Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 22 август 2026 година, од 19:00 до 22 часот, во Fort Cafe, под Самуиловата тврдина во Охрид, ќе се одржи промоција на драмскиот роман „Принцезата што немаше ништо и кралицата што даде сè“ од Јасмина Петковска Белиот Лебед. Книгата ќе ја претстави авторката Петковска, која потенцира дека оваа книга е посветена на жените кои поминале низ многу, изгубиле многу, но не престанале да веруваат во себе. ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот посветен на Преображение Господово, во храмот „Света Богородица Перивлепта“, во вторник, на 18 август 2026 година ќе се служи Вечерна Богослужба со почеток во 16:30 часот. – Во среда, на 19 август 2026 година, ќе се служи утрена Богослужба и Света Литургија со почеток во 07:30 часот, информираат од Прва охридска парохија – Варош. Православните верници во среда ќе го одбележат празникот ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, денес оствари средба со Никол Варнс, вршител на должноста – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. – На средбата се разговараше за приоритетните проекти на актуелната локална власт, за спроведување на препораките кои УНЕСКО ги бара од Охрид како и проектите кои се однесуваат на младите луѓе во градов. Варнс го изрази своето ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за три случаи на физичко насилство случени во Охрид и околината, само во текот на изминатите 24 часа. Во првиот случај, на 16 август 2026 година, во 23:20 часот во СВР Охрид, 21-годишно лице од Охрид, вработено во агенција за обезбедување, пријавило дека на 15 август 2026 година, околу 06:10 часот пред влезот во фабрика на улицата „Петрино“ во Охрид, каде што бил ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастр мка. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година. Подмладокот со кој се порибува Охридското Езеро во оваа фаза е со просечна тежина од ...

Скопје/Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за финансии на Република Македонија донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Генераторот на музика со вештачка интелигенција Suno лансираше нова услуга што им овозможува на корисниците да нарачаат AI генерирана музика на винил. Suno Vinyl нуди можност за креирање 12-инчен црн винил со музика генерирана на платформата, со опција за прилагоден дизајн на корица и етикета. Почетната цена за оваа услуга е 45 долари + трошоци за испорака… Компанијата ги поканува своите корисници да ја ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиот викенд во Охрид се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026. Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир како и „Меѓународната едриличарска регата Охрид 2026“ која трае четири дена и ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од утре започнуваат уписите во прва година, прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2026/2027 година, а во охридските високообразовни установи има место за вкупно 451 бруцош. На охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 261 студент во прва година. Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 109, ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во кампот за обука на вода во Охрид утре ќе се одржи централната свеченост по повод 18 август, Денот на армијата. Вечерва, од 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба, со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. На утрешната свеченост во Охрид, со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на вооружените сили на Република ...

Вевчани, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Вевчани свечено ќе биде отворено 16 издание на фестивалот на народна култура „Пображење“, во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“. Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи на големата сцена во спортското двориште во Центарот на Вевчани. Фестивалската програма, започна уште вчера со програмската содржина: „Охрид и Струга-етнографски бисери на Балканот“, од авторот Љупчо ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Zlatan Stipišić Gibonni, еден од најпознатите кантавтори на поранешна Југославија, го прослави својот роденден, а по тој повод повторно се актуелизираше приказната за создавањето на една од неговите најпознати песни – легендарната „Cesarica“. Песната, која подоцна ја прослави Оливер Драгојевиќ, е компонирана во период кога Gibonni се соочувал со тешки животни околности. Како што самиот опиша, во тоа време ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Најубавиот град во 1913 година, стои во објавата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа многу години наназад, во едно прекрасно и одамна поминато време во древниот Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото Прочитано: 2 Охрид, 17. август 2026 ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во центарот на градот, на потегот кај Градското пристаниште и кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Високите температури ова лето не се опасни само за луѓето. За време на топлотните бранови, особено е важно да знаете како да ги разладите вашите миленици и да ги заштитите од топлината. Веќе пишувавме за тоа како можете да им помогнете на кучињата за време на летните жештини, а сега и за тоа како да им се олесни летото и на мачките. Иако повеќето мачки добро се справуваат со топлината, тоа не значи дека не ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ана Петан ќе ја претставува Македонија на Фестивал на далматинската шансонa во Шибеник. Таа ќе ја изведе композицијата „Твоја сум јас“ на натпреварувачката вечер, што ќе се одржи на 22 август, на која ќе настапат вкупно 25 изведувачи. Музиката и текстот ги потпишува Григор Копров, а аранжманот е на Стефан Петановски. Со ваква авторска екипа зад себе, Ана Петан ќе се обиде да остави силен впечаток на ...

