Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер и извршен директор на „СпејсИкс“, Илон Маск, со Орден на слободата на Украина, што е објавено со претседателски декрет. Киев, исто така, бара согласност од Маск да го користи „Старлинк“ на дроновите што делуваат во Русија, пренесува „Политико“. Во претседателскиот декрет на Зеленски, Маск е пофален за „заштитата на животите и слободата на луѓето и развивањето на ...

Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски се одржа на 23 август во Куршумли ан, во рамките на програмата на 17. „МакеДокс“. Филмот беше прикажан надвор од главната компетиција, но учествува за Награда за најдобри етички идеи на „МакеДокс“. По катастрофалниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, овој филм сведочи за тагата што останува и за силата ...

Maкедонската фудбалска репрезентација до 20 години со убедлив пораз од Мароко со 5-1 го завршува настапот на Медитеранските игри во Таранто. Мароканците постигнаа гол уште од првата шанса кога погоди Хамза Раи, а ние се вративме во четвртата минута кога погоди Дарјан Тасев кој го постигна и за нас единствениот гол на игрите. Во продолжение натпреварот комплетно помина во знакот на противникот кој постигна уште еден гол во првиот дел преку ...

Дел од дрон бил најден утрово на плажа во романското црноморско одморалиште „Олимп“, на околу 38 километри јужно од Констанца, пренесоа романските медиуми. Според извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење. Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку луѓе поднеле пријава. Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на ...

Инспекторатот на Општина Аеродром започна со подигнување и отстранување хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, откако претходно беа извесени сопствениците во одреден рок сами да си ги отстранат нефункционалните возила оставени по тротоари, паркинзи и други јавни површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и ...

Жител на тетовското село Волковија пријавил во полиција дека некој пукал во неговиот бик со воздушна пушка и го повредил животното. Случајот бил пријавен на 24 август во 12:45 часот во СВР Тетово. Пријавата ја поднел 59-годишниот Б.П. од Волковија, кој информирал дека на неговото домашно животно му биле нанесени повреди од истрели од воздушна пушка. Полицајци излегла на местото и извршиле увид и собрале информации за утврдување на фактите. ...

Темата на „Слободен печат“ за униформите за ученици, кои се покажа дека во голем дел се изработени од полиестер, а не од памук како што ветуваат општините, предизвика големи реакции во јавноста. Родители на деца од општинските училишта во Аеродром, Гази Баба и Центар се пожалија во нашата редакција приложувајќи фотографии од ланските униформи на кои се гледа несоодветниот состав од 45 отсто полиестер и 55 отсто памук (годинашните не се ...

Кристијано Роналдо имаше ноќ за заборав во натпреварот од третото коло на шампионатот на Саудиска Арабија меѓу Ал Наср и Ал Етифак. Тренерот на Ал Наср, Анге Постекоглу, го замени по првите 45 минути, во момент кога неговиот тим губеше со 0:2 и имаше играч помалку. На Роналдо тоа воопшто не му се допадна, па при напуштањето на теренот бурно гестикулираше. Сепак, тоа не беше единствената ситуација во која Португалецот потфрли. 46′ Ettifaq 2-0 ...

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика, објави Ројтерс. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп воведе пауза за закажување визи за апликанти низ целиот свет за време на тековната имиграциска акција од страна на владата на САД во вториот мандат на републиканскиот лидер во Белата куќа. ...

Како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои предизвикуваат вирусни заболувања, и како дел од активностите за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Како што информираат од Карпош, исклучени се фонтаните во населбата Бардовци, на плоштадот „Делфина“ во Влае, во Карпош 3 спроти „Тинекс“, како и фонтаната спроти студентскиот дом ...

Неверојатната животна приказна на Валдас Дамбраускас, тренерот на азербејџански Сабах, е една од главните тема во светските спортски медиуми. Литванскиот стратег успеа во нешто што досега никому не му пошло од рака, го однесе Сабах во лигашката фаза од Лигата на шампионите, а неговиот пат до фудбалските ѕвезди започнал во студиото на еден од најпознатите квизови во светот. Приказната за Дамбраускас звучи како да е напишана за холивудски ...

