Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Потребен е елективен операционен зафат на жолчното ќесе, за дочниот датум на интервенција ќе бидете известени телефонски. Ова стои во болничкиот упат на 71 годишниот скопјанец Јован Кузмановски – издаден во февруари 2025 година од Градската болница 8 септември. Но и по поминати 15 месеци, телефонски повик од медицинскиот персонал не добив, раскажува за ТВ 24 Кузмановски. Образложенијата зошто се одолжува операција беа вели различни, немаме ...
Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудје за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права. Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање милионите на олигархијата и владејачката ...
Здружението на Инженери на Република Македонија упати серија критики и прашања до Министерката за енергетика Сања Божиновска поради недоследна примена на Законот за енергетика и побара одговорност за заштита на граѓаните. Реакцијата следува откако министерката за енергетика, Сања Божиновска, по повод 20 години присуство на ЕВН Македонија во земјава изјави дека „закони мора да има, но уште поважно е тие да се почитуваат“. Од здружението ...
Советничката група на Левица во Општина Ѓорче Петров обвини дека советниците на ДПМНЕ и ЗНАМ со воздржано гласање ја блокирале иницијативата за отворање расправа за превенција на врсничкото насилство во општината по случајот со малтретирање ученичка во паркот во Ѓорче Петров. Според соопштението на локалниот огранок на Левица, на последната седница на Советот била предложена точка на дневен ред со која требало да се отвори дискусија за, ...
Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, повика на масовен протест на Меѓународен ден на трудот, упатувајќи жестоки критики до дел од како што го нарече квазисиндикалното раководство кое е пасивно и не се бори за повисоки плати и подобри услови на нивните членови работници и апелираше за поголема мобилизација на работниците од сите сидникати. На прес-конференција, Трендафилов истакна дека „првиот синдикалец ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, алармира за нефункционалност на апаратот за детекција на остеопороза во клиничката болница во Битола, кој, како што посочува, не работи повеќе од една година поради застареност. Таа истакна дека граѓаните се принудени да бараат услуги во Скопје или во приватни установи и најави дека побарала одговор од министерот за здравство за евентуална набавка на нов апарат. Повеќе од една година ДЕКСА апаратот ...
Љубителите на поезијата и почитувачите на творештвото на Анте Поповски повторно имаат можност да се вклучат во еден од најзначајните литературни повици во земјава. Во најновото издание на весникот „Нова Македонија“ официјално е објавен конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2026 година. Овој конкурс, кој се реализира во чест на бардот на современата македонска поезија Анте Поповски, има за цел да ги поттикне авторите да ...
„Македоника литера“ деновиве ја објави новелата „Раѓање“ од современиот руски писател Алексеј Варламов, во превод од руски на македонски јазик на Ленче Тосева. „Раѓање“ е наградена со наградите „Антибукер“ и „Октомври“. Во оваа новела, која првпат е објавена во 1995 година и со која Варламов тукуречи прекуноќ се стекна со широка афирмација во руската литература, авторот суштински, искрено, уверливо, длабоко и трогателно ја опишува големата ...
Во Културно-информативен центар во Скопје, во изложбениот салон „Империјал 2“, на 5 мај 2026 година во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Поврзани“ на фотографот Виктор Соколовски. Влезот за посетителите е слободен. Изложбата „Поврзани / Connected“ претставува десетта самостојна изложба на Соколовски, кој е активен како фотограф од 2007 година. Во текот на својата кариера, тој се претставил со повеќе изложби во земјата и странство, ...
Професорката Тамара Јованов жестоко ја критикуваше работата на институциите, а пред се МВР, обвинувајќи дека полицијата селективно постапува и наместо против криминалот, делува против млади активисти. Во објава на социјалните мрежи, таа оцени дека ваквата состојба придонесува за зголемено насилство, корупција и недоверба во системот. Да ги апсевте насилниците, педофилите и криминалците во државава ко што ги апсите младите од Левица за ...
