Две претстави на македонскиот режисер Александар Поповски се најдоа на листата на најзначајни создадени во Хрватска во изминатите 25 години. Листата ја создаде почитуваниот портал за култура tportal.hr, односно театарската критичарка Геа Влаховиќ. На листата се најде претставата „Буре барут“, култниот текст на Дејан Дуковски, што Поповски ја постави во 2000 година во Сатиричното казалиште Керемпух во Загреб. -Претстава што прецизно го погоди ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со почесна награда за визуелна имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival. Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue Planet ...

Вкупно 19 филма поддржани од Агенцијата за филм ги имаа своите премиери во 2025 година. Тоа беше една од најпродуктивните години за нашата кинематографија, одбележана со видливи меѓународни успеси и суштински реформи во работењето. Од 19-те филма што ги видовме, четири беа долгометражни со македонски мнозински удел, 6 со македонски малцински удел, еден долгометражен документарен филм со македонски мнозински удел, два долгометражни ...

Без разлика каде бев, не постои чувство што ќе ми го замени овој настан пред домашната публика, ова е мојата најголема гордост. Овој филм настана без идејата да стигне толку далеку и настана за нашата публика. Мило ми е што филмот го виде светот, ама повеќе од се’ ми е мило што го видовте сите вие и што ќе го гледа цела Македонија, затоа што планираме да има проекции низ цела Македонија и во секој град, затоа што сметаме дека луѓето од ...

„Гроб на млад маж со воена опрема од 5 век пр. н. е. открија археолозите на Милци кај Гевгелија“ е третиот најчитан текст годинава. Пет погребувања од крајот на железното време и доцноархајскиот период на локалитетот Милци, кај Гевгелија беа истражени во рамките на меѓународниот проект што заврши во октомври. Археолошките истражувања беа спроведени во рамките на поширока научна програма насочена кон продлабочување на знаењата за погребните ...

Вкупно 53 дела пристигнаа на конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија, информира писателската асоцијација. За изборот на наградените дела одлучуваат анонимни тричлени жири-комисии, избрани од членовите на Управниот одбор на ДПМ со тајно гласање и чии членови работат самостојно и незвисно. Објавувањето на победниците ќе биде на 10 февруари, додека врачувањето на признанијата на наградените ...

Композиторот и аранжер Џијан Емин ги подготви оркестрациите и аранжманите на спектакуларното новогодишно шоу што се одржа во Дубаи, како плод на долгогодишната соработка со продуцентот Мет Феди, кој живее и работи во Дубаи. Десетте распродадени празнични концерти под куполата на Ал Васл Плаза во Експо Сити Дубаи ја потврдија моќта на музиката како универзален празничен јазик. Спектакуларното новогодишно празнично шоу Carols by Candlelight ...

За мене, „Јејл“ не е само име или институција; тој е глагол. Тој е чин на размена – меѓу мене и сите идеи, дилеми и амбиции што ме испреплетуваат Пишува: Ива Трпески Растејќи, како и многу други тинејџери, гледав американски серии и филмови. Во нив, „Јејл“ секогаш се појавуваше како мит – престижно место, далечен сон, речиси недостижен симбол на академска извонредност. Иако тогаш не можев целосно да ја сфатам тежината на тоа име, нешто во ...

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе се одржи денес со почеток во 11 часот, а прв пат ќе го диригира Јаник Незе-Сеген. Незе-Сеген има добиено пет „Греми“ и многу други важни награди, над 2000 настапи, значајни снимки. Музички директор е на „Метрополитен“ во Њујорк во последните шест години, исто и на Оркестарот на Филаделфија и главен диригент на Оркестарот Метрополитен од Монтреал, а беше главен диригент и на Ротердамската ...

Радован Петровиќ, Изер Алиу, Марија Апчевска, Кумјана Новакова, Саша Станишиќ, Лидија Мојсовска, Ана Јакимска и Ивица Димитријевиќ, се дел од режисерите што ќе добијат можност да снимат филм со поддршка на Агенцијата за филм. Резултатите од вториот рок се објавени денес по конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2025 година. Со овој конкурс, Агенцијата за филм ...

„Реминисценции“ е насловот на изложбата од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски што синоќа беше отворена во Галеријата МЦ (Gallery MC) во Њујорк. Истоимената изложба отворена годинава во јуни во Париз, во Њујорк е претставена како просторна инсталација со сосема нов концепт, надополнета со нови дела, наменски изработени за просторот во Галеријата МЦ, кои естетски и визуелно ќе кореспондираат со наративот на самата поставка. Изложбата ...

