Кога нецелосни или методолошки проблематични истражувања почнуваат да ја креираат јавната политика, најголемата цена ја плаќаат граѓаните. Наместо пристап заснован на докази и проценка на реалниот ризик, одлуките се носат врз основа на заклучоци кои подоцна често се покажуваат како неточни или претерани. Во областа на намалување на штетата од тутунот, ова може директно да влијае врз милиони возрасни пушачи кои бараат подобри алтернативи од ...

Поранешниот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба може да стане следниот амбасадор на Украина во Вашингтон, бидејќи Киев се обидува да пополни една од најважните дипломатски позиции, изјавија за „Киев индепендент“ луѓе запознаени со ова прашање. Позицијата е празна неколку недели откако Олха Стефанишина се повлече поради тековната истрага за корупција. Претседателот Володимир Зеленски првично планираше да ја испрати неодамна ...

Познатата пејачка Мајли Сајрус ѝ оддаде почит на својата кума, покојната легенда на кантри музиката Доли Партон, во емотивна порака објавена на Инстаграм. – Чувството на губење на мојата тетка Доли е над она што се чини исправно за споделување. Нашите најсвети моменти беа приватни и ќе останат таму зад сцената, под гламурот и меѓу нашите срца – напиша Сајрус. – Она што го знам е дека Доли би сакала да го почувствувам тоа, да напишам песна за ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа втората победа во Регионалната лига, откако денеска на домашен терен во Битола убедливо го совладаа Ловќен со 45-33. „Зелено-белите“ од првата до последната минута го контролираа натпреварот и не му дозволија на црногорскиот тим да се надева на изненадување. Пелистер одигра доминантно и сосема заслужено стигна до нови бодови. Уште по првите 30 минути беше јасно кој ќе го диктира темпото, бидејќи ...

Легендарниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, жестоко ги критикуваше коментарите на Бруно Фернандеш по поразот од Хал со 2:0. Капитенот на „црвените ѓаволи“ по натпреварот изјави дека тимот ги повторува истите грешки од минатата сезона и дека мора да работи на одбраната при прекини. Фернандеш беше разочаран од настапот на својот тим, особено од начинот на кој Јунајтед повторно прими голови по прекини. „Истите грешки како ...

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ, една од најпознатите уметнички двојки во регионот, на 28 август ќе настапат заедно во Античкиот театар во Охрид. Концертот доаѓа во посебен момент за нив, токму во периодот кога слават 15 години брак. Пред охридскиот концерт, Томашевиќ за „Слободен печат“ зборува за љубовта со Иван, животот далеку од рефлекторите, нивната ќерка Нина, песните што го одбележале нивниот заеднички живот, но и за посебната врска ...

Девет луѓе беа убиени во украински напад врз автобус во источниот руски окупиран регион Луганск, соопштија денеска локалните власти назначени од Москва, пренесе Ројтерс. „Во ужасниот напад, осум лица загинаа на местото на настанот, а дваесетгодишна жена почина од повредите во болница“, изјави регионалниот гувернер назначен од Москва, Леонид Пашечник, преку руската апликација за пораки Max. Мајката на младата жена и уште една 18-годишна жена ...

На 76-годишна возраст почина Никола Богоевски, познат како „Бизонот“, човек кој остави неизбришлива трага во историјата на битолски Пелистер. Богоевски цели 14 години го носеше зелено-белиот дрес, а со своите квалитети, големиот фудбалски талент и исклучителната физичка подготвеност се вброи меѓу најпрепознатливите имиња во историјата на клубот. Но, фудбалот не беше единствен спорт во кој Богоевски се истакнуваше. Тој беше успешен и во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека левата страна од неговото тело е сериозно повредена, јавува Анадолу. „Тој беше многу тешко ранет. Левата страна од неговото тело, раката, ногата, сè. Но, не мислам дека е мртов“, му рече Трамп на политичкиот коментатор Глен Бек. Тој додаде дека ако Хамнеи починал, иранската влада прави прилично добра претстава бидејќи ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако денеска убедливо загуби од Алжир со 37-23. По тешкиот пораз од дури 32 гола разлика против Тунис во претходното коло, македонските ракометарки повторно немаа сили за рамноправен натпревар. Нашата селекција ниту еднаш не успеа да поведе. Во почетните минути резултатот неколкупати беше израмнет, од 2-2 до 5-5, но потоа следуваше ...

