Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет на 30 јануари во 20 часот на сцената на Македонската филхармонија. Ова ќе биде официјално отворање на концертната сезона 2026. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче ...
Театар Комедија годинава ќе го прослави Светскиот ден на театарот (27 март) со премиера на претстава според македонскиот автор Митко Чешларов. Претставата ја режира Наташа Поплавска, а во тек се нејзините подготовки. Од првата премиера на Театар Комедија во 2012 година со наслов „Ах љубов моја“, претставата „Кој сум јас?“ ќе биде 55 премиера на Театар Комедија со што свечено ќе се одбележат 15 години богат репертоар. Театар Комедија годинава ...
Македонскиот хемичар Панче Наумов стана член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences), во Одделението за хемија. Наумов во 2022 година беше избран за член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е еден од македонските научници кои се на листата на 2 отсто највлијателни научници во светот што ја објавува Универзитетот „Стенфорд“. За членство во Европската академија на науки ...
Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има својата светска премиера на 76. Берлински филмски фестивал во февруари, во натпреварувачката селекција „Перспективи“. Продуцент на филмот е Томи Салковски и „Црна мачка продукција“. Информацијата беше соопштена денес на прес-конференција во Берлин. „Перспективи“ е програма посветена на најдобрите дебитантски филмови на светско ниво. „17“ ќе биде оценуван од ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје на 22 јануари (четврток) во 19 часот ќе се одржи промоција на 37. издание на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија. Промотор на бројот во кој темата на бројот е „300 години Кант“ ќе биде проф. д-р Ана Димишковска. Повеќе за содржината на списанието може да видите на следниот ЛИНК. Списанијата можат да се најдат во книжарниците на „Или-или“ и „Култура“ по ...
Дела на уметницата Марија Павловска се изложени во Академијата за уметности на цртеж во Фиренца. Таа е една од победниците на 15. Фиренциско биенале. Павловска се претставува со неколку дела. Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари во Изложбената сала на Академијата за уметност на цртање (Вија Рикасоли 68 / Пјаца Сан Марко, Фиренца). На изложбата се претставени дела од 16 наградувани уметници од Фиренското биенале во 2025 година, меѓу кои ...
Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на на фестивалот: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе ...
Eкофикцискиот роман „Министерство за иднина“ од етаблираниот писател на научна фантастика, Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден, читателите го добија и на македонски јазик. Изданието е на „Илика“ од Скопје. За романот, на 28 јануари ќе се одржи книжевен кружок во кафе-книжарницата „Илика“ на кој можат да се пријават заинтересираните читатели преку порака на нивните социјални мрежи. Романот ја истражува можната иднина на светот и ...
Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Една птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои книгата за Бројгел која ја позајмив. Се присетувам на „Падот на Икар“. Чудно е, но не можам да си го споменам Бројгел, а на неговото име како асоцијација да не ми се закачи и Вилијамс. According to Brueghel when Icarus fell it was spring. ...
Норвешкиот „Сентиментална вредност “ на Јоаким Трир ја освои наградата за најдобар филм на 38. Европски филмски награди, кои се одржаа синоќа во Берлин. Филмот исто така ги доби наградите за најдобра режија, сценарио, актер, актерка и оригинална музика. Главната актерка во филмот, Ренате Реинсве, изјави дека кампањата за наградите била „сентиментално патување“, додека главниот актер Стелан Скарсгард рече дека неговите шанси да освои „Оскар“ ...
Македонката Тина Русева побеид на шоуто за таленти Voice of Europe. Родена во Струмица, Русева во изминатите месеци беше вистински хит на шоуто Voice of Germany, каде победи, па отпосле ја претставуваше оваа земја на Voice of Europe. Тина Русева доби најмногу гласови од публиката и жирито. Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила. -Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, ...
Со претставата „Сина сенка“ на режисерката Тамара Стојаноска, во продукција на „Златен Елец“, вечерва во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје ќе бидат затворени Деновите на независна продукција. Текстот е на авторот Брајан Рејнолдс. Преводот од англиски јазик го направи Сашо Огненовски. Во претставата се користи оригинална музика на Мајкл Хукер, додека изборот на музиката и новите аранжмани ги изработи Лука Тошев. Дизајнот на плакатот и ...
Мјузикл според музиката на Влатко Стефановски, именуван „Као какао“ се подготвува со голема екипа, во режија на Дејан Пројковски, а според текст на Венко Андоновски. Станува збор за љубовна приказна со мелодрамски ефекти, противници и со голем копнеж да се успее, затоа што човекот е копнеж. Влатко Стефановски е човек-епоха, истакна Андоновски на прес-конференција што се одржа во Скопје. Продукцијата е на „Баги комуникации“, во копродукција со ...
Младиот уметник Константин Солак ја освои првата награда за делото „Црквата над облаците“ во рамките на Националната награда за сликарство и графичка уметност, посветена на свештеникот Дон Винченцо Греко. Конкурсот беше инициран од самата општина, предводена од градоначалникот д-р Џузепе Минутилја, со цел да се промовира и вреднува ликот на Дон Винченцо Греко, на кого му се должи пристигнувањето на бројни уметнички дела од барокниот период во ...
„Остен“ го распиша повеикот за „Остен биеналето“ 2026, настан отворен за сè што е ново и е многу посеопфатен од традиционалните формати, давајќи приоритет на дела што ги рушат старите и истрошени уметнички матрици. Биеналето е посветено на дела што носат препознатлив авторски печат или навестуваат обид за излегување од воспоставените академски правила, во слободниот простор на творештвото. Биеналето ги предизвикува уметниците да ги поместат ...