Во Македонскиот народен театар синоќа се славеше театарот, се славеа 80-те години исполнети со аплаузи, премиери, праизведби, први улоги, дострели на нашите бардови. Завиткано во 2.5 часовен театарски спектакл во режија на Дејан Пројковски, со повеќе од 60-ина актери на Македонскиот народен театар, но и студенти, сето под мотото „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“. Гледалиштето – полно до последно столче, свеченост владееше во ...

Sarah Mace and the Girlzz со синоќешниот предновогодишен концерт во големата сала на Македонска филхармонија му подарија на Скопје вечер исполнета со празнична магија, спојувајќи ја елеганцијата на концертната сцена со современа вокална енергија. Со хармоничен и динамичен настап, квартетот создаде атмосфера која природно ја внесе публиката во божиќното расположение и ја претвори музиката во заедничко празнично доживување. Една од ...

Психотерапевтот и психолог Радмила Живановиќ е наша следна гостинка во „Умен поткаст“. Секогаш отворена за разговор на која било важна тема, со неа разговараме овој пат за депресијата и анксиозноста кај младите и како да им помогнеме полесно да ги совладуваат овие состојби. Живановиќ од 2018 година е дел од „Психотерапика“, професионален колектив на европски акредитирани психолози-психотерапевти, тренери и супервизори. Следете ја премиерата ...

Кога често го слушавме терминот „Новото нормално“, таа си ја нарече својата мисија „Најново нормално“. Целта ѝ беше да ги навикне луѓето на викенди да одат на изложби. И успеа во тоа. Гостинка во #9 епизода на „Умен поткаст“ е Бојана Јанева, историчарка на уметност, кустос во Одделот за едукација и музејско водење при Музејот на современата уметност во Скопје. Со неа опфаќаме многу теми, во какви услови ја почна иницијативата „Најново ...

Во десеттата епизода на „Умен поткаст“ наш гостин е актерот Тони Наумовски. Роден во Битола, растен во Сиднеј, завршил на актерската академија во Софија, а во последните повеќе од 15 години својата кариера ја гради во Њујорк. Повеќе од 200 актерски улоги бележи Наумовски во ТВ серии, претстави на Офф-Бродвеј, а постојано му се навраќа и на македонскиот филм. Негово последно остварување во Македонија е „Лена и Владимир“ во режија на Игор ...

Деновиве е дома, во Македонија, активен на промоција на „Буки“, дигиталната платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик. Тој е пишувач, блогер, истражувач и иноватор, многу активен на социјалните мрежи што е невообичаено за еден научник. Тој е еден од македонските научници што успешно работат во светот, но постојано и постојано се враќа дома. Затоа што е уверен дека може да работи научни ...

Децата во Македонија имаат „кликер“ за наука, но дали возрасните имаат „кликер“ како на вистински начин да им ја претстават на децата? Што се случува во најниските нивоа на образование, зошто македонските ученици упорно покажуваат лоши резултати на меѓународните тестирања. Каде грешиме? Ова се дел од прашањата што ги отворивме со Драгана Стикова, директорка на Фондацијата „Кантарот“ што ја издава платформата Наука за деца во #12 епизона да ...

Гробницата откриена лани во селото Корошишта дава одговори на многу прашања поврзани со погребувањата во Требеништа кои повеќе од еден век се тајна за домашните и за светските археолози. Кои биле луѓето кои живееле во Охридско-струшкиот Регион во 6 век пред новата ера? Одговор на ова и на многу други прашања дава д-р Перо Арџанлиев, кустос-советник во Археолошкиот музеј во Скопје и раководител на ископувањата во Корошишта. Арџанлиев е гостин ...

Џијан Емин е мултиинструменталист, аранжер, оркестратор, композитор. Постојано немирен во својот музички дух да истражува нови форми, нови изрази, соработувајќи со колеги музичари од земјава, но и по светот. Заедно со Националниот џез оркестар е дел од создавањето на вредна музичка приказна, што расте со секој нов концерт на националната институција. Во новата епизода на „Умен поткаст“ со него разговараме за неговото весело детство со многу ...

Стоби, крстосница на цивилизациите од дамнешни времиња. Овој антички град позициониран во централниот дел на Македонија постојано е предизвик за археолозите. Стоби е единствениот археолошки локалитет во земјава кој работи како самостојна институција. За значењето и потенцијалот на Стоби зборува д-р Силвана Блажевска, в.д. директорка на Националната установа „Стоби“. Таа зборува за историјата на локалитетот, за стобјаните, но и за проектите и ...

