Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 12 јуни 2026 година, во 19:55 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид. – При преглед на патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 12 јуни 2026 година, во 10:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид на возраст од 30 и 49 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:00 часот физички нападнале 46-годишник од Охрид и му нанеле тешка телесна повреда. – По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ibibio Sound Machine го најавија издавањето на нивниот нов албум „Chopping Mountain“, што означува уште едно креативно поглавје за мултиинструменталистите од Лондон. Познат по својата единствена мешавина од афробит, диско, електронска музика и фанк влијанија, бендот продолжува да истражува разновидни културни и музички светови, создавајќи звук кој успеа да се издвои на меѓународно ниво. „Chopping Mountain“ ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jessie J го објави спотот за песната „California“, една од најперсоналните песни од нејзиниот последен материјал, сингл кој е поглед назад кон деценијата што ја поминала во Калифорнија, од 2014 до 2024 година, период полн со интензивни искуства, успеси и тешки моменти што го одбележаа нејзиниот живот. Како што откри таа под видеото објавено на YouTube, идејата за песната се родила во 2020 година, додека ...

Вевчани, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во домот на културата во Вевчани, КУД „Дримкол“ утре ќе го реализира својот Годишен концерт, кој традиционално се одржува секоја година. Темата на концертот кој годинава е насловен „Од Скопска Црна Гора до Блатија“, е северното игроорно подрачје во Република Македонија, а на програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели. На сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол, а како гости ќе ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Југопетрол Охрид пред да станит „Макпетрол“, кај стара бензинска, напишаа во објавата администраторите на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид, ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Тој беше токму онаков каков што би требало да го измислиме доколку не постоеше. Тој беше Вангел Скребатски, тој беше Нав Муан, тој беше едноставно Вангел Наумовски. Македонската и охридската јавност се сеќава на својот Вангел, кого најмногу го препознаваат како сликар. Супер радио и OhridPress Ви презентираат и една друга страна на генијалниот уметник, која не и’ е толку позната на пошироката јавност. Во ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се сеќава на своите великани, а еден од нив секако е Вангел Наумовски, кој почина токму на денешен ден во 2006 година. Со помош на модерните алатки, екипата на OhridPress и Супер радио деновиве го „оживеа“ неговиот мурал кај малиот плоштад позади Мини Маркет, а анимиравме и една негова слика и фотографија од авторот. Познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски е роден на 22 март 1924 година, ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните јавни претпријатија деновиве вршат санација и заштита на столбовите за врзување на пловилата и сидрење во каналот „Студенчишта“. Истите се заштитуваат со посебен слој боја, за да се зголеми отпорноста на водата и природните елементи. Охридскиот канал деновиве се полни со бројни пловни објекти во пресрет на сезоната. Пред две години се спроведе санација на сидриштето за пловила пред ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), православните верници, на 14 и 15 јуни 2025 година, во сабота и недела, го слават во чест на Св. Еразмо Охридски. Поради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Tove Lo и Stromae ги здружија силите на новата песна „Des Fleurs“, сензуална електро-поп соработка која беше објавена на 12 јуни и ги спојува две од најпрепознатливите личности на современата европска поп сцена. Песната ја комбинира карактеристичната слобода на изразување на шведската пејачка со уникатниот лирски и интерпретативен идентитет на белгиската автор. Во „Des Fleurs“,тие раскажуваат приказна за ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по старата охридска чаршија, на потегот од Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, до црквата „Света Софија“ во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена во центарот на градот, кај малиот парк до Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 13 Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени. – До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. Денес и утре ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со изведбата на претставата „Жени се сине“ од младите актери на Црвен крст Суботица, Република Србија, вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се спушти завесата на 11 издание на Меѓународниот фестивал „Вдиши театар“. Автор на претставата, режисер и сценограф е Марјан Киш, а ќе играат актерите Павле Дулиќ, Александар Пертиќ, Хелена Николиќ, Маријана Палфи, Алекса Матковиќ, Миа Ковачевиќ, Сара ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 13-ти јуни, во 2006 година, на 82-годишна возраст во Охрид почина познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски. Со своето творештво Наумовски во 60-тите години на дваесеттиот век стана познат не само во Република Македонија, туку и во европски и светски рамки. Охрид и особено езерскиот имагинарен свет постојано се присутни во делата на Наумовски. Покрај ликовно творештво, тој остави ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се отвори поле за дијалог помеѓу архитектите, институциите, локалната заедница и пошироката јавност во однос на интеграцијата на заштитеното културно наследство во современиот начин на живот, АРХРИД колектив го најавува архитектонскиот настан „Антички театар: адаптивен континуитет“. Ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот, на Антички театар во Охрид. Се очекува пред присутните да се обратат ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Менса Македонија, за прв пат по речиси три години ќе организира тестирање на интелигенција, со цел за прием на нови членови во Охрид. Тестирањето ќе се одржи денеска, сабота, 13 јуни 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Повеќе информации сите заинтересирани можат да најдат на линкот од настанот или ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Клубот Off Road Ohrid Extreme годинава за прв пат организира меморијален настан во чест на Дејан Костојчиноски. Настанот ќе се одржи во две етапи, кои ќе започнат со туристичко-караванско возење, денеска, сабота, 13 јуни 2026 година, и старт од Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид. – Ќе се движиме по Националниот парк „Галичица“ со ноќевање и забава во комплексот „Прага“. Во недела, на 14 јуни ...

