Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Колумна од Проф Д-р Билјана Ванковска за МКД.МК Кога на почетокот на својот втор мандат како претседател, Доналд Трамп го донесе декретот за кратење на средствата за фондации и агенции кои служеа како алатки на американската „мека моќ“, многумина ширум светот се израдуваа; особено оние што ја почувствувале нејзината „терапија“ на своја кожа. Ние имаме непосредно искуство за кое можеме да зборуваме со години, но малкумина и ни придаваат ...
Денес, на Комисијата за економски прашања, пратениците од Левица започнаа со филибастер, односно долго говорење по претходноподнесените 1.000 амандмани кон предложените измени од ДПМНЕ по скратена постапка за Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, како нужност да се апелира за опасниот законски инженеринг кој треба да го легализира веќе постоечкиот хаос и грабеж во секторот на минерални суровини. ...
Локалниот огранок на политичката партија Левица од општина Кисела Вода изнесе обвинувања за, како што велат, сериозни сомнежи за судир на интереси при спроведување на јавна набавка во детска градинка, повикувајќи на целосна транспарентност и институционална проверка. Во нивното соопштение се наведува дека фирмата „Колор Комерц“, во сопственост на сопругот на в.д. директорката на ЈДГ „8 Март“, добила тендер во ЈДГ „Весели Цветови“ за набавка ...
Пратениците Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски користат државно обезбедување од страна на Министерство за внатрешни работи, покажува одговорот на пратеничко прашање доставен до лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Информацијата му била доставена на Апасиев од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во кој се наведува дека за тројцата пратеници се определени мерки и активности за обезбедување согласно важечката Уредба за ...
Претседателот на Одборот на директори на Македонски Телеком, Сашо Димитријески, ќе добива месечен надоместок од 250.000 денари (околу 4.000 евра), доколку Собранието на компанијата ја усвои предложената одлука на седницата закажана за 27 мај. Со ова, неговиот надоместок значително се зголемува во однос на претходните 155.000 денари утврдени во 2023 година. Димитријески, кој беше предложен од Владата, претходно ја извршуваше функцијата ...
Локалниот огранок на политичката партија Левица од Кисела Вода поднесе иницијатива до Советот на Општина Кисела Вода за разрешување на директорот на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Горанчо Јакимов, наведувајќи, како што тврдат, сериозни неправилности во работењето на училиштето. Според нив, дел од родителите реагирале на нетранспарентен избор на туристички агенции за училишни екскурзии, при што со години наназад, како што се посочува, ангажман ...
Пишува: Игор Ѓуровски- Заменик координатор на сектор Политичка Економија при политичката партија Левица На 28ми Април светот ќе навлезе во третиот месец на вооружен конфликт помеѓу САД и Израел од една страна и Иран од другата. Поради првостепеното стратегиско значење на регионот во кој овој конфликт се одвива, а најмногу поради Хормутскиот Теснец кој во моментов е затворен за комерцијални потреби, целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија ...
По трагичниот настан со загинатиот градежен работник во скопската населба Кисела Вода, експертската јавност повторно алармира за сериозни пропусти во почитувањето на градежните и инженерските стандарди. Случајот отвори низа прашања за безбедноста при изведување градежни работи, особено кај ископи и изведба на објекти со подземни нивоа. Според објавата на „Engineer Cast“, ваквите несреќи се јасен показател дека градежните јами не смеат да се ...
Предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство предизвикаа силни реакции во јавноста, особено кај еколошките организации, кои предупредуваат на сериозни последици врз животната средина, јавното здравје и управувањето со природните ресурси во Македонија. Граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“ остро реагира дека законските измени се доставени во Собранието по скратена постапка и од ...
И покрај јасните предупредувања од Левица и реакциите во јавноста, Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија свесно реши да ги игнорира сите аргументи и да подлегне под очигледните политички притисоци, избирајќи го Зоран Ристоски за директор – избор кој беше познат уште пред воопшто да започне постапката. Ова е школски пример за однапред режирана процедура во која транспарентноста и објективноста се сведени на празна реторика за ...
