Легендарниот американски актер Роберт Дувал, кој играше во серија филмски класици како „Кум“, „Апокалипса сега“, „МЕШ“, почина на 95 години. Актер, режисер, раскажувач, добитник на „Оскар“ за филмот „Нежна милост“ (Tender Mercies) – за најдобар актер во 1984, играјќи кантри пејач кој се обидува да го надмине алкохолизмот. – За мене, тој беше едноставно сè. За секоја од неговите бројни улоги, Боб им даде сè на своите ликови. Правејќи го тоа, ...

Петтемина добитници на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија на свеченост ги примија наградите што традиционално ги доделува писателската асоцијација. Со свеченоста што се одржа на 13 февруари, ДПМ одбележа 79 години постоење. Наградите ги примија: Оливера Ќорвезироска – награда „Стале Попов“ (за романот „Три Марии“, за најдобра прозна книга објавена во 2025 г.), Бранко Цветкоски – награда „Ацо Шопов“ (за стихозбирката ...

Книгата „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска, илустрирана од Наташа Андонова („Гаврош“, 2022) ќе биде дел од меѓународната изложба Turning the Page on Change – Children’s Books Inspiring Action for the Global Goals, која ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Изложбата ќе се случи од 20 февруари до 13 март. Изложбата е дел од програмата на Bologna Children’s Book Fair и ги претставува насловите селектирани од категоријата ...

Претставата „Кец на десетка“ по стоти пат ќе биде изведена на камерната сцена на Македонскиот народен театар во Скопје на 19 февруари во 20 часот. Претставата девет години по премиерната изведба, живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Улогите ги толкуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ. – Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката ...

„Љубовни писма“ е насловот на дуодрама која актерите Игор Ангелов и Верица Недеска премиерно ќе ја изведат на 20 февруари во 20 часот во The Dude Specialty Coffee во Скопје. Драмата е дело на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни — дело што со децении опстојува на светските сцени благодарение на својата едноставна, но длабоко човечка структура. „Љубовни писма“ е драма на тишината, на паузите, на неизговореното. Тивок театарски чин и токму ...

Ансамблот за народни песни и ора Скопје годинава одбележува голем јубилеј – 30 години постоење. 30 години на многу дружба, играорци што ја продолжуваат приказната на претходниците, турнеи низ Европа и се уште голем ентузијазам да се продолжи во тој ритам. Разговараме со Ненад Манасиевиќ, директор на Ансамблот, в очи концертот што во чест на јубилејот ќе се одржи на 21 февруари во Националната опера и балет во Скопје. АНПО Скопје одбележува 30 ...

Брендирањето со мирис (scent branding) е новиот незаборавен дел при креирање на меморија за еден град Пишува: Ива Трпески Првиот и најреалниот впечаток за одредено место е кога за прв пат пуштаме нога на истото. Скопје мириса на печени костени. Њујорк мириса на пареа од метро и масло во кое се пржи помфрит. Истанбул мириса на зачинет чај и морски ветрови. Амстердам е уникатна комбинација од мирис на каналска вода, топли вафли и кафе, додека ...

Дали водата од чешма има хлор, ако е побелена? Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје почна серијата објави под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ќе ги разобличуваат заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено. – Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста ...

„Во чест на св. Трифун – современи ликовни поетики“ е насловот на изложбата на дела од 35 реномирани уметници од Балканот која синоќа беше отворена во Музејот и галерија во Кавадарци. Поставката претставува репрезентативен пресек на современи ликовни изрази и авторски сензибилитети. Иако иницирана од празничниот контекст, таа не е тематски дефинирана, туку функционира како отворена платформа за слободен уметнички израз. Секој уметник ...

464 ученици и повеќе од 65 професори-ментори од вкупно 20 града и 61 средно училиште вчера учествуваа на регионалниот круг на Економската олимпијада, кој се реализираше истовремено во седум региони низ државата. На натпреварот во училишниот круг учествуваа 3.170 ученици, што претставува рекордна бројка и јасен показател за интересот на младите за економијата и аналитичкото размислување. Натпреварот се реализира во соработка со повеќе ...

Донација – роботски едукативен сет доби Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје, од Здружението за развој на технологија, роботика и иновации (CTRI). Тие велат дека ова е директна инвестиција во инклузивно и современо STEM образование. Воедно школото и здружението потпишаа меморандум за стратешка и долгорочна соработка. Документот го потпишаа м-р Васка Медиќ, претседателка на CTRI, ...

Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има светската премиера на 18 февруари (19 часот) во „Блумакс театар“ во рамките на престижниот Берлински филмски фестивал, што започна синоќа. Ова е особено значаен момент за македонската кинематографија да имаме филм во програмата „Перспективи“ на Берлинале, програма која ги претставува и оценува најдобрите долгометражни дебитантски филмови од целиот свет, велат од Агенцијата за филм. Филмот ќе ...

Луѓето од чаршијата ги делат и се соочуваат со истите предизвици, како и останатиот свет. Сè помалку емпатија, отуѓување, изгубени вредности, генерацискиот јаз, миграција на младите, изумирање на старите занаети, тенденција да се фати чекор со времето… Преку тој микросвет наречен „Чаршија“ мислам дека отворивме универзални прашања, теми кои ја засегаат не само чаршијата, туку глобалното опкружување – вели актерот Борче Начев, кој игра во ...

Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана завчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на манифестацијата „Денови на литературата“. Настанот ...

