Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Жена од село во општината Маврово и Ростуше била ослободена од полицијата, откако мажот ја заклучил во куќата, ја тепал и ѝ се заканувал, соопшти МВР. 61-годишниот сопруг е уапсен. „На 25.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода М.Б.(61) од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја ...
Речиси половина од важечките дозволи за престој на инвеститори во Грција, познати како „златни визи“, им се издадени на кинески државјани, објави „Катимерини“ наведувајќи и дека барањата за издавање нови вакви документи се речиси преполовени. Според податоците на грчкото Министерство за миграција и азил, заклучно со јуни, Кинезите имаат 11.921 дозвола, односно 47,7 отсто од вкупниот број. Следуваат Турците со 4.543 дозволи, а потоа Либанците ...
На 80-годишна возраст, почина Тим Кари, филмски и телевизиски актер кој публиката го памети по улогата на д-р Франк-Н-Фуртер во култниот класик „Роки хорор шоу“. Странските медиуми пренесуваат дека Кари починал доцна навечер во вторникот, во својот дом во Лос Анџелес. Полицијата потврди дека добила повик на неговата адреса во 23:23 часот и дека неговата смрт не укажува на кривично дело. Кари ја започна својата кариера во Холивуд кон крајот ...
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (Арис) е еден од осумтемина кошаркари на кои според изборот на ФИБА треба да им се посвети најголемо внимание. Покрај текстот за сите осуммина кошаркари во фокусот (според ФИБА), постои и онлајн анкета за читателите, која се уште трае, а на која Ненад со околу 38-40 отсто од гласовите води пред Данецот Ифе Лундберг, бекот на Макаби Тел Авив. Другите шестмина се Умоја Гибсон (Бугарија), Дејвид ...
Познатиот диџејот Зоран Ристевски, познат како Зоки Бејбе, со емотивна објава ѝ го честиташе роденденот на својата долгогодишна пријателка, македонскиот топ-модел со светска кариера Катарина Ивановска. Тој објави повеќе нивни заеднички фотографии и откри дека нивното пријателство почнало во периодот кога Катарина била многу млада и штотуку се преселила во Њујорк, каде што ја градеше својата интернационална кариера како модел. „Среќен ...
Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...
Мистеријата околу смртта на 27-годишниот хрватски бизнисмен Филип Михалиќ не заврши ниту по неговиот ненадеен и таен погреб во Вараждин, пишува Индекс.хр. Михалиќ познат како „корона-детето“, кој беше обвинет за злоупотреба на службената должност со лажни тестови за коронавирусот, починал пред околу еден месец во Доминиканската Република, а сега хрватското Министерство за надворешни и европски работи и компанијата што управува со гробиштата ...
Француски суд за првпат го призна космичкото зрачење како фактор што придонесува за развој на рак на дојка кај долгогодишна стјуардеса. Софи Лејно, 59-годишна поранешна стјуардеса на „Ер Франс“, побара нејзината болест да се признае како професионална болест предизвикана од условите за работа. Ова сега е потврдено со значајна судска одлука во Бајон, југозападна Франција. Судот утврди дека космичкото зрачење е еден од трите канцерогени ризици ...
Непознат човек утринава фрлил молотов коктел пред познат белградски хотел, објави „Н1“. Нападот се случил во раните утрински часови, а целиот инцидент бил снимен од безбедносните камери. На снимката се гледа како непознат маж му се приближува на хотелот на Нов Белград и фрла стаклено шише со запалива течност. Шишето удрило во бетонот пред објектот и веднаш се запалило. Трагедија и поголема материјална штета спречиле припадниците на ...
Пожарникари вчера од водите на реката Вардар го извлекле телото на 83-годишен скопјанец, кој беше пријавен како исчезнат. „На 25.08.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје, за кого на ...
Силна поплава го погоди Хималајскиот Регион на Непал, по должината на границата со Тибет, каде што водата однесе делови од селата и сериозно оштети патишта, мостови и енергетски проекти. Властите предупредија дека постои ризик од човечки жртви, пишува Ројтерс. Официјалните лица велат дека најтешко погодените области се Сјапру Беси и Тимуре во планинскиот округ Расува, каде што живеат околу 50.000 луѓе. Жителите што живеат по бреговите на ...
Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години. Овој дел од патот треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на ГП „Блаце“, а на него ќе има пет тунели, осум мостови, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје, изјави директорот на Јавното ...
Фирмата „Индиго инц“ ДООЕЛ Скопје, чиј вистински сопственик е братучед на директорот на психијатриската болница во Бардовци (ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“), почнала да добива тендери во оваа болница три месеци откако Иса Авдулаи станал вршител на должноста директор, а на еден од вкупно петте тендери што ги добила фирмата во времето на директорувањето на Авдулаи, потписник на договорот за набавката е самиот тој, покажуваат податоците до ...
Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против шпанскиот претставник, Марин Хернандез, но македонската делегација во Таранто ќе испрати жалба до светската боксерска федерација. Во нашата делегација се незадоволни поради арбитражата на судиите во борбата и сметаат дека оценките кои во сите три рунди беа на страната на Хернандез не се реални. Дали ќе има отворање на дисциплинска постапка и евентуална ...
Сопственикот на стадо овци од селото Бобота, Мирослав Недиќ, бара овчар, а огласот што го објави привлече внимание поради необичните услови. На потенцијалниот работник му нуди плата, но и обезбедено сместување, храна, облека, обувки, мобилен телефон, па дури и цигари ако е пушач, пишува „СиБ.хр“. Бобота е село во општина Трпија во Вуковарско-сирмиската жупанија во источна Хрватска. Триесетгодишниот Недиќ се занимава со одгледување овци веќе ...
