Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Вонредните локални избори во Брвеница, според политикологот и воено-безбедносен аналитичар Милан Стефановски, за ДУИ беа натпревар за политичко преживување, а покажале дека владејачката ВМР-ДПМНЕ е во полна политичка кондиција. Тој за Локално изјави дека ВЛЕН немала никаква тежина во овој политички натпревар. – Вонредните локални избори во Брвеница дефинираа неколку политички процеси. Прво, се потврдуваат анкетите дека ВМРО ДПМНЕ е во полна ...
Дваесет и едногодишен кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат на автопатот Скопје – Велес, кај клучката Хиподром, откако автомобил „ауди“ му го попречил патот. Д.Б. (21), син на поранешен началник на РЦ „Југ“, го пријавил случајот во СВР Скопје на 2 ноември околу 21:50 часот. Според неговата пријава, од „аудито“ излегле две лица. Едното го удрило двапати и му се заканило со зборовите „Ќе те ставиме во багажникот!“ Полицијата презема ...
Во споредба со многугодишните просечни вредности на температурите на воздух и врнежите, годинашниот октомври беше постуден и посушен покажале мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државата. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), средномесечната температура минатиот месец варирала од 7,9 степени во Маврово до 15,3 степени во Гевгелија. -Вертикалниот распоред на температурите имаше запазен тренд во однос ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервјуто за „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека деталниот урбанистички план за „Барутана“ нема да биде ставен на гласање пред Советот доколку дополнителните стручни анализи покажат ризици за безбедноста на теренот. Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е приоритет и дека општината нема да дозволи решенија кои би ја загрозиле безбедноста. Од нашата мрежа Најпристапните дестинации ...
Заложбата за „Една Брвеница за сите“ останува водечки принцип на ВМРО-ДПМНЕ и по завршувањето на изборната кампања, порача претседателката на Унијата на жени на партијата, Марија Митева, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24. Таа рече дека Владата ќе продолжи да ја поддржува општината со конкретни проекти, без оглед на изборниот исход. Митева оцени дека кампањата на партијата била позитивна и обединувачка, со програма насочена кон ...
Повеќе од 200 камери се планира да бидат поставени на критични точки во Скопје, на места на кои се создаваат диви депонии и во паркови што се цел на вандализам – најави денеска градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. За нивното поставување, како што рече, се чека финално одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. Од нашата мрежа Најпристапните дестинации за одмор во Европа 3 часа biznisinfo.mk Дали заминувањето на ...
Планинарската патека од манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ до Станечките водопади и водопадот Хармонија е прочистена и маркирана, со поддршка на Општина Крива Паланка и во соработка со здружението ЕГРИ. Патеката е долга 9,6 километри и им овозможува на љубителите на природата и планинарењето да ги откријат природните убавини на Осоговието. На почетната информативна табла е поставен NFC-таг, преку кој посетителите со доближување на мобилниот ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје реагира дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес најавува мерки за справување со дивите депонии, иако во декември минатата година советничкото мнозинство предводено од ДПМНЕ го одбило предлогот на Левица за воведување дигитална платформа за нивно пријавување. Од Левица – Град Скопје потсетуваат дека при носењето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, нивната советничка група поднела ...
Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, како дел до активностите за реконструкција на паркот „Жена борец. – Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Некои рани никогаш не зараснуваат. Таква е и раната за децата бегалци коишто прерано останале без своите ...
Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите”. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари. Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес. Од нашата мрежа Најпристапните дестинации за одмор во Европа 3 ...
Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари. „Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што ...
На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници. Претходно било пријавено дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од ...
Плусинфо неофицијално дознава дека девојката претходно го пријавила 21-годишното момче за физички напад. Тој беше пронајден мртов покрај запалениот автомобил, а телото на малолетничката во неговата внатрешност. Причините и околностите за смртта се утврдуваат. Само 17 години имала девојката чие изгорено тело беше пронајдено во запален автомобил во близина на местото „Ичева чешма“ во Богданци. Плусинфо неофицијално дознава дека истрагата ...
Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Општина Центар ја критикуваат распределбата на финансиската помош за пензионерите, обвинувајќи го градоначалникот Горан Герасимовски дека со принципот „прв дојден, прв услужен“ не им дал приоритет на оние на кои помошта им е најпотребна. Во соопштението од ЗНАМ наведуваат дека седумте милиони денари наменети за пензионерите биле потрошени за само два дена, а средства добиле 1.400 од вкупно ...
Соопштение на Левица: Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје повторно реагира на неизвршувањето на изгласаната иницијатива за субвенционирање на кириите за жртвите на семејно насилство. И покрај тоа што во јуни Советот ја прифати иницијативата, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски јавно ја оцени како одлична и најави формирање работна група и обезбедување средства во наредниот ребаланс, до денес не е преземен ниту еден конкретен ...
Со доделување на признанијата „Феникс” за животни постигнувања на истакнати личности, Општина Центар го одбележа јубилејот, 50 години од формирањето на локалната самоуправа. На свечениот прием, градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на сите кои низ годините придонесувале за развојот на Центар, на вработените во Општината, училиштата и градинките, соработниците, а особено на граѓаните за довербата, поддршката, критиките и ...
