Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Вистински и измислени луѓе и суштества, боси и наредени во долга редица, одат кај најдобриот чевлар на светот. Во неговиот дуќан има обувки за сите и никој никогаш не останал бос! Некој веднаш ќе ги најде совршените обувки за себе, друг ќе се реши за обувките за кои долго мечтаел, некој – за оние што му се најудобни, друг ќе избрза, ќе обуе сосем погрешни, па ќе ги собуе… Некој, за жал (или за среќа!), ќе мора да ги обуе последните обувки во ...
Во Драчево започна со работа петтото кино „Киноверзум“, односно второ во Општина Кисела Вода. Настанот беше отворен со филмот „Приказната за Силјан“, а на проекцијата присуствуваа и режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски. На присутнтие им се обратија градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, во присуство на вицепремиерот Љупчо Димовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Киноверзум“ започна со ...
Вкупно 23 просветни работници се вклучени во изданието што е резултат на истоимениот научноистражувачкиот проект „Функционална писменост активности и развој“ поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Промоција на книгата „Поттикнување функционална писменост во наставата“, заеднички труд на универзитетски професори од „Филолошки факултет“ во Скопје, наставници од основно и средно образование и од Бирото за развој на ...
Во Младинското друштво „Соуллрафт“ во Скопје (Бул. „Илинден“ бр. 9) вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Емотивни пејзажи“ на сликарот Тони Попов и историчарката на уметност Јасмина Котевска. Изложбата поставува прашања: Колку сме подготвени да се соочиме со туѓата, но и со сопствената емоционална голотија? Дали во туѓиот портрет препознаваме дел од себе и дали уметноста може да биде безбедно место за ранливост исто како и ...
„Момент на пресврт“ е насловот на интерактивната изложба на дигитална уметност од Драшко Накиќ, што ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. Поставката со наслов „Момент на пресврт“ има за цел да поттикне сеќавање на оние луѓе кои ни помогнале кога ни било најтешко. Истата сака да потсети дека животот може брзо да се претвори од хармонична сказна во исцрпувачка борба, но и дека преку поддршката од искрено, ...
Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, издание на Кинотеката, ќе се одржи задутре (27 февруари), во 19 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, ...
Саемот за образование и кариера 2026, настан особено важен за матурантите, студентите и младите, ќе се одржи на 27 и 28 февруари во Скопје сити мол. Ќе учествѕваат 12 универзитети со над 100 факултети, академии за дигитални вештини, компании со можности за пракса и вработување. Саемот е наменет за средношколци што размислуваат каде да се запишат на факултет, студенти, млади кои бараат пракса или работа, родители. Заинтересираните можат да се ...
Со предложениот модел, ученикот се стекнува со слабо општо образование коешто професионално го сведува во категорија на НИШТО, вели проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, раководителка на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје Фондот на часови по предметот Математика во сите четири години од гимназиското образование да биде од 4 часа неделно како апсолутен минимум за стекнување на посолидна математичка основа, ...
Во Македонскиот Културно – информативен центар во Белград вечерва во 19 часот ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“. Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е ...
Пијанистот Ренато Кико, тапанарот Енди Вотсон, легенди на њујоршката џез сцена, во друштво на Националниот џез оркестар, не’ угостија минатата недела на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Светски настап сведочевме на две легенди кои уште во 90-тите години на 20 век се обликувале на њујоршката џез сцена. Диригент беше Џијан Емин. Кико кој е роден близу Трст, не е прв пат во Скопје. Пред 30 години настапил во рамките на Скопскиот ...
Голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја стигнаа во Љубљана, на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Станува збор за донација во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, што ја започна „Матица македонска“, а кон иницијативата се приклучи „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана ...
Монодрамата „Сите најубави нешта“, работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на ОХО, ќе биде изведена в петок (27 февруари) во Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје. Претставата ја изведува повеќе од 30 пати актерот Игор Ангелов. СИТЕ УБАВИ НЕШТА: ДА РАЗГОВАРАМЕ! Монодрамата со оригинален наслов „Every Brilliant Thing“ на Данкан МекМилан ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на ...
Проектот „Со љубов, од Европа“ носи свеж европски книжевен здив во Македонија и создава простор каде што литературата станува мост меѓу културите, генерациите и општествените вредности. Преку внимателна селекција на современи европски дела, проектот ја потврдува моќта на книгите да поттикнуваат емпатија, да отвораат важни прашања и да влијаат врз секојдневието на читателите. Проектот го реализира издавачката куќа „Сакам книги“, која веќе 16 ...
Новата концепција треба да биде базирана на долгорочни статистички анализи, меѓународни компаративни студии на успешни образовни системи, потребите на високообразовните институции и пазарот на труд, како и на вклучување на универзитетските експерти, наставничките факултети и струковите здруженија во процесот на нејзино креирање Дали Македонија свесно го уништува потенцијалот на младите во државата, движејќи се кон модел што системски го ...
Филмот „Жолти букви” на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои Златната мечка за најдобар филм на 76. Берлински филмски фестивал, што заврши синоќа. Оваа политичка драма раскажува за турски режисер и неговата жена-глумица кои одненадеж се забранети да работат поради своите политички ставови. Претседателот на жирито Вим Вендерс наградата ја врачи лично, нарекувајќи го филмот „поглед во блиската иднина која може да се случи и во нашите ...
Претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо ...
„17“ е тешко да се гледа. Но, ова е реалноста, се чини дека вели Митиќ, затоа не го свртувајте погледот. Изборот да го свртите погледот од фикционализирано сценарио може да значи дека ќе се свртите уште побрзо од вистинското, пишува Оливија Поп во Cineuropa.org Престижниот „Обсервер“ го нарече филмот „17“ на Косара Митиќ за најдобро откритие на 76. Берлински филмски фестивал, кој ќе биде затворен утревечер. Младата актерка Ева Костиќ, пак, ...
Најголемото сквернавење на македонскиот јазик доаѓа од политичарите коишто го користат јазикот како инструмент за празна политичка реторика и политички пресметки. Јавен укор до нив: Немојте напразно да ја изговарате синтагмата македонски јазик, ниту, пак, да се колнете во неа. Таа е поголема од сите нас – вели проф. д-р Ана Витанова-Рингачева, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при ...
Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по ...
Дуодрамата „Љубовни писма“ на актерите Игор Ангелов и Верица Недеска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во The Dude Specialty Coffee во Скопје. Драмата е дело на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни — дело што со децении опстојува на светските сцени благодарение на својата едноставна, но длабоко човечка структура. „Љубовни писма“ е драма на тишината, на паузите, на неизговореното. Тивок театарски чин и токму затоа силен. ...
Ана Трајковска е добитничка на Наградата за млад уметник од Фондацијата Јанкуловски. Ова признание ѝ беше доделено синоќа, на отворањето на групната изложба на слики, цртежи и објекти, насловена „Остенови уметници на годината 2025“, која во наредниот период ќе може да се проследи во галеријата „Остен“, во Скопје. Трајковска ја доби наградата за делото „Столови“, во комбинирана техника колаж од графика со цртеж. – Оваа награда, секако, има ...
„Технологијата е само алатка. Каменот може да се искористи за кршење ореви, но и за кршење глави. Зависи што ќе избере оној што го држи во рака“, вели Александар Русјаков, автор на книгата „Егосурфер“ што беше промовирана завчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Книгата е издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“. Книгата ја промовираше уредничката Бисера Бендевска. Таа истакна ...
Delirium Tremens од Благоја Ристески Платнар беше изведена синоќа на Сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изведбата на актерот Игор Трпчески беше во рамките на роденденската недела на театарот, што одбележува 76 години постоење. -Интензивна, директна и вознемирувачки искрена изведба што ја избриша границата меѓу сцена и публиката. Драга публико, ви благодариме што бевте дел од оваа театарска ноќ – велат од Театарот. ...
Дебитантскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ, а во продукција на Томи Салковски и продукцијата „Црна мачка“, синоќа ја имаше светската премиера во рамките на „Панорама“, програмата во официјална компетиција на Берлинскиот филмски фестивал. Аплаузи и полна сала беа составен дел на премиерата на филмот на Митиќ. Проекцијата се одржи во киното „Блумакс“, а учествуваа режисерката Митиќ, актерките Ева Костиќ и Мартина Даниловска, ...
Во книжарницата „Литература.мк“ во скопскиот трговски центар „Сити мол“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на романот за деца „Сам во рој“ од Сашо Кокаланов кој ја потпишува книгата под псевдонимот Иван Дричко. Книгата е издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“. Промотори ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и писателот Ермис Лафазановски. „Сам во рој“ е приказна за едно дете и неговата страст за инсектите како надомест ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека ќе се одрази врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар. Минстерката за образование и наука, Весна Јаневска тврди дека законот е европски и нуди добри решенија за високото образование Предлог-законот за високо образование отвори широка дебата уште пред да почнат јавните расправи. Опозицијата вчера во ...
А1 Македонија ја започна новата сезона предавања од едукативната програма која во изминатите осум години ја проследиле 8.500 четвртоодделенци Учениците од четврто одделение од скопското основно училиште „Гоце Делчев“ учествуваа на новиот циклус работилници „Кликај безбедно“ во просториите на А1 Македонија. Со тоа почна и новата сезона предавања од истоимената едукативна програма за деца во рамките на второто полугодие од учебната 2025/2026 ...
Славејќи го јубилејот 35 години од основањето, „Матица македонска“ продолжува да ја чествува македонската книжевност.„Матица“ започна јубилејна едиција со прозни и поетски книги што се стожерни за современата македонска книжевност, а се од автори што со своите книжевни дела имаат остварено трага по траекторијата на развојниот пат на првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Првата книга што „Матица македонска“ ја објави во едицијата е ...
Филмот „Арко“ од утревечер започнува да се прикажува во кината во нашата земја, носејќи возбудлива приказна што ги спојува иднината, времето и судбината. Сместена во 2075 година, приказната следи девојка која сретнува мистериозно момче во виножитно одело што паѓа од небото. Тој доаѓа од совршена иднина каде патувањето низ времето е реалност, а таа станува неговата единствена надеж за враќање дома. „Арко“ е емотивна авантура за пријателството, ...
Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје утре во 11 часот свечено ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Пред присутните ќе се обрати директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот. На свеченоста ќе настапи актерот Никола Ристановски, а поезија ќе ...