Ви го споделуваме посланието што во чест на 21 Март, Светскиот ден на поезијата, го упати авторот Жарко Кујунџиски, од името на Македонскиот П.Е.Н центар. Настанот беше во Македонската академија на науките и уметностите. Пишува: Жарко Кујунџиски Дали е случајно што на осумдесетиот ден од годината, кога календарот ја отвора или штотуку ја отворил вратата на пролетта, го одбележуваме и Светскиот ден на поезијата? Можеби се тие аверс и реверс на ...

По повеќе од половина век посветеност на поетската реч, еден од најистакнатите македонски поети Раде Силјан, почнува нова творечка фаза во својата поезија. Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ ја објави неговата нова поетска книга „Пајажина“ – стихозбирка што се доживува и интерпретира како ново поглавје од поетската историја на нашата стварност. „Пајажина“ содржи над седумдесет песни од новата творечка фаза на Силјан, при ...

По повеќе од половина век посветеност на поетската реч, еден од најистакнатите македонски поети Раде Силјан, почнува нова творечка фаза во својата поезија. Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ ја објави неговата нова поетска книга „Пајажина“ – стихозбирка што се доживува и интерпретира како ново поглавје од поетската историја на нашата стварност. „Пајажина“ содржи над седумдесет песни од новата творечка фаза на Силјан, при ...

„Мачкина глава“ е насловот на драмскиот текст на Венко Андоновски, кој од неодамна режисерот Дејан Пројковски започна да го работи во Драмскиот театар во Скопје. Премиерата се планира на 21 април, денот на централната прослава на 80-годишнината од основањето на Драмскиот театар. Режисерот Дејан Пројковски и авторот Венко Андоновски, кои имаат работено повеќе продукции токму во Драмскиот театар, ја изразија големата доверба кон актерите и ...

Триесетна поети ќе учествуваат на целовечерниот поетско-музички настан по повод Светскиот ден на поезијата, што ќе се одржи вечерва во 19 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Ноќта ќе биде посветена на зборот, а неразделна од зборот е и музиката. Ќе настапи и Зарина Првасевда, а по поетското читање ќе следува и забава со иновативните звуци на „Поетроника“. Овој поетско-музички собир ќе биде и најава за „Антологија на патот“, зашто ...

Лабина Митевска, Марија Апчевска, Ибер Деари, Огнен Антов, Кумјана Новакова, Георги Унковски, Наум Доксевски, Самир Љума, Жарко Иванов, Сара Ферро, Маргарита Арсова, Ненад Станковиќ, Влатко Галевски, Николина Неделковска се дел од стручната работна група за изработка на Стратегија за развој на филмската дејност. Целта за ова решение, што го донесе директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, е да се работи на заложбата за долгорочно ...

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска ќе ја изведе монодрамата „Кармен“ денеска во 15 часот на Интернационалниот фестивал на монодрама во Сеул, Јужна Кореја. Монодрамата е инспирирана од делото „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес, во драматизација и режија на Дејан Пројковски. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот. Претставата ја имаше својата премиера на 21 мај 2021 година на малата сцена во Драмски. Таа се уште е на ...

Со почетокот на неолитот пред околу 10.000 години на Блискиот Исток, како нов модел на живеење со постојани населби, земјоделие и веќе припитомени растенија и животни, започнало и ширењето на овој модел кон Егејското Море и Балканот, објаснува д-р Дарко Стојановски Колкава била неолитската населба во Светиниколско каде нашите предци живееле пред 8.300 години? Одговор на ова прашање бараат домашните и странски археолози кои деновиве вршат ...

Политичкиот трилер „Битка по битка“ е најдобар филм на 98-те „Оскари“, што се одржаа синоќа. Пол Томас Андерсон конечно го освои својот прв „Оскар“, по неколку номинации. Со шесте статуетки, „Битка по битка“ го надмина фаворитот со рекорден број номинации „Грешници“, кој на крајот освои четири „Оскари“. „Битка по битка“ освои и награда за најдобро адаптирано сценарио. Филмот имаше вкупно 13 номинации. Повеќе номинации (16) имаше само филмот ...