По денешниот состанок на работната група за Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот: „Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери – дали навистина се прави Изборен законик или само се води процес што нема да заврши со ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше по апсењето на Куцуловски во Скопје за истакнување палестинско знаме, во објава во која се осврна и на неговата средба со Џорџ Галовеј во Москва. Тој посочи дека учествувал на панел посветен на Блискиот Исток, нагласувајќи дека „идеите не можат да се уапсат“ и изрази поддршка за Палестина. Со великанот Џорџ Галовеј зборувавме на панел за Палестина, насловен: The Anti-Imperialist Struggle in ...
Над 260.000 од вкупно околу 530.000 работници во земјава во 2025 година примаат плата пониска од 600 евра, објави претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Според него, тоа значи дека нешто повеќе од 50 проценти од вработените земаат примања под нивото кое синдикатите го бараа како минимална плата, што укажува на сериозен проблем со животниот стандард на работниците. Во објава на социјалните мрежи, Трендафилов ...
Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот „Црвена младина“ при Левица, се огласи на социјалните мрежи по неговото приведување за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел. Во својата објава, Куцуловски им се заблагодарува на граѓаните за поддршката што ја добил во текот на целиот процес, нагласувајќи дека солидарноста е клучна вредност во, како што наведува, антиимперијалистичката борба. „Македонскиот народ е на страната на ...
Скандалозен и вознемирувачки инцидент го одбележа ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел, каде што полицијата брутално приведе млад активист поради мирно истакнување на палестинско знаме. Станува збор за Андреј Куцуловски, претседател на „Црвена младина“, подмладокот на Левица, кој без никакво образложение бил оттурнат, ставен во лисици и однесен во полициска станица – како да станува збор за опасен криминалец, а не за млад човек ...
Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот „Црвена младина“ при Левица, се огласи на социјалните мрежи по неговото приведување за време на ракометниот натпревар меѓу Северна Македонија и Израел. Во својата објава, Куцуловски им се заблагодарува на граѓаните за поддршката што ја добил во текот на целиот процес, нагласувајќи дека солидарноста е клучна вредност во, како што наведува, антиимперијалистичката борба. „Македонскиот народ е на ...
Скандалозен и вознемирувачки инцидент го одбележа ракометниот натпревар меѓу Северна Македонија и Израел, каде што полицијата брутално приведе млад активист поради мирно истакнување на палестинско знаме. Станува збор за Андреј Куцуловски, претседател на „Црвена младина“, подмладокот на Левица, кој без никакво образложение бил оттурнат, ставен во лисици и однесен во полициска станица – како да станува збор за опасен криминалец, а не за млад ...
Советничката од Левица во Советот на Општина Ѓорче Петров, Кристина Јаковчевска Чичова, обвини дека локалните власти покажуваат сериозна незаинтересираност за растечкото врсничко насилство во училиштата, кое, како што посочува, не е изолиран инцидент туку континуиран проблем. Таа информира дека на денешната седница побарала ова прашање да биде ставено на дневен ред и да се преземат конкретни мерки, но наместо одговори, добила тврдења дека ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неодамнешните регионални случувања ја потврдуваат „длабочината и силата на стратешкото партнерство“ меѓу Иран и Русија. Арагчи, по разговорите на високо ниво во Москва, изрази задоволство од соработката со Русија „на највисоко ниво“, наведувајќи дека регионот се соочува со големи промени. Тој истакна дека односите меѓу Техеран и Москва продолжуваат да се зајакнуваат, ...
Денеска пред Основниот суд се одржуваат завршните зборови во судскиот процес против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за повеќе тешки кривични дела поврзани со смртта на неговата сопруга Ивана. Обвинението го товари Јовановски за наведување на самоубиство, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста. Случајот предизвикува големо внимание во јавноста поради трагичниот исход на настаните ...
Во Кривичниот суд во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Постапката влегува во фаза на изведување материјални докази. Според најавите, денеска треба да започне презентирањето на судско-медицинските обдукциски наоди кои се однесуваат на причините за смртта на жртвите во пожарот. Од Обвинителството посочуваат дека по нивното ...
