Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера завчеравечер пред публика што исполни четири сали во „Синеплекс“. Комплетната екипа на филмот се поклони пред публиката во салите, а веќе започна целосна дистрибуција и низ Македонија (Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка). Главните улоги ги толкуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите – Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, ...

Во Библиотеката „Ион Креанга“ во Букурешт се одржа промоција на романот „Татковите книги“ од академик Луан Старова. Делото на романски јазик го преведе Каталина Франку. Промоцијата ја организираше издавачката куќa Аздрени од Крајова и Асоцијацијата „Лига на албанците“ во Романија (АЛАР), во партнерство со библиотеката. Покрај сопругата ја покојниот Старова, проф. д-р Гзиме Старова и неговата ќерка Дита Старова-Ќерими присуствуваа пратеникот ...

„Артеизам“ е насловот на изложбата од тројца битолски уметници отворена во Центарот на културата во „Марко Цепенков“ во Прилеп. Свои дела изложија Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев. Изложбата е заедничка авантура на тројца индивидуалци собрани во едномислието за нераскинливата врска меѓу верата и уметничкото творештво. Претставени се слики, скулптури и инсталација. – Делата од изложбата ја потенцираат непредвидливоста на ...

Белградскиот бенд С.А.Р.С. ќе одржи концерт во „Јавна соба“ утревечер во 22 часот. Еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, С.А.Р.С. (Sveže amputirana ruka Satrijanija) со кариера од повеќе од петнаесет години ќе ги изведат познатите хитови: „Lutka“, „Perspektiva“, „Buđav lebac“, „Ti, ti, ti“, „To rade“, „Rakija“ и други. Скопје има посебно место во нивната музичка приказна, зашто тука е изведен еден од нивните ...

Во Даут-пашиниот амам во Скопје, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева, еден од највлијателните и најпрепознатливи македонски поетски гласови. „На ти со Ерос и Танатос“ излезе од печат во мај годинава, во издание на издавачкиот центар „Три“, и наскоро стана финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Промотор на настанот ќе биде акад. Иван Џепаровски, ...

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт задутревечер (сабота) во 20 часот во Македонската филхармонија. Ќе одбележат 30 години опстојување и творештво. Основани во 1995 во Битола, „Фолтин“ веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз. Нивниот стил – „псевдо-емигрантско кабаре“ – е магичен амалгам од традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс. Со десетина албуми и музика за бројни ...

На големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ, Никола Кимовски потпиша договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во Будимпешта. Гостувањето на „Ничија земја“ ...

„Приказната за Силјан” на Тамара Котевска е номиниран во три категории за најпрестижните награди во документаристика – Интернационални награди за документарци – ИДА. Филмот очекувано се наоѓа на листите за најдобар долгометражен документарец, за најдобра режија и кинематографија. -Ние сме посветени на визијата за свет во кој креаторите на документарни филмови напредуваат. Преку нашата работа, ги поврзуваме публиките со најдобрите остварувања ...

Фестивалот се отвора вечерва во 20 часот во бистрото „Комедија“ со промоција на „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан-Николоски Со промоција на „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта“, првиот роман на драмската писателка Драгана Лукан-Николоски вечерва во 20 часот во бистрото „Комедија“ ќе биде отворен „Yes фестивал – издание есен/зима“. Фестивалот до 26 ноември ќе понуди богатата програма – промоции на ...

Kонцептот на годинашниот МОТ е полн погодок и самата максима да ги погледнеме делата на нашите автори во странство многу ми се допаѓа. Многу важно е да се создаде конекција понеѓу театрите каде што работат македонските театарџии и Македонија, бидејќи со тоа се развиваат односите и се зацврстуваат врските онаму каде што се шири македонската култура надвор од нејзините граници. Kолку повеќе ги работам текстовите на Славомир Мрожек сфаќам дека ...

