Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
„Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници ...
Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт. Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците ...
„Нашата држава, кога се зборува за постепената интеграција, сметам дека сме приморани да го прифатиме овој концепт кој има хибридна форма – со исполнување на Копехашките критериуми и спроведување на уставните измени“, вели професорот и поранешен амбасадор, Нано Ружин откако Украина и Молдавија отвораат ново поглавје, Црна Гора се приближува кон затворање на половина од преговарачките поглавја, а Македонија останува заглавена. Ружин потенцира ...
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оцени дека партијата и натаму се наоѓа во процес на политичко етаблирање, нагласувајќи дека е формирана од почеток без да наследи партиска инфраструктура како што тоа го направиле други политички субјекти. Во „Топ Тема“ на Телма, Димитриевски истакна дека очекувањата од граѓаните биле големи по формирањето на партијата, но и дека е природно да постојат разочарувања. ...
На социјалните мрежи се појави видео-снимка од надзорни камери во Ресен, на која се гледа како граѓанин со секира разбива банкомат на една македонска банка. Не е познато што го мотивирало или разлутило ресечанценот за да посегне по вакво „ладно оружје“ против банкарскиот апарат за готовина. Дали апаратот „му ја голтнал“ картичката, дали не му го прифаќа пинот, или му покажува дека картичката е празна, а нему му е зорт за кеш? Или, едноставно, ...
„Регионот на Западен Балкан се соочува со предизвици поврзани со снабдувањето со енергија, ценовни шокови и зависност од производство на електрична енергија од традиционалните извори на енергија. Во исто време, земјите кандидати од ЕУ од Западен Балкан се соочуваат со зголемени очекувања и барања поврзани со енергетската транзиција и усогласување со европските политики. Тоа подразбира значителни инвестиции во енергетската инфраструктура, ...
Под контрола се ставени пожарите на градската депонија во Демир Хисар и кај селото Железница во Општина Кратово, каде исто така горела депонија На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се сѐ уште активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Илинден, кај селото ...
Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На ...
Повеќе пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денот на различни локации низ земјава, а надлежните служби продолжуваат со интервенции за нивно локализирање и спречување на понатамошно ширење. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари. Од нив, пет се сè уште активни, два се ставени под контрола, додека седум се целосно изгаснати. Активни пожари има во Општина ...
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, на маргините на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), се сретна со Франческа Романа Д’Антуоно, италијанска политичарка и копретседател на Volt Europa, политичка сила застапена во Европскиот парламент. За време на средбата ја информирав за положбата и за предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија, особено ...
Пожари на отворен простор – состојба до 18:00 часот на 16.06.2026 година На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, 5 пожари се активни, 2 се ставени под контрола, а 7 се целосно изгаснати. Активни пожари: • Општина Илинден – с. Мршевци (сува трева); • Општина Босилово – с. Секирник (депонија); • Општина Чашка – с. Војница (нискостеблеста деградирана шума и сува трева); • Општина ...
Традиционално, Општинската организација на Црвениот крст Гостивар го одбележа Светскиот ден на крводарителството, 14 Јуни, со оддавање почит на крводарителите, поддржувачите и соработниците кои со години придонесуваат за развојот на хуманите вредности и унапредувањето на крводарувањето во гостиварскиот регион. На пригодна манифестација што се одржа попладнево, на едно место се собраа луѓето кои преку својата хуманост, солидарност и доброволен ...
Во разговорот во емисијата „Директно“, легендарниот спортски коментатор Атанас Костовски се осврна на современите текови во фудбалот, предизвиците со кои се соочува македонскиот спорт, но и на суштинските проблеми во создавањето на нови фудбалски асови. Со својот препознатлив аналитички пристап, Костовски детално ги елаборираше промените во „најубавата споредна работа на светот“. Костовски истакна дека фудбалот денес е во фаза на постојано ...
Трговскиот договор на Европската Унија со САД е близу до имплементација откако пратениците на блокот го дадоа своето конечно одобрение, продолжувајќи напред и покрај тековните трансатлантски трговски тензии. Европскиот парламент го ратификуваше договорот во вторник, со 440 гласа „за“ и 151 „против“ и 50 „воздржани“. Усвојувањето дојде само неколку дена по уште една закана со царини од Доналд Трамп, при што американскиот претседател ја ...
Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. – Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните посетители. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата од ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Со комуникација се раѓаме, но ретко размислуваме како ја користиме. Секојдневно зборуваме, испраќаме пораки, реагираме и разменуваме информации, а сепак малкумина се запрашуваат дали преку тоа навистина создаваме разбирање, доверба и резултати. Комуникацијата не е само средство за пренесување мисли; таа е основа на нашите лични, професионални и општествени односи. Историјата на ...
Штета од минимум 3,5 милиони евра констатира Државниот завод за ревизија, само за 2024 година, во Државна лотарија на Македонија, во времето кога Перпарим Бајрами е директор на претпријатието, а раководител на сектор за финансии е Анета Настева. Според досегашните информации средствата биле секојдневно изнесувани како готовина од Државната лотарија на Македонија, а дел од лицата осомничени за проневерата неофицијално имаат златна виза во ...
