Силна поплава го погоди Хималајскиот Регион на Непал, по должината на границата со Тибет, каде што водата однесе делови од селата и сериозно оштети патишта, мостови и енергетски проекти. Властите предупредија дека постои ризик од човечки жртви, пишува Ројтерс. Официјалните лица велат дека најтешко погодените области се Сјапру Беси и Тимуре во планинскиот округ Расува, каде што живеат околу 50.000 луѓе. Жителите што живеат по бреговите на ...

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години. Овој дел од патот треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на ГП „Блаце“, а на него ќе има пет тунели, осум мостови, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје, изјави директорот на Јавното ...

Фирмата „Индиго инц“ ДООЕЛ Скопје, чиј вистински сопственик е братучед на директорот на психијатриската болница во Бардовци (ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“), почнала да добива тендери во оваа болница три месеци откако Иса Авдулаи станал вршител на должноста директор, а на еден од вкупно петте тендери што ги добила фирмата во времето на директорувањето на Авдулаи, потписник на договорот за набавката е самиот тој, покажуваат податоците до ...

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против шпанскиот претставник, Марин Хернандез, но македонската делегација во Таранто ќе испрати жалба до светската боксерска федерација. Во нашата делегација се незадоволни поради арбитражата на судиите во борбата и сметаат дека оценките кои во сите три рунди беа на страната на Хернандез не се реални. Дали ќе има отворање на дисциплинска постапка и евентуална ...

Сопственикот на стадо овци од селото Бобота, Мирослав Недиќ, бара овчар, а огласот што го објави привлече внимание поради необичните услови. На потенцијалниот работник му нуди плата, но и обезбедено сместување, храна, облека, обувки, мобилен телефон, па дури и цигари ако е пушач, пишува „СиБ.хр“. Бобота е село во општина Трпија во Вуковарско-сирмиската жупанија во источна Хрватска. Триесетгодишниот Недиќ се занимава со одгледување овци веќе ...

Македонскиот боскер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето откако денеска загуби во полуфиналето против Шпанецот, Марин Хернандез кој од почетокот беше еден од најголемите фаворити за злато во категоријата до 60 килограми. До победата Хернандез дојде на поени добивајќи ги сите рунди. Првата рунда донесе најизедначена борба, повеќе напаѓаше Шпанецот, но и Рустемовски зададе неколку одлични удари. На крајот четири судии одлучија ...

Ќерката на Ким Кардашијан и Кање Вест, Норт Вест вели дека сака да работи во „Старбакс“ кога ќе наполни 14 години. Во интервју за списанието „Дејзд“, Норт изјави дека сака да искуси како е да се има „нормална работа“, пренесува „Пипл“. На прашањето што би била доколку не е музички уметник, Норт одговори: „Сепак би сакала да работам. Сакам да работам во, на пример, „Старбакс“. Мислам дека ќе можам следната година бидејќи ќе наполнам 14 ...

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...

Битолчанецот Злате Дургутовски е исчезнат од петокот, 21 август, околу 19:05 часот. Според информациите од неговата сопруга, тој излегол без телефон и без пари и оттогаш семејството очајно се обидува да дознае каде се наоѓа. Во неделата вечерта, семејството добило информација дека Злате се наоѓа во Штип, дека е со повредена/имобилизирана нога и дека му е потребна помош за превоз назад кон Битола. Следниот ден повторно се јавил и побарал ...

Жестината со која се појавуваат пожарите на отворен простор не се намалува. Во текот на вчерашниот ден имавме вкупно 31 од коишто безмалку сите се предизвикани од човек, најголем дел ненамерно од небрежност, но одреден број пожари се предизвикани намерно, со умисла, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој рече дека инситуциите работат на откривање на потпалувачите и апелираше до граѓаните да го пријават ...

Космосот е прекрасна мистерија, а научниците секојдневно ја одгатнуваат чекор по чекор. Новата технологија и напредокот во снимањето ни овозможуваат да го набљудуваме вселенскиот простор на начин на кој никогаш порано не сме го виделе, пишува „Мајмодернмет“. Соларниот телескоп „Иноује“, кој е најмоќниот телескоп во светот, неодамна ја направи досега најострата фотографија од Сонцето. Ова видео открива дека нашата најблиска ѕвезда е прекриена ...

Дали Ормускиот Теснец, кој кабинетот на иранскиот врховен лидер неодамна го нарече „столб на новиот безбедносен поредок на Иран“ и средство што може да донесе промени споредливи со поседувањето нуклеарно оружје, всушност станува ресурс чија вредност бргу се намалува, оставајќи го Иран сè поизложен на новиот бран американски економски санкции? Ова е клучната дебата што се води во Иран, при што се извлекуваат различни заклучоци за ...

Новак Ѓоковиќ синоќа во Њујорк го прекина тренинг-мечот против Зизу Бергс по само 40 минути игра. Најдобриот белгиски тенисер, кој моментално е 35. на светската ранг-листа, во тој момент водеше со 3:0 во гемови. Тренингот беше закажан по мечот во мешани двојки, во кој Ѓоковиќ настапи во тандем со Арина Сабаленка, но беа поразени во првото коло со 1:4, 4:2, 10:2. „Според достапните информации, не станува збор за никаква повреда. Најверојатно ...

Во населбата Дексион денеска се расчистува и уредува просторот околу детското игралиште, лоцирано во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ освен што е расчистен просторот околу игралиштето, обновени се и постојните клупи, а како што велат од Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе се обновуват корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште и ќе се ...