96-та церемонија на доделување на „Оскарите“, најпосакуваната награда за филмскиот свет, ќе се додели вечерва на полноќ. Меѓу фаворитите за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон – со 13 можности за најпрестижната златна статуетка. И двата наслови комбинираат силна критика за социјалните прашања и содржат извонредна глума. Иако „Една битка по друга“ изгледаше како ...

Балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографија и либрето на Саша Евтимова, ќе ја има својата премиера на 28 март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. „Оревокршачка“ e балетска фантазија за соништата, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме. Настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско ...

Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. На соопштувањето на добитникот на престижната награда, што се одржа денеска (13 март) во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, Ќорвезироска изјави: – Од сè срце му ...

Дали државата, институциите и самото општество се подготвени конечно да ја препознаат социјалната работа како стратешка професија – или ќе продолжат да очекуваат таа тивко да ги гаси пожарите што системот повторно и повторно ги создава Пишува: Андон Дамовски, магистер по социјална политика и докторанд на Институтот за социологија, Филозофски факултет, УКИМ Секој март, во многу земји низ светот, се одбележува месецот на социјалната работа – ...

Билјана Димовска, професорка по француски јазик во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ го доби орденот „Витез од Редот на академските палми“ што го доделува францускиот министер за национално образование. Орденот ѝ го врачи францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер. – Како вистинска амбасадорка на француската култура, таа ги инспирира своите ученици и колеги со својот ентузијазам, професионализам и енергија која лесно ја ...

Препорачуваме пилотирање на Концепцијата за да се констатираат евентуални пропусти кои нема да ја чинат Македонија цели генерации млади луѓе, велат Виолета Толева и Елизабета Софрониевска-Николовска, од скопската гимназија „Орце Николов“ Хемијата како природна наука има суштинско значење за развојот на современото општество, зашто таа не претставува само збир на формули и реакции, туку систем на знаења што овозможува разбирање на светот, ...

Пет приоритетни области преку кои во наредните пет години ќе се спроведуваат реформите во културата се предвидени во Нацрт-стратегијата за развој на културата за периодот 2026-2030 година. Предлог-документот вчера го разгледуваше Советот за култура предводен од претседателката Ганка Цветанова. Членовите на Советот дискутираа за приоритети и насоките за идниот развој на културниот систем во државата. Стратегијата идентификува пет приоритетни: ...

Театарот за деца и младинци од Скопје утревечер во 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Низ ...

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот за култура и туризам Зоран Љутков за злоупотреба на службената положба и овластување и за повреда на правата од работен однос. Никој од вработените во културата не е обесправен и сите се третираат според законите и правилата, објаснува тој. Љутков посочи дека привилегиите што ги бараат одредени групи се надвор од законските рамки. Претставниците на Синдикатот од пред Јавното ...

Ракописот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ на авторот Ванчо Полазаревски, ја доби наградата „Оливера Николова“ за 2026 година, за најдобар необјавен роман за деца и млади. Победникот беше соопштен денеска на прес-конференција што се одржа во Литература. мк во Дајмонд мол во Скопје, токму на денот кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова. Победникот е избран со едногласна одлука на ...

Во време на интернет, дигитализација и вештачка интелигенција, кога до информација може да се стигне за неколку секунди, вистинското знаење сепак не се гради со еден клик. Тоа започнува со љубопитноста, со желбата да се истражува, да се разбере и да се поставуваат нови прашања. Токму во книгата започнува тој пат, тивок, но моќен простор во кој идеите се развиваат, приказните оживуваат, а читателот постепено го открива светот околу себе. Преку ...

Најновата премиера во театарот во Копер, Словенија, која ќе биде изведена на 13 март, е со наслов „Да се живее!“, заедничко име за Чеховите едночинки „Мечка“ и „Трагичар по неволја“, чиј режисер, композитор и сценограф е Марјан Неќак. На претставата работи уште еден битолчанец – костимографот Благој Мицевски. Со „Да се живее!“, Чехов по 16 години повторно е на сцената на овој театар. – Кај Чехов секогаш се работи за луѓе кои се обидуваат да ...

Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува Театар Комедија за годинава. Втор пат овој театар доби делегиран буџет од Министерството за култура и туризам, пракса што започна од минатата година во неколку институции од културата. Театар Комедија доби 5 милиони денари за проекти, што е за 94.83 отсто повеќе од минатата ...

Пишува: Звонко Димоски Кај нас сцената веќе предолго функционира како простор на договорена хармонија: актери што ја извршуваат задачата, уметници што не се интересираат за уметноста, публика што ја исполнува својата обврска и критика што внимателно балансира меѓу почитта и молкот. „Странецот“ го руши тој модел. Во македонскиот институционален театар, многу ретко се појавуваат претстави што отворено ја проблематизираат сопствената смисла, ...

Темата на делото е особено блиска и во балкански контекст. Ова не е само мистерија, туку драма за прашањето што е правдата и дали таа станува закон кога луѓето ја земаат во свои раце, вели Цветановски На сцената на Народно позориште во Сараево, македонскиот режисер Андреј Цветановски вечерва ќе ја има премиерата на претставата „Убиство во Ориент експрес“, сценска адаптација на познатиот роман на Агата Кристи, направена според драматизацијата ...

Вкупно 13 млади истражувачи ги претставија своите научно-истражувачки проекти поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Уникатната програма е осмислена за да им обезбеди континуирана поддршка на младите еколози и да ги јакне нивните професионални капацитети, почнувајќи од првичната фаза на планирање, преку теренска и аналитичка работа, па до ...

Во текот на 2026 година на сцените на МНТ ќе бидат поставени и следните претстави: „Три сестри“ од Чехов, во адаптација на Ана Ристоска и во режија на Нела Витошевиќ, „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, во копродукција со „Сектор филм“ и „Козата или која е Силвија?“ по мотиви од Едвард Олби, во адаптација и режија на Шенај Мандак. Силна, интензивна и внимателно курирана програма, со премиери што отвораат актуелни ...

Ви го претставуваме говорот на проф. д-р Елизабета Димитрова на промоцијата на книгата „60 икони на Мајката Божја (Успение – Вознесение од 7 до 15 век)“ од Аријан де Сен-Марк на македонски јазик. Димитрова е византолог, редовен професор на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје Пишува: проф. д-р Елизабета Димитрова Во харизматичниот орбитал на ликовното творештво од средновековната епоха, ...

Во првата епизода за 2026 година на „Умен поткаст“ наша гостинка е Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Со неа разговараме за значењето на овој фестивал, за спремањето на 60. издание, но и за театарот, воопшто. Стојаноска е интересен соговорник на многу теми, театарот е нејзина голема љубов, а токму фестивалот „Војдан Чернодрински“ и прилепскиот театар биле главните ...

Вкупниот буџет за музејот е 13.260.000 денари. Најголемиот дел, односно 10.350.000 денари, се наменети директно за музејска дејност и заштита, вели директорката Магдалена Манаскова Скопското Кале е најголемиот инвестициски проект на Археолошкиот музеј на Македонија гидинава, а ќе се работи со буџет од 3.140.000 денари. Предвидено е конечно да се отворат Музејот на праисторијата и Музејот на османлиското наследство на скопската тврдина. Ова е ...

Во чест на 8 Март, празникот на жената, режисерот Милчо Манчевски го подарува филмот „Мајки“ на својата публика. Филмот може да се гледа на интернет-платформата Вимео, на следниот ЛИНК. „Мајки“ ја имаше својата премиера во 2010 година и беше македонски кандидат за номинација за „Оскар“ на 83. доделување на наградите. Филмот е триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
78%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
91%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.04
61%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
67%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
69%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
54%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Платина

66712.80

Паладиум

49215.93

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Цинк

3.44

Иридиум

253540.09

Рутениум

55395.74

Калај

49.88

Алуминиум

3.53

Бакар

12.14

Родиум

324722.54