Охрид, 17 август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 21 август, започнува 38. издание на престижната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Ќе трае до 23 август, а настаните ќе се одржуваат во селото Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид. Ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од седум земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија и Македонија). Програмата ќе започне во петок, од 21:00 часот во Велестово со поетскиот ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во јуни 2026 година во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Во седум случаи како инвеститор се јавува физичко лице, додека три одобренија се издадени на правен субјект. Предвидена е градба на 111 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 6.621 м². Во анализираниот период во Општина Струга се издадени 9, додека во ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, на кеј „Македонија“, со мотив од уште едно мирно лето охридско, кое продолжува да ги истура сите свои убавини и во втората половина на август. Нека потрае… (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата,. ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 31 степени. – Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). ...

Охрид, 17. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Светите седуммина младенци во Ефес. Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 16 август 2026 година, во 00:05 часот во СВР Охрид 44-годишник од Охрид пријавил дека во авто кампот „Љубаништа“, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од страна на едно лице. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 25 Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 16 август 2026 година, во 00:05 часот во СВР ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Boney James е пред голема пресвртница во својата повеќегодишна кариера со одличната „I Belong To You“, нова соработка со фантастичната R&B пејачка Ledisi. Песната е првиот сингл од 20 студиски албум на четирикратно номинираниот за Grammy саксофонист, „A Simple Man“, кој ќе биде објавен на 2 октомври за Concord Records. Синглот беше придружен со музички спот, кој следи поминималистичка и лична естетика. ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Заборави сè што било, пред нас е журката на летото, подготвени сме за шоу, подготвени за Story, езерото ноќва ќе гори, порачуваат од охридското „Форт кафе“, од каде испраќаат покана до сите за задолжително присуство на уште една забава за која долго ќе се раскажува. – За сите кои не прашувавте каде се и кога ќе настапат кај нас. Ве очекуваме на журката на летото, во среда на 26 август, на искрена и ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот бенд Kasabian го најавуваат новиот албум „Act III“, кој треба да биде објавен на 4 септември, со новиот сингл, „Nothing Better Than This“, откако веќе објавија нов материјал изминатите неколку месеци. „Nothing Better Than This“ доаѓа во време кога Kasabian го подготвуваат наследникот на албумот „Happenings“ од 2024 година. Со Serge Pizzorno кој сè уште останува во креативниот епицентар на ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Giusy Ferreri го објави новиот сингл „Vuoto cosmico“, кој е второ поглавје од соработката на италијанската пејачка со познатиот продуцент Michele „Canova“ Iorfida, по „Musica Classica“, која беше претставена во јануари. „Vuoto cosmico“ е напишана од Michele Iorfida, Vincenzo Colella, Fabio Strabbioli и Francesco Lovisetto, додека продукцијата и финалниот микс е дело на Canova во Kaneepa Studios во Милано. ...

Охрид, 16. августи 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 22 август 2026 година, на Долни сарај, ќе се одржи третото издание на манифестацијата „Above the lake“, уште едно незаборавно винско доживување за вистинските познавачи. – Запомнете го датумот, вински салон во август, Above the lake (3rd edition). Придружете ни се на 22 август на незаборавно винско доживување. Откријте врвни вински етикети, запознајте ги винариите и уживајте во внимателно ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 10 до сабота 15 август 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, во стариот дел на градот, со мотив од црквата „Света Софија“ и „Долни сарај“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 16. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25