Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 30 октомври 1811 година, во книжарниците се појави „Разум и чувствителност“ (Sense and Sensibility), првиот објавен роман на Џејн Остин. Со него започна книжевната кариера на авторката чии дела и денес, по 215 години, се читаат и се преработуваат во филмови и телевизиски серии. До објавувањето на книгата, Остин поминала низ неколку разочарувања. Уште во 1797 година, нејзиниот татко испратил ракопис со наслов „Први впечатоци“ до лондонски ...
Ким Кардашијан потврди дека повторно ќе го полага правосудниот испит во Калифорнија со цел да стане адвокат во вистинскиот живот, откако глумеше адвокатка во правната драма „Сè е дозволено“. Ким дознала дека не го положила испитот по емитувањето на првата сезона од серијата минатата година, откако претходно учеше право шест години. „Пак ќе го полагам и ќе ви јавам штом ќе положам, тогаш ќе бидам многу гласна за тоа“, изјави Кардашијан за ...
Нешто се промени во последните години на пост-пандемиска транзиција. Ако до вчера прашањето „Каде работиш?“ подразбираше конкретна географска локација во центарот на Скопје, па сè до локалното кафуле, денес одговорот стана дигитална магла. Некои се во класична канцеларија, некои од дневна соба, некои од викендица во Берово. Единствен услов? Да се има стабилен Wi-Fi сигнал и струја што не паѓа при секој посилен ветер. Со таа промена дојдоа и ...
Снимката од 2017 година на која две деца ненадејно му го прекинаа интервјуто на својот татко за „Би-би-си“ стана една од најпознатите интернет-снимки. Девет години подоцна, нивниот татко Роберт Е. Кели повторно ги покажа своите деца – Мерион и Џејмс, кои денес се тинејџери. Кели на 10 март 2017 година, тогаш професор по политички науки на Националниот универзитет во Пусан (Pusan National University), во живо разговараше за „Би-би-си ворлд ...
Извршниот комитет на Движењето за силата на Србија едногласно одлучи да го предложи српскиот тајкун Богољуб Кариќ на главниот комитет на движењето за кандидат на претстојните избори за претседател на Србија, пренесоа српските медиуми. Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената волја на граѓаните. Во соопштението, движењето наведува дека ...
Омладинац од Нови Бановци стигна до драматична победа од 3-2 против Доњи Срем во натпреварот од 11. коло во Војводинската лига Југ, но триумфот на домашниот тим остана во сенка на страшната повреда на еден од фудбалерите. Публиката имаше можност да проследи возбудлив натпревар со пет погодоци, во кој Омладинац дури трипати имаше предност, но гостите секојпат успеваа да се вратат и да го израмнат резултатот. Сепак, последниот збор го имаа ...
Иако паркирањето во Битола беше бесплатно на 4 ноември, по повод одбележувањето на „Роденденска Битола“, голем број граѓани сепак платиле за паркинг преку СМС-пораки. Според податоците на јавното претпријатие „Паркинзи Битола“, тој ден 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за плаќање паркинг. Од претпријатието соопштија дека парите собрани преку овие пораки нема да ги задржат како редовен приход, туку целосно ќе ги пренасочат за ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 353, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (7-8.11.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со филмската режисерка Косара Митиќ: „17“ не е воопшто лесен филм, ниту сакав да биде – разговор со поетесата Марија Ангеловска за стихозбирката „Меко трње“: Ангажирана поезија што си поигрува со формата и јазикот – праизведбата на ...
Кожуф приреди изненадување во денешното коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Гевгелија успеа да му одземе бод на Пелистер, играјќи 1-1. Битолчани добро го започнаа натпреварот и поведоа уште во 20. минута преку искусниот Кире Ристевски, кој ја затресе мрежата на домаќините. До крајот на првиот дел резултатот не се промени, па Пелистер со минимална предност замина на пауза. Сепак, Кожуф не се откажа и на ...
Најпосетуваниот музеј во светот во текот на 2025 година не се наоѓа во Париз, Лондон или Ватикан, туку во кинескиот главен град Пекинг. Според најновото годишно рангирање на посетеноста, кое го објави Здружението за тематска забава (Themed Entertainment Association – TEA), првото место го зазема Музејот на палатата, познат и како Забранетиот град, со неверојатни 19 милиони посетители, пишува „Тајмаут“. Музеите се меѓу најпривлечните места за ...
Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). „Очекувањата за олеснување на ограничувањата на извозните текови преку Црното Море придонесоа за дополнителен притисок врз намалувањето на цените, иако континуираните пореметувања во логистиката во Црното Море го ограничија ...
Славен Белупо стигна до петтата победа во хрватското првенство, откако во натпревар со осум гола ја совлада Горица на гостински терен со 5-3, во натпревар од 13. коло на ХНЛ. Илија Несторовски одигра одличен натпревар и со два погодоци имаше голем придонес за триумфот на својот тим. Поранешниот македонски репрезентативец првпат се радуваше во 17. минута, кога погоди за водство од 1-0, а во 65. минута повторно ја затресе противничката мрежа, ...
Поранешните професионални војници денеска протестираа пред Владата, барајќи еднаков износ на отпремнина за сите, без разлика на тоа кога заминале во пензија. Тие реагираат на големите разлики во исплатените суми по законските измени од 14 февруари 2024 година и бараат државата да ја исправи, како што велат, неправдата кон пензионираните припадници на Армијата. Со транспаренти „Не бараме милостина, бараме еднаквост“ и „613 ветерани не бараат ...
Пронајдовме одлично и исклучително евтино решение за оштетениот и изгребан паркет во домот. Нема потреба да плаќате скапи мајстори ниту да го лакирате целиот под за да му го вратите стариот сјај. Се што ви е потребно за да бидете сами свои мајстори сигурно веќе го имате во бањата, обичен омекнувач за алишта. Подготовка на домашниот раствор Во кофа полна до половина со топла вода сипете две капачиња омекнувач за алишта. Добро промешајте за ...
По кампањата за спасување на резултатот од републиканските избори, потпретседателот на САД Џ.Д. Венс ја смени тактиката. Наместо за претседателот Доналд Трамп, тој зборуваше сè повеќе за теми што го дефинираат неговиот сопствен политички профил, пишува „Ројтерс“. Анализата на неговите говори од конвенцијата на републиканците во септември покажува дека Венс ги промовирал партиските цели речиси исклучиво преку призмата на сопствените политички ...
Уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на државниот систем за електронско управување со документи и електронско архивирање, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според министерот, целта е административните постапки да се одвиваат целосно електронски, од поднесувањето на барањето до потпишувањето и архивирањето на документите. Андоновски на прес-конференција посветена на Извештајот на Европската ...
Црвена звезда имаше големи очекувања за продажба на Василије Костов, но неговиот трансфер сè уште не се реализирал. Сега младиот фудбалер би можел да падне во втор план поради македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој блеска под водство на Алберт Риера. Звезда во изминатите неколку години реализираше низа големи трансфери. Клубот од Белград продаваше млади фудбалери и заработи стотици милиони евра. Сега на „Маракана“ сите надежи ги ...
Машката пионерска ракометна репрезентација на Македонија до 16 години со пораз го започна настапот на Регионалниот Челинџ Куп во Подгорица, откако загуби од домаќинот Црна Гора со 26-20. Македонските ракометари се бореа за позитивен резултат, но црногорската селекција на крајот успеа да стигне до победата. Клењоски со седум погодоци беше најефикасен во македонскиот состав, додека Кривокапиќ постигна пет гола за домаќините. Младите македонски ...
Алијансата на Албанците реагира на најавите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција ако се прифати барањето за полагање правосуден јазик на албански јазик, покрај македонскиот. Според нив, Димитриевски е „патриот на батерии“ и одамна е прочитан. „Максим Димитриевски може да ја напушти Владата, бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори. Прашањето за правосудниот испит му е потребно за да ...
Иако често се доживува како едноставен утрински или вечерен ритуал, шолја чај може да има многу поголемо влијание врз здравјето отколку што се мисли. Научниците веќе долго време истражуваат како консумирањето различни видови чај, од зелен до црн, влијае врз долгорочното здравје. Ново истражување носи нови сознанија и укажува дека редовното пиење чај е поврзано со помал ризик од васкуларни заболувања, пишува „Итинг вел“. Како било спроведено ...