Археолозите од земјава се собрани на 28. Симпозиум на Македонското археолошко друштво што се одржува во Етносело „Тимчевски“ во Старо Нагоричане Македонската археологија долг период е загрозена од институционална запоставеност. Во изминатите две децении високообразовните, научните и стручните институциите се оставени без потребниот човечки капацитет, кој во бројни институции е сведен на минимум и нивното секојдневно функционирање е доведено ...

Со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, на сцената на Македонскиот народен театар, од вечерва во 20 часот почнува 50. издание на Млад отворен театар. Јубилејното издание започнува со претстава во која има доминантно македонска авторска екипа, која го постави антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, „Лимениот барабан“. – Југословенско драмско ...

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан вечерва во 19.30 часот во киното „Синеплекс“. Сценариото и режија се на Јани Бојаџи. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска. -„Утре наутро“ е политичка ...

Посебно впечатлив е начинот на којшто Блондел и актерите градат атмосфера на митски мината, каде ритуалното, фантазмагоричното и сонуваното се спојуваат во едноставна, но длабоко сугестивна шекспировска приказна Пишува: Звонко Димоски Публиката имаше уникатна можност да ја види претставата „Кралот Лир“, во адаптација и режија на Џон Блондел, во извонредна изведба на Театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, САД, на третиот ден од 11. Битола ...

Кога го снимав „Црна мачка, бел мачор“ со Кустурица, дојдов до состојба да оставам се’ и да заминам. Многу ми беше напорно, многу бараше од мене. Се сеќавам дека за една сцена можеби 44 пати повторувавме. „Да, јас сум многу изискателен човек, но верувај дека после овој филм, ако работиш други филмови, работата ќе ти биде лесна“, ми рече тој. Поминаа точно три децении од неговата прва улога во „Џипси меџик“ на Столе Попов. Актерот Северџан ...

Денеска се навршуваат точно 100 дена отпор. 100 дена откако секое утро, без исклучок, одиме на патот кон шумата за да го заштитиме она што не штити нас. Навидум сме десетици луѓе од едно мало преспанско село, а всушност, не сме малку, туку нè има многу и насекаде. Сите сме обединети со иста цел и истата заложба. И стоиме секој ден. Исто место. Исто време. Иста цел. Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот ...

Факултетот за ликовни уметности – Скопје најавува предавање и специјализирана работилница што ќе се одржи в понеделник (24 ноември) во 13.30 часот во библиотеката и предавалната на Факултетот за ликовни уметности, во кампусот „Педагошка“ во населбата Карпош. Настанот ќе го водат професорот Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Фонтис академијата за уметности (Fontys Academy of the Arts) од Холандија. Работилницата има за цел да ги ...

Членовите на бендот „Невладина организација“ беа изненадени од долгиот аплауз на скопската публика, делумно несвесни дека на паното зад нив е портретната фотографија на Влада Дивљан. Во негова чест синоќа се одржа концертот „Само една љубов имам“ со кој беа одбележани десет години од смртта на Дивљан. Публиката на нозе ги пееше песните од времето на „Идоли“, „Олд старс“ бендот, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“ и солистичките дела со ...

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски имаше триумфален викенд освојувајќи шест награди на три различни фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот ги освои специјалната награда на жирито, а актерот Ариф Јакуп ја освои наградата за најдобра машка улога за насловната улога. На Севилскиот европски филмски фестивал следеа две нови признанија – Гран при на жирито и награда за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп. На ...

Величествениот објект кој ги изненадува археолозите повеќе од една деценија и годинава откри дел од своите тајни. Годинава за првпат ископувањата ги вршеше меѓународен тим Сопственикот на палатата што живеел во 4 век на територијата на денешно Валандово бил личност од висок сталеж штом можел да си дозволи луксуз од оваа мера, вели археологот м-р Радомир Ивановиќ од Археолошкиот музеј во Скопје кој и годинава го раководеше тимот што ...

„Оган“ е насловена изложбата на слики од Бојана Артиновска што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Фокус во поставката има огнот како движење, страст и внатрешна сила. Отворањето на изложбата ќе биде проследено со перформанс на Емил Петро, визуелен уметник, дизајнер и истражувач кој работи со светлина, дигитална анимација и современи сценски визуализации. Тој ќе изведе светлосни проекции и движења ...