Професорката по пеење и придружен вокал Ана Костадиновска сподели емотивен спомен со својот покоен сопруг Бобан, кој почина во февруари 2022 година, по кратко и тешко боледување. Костадиновска на Фејсбук сподели фотографии од нивното патување во Албанија од пред пет години, објавени на 25 август 2021 година. Бобан почина само неколку месеци откако му се појавиле здравствени проблеми. Ана во интервју за „Женски магазин“ емотивно зборуваше за ...

Попладнево и во вечерните часови на повеќе места во Македонија ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, како што соопшти УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме со засилен до силен ветер и град, а ова важи и за Скопската Котлина, прогнозираат метеоролозите. Денеска во Гевгелија е измерена температура од 39,9 степени, а прогнозата за утр вели дека нема да биде многу ...

Раководството на женскиот тим Чикаго Скај му забрани на поранешниот НБА центар Енес Кантер да присуствува на нивните домашни натпревари во „Винтраст Арена“. Одлуката ја соопшти сопственикот на клубот, Мајкл Алтер, откако поранешниот кошаркар беше исфрлен од натпреварот против Индијана Фивер поради конфликт со кошаркарката Наташа Клауд. Инцидентот се случил кон крајот на третата четвртина, кога Клауд вербално се пресметала со Кантер, кој ...

Работник на аеродромот „Монтреал Трудо“ во Канада загина откако бил удрен од авион за време на подготовките за неговото полетување, објави „Њујорк тајмс“. Несреќата се случила на 24 август околу 19:30 часот по локално време. Работникот, вработен во компанијата „Самсик“, која обезбедува услуги на земја на аеродромот, бил удрен од авион „Ербас А350“ на авиокомпанијата „Френч би“. Според првичните информации, авионот се движел наназад на ...

Скопје со недели е како „под вршник“ поради високите температури, кога секојдневното функционирање е проблем за жителите. Жешкото време го зголеми присуството на инсекти, особено на комарците, кои ги има и покрај постојаните дезинсекции. Граѓани сведочат и за појава на змии и тоа на фреквентни локации, како што е на пример Жена-парк, додека во повеќе населби, па и во центарските Дебар Маало, Буњаковец и Капиштец, жителите се жалат на наезда ...

Принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца Арчи и Лилибет, денеска пристигнаа во Велика Британија, за да го започнат својот „продолжен“ престој таму. Според британскиот „Телеграф“, тие слетале на аеродромот во Бирмингем. Тие била придружувани од сопствен тим за заштита, а ги пречекало комбе и два затемнети автомобили по нивниот ноќен лет од Калифорнија. Семејството полека ќе се прилагодува, пред принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5) да ...

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, емотивно зборуваше за својата кариера, враќањето во Македонија и придонесот што го дава за развојот на домашниот ракомет. Во интервју за порталот „Балкан хандбал“, легендарниот македонски ракометар истакна дека неговата главна цел е да му помогне на македонскиот ракомет да продолжи да се развива. Лазаров нагласи дека токму љубовта кон Македонија била ...

Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Руини“ на визуелната уметница и истражувачка Елена Чемерска се одржа на 24 август во Куршумли ан. Премиерите на македонските филмови на „МакеДокс“ секогаш предизвикуваат голем интерес кај публиката и Куршумли ан беше исполнет до последното место. Враќајќи се во својата земја за да реставрира модернистички споменик изграден од нејзиниот покоен татко, режисерката Елена Чемерска ...