Почетокот на градежните работи за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце на купче ја собра целата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, како и косовскиот премиер Албин Курти и неговите министри, кои имаат, но и немаат допирна точка со проектот. Освен Мицкоски, на свечениот чин на фрлање лопати во камен-темелникот за автопатот беа присутни и претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиери, заменици-министри, пратеници, ...

Околу едно од 10 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба олеснета преку технологијата во период од една година, покажуваат резултатите од истражувањето „Дисраптинг харм“. Тоа значи дека на национално ниво биле засегнати околу 12.000 деца, но истражувачите предупредуваат дека реалната бројка може да е многу поголема. Во 78 отсто од случаите сторителот бил познат на детето, а во ...

За тројца се чека потврда дали се заразени со западнилска треска, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 човек, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. „Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се ...

Ливерпул нема да може да го пречека Реал Мадрид на „Енфилд“ во лигашката фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. Причината е новото правило на УЕФА, кое има за цел да спречи истиот натпревар со ист домаќин да се повтори три сезони по ред. „Црвените“ во последните две сезони беа домаќини на Реал Мадрид во лигашката фаза, но според новите правила на европската централа, трет последователен дуел на „Енфилд“ не е дозволен. Тоа, сепак, не значи ...

Денеска, 26 август, се одбележува Меѓународниот ден на кучињата, ден посветен на нашите четириножни пријатели, но и на подигнувањето на свеста за вдомувањето, благосостојбата и одговорната грижа за нив. Овој ден се одбележува од 2004 година, кога го основала американската активистка за заштита на животните и тренерка на кучиња Колин Пејџ. Таа го избрала 26 август бидејќи токму на овој датум, кога имала 10 години, нејзиното семејство го ...

Во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, промовирани беа две книги на проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник – научната книга од областа на медијавистиката „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка ...

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност и европскиот столб на НАТО бидејќи светскиот поредок се менува, изјави денеска претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јандроковиќ, на конференцијата на хрватските амбасадори, конзули и воени аташеа, предупредувајќи дека соседна Србија набавува офанзивно оружје, пренесува Н1. „Србија се вооружува не само со одбранбено, туку и со офанзивно оружје, а тоа треба да им биде посочено на нашите ...

Земјоделците се бесни од откупните цени на ајварката. Тие организираат протести, а на социјалните мрежи врие од коментари што главно се сведуваат на реченицата што еден земјоделец ја напиша: „Принудени сме да се откажеме од садење, троа по троа од земјоделството нема ништо да остане“. Земјоделците велат дека ајварката ја продаваат по цена од 20 денари за килограм, а дека нивната производствена цена чини 29 денари. На зелените пазари, ајварка ...

Манчестер сити го официјализираше трансферот на еден од најголемите млади таленти во европскиот фудбал. Англискиот шампион постигна договор со Лил за Ајуб Буади, а целокупниот трансфер може да достигне 100 милиони евра. „Граѓаните“ ќе издвојат 95 милиони евра фиксно, додека дополнителни пет милиони се предвидени низ бонуси. Буади веќе го стави својот потпис на договорот со „граѓаните“, кој ќе биде со важност до јуни 2031 година. Младиот ...

Њујорк ѝ оддаде почит на кантри-легендата Доли Партон, која почина на 80-годишна возраст по кратка и борба со ракот. Еден од најпознатите симболи на градот, „Емпаер стејт билдинг“, вчеравечер засвети во блескава розова нијанса, заштитната боја на пејачката, пренесува „Пејџ сикс“. Светлата беа вклучени точно во 21:25 часот (9:25 PM), како директна асоцијација на нејзиниот голем хит и истоимениот филм од 1980 година, „9 to 5“. „Доли беше ...

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност, тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, на денешното сослушување во Основниот кривичен суд ...

Украинската кошаркарка Кејт Ковал која има 20 години неочекувано го напушти женскиот тим на Универзитетот ЛСУ (Луизијана стејт), само десетина дена откако клубот го потпиша договорот со руската кошаркарка Ана Минаева. Од Универзитетот и тренерката Ким Малки соопштија дека Ковал си заминува од „лични причини“, со што избегнале директно да го поврзат нејзиното заминување со политичките тензии и војната во Украина. Ковал е родена во Киев, а ...

Светот се простува од Доли Партон, легендарната американска кантавторка, актерка и филантроп, позната како „Кралицата на кантри-музиката“ која почина вчера на 80-годишна возраст. Порасната во скромно семејство во планините на Тенеси, зад себе остави богата музичка кариера, а нејзината искреност и лични приказни преточени во стихови ќе продолжат да живеат преку нејзините големи хитови, пишува „Би-би-си“. Приказната за нејзиниот животен пат ја ...

КАМ продолжува со својата посветеност кон унапредување на условите за работа и подобрување на финансиската сигурност на вработените преку нови зголемувања на платите во двата најголеми сектори во компанијата. Зголемувањето на платите на вработените во Логистичкиот центар е веќе реализирано со мајската исплата, додека за вработените во нашите маркети промените стапија на сила со исплатата на јулската плата. Со овие измени, на ниво на сите ...

Унгарија ја опиша Русија како „закана за Европа и глобалниот поредок“ во упатствата за надворешна политика наменети за нејзината делегација која што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН следниот месец, објави „Киев Индепендент“. Овој потег означува драматична промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар на изборите оваа година го победи Виктор Орбан, кој е пријателски настроен кон Русија. „Унгарија ја осудува руската ...

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот Талир 2, со што ВМРО-ДПМНЕ си ја врати Белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.8.2026 година, разгледување на списите на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54