Македонската јавност последните неколку дена е сведок на една од најконтроверзните ситуации во системот на високото образование. Студентите на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се изложени на силен јавен притисок и медиумска кампања поради тоа што продолжиле на втор и трет циклус студии со претходно завршени стручни студии. Но дали студентите направиле нешто незаконско или системот се обидува да ја ...
Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои ќе настапат на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, патуваат со сопствени средства, бидејќи, како што наведуваат, не се обезбедени средства од надлежните институции, стои во партиското соопштение. Во соопштението од Левица се наведува дека Карате федерацијата на Македонија, слично како и за претходното јуниорско и кадетско Европско првенство во Кипар, ...
Политичката партија Левица обвини дека постојниот модел на доделување концесии за мермер функционира на штета на државата и граѓаните, посочувајќи дека приходите од овој сектор се несразмерно ниски во однос на профитот што го остваруваат концесионерите. Од партијата во соопштението предупредуваат на сериозни слабости во законската рамка и институционалниот надзор, оценувајќи дека природните ресурси се експлоатираат со минимална корист за ...
Според информациите од Обвинителството, станува збор за фирми кои во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и немале објавено ценовник за рекламирањето Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утрово влегло во три фирми кои биле сопственици на портали и одзело документација за да го провери рекламирањето на политичките партии во текот на кампањата за предвремените парламентарни ...
Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина Аеродром. Се работи за фирмата Нар Инвестмент ДОЕЛ Скопје на кја сопственик е Ивица Коневски, а управител на компанијата е Илија Конески. Телма стапи во контакт со Конески . Тој рече дека не може да зборува бидејќи е многу потресен, но посочи дека изведувач е Компанија Јакимовски ДООЕЛ. Тој очекува истрагата да покаже ...
Еден градежен работник го загуби животот, а тројца се здобија со тешки повреди откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во скопската општина Кисела Вода. Според доктор Драган Панов, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје, настраданите се на возраст меѓу 35 и 45 години, додека загинатиот работник имал 34 години. Тој посочи дека на местото на несреќата интервенирале четири амбулантни возила. Од Министерство за внатрешни ...
Телевизија Словенија оваа година нема да го емитува музичкото натпреварување Евровизија, туку во термините предвидени за полуфиналните вечери и финалето ќе прикажува специјален програмски циклус со наслов „Гласови на Палестина“. Според објавените информации, програмата ќе се емитува од 10 до 20 мај и ќе вклучува документарни филмови, дебатни емисии и аналитички содржини, кои ќе ги осветлат личните приказни на луѓето, како и поширокиот ...
Познати музичари, меѓу кои Massive Attack, Kneecap, Brian Eno, Sigur Rós, Nadine Shah и многу други, потпишаа отворено писмо со кое повикуваат на бојкот на претстојниот Евровизиски натпревар во знак на протест против учеството на Израел. Активните групи „Без музика за геноцид“ и „Палестинската кампања за академски и културен бојкот на Израел“ повикуваат на бојкот на овогодинешниот многу поделен Евровизиски натпревар. Повеќе од 1.000 уметници, ...
Телевизија Словенија донесе одлука наместо изборот за „Песна на Евровизија“, од кој претходно се повлекоа поради учеството на Израел, на гледачите да им понуди посебен тематски програмски сет под наслов „Гласови на Палестина“. Програмата ќе се емитува во периодот меѓу 10 и 20 мај, пренесува „РТВСло“. Телевизија Словенија ќе им понуди на гледачите специјална тематска програма „Гласовите на Палестина“ помеѓу 10 и 20 мај. Преку филмови, ...
Смилево на 1 и 2 мај ќе биде домаќин на културниот настан „Смилевски конгрес 2026“, кој ја отвора темата за заедницата како креативен чин во услови на расцепканост и наметнат индивидуализам. Во програмата се вклучени музички настапи на „Чалгија саунд систем“ и „Brass Brothers“, како и уметнички инсталации сместени во куќата на Даме Груев. Организаторите најавуваат враќање на културата во заедничкиот простор преку непосреден контакт со ...