Главниот град со години се соочува со истите проблеми – нередовен јавен превоз, загаден воздух, комунален отпад, долгови на јавните претпријатија, хаотичност околу урбанизмот. По смената на градската власт, дилемата е дали има придвижување откако изминуваат една година од мандатот на Орце Ѓорѓиевски на чело на Град Скопје. Дали скопјани живеат во почист и пофункционален град и дали нешто се промени за овие 12 месеци во однос на претходно се ...
За големиот број нерешени предмети во македонските судови, според професорката Рената Тренеска-Дескоска од Правниот факултет, проблемот е во три фактори, односно недостиг на судии и судски службеници, лошото управување и во процесните злоупотреби. Податоците објавени овој месец укажуваат на тоа дека има повеќе од 134.000 нерешени предмети, што е сериозен товар врз судството. Таа за „Локално“ изјави дека судовите работат со половичен капацитет ...
Изборите во Србија, повод за партиски обвинувања кај нас. Опозицијата и власта продолжуваат со меѓусебните обвинувања за српско влијание во земјава, кој и колку бил поврзан со Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Според СДСМ, падот на поранешниот српски претседател на изборите ќе отвори истраги кај северниот сосед, што ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓу српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Од „Бихаќка“ обвинија и ...
Кога во март годинава, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за финансии одобрило средства за нови 200 вработувања за судовите низ земјава, тоа звучеше како прв чекор кон конечно надминување на алармантниот проблем со недостигот од судски кадар во земјава. „Нешто што претставува навистина голем потег“, говореше тогаш Мицкоски. Седум месеци подоцна, наспроти најавата на премиерот, нови вработувања нема. Oд март досега не е ...
Зелка за во буре веќе почна да се купува на штипскиот пазар. Како што налага традицијата, граѓаните и оваа година за Митровден ги полнат бурињата, за во зима да имаат домашна кисела зелка. Велат ставањето нема некоја филозофија, потребни се само зелка, вода и сол. Потоа е потребно преточување и чекање околу еден месец истата да скисели, па потоа да почнат традиционалните јадења со зелка. Како што тврди Васил Атанасов од село Воиславци, ...
Големи, убави и средени куќи, но уште од портите катанци, спуштени ролетните и дворови празни. Ваква е денешната слика во Лозово, каде младите се почесто среќата ја бараат во странство, а во селото остануваат претежно повозрасните. Некогаш тука имало млади, полни штали со добиток, ниви што се обработувале и луѓе кои живееле од земјоделство и сточарство. Денес, добиток чуваат само две-три семејства, а вистинските земјоделци можат да се ...
Омилена меѓу граѓаните, здрава и богата со витамини, калинката и оваа сезона е присутна на пазарите. Штипјани велат дека е многу вкусна, па освен што ја јадат свежа, често ја користат и за подготовка на сокови, чаеви и компоти. Единствената мака, велат, е нејзиното чистење, бидејќи одвојувањето на сочните зрна од кората бара повеќе време и трпение. Граѓаните на терен покажаа како се чисти калинката и се стигнува до сочните зрна, изјавувајќи ...
Свечено доделени признанијата и наградите на овогодинешните добитници по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип. Истите беа врачени од градоначалникот Иван Јорданов на денешната свечена седница на Советот. Главната „8-ноемвриска награда“ ја доби светскиот шампион во карате Марко Џорлев, а Стојан Троицки беше награден за животно дело. Општински признанија за својот труд и придонес за Штип примија и Дора Милева, Доброволното ...
На 82 години Јана Николова од Лозово плете и продава волнени чорапи. Уште како дете од мајка си и бабите научила како се обработува волната и како со фурка се преде во конец од кој потоа ги плете чорапите. Вештината ја зачувала до денес, а чорапите ги изработува на пет игли со таканаречената „права плетка“ – една опаку, една на лице. Вели дека се особено барани од луѓе кои имаат проблеми со нозете, а еден пар го продава за 400 денари. Иако ...
Со сукани зелници, печено месо, кифли, салати и десерти и годинава достојно ќе се пречека празникот Митровден, посветен на светиот чудотворец Димитрија солунски. Некој со домашна слава, други со именден од вечерва ќе почнат празнувањето. На терен граѓаните велат не е важно што ќе има на трпезата, туку со кого ќе се наздрави за денот. Нема поважно велат од тоа полна и топла да е одајата со позитвини луѓе и убава атмосфера. Но, кога е во ...
Дури 17 лица завршиле во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и несовесно однесување во сообраќајот. Меѓу нив има возачи кои управувале без положен возачки испит, под дејство на алкохол, но и лица кои возеле и покрај активна забрана. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 лица, додека со едно лице бил извршен службен разговор, поради сомнение за ...
Амбасадата во Париз продолжува со иницијативата „Клуб на пријатели на Амбасадата“ (Club des Amis de l’Ambassade) во која македонското дипломатско претставништво станува отворен простор за средби, идеи, соработка и нови пријателства. ,,Нашата цел е да ги обединиме сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство”, објави македонскиот ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден ...
На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...