 година. Тие укажуваат дека стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 21,9 проценти. Според официјалните пресметки, прагот на сиромаштија за едночлено домаќинство изнесува 178.286 ...

По изборите во Бугарија и победата на поранешниот бугарски претседател Румен Радев, македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека не очекува промена на атмосферата во Софија. „Не очекувам воопшто да се промени. Напротив, очекувам таа атмосфера уште повеќе да се вжешти. Сѐ уште имаме политички и општествени структури кај нас кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика. ...

Додека Министерството за правда ги комплетира документите со кои повторно ќе се побара екстрадиција на поранешниот премиер во бегство Никола Груевски,тој од Будимпешта упати порака до министерот за правда Игор Филков да ги истражи, како што вели, злоупотребите и монтираните судски процеси водени против него. Груевски, кој по бегството од земјата доби политички азил во Унгарија, за првпат се огласи на социјалните мрежи со коментар по најавите ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди дека Соединетите Американски Држави засега нема да распоредат „Томахавк“ крстосувачки ракети во Германија, иако тие беа ветени во 2024 година од тогашниот американски претседател Џо Бајден. Тој, меѓутоа, истакна дека тоа не значи крај на плановите, ниту пак влошување на односите со Вашингтон. Во интервју за првата програма на германскиот јавен сервис АРД, Мерц изјави дека главната причина за ...

Европските граѓани можеби ќе мора сериозно да ги преиспитаат своите планови за патување ова лето, откако наглиот раст на цените на авионското гориво, предизвикан од блокадата на Ормускиот Теснец, доведе до значително поскапување на авионските билети. Авиокомпаниите стравуваат од пад на профитните маржи, како и од недостиг на гориво. Со растот на цените на авионските билети и очекуваниот недостиг на млазно гориво, иднината на европската ...

Работници од трети земји масовно се задолжуваат за да дојдат на работа во Германија, каде што често живеат и работат под тешки услови. Станува збор претежно за млади мажи од земји како Индија и Виетнам, привлечени од германските плати, кои во нивните матични држави се недостижни. Но, европскиот сон за многумина брзо се претвора во стапица. По пристигнувањето во Германија, тие често запаѓаат во експлоататорски односи и силна зависност од ...

Проектот „Јужна интерконекција“, гасовод што треба да ја поврзе Босна и Херцеговина со терминал за течен природен гас во соседна Хрватска, може сериозно да ги загрози амбициите на земјата за членство во Европската Унија. Гасоводот се смета за стратешки важен, бидејќи би ја намалил високата зависност на Босна и Херцеговина од рускиот гас. По целосната руска инвазија врз Украина, Европската Унија изврши силен притисок врз земјите членки, но и ...

Моторџиите на рускиот мотоциклистички клуб „Ноќни волци“, познати по нивната блискост со Владимир Путин, според сопствените изјави, бележат зголемен прилив на членови во Германија и во други земји. Бројот на „волци“ расте и покрај „антируската пропаганда“ и во земјите кои не се наклонети кон Москва, вели претседателот на клубот Александар Залдастанов, познат како „Хирург“. И во Велика Британија и во САД, граѓаните на овој начин бараат ...

Министерот за одбрана Борис Писториус ја опиша најавата на САД за повлекување на 5.000 војници од Германија како очекувана. „Дека САД ќе ги повлечат трупите од Европа - а особено од Германија - беше очекувано. Во моментов се зборува за повлекување на 5.000 американски војници - од вкупно речиси 40.000 што моментално се стационирани во Германија“, рече Писториус изутринава (2.05) како одговор на соопштението на американската влада. Тој истакна ...

Грбавиот кит кој повеќепати се насука во Балтичкото Море, кого медиумите го нарекоа „Тими“, сега плива во Северното Море. Како што за агенцијата АФП потврди Карин Валтер-Момерт од спасувачката иницијатива, китот изутринава (2.05) околу 8:45 часот го напуштил шлеперот со кој беше влечен до Северното Море. Животното, како што се вели, сега плива самостојно и слободно и, барем засега, и во правилната насока. Четири до шест години стариот кит ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија. Се очекува повлекувањето да биде завршено во наредните шест до дванаесет месеци, соопшти портпарол на Пентагон. Оваа одлука е резултат на темелна проверка на присуството на американските трупи во Европа, изјави портпаролот. Таа ги зема предвид барањата на оперативните подрачја, како и условите на теренот. Доналд Трамп неодамна веќе ...

Спектакуларната победа на Петер Маѓар на изборите во Унгарија и симнувањето од власт на Виктор Орбан по 16 години ја стави неговата земја на почетокот на еден редок процес - демонтирање на авторитарен систем преку демократски средства. Тоа може да биде многу потежок процес отколку самиот проект за соборувањето на Орбан што почна пред две години. Предноста на Маѓар во значајна мерка произлезе од тоа што тој беше дел од универзумот на Фидес, но ...

Од некогашните 50% + 1 во 1993 година, до само 5% во 2025 година - во последните 33 години, македонското законодавство повеќепати ги менуваше критериумите и условите за репрезентативноста на социјалните партнери за учество во колективните договори. Со последните законски измени, минималниот праг за репрезентативност се спушти на 5% членство од вкупниот број вработени во земјата кои плаќаат членарина на синдикат. Ваквиот потег практично го ...

Без оглед на правната рамка, американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да бара дозвола од Конгресот за продолжување на војната со Иран. „Никогаш порано“ не е побарано такво овластување, изјави тој. „Зошто ние да бидеме исклучок?“ Сепак, Трамп нагласи дека е во комуникација со Конгресот. Теоретски, периодот во кој на Трамп му е дозволено да ја води војната истекува овој викенд. Според законот, врховниот командант може да нареди ...

Усвојувањето на повеќегодишната финансиска рамка (МФР) е едно од најчувствителните политички прашања во ЕУ. Преговорите полека навлегуваат во клучната фаза. Се работи за тоа колку ЕУ ќе ги чини земјите-членки во периодот од 2028 до 2035 година, но и што ќе добијат за возврат. За институциите на ЕУ, тоа е и прашање на автономија кон надвор. „Во овие геополитички нестабилни времиња, буџетот ќе ѝ овозможи на Европа да ја земе судбината во свои ...

Меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во моментов е на сила прекин на огнот. Во тој контекст, САД бараат излезна стратегија од војната со Иран. Две опции се разгледуваат сериозно: продолжување на морската блокада на иранските пристаништа или нов бран воени напади со цел режимот во Техеран да биде принуден на отстапки. „САД често комбинираат стратегиски сигнали со намерна нејаснотија за да си остават простор за дејствување“, објаснува за ...

„Уназадување“, „притисок“, „политичко влијание врз уредувачката политика“ - вака бројни меѓународни извештаи ја опишуваат состојбата на медиумите во Србија. Од година во година, меѓународната дијагноза за состојбата на медиумската средина во Србија останува иста: додека просторот за професионални и независни медиуми се намалува, пропагандните алатки на владата стануваат сè поразвиени и пософистицирани. „Главната цел на Српската напредна ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Калај

53.60