„Микрокосмоси полни неба“ е насловот на изложбата на авторот Виктор Јаневски, што ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во кафе „Тафталиџе“ во Скопје. Природните појави и феномени го привлекувале вниманието на човекот, од самите негови почетоци, па сѐ до денес, побудувајќи чувства на фасцинираност, возвишеност, па дури и страв. Циклусот „Небесогорие“ на младиот уметник Виктор Јаневски, составен од минијатури, како главна тематика во себе ги ...
Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил со реакција на социјалните мрежи за предложените измени на законите за минерални суровини и концесии, оценувајќи дека со нив се создаваат услови за неконтролирана експлоатација на природните ресурси од страна на странски компании, на штета на животната средина, економијата и граѓаните. ВМРО-вците решија по скратена постапка да го овторат патот кон немилосрдна експлоатација нашата земја, ...
Програмскиот совет на Македонска радио-телевизија соопшти дека за нов генерален директор е избран Зоран Ристоски, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Советот информираат дека во постапката биле разгледани вкупно шест кандидатури, а изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа. Гласањето, како што наведуваат, се одвивало анонимно, при што програмите биле ...
Пишува Никола Петров Иницијативата Глобал Харвест Инишијатив или „Глобална жетва“, основана од агро-компаниите „ДуПонт“, „Монсанто“, „Арчер Даниелс Мидленд“ и „Џон Дир“ официјално се претставува како платформа за наоѓање „начини за одржливо удвојување на земјоделското производство за да се задоволи брзорастечката глобална побарувачка“, како што предвидуваат Обединетите нации. Дали „Глобална жетва“ се стреми да ги нахрани луѓето или уште ...
Став на Мелпомени Корнети, поранешен заменик министер за култура (2002-2006) и поранешен амбасадор на Република Македонија во Турција Македонската Радио телевизија е ЈАВЕН СЕРВИС и по тоа е различна од сите други електронски медиуми во државата. Не случајно е (беше) посебно утврдена и процедурата за избор на нејзин генерален директор. Јавен сервис е инстиуционален модел, што го имаат сите држави, членки на Европска Унија, здружени во ...
Локалниот огранок на политичката партија Левица од општина Кисела Вода изнесе обвинувања за, како што велат, сериозни неправилности во организацијата на училишните екскурзии во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, повикувајќи на поголема транспарентност и фер постапки при изборот на туристички агенции. Во нивното соопштение се наведува дека родители реагирале на нетранспарентен избор на туристичка агенција, при што, според нив, со години наназад иста ...
Пратеничката група на Левица ќе пристапи кон филибастер во собраниската Комисија за економија со цел да го забави носењето на, како што ги оцени, „штетните“ измени на законите за концесии и јавно-приватно партнерство, како и за минерални суровини. Ова на прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група, Борислав Крмов. Крмов истакна дека целта на ваквиот потег е да се алармира јавноста за, како што рече, сериозните последици ...
Пратениците од Левица поднесоа вкупно 1.000 амандмани на новите Предлог-закони предложени од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека станува збор за решенија кои се во корист на рударското и енергетското лоби, а на штета на јавниот интерес и приватниот имот на граѓаните. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи информираше дека амандманите ќе бидат разгледувани на Комисијата за економски ...
Утрово е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, под сомнение за сторени кривични дела поврзани со финансиски злоупотреби. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Сејдини е осомничен за проневера на повеќе од 700.000 евра, средства обезбедени од УЕФА, кои биле наменети за изградба на трибина во Охрид. Од МВР информираат дека акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот ...
Цените на нафтата на азиските пазари бележат значителен раст откако Иран објави дека нема да го отвори Ормускиот Теснец, како одговор на американската поморска блокада на иранските пристаништа, и покрај тековниот прекин на огнот. Референтната цена на американската нафта „Вест Тексас Интермедијет“ веднаш по полноќ се зголеми за 4,06 проценти, достигнувајќи 96,73 долари за барел, според податоци објавени од британскиот весник „Гардијан“. Во ...