Самостојна изложба на цртежи од архитектот Љубе Чаловски ќе биде отворена денеска во 13 часот во галеријата „Ко-Ра“ про Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Воведен збор ќе има Кристинка Чулак, претседателка на Комората на овластени архитекти и инженери во Македонија. Изложбата ќе претстави дел од импресивниот опус на Чаловски во изминатите децении ширум светот, од Блискиот Исток до Јужен Сибир, како и мотиви од повеќе предели од ...

Особено интересно во оваа адаптација е сценското функционирање на ликовите, коишто, како и самиот текст, се движат по границите на илузијата и вистинитоста Пишува: Звонко Димоски Второто претставување пред македонската публика на Драмскиот театар „Александер Венгерко“ од Бјалисток, Полска, се случи на вториот фестивалски ден од 11. Битола Шекспир фестивал, овој пат со своја интерпретација на шекспировата „Дванаесетта ноќ“, во режија на Игор ...

Оценките да не се доживуваат како крајна и единствена цел, туку како алатка што го следи и охрабрува напредокот на учениците. Ова беше еден од заклучоците на панел-дискусијата „Магичниот пресврт – ,Што научи?‘ или,Што доби?‘“ што се одржа вчера во Куманово во рамките на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука. Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска истакна ...

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 19,19 часот ќе се одржи пијано-рецитал под наслов „Скопје во петолиние 2028“. Рециталот претставува интимна пијанистичка нарација која го пренесува духот и енергијата на градот директно до срцето на публиката. На пијаното ќе настапи Давид Павиќ, млад, но веќе признат пијанист кој го претставува новиот бран на македонски уметници. – Со внимателно одбраниот репертоар, ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ од уметницата Ана Митевска. Куратор е Јасминка Намичева. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години. – Митевска низ својата естетика на светлина и рефлексија ја истражува човечката издржливост, тивката верба и моќта на внатрешниот мир – ...

Со овој „Макбет“, Битола не создаде авангардно чудо, но постави значаен чекор кон современ европски сценски јазик – претстава со силни визуелни идеи, перформативни решенија и јасно чувство за темнината што денес го обележува европскиот театарски пејзаж Пишува: Звонко Димоски Сабо К. Иштван, режисер на претставата „Макбет“ ја прими наградата Гран при „Јон Карамитру“ за 2025 година синоќа во Народниот театар во Битола со премиера на претставата ...

Денес библиотеката поседува фонд од над половина милион книги во сите објекти – 4 матични, 14 подружници и еден библиобус За библиотеките да имаат блескава иднина, потребни се визија, стратегија и план – каде чекориме и која е нашата цел. Библиотеките не се трошок, тие се инвестиција во образованието, културата и иднината на една држава – рече Снежана Стојчевска, директорка на скопската градска библиотека „Браќа Миладиновци“ која вчера ...

Големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан ќе се одржи утревечер во 20 часот во Филхармонијата во Скопје. Специјални гости се Кирил Џајковски, пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. – ...

Поетесата Славица Гаџова Свидерска почина денес на 41 година. Родена во Битола на 1984 година, Гаџова Свидерска беше доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1008
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
7.2
82%
1012
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -8ᴼ
1.54
83%
1015
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
9.26
80%
1007
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
12.84
78%
1003
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -10ᴼ
0.51
86%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
10.29
58%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
61%
1009
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
56%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
93%
998
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -5ᴼ
6.69
79%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
9.26
77%
1001
Currency

61.5417

Currency

52.6962

Currency

70.9333

Currency

35.4364

Currency

38.0169

Currency

66.0521

Currency

7.52932

Currency

0.65446

Currency

0.33604

Currency

0.5245

Currency

1.22462

Currency

0.5861

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Сребро

2439.02

Платина

69516.08

Цинк

3.17

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.10

Злато

142522.91

Родиум

316684.85

Бакар

11.67

Калај

44.87

Паладиум

54399.06