Адвокатот Александар Димитриевиќ преку објава на социјалните мрежи ја отвора темата за начинот на кој се стопанисуваат рудните богатства во земјата, споредувајќи ги високите приходи на рудникот во Радовиш со просечните плати на вработените. Тој наведува дека, според негови тврдења, голем дел од рудниците се управувани од странски компании кои, како што вели, немаат доволно чувство за последиците врз животната средина. Димитриевиќ се повикува ...
Поради поднесените амандмани од страна на Левица, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика го проби предвидениот деловнички рок за заземање став по законите за минерални суровини и за концесии и јавно-приватно партнерство. Рокот од два дена, кој започнал по првата седница на Комисијата, истекол изминатиот петок, при што не бил донесен став по предложените измени. Во вакви околности, понатамошната собраниска постапка за овие ...
Професорка Тамара Јованов, преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше изјавата на министерката за образование дека институциите се немоќни доколку родителите на малолетните насилници не соработуваат, оценувајќи дека ваквиот став претставува сериозен институционален пропуст. Во својата објава, таа бара системот да постапува по службена должност, предлагајќи низа мерки, од исклучување на насилните ученици и вклучување на социјалните ...
Во рамки на Саемот на книгата денеска ќе биде промовирано најновото поетско остварување на Ели Маказлиева насловена „Танцот на времето“ во издание на „Бата прес“. Промотивна реч ќе има проф. д-р Елизабета Бандиловска, а стихови ќе чита и ќе го модерира настанот актерката Софија Насевска Трифуновска. „Танцот на времето“ е современо поетско остварување кое носи лирска, емоционална и филозофска рефлексија за човековото постоење, минливоста на ...
Предавање на тема „Активности на Националниот археолошки музеј во Скопје: Историја и перспективи на проектот Доцноантички урбан центар во Валандово (LAVA)“ ќе биде одржано денеска во 15 часот на Универзитетот „Никола Коперник“ во Торуњ, Полска. Предавањето ќе го одржи археологот м-р Радомир Ивановиќ, виш кустос за доцноантичкиот период при Националниот археолошкиот музеј во Скопје, а ќе присуствува и Филип Аџиевски, кустос за доцен среден ...
Во период кога независната сцена постојано трага по нови изрази, но и се враќа кон своите корени, скопскиот бенд Милко повторно се појавува пред публиката – овојпат со концерт што носи значајна тежина и зголемени очекувања. Во среда, на 29 април, Милко ќе настапат во Old School Bar, простор што со години се смета за едно од клучните прибежишта на алтернативната музика во Скопје. Концертот започнува во 21:00 часот, а цената на влезниците ...
Скопје веќе десет години дише во ист такт со светската џез сцена. Оваа година се одбележува првиот голем јубилеј на фестивалот TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ – настан кој го претвори Меѓународниот ден на џезот во најголемиот целодневен музички собир во срцето на градот. На 30 април, Паркот „Ибни Пајко“ повторно станува епицентар на слободниот дух. Публиката ќе има можност да присуствува на десеттото издание со следната програма: 12:00 | JAZZ FOR ...
Турската пловечка електрана „Belgin Sultan“, управувана од компанијата Karpowership, пристигна во пристаништето во Хавана и е вклучена во електроенергетскиот систем на Куба, со цел ублажување на честите прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според официјални информации, електраната има капацитет до околу 76 мегавати и заедно со друг брод од истата флота, „Erol Bay“, обезбедува вкупно околу 124 мегавати електрична енергија – ...
Еко-активистот Крум Велков жестоко реагираше на најавените законски измени поврзани со рударството, обвинувајќи ја ДПМНЕ за манипулација и обид за протнување на, како што вели, антиеколошки решенија. Во објава на социјалните мрежи, тој изрази недоверба кон власта и предупреди дека евентуалното усвојување на законите ќе значи директно спротивставување на волјата на граѓаните. ПРСТ В ОКО (Не ви веруваме) На официјалното неделничко соопштение ...