Во најновото издание на емисијата „Директно“, гледачите имаа ретка можност да го проследат гостувањето на Атанас Костовски, човекот чиј глас е врежан во меморијата на генерации љубители на спортот. Како спортски коментатор и новинарска легенда, Костовски со својата појава внесе посебна емоција во студиото, признавајќи дека самото враќање во просториите на телевизијата предизвикало кај него силни чувства. „Благодарен сум пред сè на поканата, ...
До 18 часот се регистрирани 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, пет пожари се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Активни пожари: • Општина Илинден – с. Мршевци (сува трева); • Општина Босилово – с. Секирник (депонија); • Општина Чашка – с. Војница (нискостеблеста ...
Христијан Мицкоски денес се фали со некаков измислен резултат од 3:1 во однос на претходната власт, повикувајќи се на исплатени субвенции и инфлацијата. Тешко е да се најде пример за поголема политичка несеризност и обид да се одбрани неодбранливото. Неговиот вистински резултат не е 3. Неговиот резултат е 0. Со букви: НУЛА!, обвинуваат денеска од СДСМ. Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на ...
Кавадарци, 15 јуни 2026 (МИА) - Методи Ѓорѓиев од Кавадарци дарувал крв 125 пати, вечерва беа доделени признанија за крводарители со јубилејни крводарувања. Настанот беше организиран од Општинската организација на Црвениот крст. - Имам 63 години, крв дарувам од 20 години, почнав кога бев на отслужување на воениот рок. Ќе бидам крводарител додека можам, задоволство е да се спаси нечиј живот, рече тој во изјава за МИА. Ѓорѓиев додаде дека нема ...
Жители од селата Алдинци и Мала Река преку социјалните мрежи алармираат дека забрзано се сечат и уништуваат шумите на Караџица, дел од масивот Јакупица, а патиштата се оштетуваат од тешка машинерија и товарни возила. Според искуствата на терен, најголема штета има по шумите од Алдинци кон планинарскиот дом „Караџица“. Оттука, жителите за утре, 17 јуни, на пладне најавуваат мирен протест, со зборно место Караџица – населба Драчево. „Веднаш да ...
Добивај вести на Viber Бугарската фондација Македонија повикува на блокирање на граничните премини кон нашата земја поради палењето на автомобилите на амбасадата во Скопје, кое се случи вчера и за кое е уапсен 44 годишен човек. Како што се вели во објавата, сакаат на Скопје и на премиерот Христијан Мицкоски да му покажат дека не може така да се однесува со Бугарите. Додаваат дека македонската власт не смее да се потсмева со Бугарија и ...
До денес над 12 илјади ученици поднеле електронски пријави за запишување во 109 јавни средни училишта во земјава. Министерката за образование и наука Весна Јаневска за „Локално“ изјави деа очекуваат оваа бројка до крајот на денот да расте, за да се даде можност пријави да поднесат и оние ученици кои живеат во рурални средини и кои немаат пристап до дигиталните платформи на Министерството. -Дигитално до овој мoмент се над 12.400 се пријавени. ...
Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид го најавуваат новиот курс за обука на спасители на отворени води. – Станете дел од тимот кој се грижи за безбедноста на нашите плажи. Курсот ќе трае од 21 до 28 јуни 2026 година во Охрид и за пријавување треба да се исполнат одредени услови. За да биде прифатена апликацијата, секој кандидат мора да ги исполнува следниве критериуми: дДа има најмалку 17 ...
Пациент со две механички пумпи, седум години чека ново срце и шанса за нормален живот. На листата за трансплантација на бубрег има лица кои и повеќе од една деценија одат на апаратите за прочистување на крвта чекајќи орган а во истата зграда на клинички, болни со месеци се хоспитализирани поради здравствената состојба додека добијат повик за нов црн дроб. Измените на законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување ...
Матурантите завршија со полагањето на екстерните предмети, а пред нив преостануваат уште двата интерни испити. Директорката на Државниот испитен центар за Сител вели дека е забележан зголемен број на матуранти фатени како препишуваат на вториот испит. Прецизни бројки сè уште нема, бидејќи процесот на проверка на тестовите е во тек. Поради ваквите појави, за следната година повторно се разгледува можноста за инсталирање блокатори на мобилни ...
Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...
Премиерот Мицкоски ќе се појави на рочиштето за судскиот предмет во кој обвинителката Ленче Ристовска поднесе тужба протв ВМРО-ДПМНЕ со која тврди дека партијата со соопштенија и јавни настапи го нарушила нејзиниот углед, додека пак одбраната тврдеше дека критиките не биле насочени кон неа лично, туку кон постапувањето на тогашното Специјално јавно обвинителство. Премиерот Мицкоски како законски застапник на партијата и денеска одговарајќи на ...
Петок е денот Д за учениците, нивните родители и пред се’ вработените во ООУ „Гоце Делчев“ од Штип. На седница на Советот на општината е ставена точка од дневниот ред за измената на Основачкиот акт на училиштето. Што точно тоа подразбира, сега никој барем јавно не објасни, но јасно е дека од ова училиште почнува најавениот процес на оптимизација на училишната мрежа во Штип. Објаснување што точно се планира, на вработените им е најавено дека ...