Охрид, 13. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот апостол Ерма. Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПЕС) – Во понедeлник, на 15 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов. Ова е петнаесетта самостојна изложба на авторот, на која ќе бидат претставени околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника. Изложбата обединува претежно фигуративни композиции создадени во последниот период, во кои ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На бреговите на едно од најстарите езера во Европа, Охрид ги спојува старите улици во отомански стил, црквите осветлени со свеќи и безвременскиот живот покрај вода. Убаво како сафир и сместено помеѓу Албанија и Македонија, Охридското Езеро е едно од најстарите езера во Европа – се проценува дека е старо речиси 1,5 милиони години – со човечки населби кои датираат од пред околу 8.000 години. Градот Охрид нуди ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од 15 до 18 јуни 2026 година, повторно ќе биде центар на младинската кошарка во регионот преку одржувањето на меѓународниот турнир „Ohrid Hoops 2026“, на кој годинава ќе земат учество 11 екипи од пет држави – Република Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора. Турнирот, кој е во организација на КК „Колибри“од Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во категориите U11, U13 и U15, а ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и Дебарско-кичевската епархија испраќаат покана до верниците за заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, во недела, на 14 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Петар Гавриловски со својата виолина успеа да ги придобие симпатиите на жирито и освои втора награда на International youth music competitions, што се одржа неодамна во Атланта,САД. Тој го изведе делото „Melodia e Toccata” од познатиот охридски композитор професорот Гоце Гавриловски, а под менторство на професорката Марија Илиева од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, каде е ученик во осмо ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред бројна публика, во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата „Света Софија“, синоќа беше изведена комедијата „Очекувај го неочекуваното“ од страна на младите актери при Црвен крст Бар од Црна Гора. Претставата на духовит и сатиричен начин го обработува феноменот на „д-р Гугл“ – амбуланта во која пристигнуваат пациенти што самите си поставиле дијагнози врз основа на интернет пребарувања, убедени дека ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – David Duchovny се враќа силно на музичката сцена, најавувајќи го издавањето на својот четврти студиски албум, насловен како „Prince of Pieces“, како што е насловен и носечкиот сингл, кој беше објавен на 5 јуни. Песната е соработка помеѓу David Duchovny, Colin Lee, Pat McCusker и Mitchell Stewart. Самиот Duchovny ги изведува вокалите, додека Colin Lee го придружува на пијано, Wurlitzer, синтисајзер и ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишник од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. – На катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. ...

Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Nouvelle Vague се враќаат со нова преработка на иконската песна „Enjoy the Silence “ од Depeche Mode, додавајќи уште едно поглавје во нивната долга врска со реинтерпретација на класични песни од алтернативната и new wave сцената. Новиот сингл беше објавен на 3 јуни 2026 година, а на новата верзија Nouvelle Vague соработуваше со пејачката на Morcheeba, Skye Edwards, како и со Larry Love, познат по Alabama 3. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39