Кандидатот на Студентската листа од Косово, Југослав Гашиќ, денеска порача дека нема соработка со Српската листа бидејќи, како што објасни, „навистина нема соработка со некој што е главен и одговорен виновник за оваа ситуација на Србите“, објави РСЕ. Повеќе од една деценија, Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, доминираше во политичкото претставување на таа заедница со поддршка на властите во Белград. Оваа партија е ...
Шпанскиот моден синџир „Зара“ повлече од продажба детски костим за „Ноќта на вештерките“ по острите критики дека потсетува на униформите што ги носеле затворениците во нацистичките концентрациони логори. Костимот се состоел од сако и панталони со сино-бели вертикални пруги, имал износен изглед и дезени што асоцирале на бодликава жица, а ознаките на ракавите личеле на затворски броеви. ליל כל הקדושים בעוד כחודש ורשת זארה הספרדית מחרידה את ...
Во 2010 година, Ашиш Кумар Џаин погледнал видео на интернет кое го натерало да размисли за начинот на кој се произведува храната. На видеото биле прикажани сегменти од млечната индустрија. Во тој период тој и неговата сопруга го очекувале своето прво дете, па одлучиле да преминат на веганска исхрана, пишува „Би-би-си“. По враќањето во Индија, решиле и својата ќерка Арул да расте како веган. Денес Арул има 11 години. Нејзиниот татко вели дека ...
Некои проблеми во врската не се решаваат со расправии, туку со разговори што постојано се одложуваат. Едниот партнер премолчува дека му пречи распределбата на обврските, другиот не кажува дека се чувствува запоставено, а двајцата мислат дека така го избегнуваат нарушувањето на мирот. Но, проблемот не исчезнува. Со текот на времето, може да се претвори во оддалечување, ситни забелешки и чувство дека во врската нема место за она што навистина ...
Анастасија, мајката на пејачот Андреја Ѓорѓиевски од „ДНК“, наслика дело со техника акрил на платно, во кое ги преточи тагата и револтот по загубата на синот. Сликата, по неколку измени, вели е подготвена и наменета за претставниците на властите во Кочани. Анастасија вели дека болката по загубата на синот и незадоволството од молчењето на институциите станале дел од сликите што ги подготвува за својата претстојна изложба. Иако првично сакала ...
Американската актерка Хaли Бери претрпе сериозен пораз во судската борба за старателството над 13-годишниот син Масео, кого го има со поранешниот сопруг Оливие Мартинез. Според судската одлука, момчето во иднина ќе живее со таткото, а ноќевањата кај мајката повеќе нема да бидат дозволени, пренесува „ТМЗ“. Со новата одлука истовремено е укината и претходно изречената забрана за приближување што му беше наметната на Мартинез поради претходни ...
Петнаесет ресторани на италијанскиот остров Сардинија ќе воведат правило со кое родителите и децата ќе треба да ги остават мобилните телефони и другите електронски уреди настрана додека јадат. Иницијативата има цел да ги поттикне семејствата повеќе да разговараат за време на оброците и да го намали прекумерното користење екрани кај децата, пишува „Гардијан“. Наместо телефони, повеќе разговори на трпезата Иницијативата е наречена „На маса без ...
Ако сакате вашата градина или балкон напролет да бидат исполнети со расцветани лалиња, вистинското време за подготовка е токму сега. Есента е идеален период за садење на луковиците, а неколку едноставни правила можат да направат голема разлика во изгледот на цвеќињата. Според препораките на британското Кралско хортикултурно друштво, лалињата се садат во есен, додека растението мирува. Најдобро е да се почека температурата на почвата да се ...
За многу луѓе домашните миленици се рамноправни членови на семејството, но нивното присуство може да има придобивки и за здравјето. Според истражување на Американското здружение за срце, дури 95 отсто од сопствениците велат дека се потпираат на своите миленици кога сакаат да го намалат стресот. Животните можат да придонесат и за други психички и физички придобивки кои потенцијално се поврзани со подобро кардиоваскуларно здравје, пишува ...
Кафеава мечка позната како Бекпек со број 89, победи на годишниот натпревар „Недела на дебели мечки“ од Алјаска. Службата за национални паркови на САД го опиша неговиот триумф како „битка на големина, вештина за барање храна и стратешко одмарање“. Бекпек ја победи женката мечка позната само како број 910 во последната рунда на гласање, организирана од Националниот парк „Катмаи“ во Алјаска. Бекпек доби 103.344 гласови наспроти 98.253 на ...