Охрид, 23. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со врачување на сертификатите за учество, пред родната куќа на писателот, денеска, во неговото родно село Црвена Вода, заврши традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Ја организира Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, додека на овогодишното издание учествуваат млади поети и поетеси од Република Македонија, Србија, Бугарија и Албанија. ...
Овогодишниот осми по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржа во Охрид, Лескоец и Црвена Вода, како и секоја година под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа“. Така, во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково” од Охрид, на чело со Веле Митановски, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во населбата Лескоец, крај Охрид, единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на ...