На денешен ден, 26 август 1910 година, во Скопје е родена Агнес Гонџа Бојаџиу, жената која светот подоцна ќе ја запознае како Мајка Тереза – католичка мисионерка и хуманитарка која речиси целиот свој живот им го посвети на сиромашните, болните, напуштените и луѓето на маргините на општеството. Нејзиниот животен пат ја однесе во Индија, каде што го основа редот „Мисионерки на милосрдието“, а нејзината хуманитарна работа со децении се ширеше ...

Познати се 32 од вкупно 36 учесници во лигашката фаза од Лигата на шампионите, 29 кои директно се пласираа, плус три клуба кои тоа право го обезбедија во вторникот по плејофот. Вечерва ќе биде комплетиран списокот, а ждрепката ќе се одржи во четврток во Форумот „Грималди“ во Монако. Титулата европски шампион од минатата сезона ја брани Пари Сен Жермен. Французите ја освоија Лигата на шампионите во последните две години. Вчеравечер на ...

На Водно е изграден нов моторички парк, со природни пречки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Оваа нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации, како што информираат од Град Скопје, е изработена од здравите стебла на дрвјата кои паднаа во силното невреме што го зафати Скопје на 21 јули . Па така, наместо ...

Институцијата која треба да ја штити нашата природа е заглавена во правен вакуум, бидејќи функционира врз основа на прописи од далечната 1949 година. Ваквото функционирање, што е резултат на недонесувањето на нов закон за прогласување на НП „Маврово“ за Национален парк, е во директна спротивност со целите на Законот за заштита на природата, овозможува нетранспарентно работење и ја доведува во прашање легалноста на активностите во паркот, ...

Во изјава за магазинот „Пипл“ претставниците на кантри-ѕвездата Доли Партон потврдиле дека изведувачката на „Jolene“ починала вчера на 80-годишна возраст по „кратка борба со ракот“. – По кратка борба со болеста, Доли почина во Центарот за рак „Вандербилт-Инграм“, опкружена со своите најсакани – се вели во соопштението, во кое не се наведува за видот на ракот. View this post on Instagram A post shared by Dolly Parton (@dollyparton) Пред ...

Во време на долги топлотни бранови, континентални суши и сè поголем притисок врз водните ресурси поради климатските промени, стотици приватни базени во Скопје и во околината се полнат без да се води сметка дали водоводниот систем може да го издржи нивното користење. Освен тоа, најголемиот дел од нив, над 90 отсто, се изградени без законски потребните документи што треба да се обезбедат од општините, покажува новата анализа на БИРН. Иако ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 27 и 31 август ќе се спроведат активности за контрола на популацијата на комарци во пет општини и тоа преку ларвицидна и адултицидна дезинсекција, соопштија од Центарот. Утре ќе се прска во Босилово, Ново Село и Струмица, а на 31 август во Василево и Валандово. „Активностите се спроведуваат со цел намалување на популацијата на комарци и преземање превентивни ...

Серена Вилијамс и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето на мешани двојки на САД Опен откако во осминафиналето беа подобри од комбинацијата Ерин Рутлиф и Лојд Гласуп со 2:0 во сетови. Доминацијата на теренот ја крунисаа со резултат 5:3 и 4:1 по сетови. За убедливата победа и пласманот во следната рунда им беа потребни само 59 минути игра. Во борбата за полуфинале ќе се соочат со тандемот кој го сочинуваат Белинда Бенчиќ и Флавио ...

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали Владата треба да објави колку чини прославата за независноста на Македонија?“. Според резултатите, точно 85,35 отсто бараат транспарентност од извршната власт за прославата, а 14,05 проценти се со спротивно мислење. Само 0,59 отсто од анкетираните граѓани одговориле со „не знам“. Прославата за 35 години од независноста на Македонија почна на празникот ...

