Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа ...
Координаторот на секторот финансии при политичката партија Левица, Марјан Димитриев, отвора прашања за работењето на агенцијата за привремени вработувања „Контакт Бизнис Скопје“, посочувајќи дека преку јавни набавки компанијата склучила стотици договори вредни милиони евра. Димитриев тврди дека финансиските извештаи на фирмата откриваат низа нелогичности, особено во однос на структурата на трошоците, каде најголем дел од средствата, според ...
Унгарската компанија „Електробус Икарус“ во заедничка понуда со австриската компанија ЕВН е избрана како најповолен понудувач на вториот повик за набавка на 150 електрични автобуси, од кои 100 се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за други општини во земјава. Според информациите од Министерството, понудата на „Икарус“ и ЕВН изнесува 3.120.956.004 денари без ДДВ, односно околу 50 милиони евра. Цената за еден електричен автобус изнесува ...
Советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Игор Димески, обвини дека мнозинството советници не покажало интерес за одржување вонредна седница посветена на последиците од неодамнешното невреме и обештетувањето на граѓаните. Според него, Законот за заштита и спасување и Методологијата за процена на штети не го препознаваат ветерот како природна непогода, поради што нема законска основа за исплата на штетите, па побара итни законски измени ...
Докторката Даниела Николовска остро реагира на одлуката од системот „Мој Термин“ да се укине можноста програмите што ги користат матичните лекари автоматски да пребаруваат слободни термини за специјалистички прегледи. Таа предупредува дека наместо да се олесни работата на примарното здравство, новата мерка ќе ги врати лекарите на рачно водење списоци и секојдневно пребарување термини, што, според неа, претставува чекор назад во ...
Координаторката на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јованова, обвини дека советниците од ДПМНЕ, ВЛЕН и ДУИ не ја поддржале иницијативата за одржување вонредна седница на која требало да се разгледа обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штети од неодамнешното невреме. Според неа, на иницијативата се потпишале само 12 од вкупно 45 советници, поради што не биле обезбедени потребните 15 потписи за свикување на ...
И по неколку месеци јавни реакции, проблемот со доцнењето на породилните надоместоци останува нерешен. Иако сме веќе во втората половина на јули, постојат мајки кои сè уште немаат добиено исплата за месец мај. Доцнењето на породилното стана бесрамно воспоставена практика. Левица предупредува за овој проблем во континуитет, но ФЗОМ и понатаму молчи, а родилките повторно се принудени да живеат во неизвесност, секојдневно проверувајќи ги своите ...
Претседателот на Левица и пратеник, Проф. д-р Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи жестоко ја критикуваше состојбата во Македонска пошта, тврдејќи дека оваа институција веќе трет ден не прима писма, поради што, како што наведува, адвокати пропуштаат законски рокови за жалби. Во објавата тој изнесува и низа обвинувања за кадровската политика во Поштата, повикувајќи ги новинарите да ги истражат неговите тврдења, а воедно упати и ...
Професорката Тамара Јованов, преку објава на социјалните мрежи, жестоко реагираше на, како што наведува, обидите да се замолчат стручните лица по трагедијата во Гостивар, оценувајќи дека министерот за здравство нема право да им диктира на лекарите дали ќе изнесуваат стручни мислења на социјалните мрежи. Во објава на Фејсбук, таа прашува дали целта е да се „заташка ужасот во Гостивар“ и граѓаните да не бидат информирани за можните последици од ...
Проблемот со финансиската нестабилност на општините не е резултат само на локалното управување, туку на нефункционалниот систем што државата со години го одржува, оценува координаторот на секторот финансии при политичката партија Левица, Марјан Димитриев. Поврзувајќи го својот став со најновиот извештај на Државниот завод за ревизија, тој посочува дека ненаплатените локални приходи од околу 3 милијарди денари, застарените регулативи, ...
Додека Гостивар се соочува со масовно заболување предизвикано во услови на контаминиран водоснабдителен систем, Владата на ДПМНЕ се обидува својата законска, здравствена и морална обврска да ја спакува во пластично шише. Обезбедувањето флаширана вода е неопходна прва помош, но никако не претставува целосен одговор на државата. Тоа е најелементарната интервенција во момент кога граѓаните останаа без основниот предуслов за живот, здравствено ...
Микробиологот Никола Пановски јавно побара од министерот за здравство, Сашо Клековски, да ги повика медиумите повеќе да не го контактираат за стручни совети и изјави, откако, како што вели, неговите јавни настапи се користат за кратки видеа и реакции на социјалните мрежи. Реакцијата следува по изјавата на Клековски, кој докторите што јавно алармираа за епидемијата во Гостивар ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“, што предизвика остри ...
Општините во земјава во периодот од 2020 до 2024 година акумулирале 2,9 милијарди денари, односно околу 47,7 милиони евра ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека во истиот период отпишале побарувања во вредност од 233,8 милиони денари (околу 3,8 милиони евра), покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Според извештајот, повеќе од 67 проценти од ненаплатениот данок на ...
Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера на 16 август на Сараевскиот филмски фестивал, каде што ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди. Фестивалот важи за најпрестижниот филмски настан во Југоисточна Европа. Филмот е посветен на жртвите, преживеаните и хероите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март 2025 ...
Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ денеска го одби предлогот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на дневниот ред на собраниската седница да биде ставен Предлог-законот за изменување на Законот за виното. Со предложените измени, Левица бараше да се избрише законската можност трговците со винско грозје и винарниците да ја намалат однапред утврдената откупна цена до 8% доколку грозјето го исплатат целосно и во законскиот ...
Професорката Јована Стефановска преку објава на социјалните мрежи реагираше по уривањето на дел од кровот на станбена зграда во населбата Карпош 3, тврдејќи дека станува збор за објект за кој станарите со години воделе судски спор со изведувачот поради неквалитетна изведба. Таа повика надлежните институции да ги истражат случаите со паднати кровови и да преземат одговорност против изведувачите, оценувајќи дека во спротивно ќе се охрабри ...
Локалниот огранок на Левица во Општина Центар го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека изнел неточни информации во врска со гласањето на советниците на ДПМНЕ за Нацрт-ДУП-от за Водно. Од партијата тврдат дека на седницата на Советот јасно се гледа дека советниците на ДПМНЕ гласале „за“ урбанистичкиот план, а не за иницијатива, како што изјавил премиерот, додавајќи дека поради непочитување на Деловникот поднеле претставка до Инспекторатот ...
Законот за студентски стандард предложен од ДПМНЕ е уште еден набрзина скроен производ на власта кој под благородни фрази протнува правна конфузија, прекумерна репресија и речиси неограничено самоволие на управите и министерот, реагираат од Левица. Наместо да понуди решенија за вистинските проблеми со кои секојдневно се соочуваат студентите, како партизацијата при распределбата на местата во студентските домови, неопходната дигитализација, ...
Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се извини за институционалниот пропуст, да ја преземе одговорноста или да одговори како системот и институциите под негова надлежност дозволил подолго време да не го заприметат и идентификуваат проблемот. Наместо тоа, одлучи да им држи лекции на докторите и да ги обвинува дека зборуваат за лајкови и кликови, реагираат ...
Американскиот секретар за „војна“ Пит Хегсет се најде на удар на демократските сенатори за време на сослушувањето во Сенатот, каде што ја бранеше американската воена кампања против Иран, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара дополнителни 87 милијарди долари за финансирање на операциите на Пентагон. Хегсет пред Комитетот за буџетски средства изјави дека воената кампања против Иран, која САД ја започнаа заедно со Израел ...
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би бил добар кандидат за нов генерален секретар на Обединетите нации, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извор близок до претседателот. Според весникот, Трамп верува дека Инфантино е „почитуван од сите во светот“ и поседува „посебна способност да ги обединува луѓето“. Засега, сепак, не е познато дали швајцарскиот спортски функционер би бил ...
Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. Ова е случај во кој критична ...
Советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станкоска, реагираше по објавата на градоначалникот дека поради најавеното невреме е мобилизиран Кризниот штаб на Град Скопје. Таа оцени дека загрижува составот на Градскиот штаб за заштита и спасување, бидејќи на клучните позиции се именувани административни и партиски кадри наместо стручни лица и порача дека тоа може да биде сериозен проблем во случај на поголема катастрофа. Денес ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е воен злосторник и порача дека тој не е добредојден во најголемиот американски град. Во видео објавено на социјалните мрежи, Мамдани изјави дека го поддржува ставот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој издаде налог за апсење на Нетанјаху. „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на страшниот геноцид врз палестинскиот народ“, изјави ...
Советникот од Левица во Советот на Град Скопје, Андреа Јанков, предупредува дека силното невреме што го зафати Скопје не може да се припише единствено на временските услови, туку ги открило долгогодишните слабости во урбаното планирање, градежништвото и одржувањето на градската инфраструктура. Тој посочува дека ветерот е предвидлив фактор при проектирањето на објектите, а проблемот, според него, е во непочитувањето на стандардите, нелегалните ...
Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Милица Давчева, оцени дека последиците од невремето ја разоткриле неподготвеноста на градските и државните институции за справување со елементарни непогоди. Таа потсети дека во поранешна Југославија постоел организиран систем на Цивилна заштита со обучени кадри и јасни протоколи за реакција, додека, како што наведува, денес во Кризниот штаб на Град Скопје наместо оперативци и спасувачи се ...
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, како член на Комисијата за безбедност, заштита и спасување, побара итно свикување седница по последното невреме што го зафати главниот град. Таа оценува дека последиците од невремето ги разоткриле слабостите во системот за превенција, координација и информирање, поради што предлага изработка на оперативен протокол и акциски план за постапување при временски непогоди, како и ...
Советникот од Левица во Советот на Град Скопје, Игор Димески, смета дека последиците од силното невреме во Скопје можеле значително да бидат ублажени доколку институциите навремено ги извршувале своите законски обврски. Тој оценува дека неодржувањето на дотраените дрвја, недоволната контрола на градилиштата и бесправните доградби, како и долгогодишната институционална негрижа, придонеле за поголемите материјални штети, обвинувајќи ја ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред, формирање фонд за обештетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од неодамнешното невреме што го зафати главниот град. Во соопштението, од Левица оценуваат дека невремето предизвикало значителни оштетувања на домови, возила и друг приватен имот, поради што, како што велат, Градот има обврска да обезбеди ...
Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ. Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на невработени лица од ромската заедница се распределувале спротивно на условите од јавниот повик, преку лица кои не припаѓале на ...