На малата сцена на Драмски театар – Скопје утревечер во 20 часот ќе се одржи премиерата на „Драми на принцезите – Џеки“, монодрама инспирирана од претставата „Драми на принцезите“ на словенечката режисерка Жива Бизовичар. Во оваа монодрама, Трајанка Илиева-Вељиќ ја толкува Џеки Кенеди, сопругата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, а текстот е авторско дело на австриската писателка Елфриде Јелинек. Монодрамата, како што истакнуваат ...

Со концерт на „Мојра“ и настап на диџејот Кукгфулиш, утревечер во кафе-книжарницата Литератира.мк во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на радиото. Музичкото дуо „Мојра“ е составено од Дарко Јованов и Јасна Трпкова. Нивните настапи се опишувани како хипнотизирачки, магични, етерични и вонземски. – Проектот „Мојра“ е обликоменливо струење од хипнотизирачки сонични нишки оптегнати од древното преку земното до ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 3 април ќе гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на ...

„Бакнеж во Париз“ е насловот на концертот што во чест на празникот 14 Февруари – посветен на љубовта и виното, ќе се одржи вечерва во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија. Солисти со оркестарот на Филхармонијата ќе бидат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран. Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на светлината е и град на љубовта. ...

Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Ламина“, ја освои наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука со мнозинство гласови ја донесе тричлената жири-комисија во состав: Соња Стојменска-Елзесер (претседателка), Снежана Младеновска-Анѓелков и Давор Стојановски (членови). Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка отиде кај книгата „Вообразби (лирски етиди за некој друг свет)“ од ...

Четири претстави ќе бидат изведени во рамките на програмата „Роденденска недела“, што Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја организира од 16 до 21 февруари на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“. На 16 февруари (20 часот) пред прилепчани ќе настапи ансамблот на Велешкиот театар со „Синиот портокал“, во режија на Александар Ивановски. Играат: Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов. Наредната вечер, на ...

Безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари, во 19.30 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. Диригент е гостинот од Италија, Лоренцо Бицари, режијата е на реномираната германска режисерка ...

Народниот театар од Битола ја подготвува претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, а премиерата ќе биде на 28 февруари (18 часот). Станува збор за незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината. Ликот на Пинокио го игра ...

Романот „Единствен матичен број“ на авторката Лидија Димковска, наскоро ќе биде објавен и на бугарски јазик. Преводот е на Божидар Манов, а изданието е на „Колибри“ од Софија. Четвртиот роман на Димковска, што кај нас го објави издавачот ТРИ, ја доби наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. – Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е едно дело чија што основна идеја ги носи во себе обележјата ...

Со Тони Димитров разговараме каква е судбината на градските институции на кои културата им е главна дејност. Особено во време кога Градот Скопје многу тешко функционираше, а тоа се одрази и на Културно-информативниот центар во Скопје Пред скоро четири години го презеде раководството со Културно-информативниот центар, главната градска галериска институција беше „на респиратор“. Нештата полека се стабилизираа, почнаа да се отвораат изложби, ...

На 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција, Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобар интернационален режисер за неговата активна работа во последните години. „Комитетот на Меѓународните театарски награди смета дека претставите што вие ги имате режирано во Турција, Јужна Кореја, Унгарија, Бугарија, Србија и многу други земји, посебно во Северна Македонија, се многу успешни, затоа одлучивме да ви ја ...

Во МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп веруваме дека со приближувањето на рокот (1 март), интересот дополнително ќе се интензивира, а нас нè радува фактот што „Драмолетање 2.0“ полека, но сигурно, отвора доверба и дијалог со македонските драмски автори – вели Петар Антевски, иницијатор на платформата. Вториот повик за нова драма, наречен „Драмолетање“, што го организира Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, ќе биде ...

„Златната книга на Лудви“ e инспирирана од животот и творештвото на Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, во кој ќе бидат застапени и сликовници инспирирани од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Книгите не го обработуваат животот на композиторите, туку претставуваат нови бајки за деца, смислени од авторката Тина Иванова. Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, ...

Композиторот Сашко Костов освои номинација за авторска музика на бугарските театарски награди „Икар“ 2026 за претставата „Волшебниот дирижабл“ во режија на Диана Добрева, а продукција на Драмскиот театар „Николај Масилитов“ во Пловдив. Костов е номиниран, заедно со композиторот Јавор Карагитлиев. Истиот авторски музички тандем беа номиниран за престижната театарската театарска награда „Аскер“ минатата година, за претставата „Без крв“, на ...

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (Долна зграда) денеска во 12 часот предавање ќе одржи проф. д-р Светлана Смолиќ-Макуљевиќ од Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Таа ќе зборува на тема: „Од меморија до медиуми: толкување на минатото во современата визуелна култура“. Предавањето се одржува во рамките на билатералната соработка Еразмус+ и е од отворен тип. Сподели На Институтот ...

Новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш „Татко, мајка, сестра, брат“ пристигнува на репертоарот на Кинотека од вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Неговата минималистичка естетика, тивките паузи и егзистенцијалниот хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор за созерцание, а не само за наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм. ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
48%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
52%
1023
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
24%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
46%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
40%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Иридиум

221848.72

Паладиум

52823.68

Злато

166049.28

Цинк

3.28

Алуминиум

3.35

Бакар

11.80

Калај

51.64

Рутениум

45750.51

Сребро

2704.52

Кобалт

66.14

Платина

69606.37

Родиум

368126.05