Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 8 јуни 2026 година, во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ на понатамошно лекување. – Полициски службеници излегле на местото и ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 8 јуни 2026 година, во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 31-годишно лице од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападналo неговата сопруга. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Деветтоодделенката Елена Секулоска е првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“. – Гордост на генерацијата. Да се биде Прличевец е чест, а да се биде Првенец на генерација е признание што се заслужува со многу труд, знаење и посветеност, велат од училиштето. Додаваат дека пофалени се учениците: Јана Шешоска, Тамара Целакоска, Софија Виданоска, Софија Смическа, Дарко Крцоски и Ели Богоевска. – Вие сте ...
Струга, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во петок, на 19 јуни 2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи завршниот концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“. На концертот ќе настапат: детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски и машкиот хор под раководство на ...
Охрид, 9. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок започнуваат уписите на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август. Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс. Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 136 ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на неколу охридски улици. – Поради интервенвија на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Марко Нестороски“, „7.Ноември“, „Егејска“ и „Богомилска”, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до завршување на работите. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 5 Охрид, 9. јуни ...
Охрид, 09. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по старата охридска чаршија, на потегот од поранешен „Први Мај“ до Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со изведбата на претставата „Маски“, во среда, на 10 јуни 2026 година, започнува 11 издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши театар“, како дел од програмите за промоција и негување на хуманите вредности и поттикнување и развивање на креативноста кај младите на охридскиот Црвен крст. – Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 12. јуни, ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметнички дела на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска. Изложбата е насловена „Огледало на Охрид“, а ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар, со почеток во 19:00 часот. Планирано е да бидат изложени околу 20 дела, а посетителите ќе можат да видат дела со мотиви од Охрид – пејзажи, икони, како и неколку цртежи од различни тематики. ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од кај „Табана“ во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 1 Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од денеска ќе има привремен режим на сообраќајот. Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“, до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“. Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет во периодот од 9 до 16 јуни 2026 година. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 3 Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Викендов стартуваа најавените авиолинии од Охрид до два полски градови со компанијата WizzAir. Во неделата започнаа летовите од Вроцлав, а денеска се очекува првиот лет од Катовице. За двете дестинации се предвидени по два летови неделно. На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, вчера слета првиот авион на Air Serbia оваа сезона. – Официјално го пречекавме првиот сезонски лет од Белград. Пресреќни сме што ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски. Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го врзаа за четири суви колци, па немилосрдно го биеја додека не му го свлекоа месото од коските. Но, маченикот сепак остана жив, а оние суви колци зазеленеа и ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот ден на архивите се одбележува секоја година на 9 јуни, а овој ден е прогласен од Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA) за подигање на свеста за важноста на архивите и улогата што тие ја имаат во зачувувањето на документарното наследство. Датумот 9 јуни меѓу другото ја истакнува неопходноста од заштита на историските записи, промовирање на нивната пристапност и ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени. – До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради ...
Охрид, 9. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Константин Златаноски, ученик во IX-1 одделение е првенец на генерација во ООУ „Кочо Рацин“ Охрид. – Со особена гордост и чест ги претставуваме учениците кои со својот труд, знаење, посветеност и примерен однос се истакнаа како најуспешни претставници на генерацијата 2017-2026 во ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид. Првенец на генерацијата е Константин Златаноски, ученик во IX/1 одделение. Со својата истрајност, ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – И да врне и да вее. секоја секунда во Охрид мора да се искористи максимално и да се ужива во неговите убавини. Силниот дожд кој попладнево го зафати поширокиот регион на Охрид не поколеба поголема група туристи, кои со чадори уживаа во убавините на древниот град. Вакви поголеми групи туристи се честа и секојдневна глетка во центарот на градот во текот на целата година. Гостите уживаат во убавините на Охрид, а ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХИРДПРЕС) – Јана Билбилоска од IXа и Јована Буџакоска од IXб се првенки на генерација за 2026 година во ООУ „Живко Чинго“ во селото Велгошти, Охрид. – Со голема радост и гордост ги објавуваме првенците на генерацијата во нашето училиште. Со искрени честитки им се обраќаме на Јана Билбилоска од IXа и Јована Буџакоска од IXб, две исклучителни и инспиративни ученички кои со својот труд, знаење и посветеност заслужено го ...
Охрид, 8. јуни 026 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид, открива за телевизијата Канал 5 познатиот спортист и поранешен менаџер во охридски хотел Александар Маленко. Во гостување за поткастот „На кавга со Иван“ тој тврди дека тој самиот ја отворил подземната гаража од објектот за да излезе Груевски со возилото марка „Пасат“, кое го управувал шофер, а во кое биле ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, денеска слета првиот авион на Air Serbia оваа сезона. – Денес официјално го пречекавме првиот сезонски лет од Белград. Пресреќни сме што нашите пријатели од Air Serbia повторно слетаа на нашата писта, продолжувајќи ја традицијата на директно поврзување на Белград со брегот на Охридското Езеро. На сите патници што пристигнаа денес – добре дојдовте во Охрид, Нека ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според очекувањата на македонската Влада, делницата од селото Извор до Врбјани ќе биде пуштена во сообраќај на Денот на независноста, 8 септември, соопшти денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Целиот автопат Кичево–Охрид се очекува да биде завршен и ставен во целосна употреба во првиот квартал од 2027 година. За комплетирањето на проектот се обезбедени 175 милиони евра преку заем од ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 700 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ кој се одржа денеска во Охрид, а Плазма Спортските игри за млади и езерскиот град се покажаа како совршена комбинација. Токму од градот на УНЕСКО беше испратена порака преку „Zero Waste – Биди дел од играта-да ја заштитиме нашата планета“. Ова е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca-Cola, кој креативно ги ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот. Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“, до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“. Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет во периодот од 9 до 16 јуни 2026 година. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 21 Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Wyclef Jean го претстави новиот сингл „2010 – Mr. October“, соработка со G Herbo која комбинира раскажување урбани приказни, оптимизам и современ хип-хоп звук. Мултинаградуваниот уметник, познат и по својата соло кариера и по учеството во групата The Fugees, уште еднаш докажа дека останува креативен и релевантен, истражувајќи различни аспекти од својот музички идентитет. „2010 – Mr. October“ е ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Michalé е млада продуцентка и Dj-ка, која во соработка со германскиот уметник, текстописец и музички продуцент Chris Crone го објави синглот „Perfect Stranger“, динамична afro-house песна со силен емотивен набој. „Perfect Stranger“, издадена од Panik Records, е песна полна со мистерија и еротика, која ја доловува неодоливата привлечност помеѓу двајца странци, каде што логиката попушта, а инстинктот ...
Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридската Be1 Digital Marketing продукција изготви промоција и снимка од завршниот матурски концерт на талентираниот охридски хармоникаш Бојан Маркоски, кој се одржа на 13 мај во Охрид. Малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше претесна да ги прими сите почитувачи на добрата музика. А таа не недостасуваше со младиот и супер талентиран хармоникаш Бојан Маркоски од Државното музичко ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, кај плажата „Горица 3“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од манастирот „Свети Стефан“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 5 Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот детски хор „Бамбино“ вечерва ќе го одржи првиот солистички концерт. Конципиран е како музичко патување со песни од пет континенти, а децата ќе пеат на осум различни јазици. – Ова е круна на нашиот целогодишен вложен труд и работа и сакаме тоа да го презентираме пред вас. Ви ветуваме вистинско прекрасно доживување и уживање во прекрасните звуци и ритми на различни култури низ светот, под ...