Новинарот Тони Димков 35 години остава траен медиумски печат од културната сцена во Македонија. Речиси нема тип на медиум низ кој Димков како културен хроничар и новинар не прошол и оставил белег со своите интервјуа, разговори, текстови, информации. „Културен печат“ е неговото дело кое излегува секоја сабота, а го подготвува самиот. Димков е гостин во 16. епизода на „Умен поткаст“. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб-каналот ...

Никогаш не вперувајте го прстот кон децата. Тие не се виновни за општеството што им го создадовме, вели д-р Тамара Ќупева, научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје. Таа 26 години предаваше македонски јазик во скопската гимназија „Орце Николов“ и многумина и денес ја паметат како омилената професорка. – Низ моето искуство сум се соочила и со родители кои живеат како низ магла, не можат да ја прифатат одговорноста дека ...

Ова е парадоксот на современиот дигитален активизам: тој е гласен, но краткотраен; видлив, но површен; масовен, но без органска врска со реалните структури на моќ Пишува: Андон Дамовски, докторант на Институтот за социологија, Филозофски факултет, УКИМ Во античките градови-држави, агората била срцето на демократијата: отворен плоштад каде граѓаните разменувале аргументи, идеи и визии за заедничкото добро. Во римската традиција, форумот бил ...

Секој јазик носи една и единствена приказна зад себе. Историја која претрпела толку многу пресврти. Култура на која никој не може да и го најде почетокот Пишува: Ива Трпески Ме радува кога можам да препознаам на кој јазик зборуваат некои туристи на кои случајно им го забележувам разговорот, а уште повеќе ме радува можноста да им помогнам доколку ме прашаат за некоја туристичка дестинација низ Македонија. Повозрасните секогаш велат дека ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: проф. д-р Мимоза Ристова По што е познат Европскиот центар за нуклеарни истражувања – ЦЕРН? Можеби веќе знаете, но ете да ве потсетам дека ЦЕРН е лабораторијата во која е сместен најголемиот акцелератор на честички во светот – големиот хадронски колајдер (LHC). Со него во 2012 ...

Автор: Славенка Дракулиќ Пресудниот настан во ширењето на заразата беше концертот на Хиподромот на 5 јули, од извесен пејач Марко Перковиќ (познат како Томпсон, по тип на оружје). Тие темелно ги проучија снимките и ги слушнаа бројните сведоштва. Тоа беше голем настан на кој се собра огромна маса — стотици илјади, главно млади, облечени во црно, со забранети симболи — кои во таа жешка вечер на концертот влегоа во транс, се прегрнуваа, ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Анастасија Павловска, Здружение за креативна одржливост „Комбо“ Во време кога сè повеќе живееме „секој за себе“, кога купуваме повеќе отколку што користиме, а ретко се прашуваме што оставаме зад нас – постои едно место што го создадовме во Железара и кое нè потсетува дека може и ...

Денеска се навршуваат точно 100 дена отпор. 100 дена откако секое утро, без исклучок, одиме на патот кон шумата за да го заштитиме она што не штити нас. Навидум сме десетици луѓе од едно мало преспанско село, а всушност, не сме малку, туку нè има многу и насекаде. Сите сме обединети со иста цел и истата заложба. И стоиме секој ден. Исто место. Исто време. Иста цел. Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот ...

Полиглот, или личност со огромен спектар на вокабулар, е еквивалентно на шах-мат ситуација во една игра. Зошто? Пишува: Ива Трпески Животот, за жал или за среќа, не води до најразлични предизвици. Пречки за кои потребни ни се таканаречените „меки вештини“, за да ги прескокнеме. Овие вештини се дел од нас, меѓутоа разликата е кој и колку ги има развиено и збогатено. „Што е интелектуалец?“ е прашање кое сите го имаме слушнато барем еднаш. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1008
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
4.12
89%
1013
weather icon

Загреб

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
77%
1010
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.2
97%
1009
weather icon

Љубљана

-4ᴼ / -4ᴼ
0.68
92%
1015
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
84%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
82%
1006
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
93%
1009
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
92%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1014
Currency

61.555

Currency

52.665

Currency

71.0833

Currency

35.4659

Currency

38.1123

Currency

66.143

Currency

7.53509

Currency

0.6537

Currency

0.33605

Currency

0.5244

Currency

1.22336

Currency

0.58371

Злато

143732.24

Калај

42.42

Паладиум

57292.63

Цинк

3.13

Сребро

2570.79

Алуминиум

3.09

Родиум

313469.78

Платина

75917.12

Рутениум

40927.90

Кобалт

58.42

Иридиум

158465.97

Бакар

12.05