Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Судот во Лос Анџелес донесе одлука тужбата против Алек Болдвин, поврзана со трагедијата на сетот на филмот „’Рѓа“, да продолжи да се разгледува пред судот. Речиси три години по смртта на снимателката Халина Хачинс, познатиот актер повторно ќе мора да се соочи со правдата. Иако кривичната пријава за убиство од небрежност беше отфрлена во јули 2024 година, судијата на Вишиот суд во Лос Анџелес заклучи дека граѓанската тужба поднесена од член ...
Полицијата во Дибра, Албанија, започна истрага откако добила информации дека криминална мрежа фалсификувала документи за да им се обезбедат бугарски пасоши на луѓе кои лажно се прикажуваат како жители на административната единица Острен, објави „Балкан веб“. Истражувањето, проследено со посебни истражни методи, траело околу еден месец со цел разбивање на групата. Како резултат на преземените активности, полицијата, под раководство на ...
Општина Центар дава финансиска поддршка на младите рок-музичари да се претстават пред пошироката јавност и да го покажат својот талент. На официјалната фејсбук-страница на Општина Центар беше објавено соопштението за јавниот повик за финансиска поддршка на проектот „Звукот на иднината (We Will Rock You)“. Планиран е концерт во времетраење од два часа на кој ќе настапат млади домашни музички имиња со изведба на 25 композиции – кавер верзии на ...
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години го забележа и вториот пораз на развојниот турнир што се одржа во Струмица, а е под покровителство на УЕФА. Овој пат избраниците на селекторот Иљами Исејни се совладани од Турција со 4:0. Гостите поведоа во 11 минута откако по лошата интервенција Митко Стојанов и слабата реакција на голманот Иљан Мемети, топката заврши во нашиот гол. Шест минути подоцна идван Харман зголеми на ...
Вознемирувачки инцидент се случи во циркус во Ростов на Дон, кога тигар за време на настап излегол од арената и се упатил кон публиката, предизвикувајќи паника кај присутните, пренесува „Дејли стар“. Истражните органи на Руската Федерација соопштија дека е отворена истрага по медиумските извештаи за настанот, кој се случил во Ворошиловскиот округ. Според официјалните информации, нема повредени, а животното било брзо фатено и вратено во ...
Фотографија на израелски војник кој удира статуа на Исус со чекан во јужен Либан предизвика широка осуда низ светот, објави „Ен-би-си њуз“. Израелската армија денеска потврди дека сликата, која масовно се споделува на интернет и е прегледана повеќе од 5 милиони пати на платформата „Икс“, е автентична. Уништувањето на статуата, која се наоѓа на работ на Дебл во јужен Либан, во близина на израелската граница, предизвика бран реакции и осуди од ...
Врз основа на доставениот записник и делегатски извештај од натпреварот помеѓу ФК Башкими 1947 Куманово и ФК Струга Трим Лум Струга, одигран во рамки на 28. коло од Прва МФЛ, на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово, Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) констатира сериозни нарушувања на редот и безбедноста по завршувањето на натпреварот. Имено, по завршување на средбата, додека делегатот и ...
Поп-ѕвездата Кристина Агилера се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough Prize“ во Санта Моника и изненади со значително поинаков изглед, при што најголемо внимание привлече нејзината нова фризура, пренесува „Пејџ сикс“. Таа носеше тесен црн кожен фустан со спуштени раменици, дело на дизајнерот Салих Балта, кој ја истакна нејзината фигура. Сепак, најзабележлива беше нејзината коса – краток боб, што претставува голема промена во ...
Осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој беше осуден на три години затворска казна откако беше фатен како зема мито од 10 илјади евра, излегува околу десетина месеци порано од затвор. Георгиев поднел жалби и до Кривичниот суд и до Апелациониот суд, а казната затвор всушност му била скратена два пати. -По исполнување на законските услови, до овој суд, како надлежен, поднесено е барање за условен отпуст. Судот одлучувајќи по истото, го ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14.03.2026 година. Така од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Според новата одлука, од утре максималните цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – ...
Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...
Во Бугарија вчера се одржаа осмите по ред парламентарни избори во период од пет години на кои, според Централната изборна комисија, коалицијата Прогресивна Бугарија предводена од Румен Радев освои 44,69 отсто од гласовите. ПП-ДБ со 13,45 отсто води во трката за второ место пред коалицијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов, која досега има освоено 13,31 отсто од гласовите. Движењето за права и слободи (ДПС) има 6,08 отсто, Преродба 4,38 отсто, а БСП ...
Еден од најпрепознатливите ликови на македонската сцена, актерот и пејач Драган Спасов – Дац, денеска полни 63 години. По овој повод, тој доби бројни честитки, но онаа од неговиот музички партнер Александар Митевски го привлече најголемото внимание. На нивниот заеднички инстаграм-профил беше објавена фотографија на која Дац наздравува со чаша во раката, со кус опис: „Дац не старее. Само станува подобар… Наздравје со љубов“ Актерска кариера ...
Филипинските и американските сили започнаа големи заеднички воени вежби во близина на Тајван, со фокус на поморски удари и операции во реални услови, во рамки на годишните маневри „Баликатан“. Вежбите, кои траат од 20 април до 8 мај, се најголеми досега според бројот на учесници и вклучуваат повеќе од 17.000 војници. Покрај САД и Филипините, за првпат како активни учесници се приклучуваат Канада, Франција, Нов Зеланд и Јапонија, додека ...
Започна акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП „Водовод и канализација“, од каде велат дека акцијата е со определено времетраење, почнува денеска и ќе заврши заклучно со 5 јуни. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата – велат од јавното претпријатие. Одлуката за ...
Брза помош била повикана на денешното рочиште за случајот „Пулс“ во судницата во Идризово откако му се слошило на газдата на дивата дискотека, Дејан Јованов – Деко на паузата од судењето. Како што објасни судот, тој се пожалил дека му се влошила здравствената состојба за што претходно алармираше и неговата адвокатка Ивана Коцевска. Таа на паузата во изјава за медиумите рече дека на Деко му била направена сериозна операција на лумбалниот ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изутринава соопшти дека во моментов официјален Техеран нема план за нова рунда разговори со САД, пренесува Ројтерс. Багеи на прес-конференција во иранското МНР изјави дека САД не покажале дека се „сериозни“ во врска со продолжувањето на дипломатскиот процес, туку дека, како што рече, презеле агресивни чекори и ги прекршиле одредбите за прекинот на огнот. Тој нагласи ...
За законот за правична застапеност во Собранието ќе расправа стручната јавност пред за него да одлучуваат пратениците. Претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите информираше дека ќе поттикне широка расправа за предложеното законско решение за да биде прифатливо за сите пратеници. Законот за правична застапеност што уште не е влезен во собраниска процедура, а наиде на жесток отпор од опозицискиот албански блок, па е ...
Изборните резултати во Бугарија и победата на Рубен Радев се очекувани за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која најави дека со новиот бугарски премиер ќе трагаат по „ново решение“ за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. Претседателката потврди дека со Радев како поранешен претседател не се согласувале за многу работи, но „умеат да се сослушаат со почит и да заклучат дека бараат решение“. Наведе и дека „кога ...
ЕУ и НАТО му ја честитаа победата на Румен Радев, а Кремљ рече дека е „отворен за прагматичен дијалог“ со Бугарија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јавно му честиташе на Румен Радев за изборната победа, станувајќи еден од првите високи претставници на ЕУ што реагираа на исходот од парламентарните избори во Бугарија, објави „Новините“. Во порака објавена на социјалната мрежа „Икс“, Кошта директно му се обрати на Радев, ...
Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од денеска па сè до недела (26 април) на неколку локации низ општината се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад. Жителите на Гази Баба можат да го депонираат кабастиот отпад во Железара, кај црквата „Сретение Господово“ и кај маркетот „Жито“, потоа во Керамидница, на улицата „Перо Наков“ во близина на бензиската пумпа „Детоил“ и кај продавницата ...
Албанците имаат легитимно право да отворат широка дебата меѓу Албанците за ново државно уредување и сами да одредат како и каде сакаат да живеат, порача пратеникот Блерим Беџети од ДУИ и ја обвини Владата дека не го почитува Охридскиот договор, но и дека го блокира процесот на евроинтеграција, пренесуваат медиуми на албански јазик. -Во државата навистина имаме сериозен проблем и ги поканувам и македонското население, но и Албанците, доколку ...
Џенифер Анистон дискретно му даде поддршка на својот поранешен сопруг Џастин Теру, откако тој стана татко за првпат. Актерот и неговата сопруга Никол Брајдон Блум објавија дека на 18 април добиле син. Среќната вест ја споделија на Инстаграм, заедно со црно-бела фотографија на која Теру го држи новороденчето во прегратка. „Тој е тука. Вљубени сме во него“, напишаа тие во описот. Анистон реагираше со „допаѓање“ на објавата, покажувајќи дека и ...
Апелацискиот судија Ѓоко Ристов ги заѕидал парите, 350 илјади евра, во домот на неговите родители во Неготино, а со вештачење билe најдени негови отпечатоци, негова ДНК на алуминиумската фолија со којашто беа завиткани парите и тоа 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра. На нив беа обележани рачно испишани износи на парите, скриени во шуплините на циглите. Обвинителството за гонење на организиран ...
Македонскиот џудо клуб Дрим Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Дробета Турно Северен“ што се организираше во Романија. Настапија над 300 натпреварувачи од повеќе земји, а на овој настан имаше и џудисти од Дрим Струга кои уште еднаш покажаа дека со напорна работа, дисциплина и верба во себе можат да се постигнат големи успеси и дека Струга има светла спортска иднина за градот и за Македонија. Прво место во категоријата -66 ...
Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои се уште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што, ...
Владата на Косово на денешната седница ја разгледа и ја усвои предлог-одлуката со која Исламската револуционерна гарда на Иран се прогласува за „терористичка организација“, јавува Анадолу. Претставувајќи ја пред Владата предлог-одлуката, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека предлог-законот обезбедува правна и стратегиска основа за нејзино прогласување за „терористичка организација“ во Република Косово. „Исламската револуционерна ...
Кога еден актер ќе биде отстранет од политичкиот екосистем, тој мора да биде заменет со ист друг, или барем сличен, за да се одржи балансот на силите. Оваа теза можеби не е целосно точна, но во конкретниот случај победата на Румен Радев може да го постави во улога на замена за Виктор Орбан на Балканот – ако не целосно, тогаш барем во одредена мера. Прогресивна Бугарија на Радев постигна историска победа на изборите, предводејќи во сите ...
Гласовите на македонските Бугари на бугарските парламентарни избори што се одржаа во неделата покажуваат јасна распределба, со убедливо водство на „Прогресивна Бугарија“, која освои најголем дел од поддршката меѓу гласачите надвор од матичната држава, објави бугарската Централна избирачка комисија. Вкупно се регистрирани 436 важечки гласови. Според објавените податоци, „Прогресивна Бугарија“ добила 160 гласови, што ја става далеку пред ...
Ако сакате да пробате нешто ново и на паметен начин да ги искористите презреаните банани, погледнете го овој едноставен рецепт што се подготвува за 15 минути. Потоа, само треба да почекате да се испече и да уживате во слаткиот и вкусен чоколаден банана леб, кој многу потсетува на колач. Времето на „Големата депресија“ во 30-тите години на минатиот век бил период кога домаќинките морале да се снајдат со она што го имале на располагање и од ...