Штефан Филе на 12 јуни 2013 година е разочаран. „Ја почитуваме одлуката на Исланд да ги прекине претпристапните преговори“, вели во тоа време ресорниот еврокомесар за проширување на ЕУ. Тој сепак вели и дека нема сомнеж оти во секое време може повторно да се отпочне процесот – со оглед на сите дотогашни искуства и веќе постигнати договори. „Ако Исланѓаните се решат да се надоврзат на ова, ќе постигнеме договор што ќе ги удостои и исландските ...

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал со директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на неговата посета на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција ТАСС на 26 август. „Не беа планирани средби со Путин“, рече Песков. Ова беше прва позната официјална посета на Ретклиф на Русија. Директорот на ЦИА одржува контакти со својот руски колега Сергеј Наришкин, директор на руската Служба за ...

Иако поминаа четири месеци откако градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека се затвора жичницата до Водно поради сериозни дефекти и опасност за граѓаните, ЈСП „Скопје“ сѐ уште нема почнато со процесот на санирање и нејзино повторно пуштање во употреба. Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола Првите сомнежи кај јавноста во однос на неисправноста на жичницата се јавија уште во април, кога од ЈСП ...

Пожарот кај кавадаречката депонијата „Мелци“ гореше во текот на ноќта, а со тоа траеше и интервенцијата на противпожарните екипи, сѐ додека не беше ставен под контрола. Според градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. „Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина“, ...

Македонија има нов медал на Медитеранските игри, откако борачката Вероника Консевиќ освои бронзено одличје во категоријата слободен стил до 57 килограми. Консевиќ во борбата за третото место се соочи со српската претставничка Милица Перовиќ, а македонската борачка славеше со 7-5 и заслужено се искачи на пиедесталот. Нејзиниот успех добива дополнителна тежина поради фактот што на Медитеранските игри отпатува заедно со своето 11-месечно бебе. ...

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт се претставува како „екстремно богат“, но автомобилите и јахтата што ги прикажувал на социјалните мрежи не биле негова сопственост, а својот животен стил го преувеличувал за да привлече внимание на интернет, соопштија неговите адвокати. Тејт и неговиот брат Тристан моментално се во затвор на Флорида, но бараат да бидат пуштени со кауција додека ја чекаат одлуката во постапката за нивна екстрадиција. Тие ...

Дваесет и три луѓе синоќа останаа околу три часа заглавени на вртелешка со синџири во германскиот град Хамбург, на висина од околу 30 метри, пред да успеат да се спуштат на земја, пренесуваат германските медиуми. Вртелешката на саемот Сомердом запрела доцна синоќа поради техничка грешка. Полицијата и пожарникарите пристигнале на местото на настанот, по што започнала и голема операција за да се спуштат луѓето на земја и да се спречи паника. ...

Лука Дончиќ ова лето очигледно не остава ништо на случајноста. Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс започна со подготовките за новата сезона во родната Словенија, а на неговите тренинзи се појави и човекот кој има огромна заслуга за развојот на шутот на легендарниот Дирк Новицки. Холгер Гешвинднер, долгогодишниот тренер, ментор и советник на Новицки, беше забележан на миникампот на Лејкерс во Љубљана. Германецот најпрво присуствувал на ...

Шпанската Влада вчера им се извини на жителите на Сеута поради мигрантската криза и најави промени во законите за миграција и за азил, објави „Би-би-си“. „Сакам да им се извинам на сите оние кои можеби се чувствувале, или сè уште се чувствуваат, напуштено или недоволно згрижено. Од прва рака ги видов вашите чувства на вознемиреност, напуштеност и на несигурност“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Најмалку 72.000 мигранти ...

Вардар нема да патува во Панчево на дуелот против Динамо, кој требаше да се одигра на 26 август во рамките на Регионалната лига. „Црвено-црните“ побараа одложување на натпреварот, а нивното барање беше прифатено поради проблемите со кои се соочува екипата во изминатиот период. Од клубот информираа дека тимот е погоден од серија повреди, но и од вирус, поради што Вардар не е во можност да настапи во предвидениот термин. Од скопскиот клуб ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87