Капењето е забрането на плажа „Долна Ластва 1“ во Тиват, откако последните анализи покажале дека морската вода не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, објавија црногорските медиуми. Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора соопшти дека редовните анализи биле направени на 18 август, а дополнителни вонредни примероци биле земени на 21 и 24 август. Резултатите покажале зголемено присуство на индикаторски ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...

Жена од село во општината Маврово и Ростуше била ослободена од полицијата, откако мажот ја заклучил во куќата, ја тепал и ѝ се заканувал, соопшти МВР. 61-годишниот сопруг е уапсен. „На 25.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода М.Б.(61) од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја ...

Речиси половина од важечките дозволи за престој на инвеститори во Грција, познати како „златни визи“, им се издадени на кинески државјани, објави „Катимерини“ наведувајќи и дека барањата за издавање нови вакви документи се речиси преполовени. Според податоците на грчкото Министерство за миграција и азил, заклучно со јуни, Кинезите имаат 11.921 дозвола, односно 47,7 отсто од вкупниот број. Следуваат Турците со 4.543 дозволи, а потоа Либанците ...

На 80-годишна возраст, почина Тим Кари, филмски и телевизиски актер кој публиката го памети по улогата на д-р Франк-Н-Фуртер во култниот класик „Роки хорор шоу“. Странските медиуми пренесуваат дека Кари починал доцна навечер во вторникот, во својот дом во Лос Анџелес. Полицијата потврди дека добила повик на неговата адреса во 23:23 часот и дека неговата смрт не укажува на кривично дело. Кари ја започна својата кариера во Холивуд кон крајот ...

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (Арис) е еден од осумтемина кошаркари на кои според изборот на ФИБА треба да им се посвети најголемо внимание. Покрај текстот за сите осуммина кошаркари во фокусот (според ФИБА), постои и онлајн анкета за читателите, која се уште трае, а на која Ненад со околу 38-40 отсто од гласовите води пред Данецот Ифе Лундберг, бекот на Макаби Тел Авив. Другите шестмина се Умоја Гибсон (Бугарија), Дејвид ...

Познатиот диџејот Зоран Ристевски, познат како Зоки Бејбе, со емотивна објава ѝ го честиташе роденденот на својата долгогодишна пријателка, македонскиот топ-модел со светска кариера Катарина Ивановска. Тој објави повеќе нивни заеднички фотографии и откри дека нивното пријателство почнало во периодот кога Катарина била многу млада и штотуку се преселила во Њујорк, каде што ја градеше својата интернационална кариера како модел. „Среќен ...

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Мистеријата околу смртта на 27-годишниот хрватски бизнисмен Филип Михалиќ не заврши ниту по неговиот ненадеен и таен погреб во Вараждин, пишува Индекс.хр. Михалиќ познат како „корона-детето“, кој беше обвинет за злоупотреба на службената должност со лажни тестови за коронавирусот, починал пред околу еден месец во Доминиканската Република, а сега хрватското Министерство за надворешни и европски работи и компанијата што управува со гробиштата ...

Француски суд за првпат го призна космичкото зрачење како фактор што придонесува за развој на рак на дојка кај долгогодишна стјуардеса. Софи Лејно, 59-годишна поранешна стјуардеса на „Ер Франс“, побара нејзината болест да се признае како професионална болест предизвикана од условите за работа. Ова сега е потврдено со значајна судска одлука во Бајон, југозападна Франција. Судот утврди дека космичкото зрачење е еден од трите канцерогени ризици ...

Непознат човек утринава фрлил молотов коктел пред познат белградски хотел, објави „Н1“. Нападот се случил во раните утрински часови, а целиот инцидент бил снимен од безбедносните камери. На снимката се гледа како непознат маж му се приближува на хотелот на Нов Белград и фрла стаклено шише со запалива течност. Шишето удрило во бетонот пред објектот и веднаш се запалило. Трагедија и поголема материјална штета спречиле припадниците на ...

Пожарникари вчера од водите на реката Вардар го извлекле телото на 83-годишен скопјанец, кој беше пријавен како исчезнат. „На 25.08.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје, за кого на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58