Претставата „Кротка“ работена по истоимената новела од Фјодор М. Достоевски во продукција на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци ќе биде изведена вечерва во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје. Уметничкиот тим на претставата го сочинуваат Пепи Ангелов и режисерката Микица Илова, и актерот Сашко Орешков. Монодрамата „Кротка“ е драмска адаптација на истоимената новела од Фјодор М. Достоевски, која се базира на длабока ...
Комеморација во чест на легендата на радиоводителството, музичкиот новинар Драган Б. Костиќ ќе се одржи денеска во 12.30 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, соопштија од неговото семејство и од тимот на продукцијата „Диско селектор“. Сподели Комеморација во чест на легендата на радиоводителството, ...
Претставата Delirium tremens во продукција на „Театарска работилница“ од Прилеп ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар. Режисер на претставата е Игор Трпчески, автор е Благоја Ристески-Платнар. Сцената и костимите се изработени од Бојана Артиновска. Улогите ги играат: Игор Трпчески, Димитар Ѓеорѓиевски, Методија Костоски, Филип Јездиќ и Борис Миленкоски. Тон и светло: Томе Темелкоски. Во претставата „Delirium tremens“: ...
Триесет и осумте Европски филмски награди (EFAs), европскиот еквивалент на „Оскарите“, ќе се одржат на 17 јануари во Берлин. За прв пат во историјата на постоењето на овие награди, церемонијата на доделување на наградите е поместена од традиционалниот декемвриски термин во средина на јануари, кога се доделуваат најголемите награди во светот на филмот. Неодамна се одржаа „Златните глобуси“. Иако неретко знаат да бидат потценети, годината многу ...
Ќе бидат претставени различни артефакти – накит, предмети од секојдневниот живот, единствено дијатретата нема да биде дел од оваа изложба, вели археологот Радомир Ивановиќ Артефакти од богатиот гроб пронајден во Таранеш, Дебарско на 22 јануари во 15.30 часот ќе бидат изложени во Националниот музеј на Унгарија, во Будимпешта. Поставката е во рамките на поголемата изложба Attila. Horizons of Memory која ќе биде отворена за публиката од 23 ...
Сè започнува со едно едноставно прашање: „Учителке, зошто небото е сино?“ и продолжува со илјадници други, некои смешни, некои сериозни, некои без одговор. Но, сите тие имаат една заедничка нишка – дете кое сака да учи, да открива и да расте. А, покрај тоа, тука е учителот, кој со трпение и посветеност ги охрабрува тие прашања да продолжат. Магијата на учењето се случува тивко, без аплаузи, во секојдневниот живот на училницата, од клупа до ...
Претставата „СамоТи(И)Ја“ во продукција на „Театроск“ од Скопје ќе ги отвори Деновите на независниот театар во Драмски, вечерва во 20 часот. Режисер на претставата е Војо Цветановски, а улогите ги толкуваат: Енџи Николовска и Бојан Лазаров. Перформансот „СамоТи(И)Ја“ претставува кореодрама која обработува универзална, силна и длабоко емотивна тема – вечната човечка потрага по љубов и припадност. Концептот на перформансот се развива околу ...
Таму каде што порано постоеше сосед кој знаеше кога ти е тешко, денес постои формулар што мора да се пополни. Таму каде што порано заедницата беше простор на морална обврска, денес имаме организација со мисија, визија и стратешки план. Пишува: М-р Aндон Дамовски, докторанд на Институт за социологија, Филозофски факултет – УКИМ Во време кога имаме повеќе институции од кога било, а помалку чувство на припадност од кога било, станува јасно дека ...
Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o ...
Во издание на „Илика“, излезе од печат преводот на „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент, во превод на Катерина Јосифоска, а во издание на издавачката куќа „Илика“. Оваа студија претставува клучно дело од областа на политичката филозофија на XX век. Трите главни теми на кои се фокусира авторката се основите, историскиот развој и социјално-политичките последици на империјализмот, на антисемитизмот и на тоталитаризмот. На овој начин се ...
Револуционерната сага на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ги освои главните награди на 83-те „Златни глобуси“, во категоријата комедија, додека драмата „Хамнет“ (Hamnet) на Клое Жао, ја освои наградата за најдобар филм, драма. „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм, комедија, наградата за најдобра споредна женска улога на Тејана Тејлор, како и за најдобра режија и најдобро сценарио за ...
Гледањето е нешто што се учи. Не се раѓаме со способност да гледаме. Па така, треба да очекуваме дека луѓето што научиле нешто на различен начин, треба да гледаат различно, вели проф. д-р Рокерс Како функционира човековиот мозок? Каква е невронската основа за визуелна и длабинска перцепција и зошто кога поголема група луѓе гледаат иста фотографија, едните ја гледаат на еден начин, а другата сосема поинаку? Ова е само една од многуте сфери на ...
На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова (професорка по книжевност за деца). Одлуката за ...
Светот денеска одбележува 150 години од раѓањето на еден од најголемите американски романсиери, Џек Лондон (12 јануари 1876 година, Сан Франциско – 22 ноември 1916, Глен Елен, Калифорнија), автор на „Повикот на дивината“ (1903) и „Белиот песјак“ (1906). Во изминатиот век бил еден од најмногу преведуваните американски автори. Напуштен од татка си, скитник-астролог, израснал во Оукленд, Калифорнија со мајка си. спиритуалистка и очувот, чие ...
Деновите на независната сцена во Драмски ќе се одвиваат од 14 до 17 јануари. Тие се наменети за театарска публика што сака да излезе од својата зона на комфор, велат организаторите. Овие претстави зборуваат за љубов што се промашува, за смеа што се лизга во хаос, за тишина што притиска и за системи што произведуваат страв. Телата се блиску, зборовите се остри, сцената е интимна, а темите се сѐ освен наивни. Од кореодрама до монодрама, од ...