На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...

Со виртуозни басистички делови, спој на македонската традиција и моќен рок-звук, младиот македонски музичар Иван Кукиќ и бендот „Sound Therapy“ одржаа спектакуларен двочасовен концерт насловен „Začarani krug“ во „МТС Дворана“ (Домот на синдикатите) во Белград. Пред публика која ги обедини различните генерации, Кукиќ уште еднаш докажа зошто рок-легендите го сметаат за еден од најталентираните музичари на овие простори од поранешна Југославија. ...

Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...

Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...

Мицкоски, „како инженер“, ни соопшти дека дата-центрите биле „новата нафта“ и дека Македонија морала меѓу првите да го јава бранот. Проблемот е што држава не се води со фрази од технолошки конференции. Особено не држава која сè уште нема обезбедено ниту енергетска самостојност, стабилна инфраструктура и гаранции дека нејзините природни ресурси нема да станат евтина суровина за туѓ приватен профит. Кога една економски ослабена и корумпирана ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на социјалните мрежи, упати низа критики за состојбите во државата, посочувајќи на намалениот број паралелки во основното и средното образование, најавеното затворање на 26 училишта, состојбите во јавното здравство и високите долгови на институциите. Притоа, таа иронично оцени дека додека државата, според неа, „пука по сите шавови“, премиерот Христијан Мицкоски се фали со користењето на ...

Вчера, струмичките земјоделци повторно протестираа поради ниската откупната цена на пиперката ајварка. Ова е вака затоа што изминативе триесетина години властите упорно одбиваат да интервенираат на пазарот. Доколку власта конечно не ја искористи политичката моќ за да го заузда пазарот, на крај ќе се доведеме во ситуација воопшто да нема земјоделци, а Македонија да нема домашно производство на земјоделски производи. Вчера, струмичките ...

Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“. Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а таа сега се однесува ...

Интерву со маратонката Росана Гошева – единствената Македонка учесничка на Охридскиот пливачки маратон Росана, за почеток како започна вашата приказна со пливањето? Кога првпат се појави љубовта кон овој спорт и што ве натера од рекреативното пливање да преминете кон маратонското пливање? Љубовта кон пливањето се појави меѓу првите натпревари. Впрочем, јас никогаш не сум се занимавала со рекреативно пливање. Почнав да тренирам на шест ...

Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод! Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па наместо аргументи понуди ...

Владата знае дека овчите и козјите сипаници се шират, дека цели стада се уништуваат и знае дека сточарите остануваат без егзистенција, но наместо веднаш да набави вакцини со буџетски средства, чека само најавена донација Турција и дополнителна помош од ЕУ. Нема прецизен датум ни кога вакцините воопшто ќе пристигнат. И откако ќе пристигнат, нема веднаш да почне вакцинација – дозите прво ќе треба да бидат проверени за безбедност, квалитет и ...

Најмалку 35.000 луѓе починале како последица на четирите последователни рекордни топлотни бранови што ја погодија Европа во текот на летото, покажуваат досега нецелосните податоци од повеќе од половина од европските земји. Експертите предупредуваат дека конечниот биланс би можел да биде значително поголем, бидејќи сè уште не се обработени податоците за август. Само во Германија, Франција и Шпанија се регистрирани повеќе од 25.000 дополнителни ...

Владата на ДПМНЕ повторно ќе ги остави граѓаните со најмизерни плати во Европа сами да се справуваат со последиците од неспособноста на власта. Нов ценовен бран на храната се приближува кон Македонија, а државата повторно нема стратегија како да го заштити стандардот на граѓаните. Светските цени на храната повторно растат, а првите удари кај нас може да се почувствуваат уште во октомври и ноември, додека посериозниот удар врз лебот, млечните ...

Премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ отворено ја истакна силната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, притоа изразувајќи надеж дека за време на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации ќе има можност да се сретне со него, во Белата куќа или на друга локација во Соединетите Американски Држави. Мицкоски изјави дека би бил „многу заинтересиран“ за официјална ...

Управниот суд ја уважи тужбата на пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, против Државната комисија за спречување на корупцијата и го задолжи тужениот орган во рок од 15 дена да донесе нов управен акт во согласност со пресудата. Апасиев случајот го оцени како уште една „мала победа“ во правните битки против, како што вели, „закржлавените институции“, најавувајќи и нова кривична пријава доколку ДКСК не ја спроведе судската ...

Од полноќ дизелот ќе чини 101,5 денари за литар и тоа е највисока цена во овој кризен циклус. Од 28 февруари, кога започнаа американско-израелските напади врз Иран, кај нас цената порасна од 71 на 101,5 денари – 43% за помалку од шест месеци! Резервоар од 50 литри кој тогаш чинеше 3.550 денари, сега чини 5.075 денари, односно 1.525 денари повеќе. Светската криза го објаснува берзанскиот удар, но не ја оправдува пасивноста на Владата – ...

Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои повторно излегуваат на улица за да го одбранат својот труд и својата егзистенција. Пред неполни две недели Серафимовски им продаде приказна за „договор“ со откупувачите, а договорените цени не издржаа ни четири дена. Токму како што предупредивме, без законски регулирана минимална откупна цена и без механизам со кој државата ќе го обврзе откупувачот, договорот се покажа како обична ...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, деновиве претстојува во посета на неговиот колега, инаку осомничен воен злосторник Гидеон Саар, кој е познат по ставовите дека нема да дозволи постоење на палестинска држава, кој сесрдно се залага за анексија на Западниот Брег, за илегална воена окупација на територии во Сирија и Либан итн. Тој е и еден од главните осомничени за организираното грабнување, затворање и ...

Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа за економската корист, нема јавна ...

Венко Филипче очигледно се истрчал и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани кои сакаат општество поинакво од она што денес го нудат ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле, изјави за „Локално“ Димитар Апасиев, претседател на политичката партија Левица. Тој ова го изхјави по денешната изјава на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека ќе ја примат Левица во таканаречениот Фронотот за вистината, ако ...

Квалитетот на воздухот во Скопје денеска е значително влошен, а мирис на чад се чувствува во повеќе делови од градот. Според платформата IQAir, индексот на квалитетот на воздухот (AQI) достигна 155, што го става скопскиот воздух во категоријата „нездрав“, додека чадот од активните пожари во околината дополнително ја влошува состојбата. Причината за зголеменото присуство на чадот во воздухот се активните пожари во близина на Скопје, од каде ...

И покрај ветувањата на ДПМНЕ дека паушалното фактурирање на електричната енергија ќе стане минато, граѓаните и во 2026 година можат да добијат сметки пресметани врз основа на проценета, наместо реално измерена потрошувачка. Од Левица обвинуваат дека новата регулатива го задржува моделот, додека ЕВН и натаму нема доволно силни обврски за редовно отчитување на броилата. Граѓаните во Македонија добиваат сметки за електрична енергија секој ...

Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека доказниот материјал е обемен и содржи 231 ...

Жители на охридската населба Лагадин, еколошки активисти и љубители на Охридското Езеро протестираа против неконтролираната урбанизација на крајбрежјето и непочитувањето на правилата за пловидба. Со пораки до УНЕСКО, тие побараа институционална истрага за спорниот хотел на брегот, но и построга контрола на глисерите и моторните чамци кои се приближуваат опасно до капачите. Со транспаренти на кои на англиски јазик беше испишано „УНЕСКО, ...

На новa видео-снимка што протече од Газа се гледа како израелските сили намерно гаѓаат амбулантни возила, при што од 2023 година биле уништени околу 200 возила, а биле убиени повеќе од 1.700 здравствени работници, болничари и припадници на итната помош. Во објавениот материјал се тврди дека возилото прикажано на снимката не било воено возило, туку амбулантно возило наменето за транспорт и медицинска помош на ранети лица. Наводите ...

Лицата со попреченост кои самостојно работат речиси една година чекаат на исплата на средства што им ги должи државата, обвинува Левица. Иако со ребалансот на Буџетот во јули 2026 година се обезбедени 300 милиони денари за заостанатите обврски од 2025 година, до крајот на август исплата сè уште нема. Од Левица велат дека до нив стигнале пријави од лица со попреченост кои самостојно вршат дејност и веќе една година чекаат на рефундирање на ...

Македонија во последните години како да ја сведе енергетската политика на едно прашање – колку нови мегавати ќе изградиме? Се бројат фотоволтаици, лиценци, приклучоци и инвестиции, а секој нов мегават автоматски се прогласува за домашен успех. Што е различно од државен. И кога системот го пржат соларите и ме срамат по конференции примерите на одвоена пракса на случувања во „Северна” Македонија, караванот на поовластени си тера. Но не ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, жестоко реагираше откако Основното јавно обвинителство го затвори предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочувајќи дека во случајот во кој загинаа луѓе не е утврдена ничија одговорност. Тој во објавата го споменува и набавувањето на модуларните болници од фирмата „Брако“, поврзана со бизнисменот Кочо Анѓушев, обвинувајќи дека претходно бил организиран ...

Хаос и неорганизираност во пожарот во Мариово – тврди Методија Костоски, меѓународен пожарникар и советник во Општина Прилеп. На вонредната седница што синоќа во 23.30 часот започна во Советот на Општината Прилеп, советникот Методија Костоски сподели искуство и опсервации од организацијата во гаснењето на пожарот во Мариово. Костоски, кој рече дека е пожарникар со меѓународно искуство, забележа на неорганизираност на терен и лошо информирање. ...

Левица денес обвини дека државата во изминатите години потрошила околу 2,75 милиони евра за дезинсекција против комарци низ Скопје, без притоа институциите да презентираат ниту еден мерлив резултат кој би покажал дали парите воопшто дале ефект. Од партијата посочуваат дека истите фирми, „Приматекс Бранка” и „Аероклуб Скопје”, со години наназад се повторуваат во договорите, а побараа и воведување на обврзувачки национален протокол за проверка ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
59%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.32
72%
1027
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.36
59%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
53%
1021
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
55%
1022
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
65%
1027
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
53%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
85%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07