Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 26 август, ќе се одржи аудиција за прием на нови членови во охридскиот детски хор „Бамбино“. Младите од 6 до 14 години преку членување во хорот ќе може да го развиваат гласот, слухот, ќе се научат на тимска работа и ќе ја градат самодовербата. – Аудицијата е кратка и пријатна и има за цел да ги препознае музикалноста, гласовните способности и чистата интонација на детето, порачуваат од хорот. ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. Станува збор за снимка, за која не е наведена годината, на која е прикажан мотив од денешната улица „7 Ноември“ и Крст Џамија пред многу години. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден, 24 август 2026 година, е 29 по ред тропски ден во Охрид оваа година. Последниот ден со температура под 30 степени беше на 27 јули, кога беа измерени 27 степени. Архивата на OhridPress и Супер радио и дневното следење на временските параметри од релевантни извори – Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), покажува дека во споредба со минатата година, температурите ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегот по патеката „Лабино“ и црквата Свети Јован Богослов Канео. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово кај плажата „Потпеш“, со мотив од црквата Свети Јован Богослов Канео. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до четврток ќе се спроведе првиот уписен рок на студии од прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид за академската 2026/2027 година. На петте факултети може да се запишат 190 бруцоши (100 во државна квота и по 45 со кофинансирање на студиите и вонредни студенти). Идните академски граѓани може да изберат три или четиригодишни ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на годинешното издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival 2026, Црвен крст Охрид го најавува меѓународниот настан „Штафетно нуркање за мир“. Станува збор за пливање под вода – нуркање на здив, во должина од 25 метри, кој ќе се одржи на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, денеска, со почеток во 13:00 часот. – При штафетното нуркање на здив можат да се користат и помагала ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети маченик Евпл. Бил Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Денеска во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за ...
Охрид, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со врачување на сертификатите за учество, пред родната куќа на писателот, денеска, во неговото родно село Црвена Вода, заврши традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Ја организира Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, додека на овогодишното издание учествуваат млади поети и поетеси од Република Македонија, Србија, Бугарија и Албанија. ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридските моторџии од мото клубот „Мото Охрид“ и по полни 10 години не дозволуваат да избледат сеќавањата на нивниот колега Крсте Велјаноски – Велјан, кој трагично го загуби животот во 2016 година во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Охрид-Кичево. Рано утрово тие направија заедничка фотографија на Градскиот плоштад во Охрид, по што го посетија вечното почивалиште на нивниот колега и возеа ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, во Fort Cafe во Охрид, се одржа промоција на драмскиот роман „Принцезата што немаше ништо и кралицата што даде сè“ од Јасмина Петковска Белиот Лебед. Книгата ја претстави авторката Петковска, која потенцира дека оваа книга е посветена на силните жени кои поминале низ многу и од своите падови создале сила. – Оваа книга е посветена на жените кои поминале низ многу, изгубиле многу, но не престанале да ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Заборави сè што било, пред нас е журката на летото, подготвени сме за шоу, подготвени за Story, езерото ноќва ќе гори, порачуваат од охридското „Форт кафе“, од каде испраќаат покана до сите за задолжително присуство на уште една забава за која долго ќе се раскажува. – За сите кои не прашувавте каде се и кога ќе настапат кај нас. Ве очекуваме на журката на летото, во среда на 26 август, на искрена и ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. – При преглед над него, извршен на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Дрогата е ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за „Охридската контра-сметка“ со комплетен ручек кој чинел само 3.280 денари, а Охридската пастрмка само 2.000 денари, е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Во време кога секојдневно сме бомбардирани од фотографии од сметки со вртоглави суми платени во Охрид, редакциите на OhridPress и Супер радио ја продолжуваат акцијата за да ви прикажеме и еден поинаков ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 10 до сабота 15 август 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од плажата „Потпеш“ и слетувањето на Wizz Air-A21N (HA-LZM) од Wroclaw (WRO) во 7:56 AM. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 7 Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Старото работничко училиште „Свети Сава“ во стариот дел на Охрид и понатаму е во исклучително лоша состојба. Покривот е оштетен и пропаднат на повеќе места, а објектот е во исклучително лоша општа состојба и претставува потенцијална опасност за граѓаните, а посебно за децата од Основното училиште „Свети Климент Охридски“, кое е во непосредна близина. Поранешно училиште „Свети Сава“ е прогласено за значајно ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охрид некогаш: Најубавиот град во 1913 година Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид синоќа беше вистинска локација за сите љубители на убаво вино, гласни вински приказни, насмеани лица, позитивна енергија, убава музика… Охридскиот ресторан „Канео“ со третото издание на настанот „Над Езерото“ повторно застана над сите очекувања и понуди нова градска приказна, која има за цел да го доближи македонскиот вински идентитет до домашната и странската публика. На „Долни Сарај“ своите ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Свети маченици: архиѓаконот Лаврентиј, папата Сикст и другите со нив. Кога загина папата Стефан (15 август), на негово место беше поставен свети Сикст, кој беше роден како атињанин и најпрво беше философ, а потоа го прими христијанството. Во тоа време римските епископи гинеа еден по друг, така што да се стане епископ во Рим значеше да се биде ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со ...
Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 40 минути, на „Богородица“ за излез околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Алесио Окипинти од Италија беше најбрз на денешното 39 издание на Охридскиот пливачки маратон. Патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, од Свети Наум до Охрид, тој ја исплива прв помеѓу 16-те пливачи, со време од 5 часа, 3 минути и 44 секунди. Окипинти беше најбрз и во 2023 година, кога по 7 години постави нов рекорд на тогашното, 36 издание на пливачкиот маратон. Второто место денеска му припадна на ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 август 2026 година, во 19:10 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Скопје. – Тој во изнајмен апартман физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: архива Прочитано: 8 Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 ...
Охрид/Струга, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 август 2026 година, во 01:45 часот на локален пат во струшкото село во Мислешево, лишено е од слобода 55-годишно лице од Охрид. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управува моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички, без положен возачки испит. По насоки на Јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 август 2026 година, во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишник од Охрид, излетало од патот и се превртело. – Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во ЦОУ „Ванчо Николески“ во населбата Лескоец, крај Охрид, со пригодна програма на учениците, вчера започна традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Ја организира Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, додека на годинешното издание учествуваат млади поети и поетеси од Република Македонија, Србија, Бугарија и Албанија. Со свои творби, ...
Охрид, 22. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Quavo го претстави новиот сингл „Trance (Walk It Down)“, втор од претстојниот албум „QRÖMELIFE“, проект на американскиот рапер кој доби посебно внимание од публиката и поради учеството на Pharrell Williams, кој ја работеше комплетната продукција на албумот. Со „Trance (Walk It Down)“, Quavo се насочува јасно кон клубовите и подиумите за танцување. Продукцијата создава вистинска позадина за неговиот ...