Македонскиот боскер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето откако денеска загуби во полуфиналето против Шпанецот, Марин Хернандез кој од почетокот беше еден од најголемите фаворити за злато во категоријата до 60 килограми. До победата Хернандез дојде на поени добивајќи ги сите рунди. Првата рунда донесе најизедначена борба, повеќе напаѓаше Шпанецот, но и Рустемовски зададе неколку одлични удари. На крајот четири судии одлучија ...
Ќерката на Ким Кардашијан и Кање Вест, Норт Вест вели дека сака да работи во „Старбакс“ кога ќе наполни 14 години. Во интервју за списанието „Дејзд“, Норт изјави дека сака да искуси како е да се има „нормална работа“, пренесува „Пипл“. На прашањето што би била доколку не е музички уметник, Норт одговори: „Сепак би сакала да работам. Сакам да работам во, на пример, „Старбакс“. Мислам дека ќе можам следната година бидејќи ќе наполнам 14 ...
Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...
Битолчанецот Злате Дургутовски е исчезнат од петокот, 21 август, околу 19:05 часот. Според информациите од неговата сопруга, тој излегол без телефон и без пари и оттогаш семејството очајно се обидува да дознае каде се наоѓа. Во неделата вечерта, семејството добило информација дека Злате се наоѓа во Штип, дека е со повредена/имобилизирана нога и дека му е потребна помош за превоз назад кон Битола. Следниот ден повторно се јавил и побарал ...
Жестината со која се појавуваат пожарите на отворен простор не се намалува. Во текот на вчерашниот ден имавме вкупно 31 од коишто безмалку сите се предизвикани од човек, најголем дел ненамерно од небрежност, но одреден број пожари се предизвикани намерно, со умисла, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој рече дека инситуциите работат на откривање на потпалувачите и апелираше до граѓаните да го пријават ...
Космосот е прекрасна мистерија, а научниците секојдневно ја одгатнуваат чекор по чекор. Новата технологија и напредокот во снимањето ни овозможуваат да го набљудуваме вселенскиот простор на начин на кој никогаш порано не сме го виделе, пишува „Мајмодернмет“. Соларниот телескоп „Иноује“, кој е најмоќниот телескоп во светот, неодамна ја направи досега најострата фотографија од Сонцето. Ова видео открива дека нашата најблиска ѕвезда е прекриена ...
Дали Ормускиот Теснец, кој кабинетот на иранскиот врховен лидер неодамна го нарече „столб на новиот безбедносен поредок на Иран“ и средство што може да донесе промени споредливи со поседувањето нуклеарно оружје, всушност станува ресурс чија вредност бргу се намалува, оставајќи го Иран сè поизложен на новиот бран американски економски санкции? Ова е клучната дебата што се води во Иран, при што се извлекуваат различни заклучоци за ...
Новак Ѓоковиќ синоќа во Њујорк го прекина тренинг-мечот против Зизу Бергс по само 40 минути игра. Најдобриот белгиски тенисер, кој моментално е 35. на светската ранг-листа, во тој момент водеше со 3:0 во гемови. Тренингот беше закажан по мечот во мешани двојки, во кој Ѓоковиќ настапи во тандем со Арина Сабаленка, но беа поразени во првото коло со 1:4, 4:2, 10:2. „Според достапните информации, не станува збор за никаква повреда. Најверојатно ...
Во населбата Дексион денеска се расчистува и уредува просторот околу детското игралиште, лоцирано во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ освен што е расчистен просторот околу игралиштето, обновени се и постојните клупи, а како што велат од Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе се обновуват корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште и ќе се ...
Почетокот на градежните работи за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце на купче ја собра целата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, како и косовскиот премиер Албин Курти и неговите министри, кои имаат, но и немаат допирна точка со проектот. Освен Мицкоски, на свечениот чин на фрлање лопати во камен-темелникот за автопатот беа присутни и претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиери, заменици-министри, пратеници, ...
Околу едно од 10 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба олеснета преку технологијата во период од една година, покажуваат резултатите од истражувањето „Дисраптинг харм“. Тоа значи дека на национално ниво биле засегнати околу 12.000 деца, но истражувачите предупредуваат дека реалната бројка може да е многу поголема. Во 78 отсто од случаите сторителот бил познат на детето, а во ...
За тројца се чека потврда дали се заразени со западнилска треска, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 човек, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. „Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се ...
Ливерпул нема да може да го пречека Реал Мадрид на „Енфилд“ во лигашката фаза од Лигата на шампионите оваа сезона. Причината е новото правило на УЕФА, кое има за цел да спречи истиот натпревар со ист домаќин да се повтори три сезони по ред. „Црвените“ во последните две сезони беа домаќини на Реал Мадрид во лигашката фаза, но според новите правила на европската централа, трет последователен дуел на „Енфилд“ не е дозволен. Тоа, сепак, не значи ...
Денеска, 26 август, се одбележува Меѓународниот ден на кучињата, ден посветен на нашите четириножни пријатели, но и на подигнувањето на свеста за вдомувањето, благосостојбата и одговорната грижа за нив. Овој ден се одбележува од 2004 година, кога го основала американската активистка за заштита на животните и тренерка на кучиња Колин Пејџ. Таа го избрала 26 август бидејќи токму на овој датум, кога имала 10 години, нејзиното семејство го ...
Во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, промовирани беа две книги на проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник – научната книга од областа на медијавистиката „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка ...