Охрид, 4. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети великомаченик кнез Јован Владимир, кој има силен култ во западна Македонија. Тој израсна во благочестиво и царско семејство и владееше со областите Зета и Далмација. По природа беше многу мирољубив, благочестив и добродетелен. Неговиот дедо се викаше Хвалимир и имаше три сина: Петрислав, Драгомир и Мирослав. Петрислав ја прими управата над Зета ...

Скопје/Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Предлог-законот за игрите на среќа, со кој Владата предлага речиси целосна забрана за рекламирање, минимална оддалеченост од 500 метри од училиштата, како и построги услови за лиценцирање и контрола врз приредувачите, го помина првото читање и треба да се даде на натамошно читање. Според заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, со предложеното законско решение на сеопфатен, попрецизен и ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 2 јуни 2026 година, во 21:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да ја нападне и ѝ упатил закани. – По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Солзи ми навираат уште од самиот почеток на ова писание. Премногу спомени. Премногу емоции. Ах… колку само би можел да пишувам за овие 15 години, но и за оние десетина пред нив. Колку пот, крв, жртва и љубов се вградени во ова место. Но кога нешто се сака искрено, маката не се чувствува, пишува охридскиот актер Стрезо Стаматовски, во личната порака по повод 15 години Народен театар Охрид. Како денес да беше, ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот конкурс за најдобар расказ. Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 со ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во стариот дел на Охрид, на брдото Дебој, во близина на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ е лоцирана средновековната црква „Свети Константин и Елена“. Оваа градба од XIV век е специфична по нејзината доминантна локација со поглед кон Охридското Езеро, скромна, но хармонична архитектура, и целосно исликана внатрешност. Во црквата има натпис кој нѐ информира дека е подигната во 1477 година од страна на ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид со приоритетна дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и против 54-годишно лице од Охрид, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. – Имено, второпријавениот, во периодот од 28 април 2025 до почетокот ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска навршуваат 15 години постоење на Народен театар Охрид. Многу луѓе се измешани во иницијативата и создавањето бидејќи Охрид препознава театар и ги препознава вредностите. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува полни 14 години, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. На 3-ти јуни 2011 година се изговори првата реплика во ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите и посетителите на Охрид ќе можат со само неколку кликови преку една апликација да нарачаат храна, производи од продавници и аптеки директно до нивната локација. Услугата е достапна во поголемиот ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пејачката Тамара Тодевска со синглот „Драма квин“ го најавува новиот студиски албум „Кукла жива“. Песната е потпишана од Коста Петров и самата Тамара, а аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор – звук кој јасно зборува за амбицијата и размерот на проектот. Спотот е снимен во студиото „Takat”, а е во режија на Мартин Трајановски со кој Тамара има работено на повеќе ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата посветена на нив, Охриѓани и оваа година достојно го одбележаа денот посветен на Свети рамнопостолни цар Константин и Света царица Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу ...

Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Anthony Ramos го издаде новиот сингл „New York City“, придружен со официјален визуализатор кој делува како визуелно продолжение на атмосферата и емоциите изразени во песната. Синглот беше издаден на 22 мај 2026 година и е најновото музичко дело од мултиталентираниот уметник, кој стана познат и преку својата музичка кариера и преку неговите појавувања во продукции како „Hamilton“ и „In the Heights“. „New York ...

Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со новиот сингл „Talk on the Hill“, Willow Smith, една од најинтересните музички појави на својата генерација, го најави издавањето на нејзиниот деветти студиски албум насловен „The Thread“, кој се очекува да излезе на 24 јули. „The Thread“ доаѓа по „Petal rock black“, сингл кој беше објавен претходно оваа година, и означува нова креативна насока за неа. Албумот се фокусира на теми од духовноста, филозофијата ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажана панорама од Охрид, снимена од височина пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, 9. јуни, ќе се одржи третото издание на „Детски Прличеви беседи“. Ќе учествуваат најмладите љубители на литературата, творештвото и убавиот збор. – Преку детскиот глас ќе оживеат мислите, делата и духот на големиот Григор Прличев, а младите учесници ќе испратат порака дека љубовта кон мајчиниот јазик и литературата продолжува да живее и во новите генерации, порачуваат организаторите. ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во прекрасна природа, со дружење, игра и забава, децата што ја следат Програмата за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“, во организација на Црвен крст Охрид, вчера го одржаа последниот час од пролетниот циклус. – Оваа програма веќе петта година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 25 до 27 јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред хотел „Палас“ ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival. – Охридскиот кеј станува место за вино, музика, гастро уживање и летни вечери со посебна атмосфера, велат организаторите. Најавуваат дека петтото издание на фестивалот носи три дена исполнети со вкусови, дружење, енергија и препознатливиот шарм на Охрид. Како што дознаваме, засега, ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, во стариот дел на градот, кај црквата Свети Константин и Елена. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во име на профитот веќе дваесетина години се уништува најголемиот туристички центар во Македонија. Во име на профитот продолжи уништувањето на Охрид со носење дупови по мерка на профитерите, стои во реакцијата на Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид. – Надлежните институции си ги „испраа” рацете во врска со рушењето на куќата на „Димитар Влахов“. Не била заштитена, не се наоѓала во заштитено ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од кај поранешното училиште „Св. Сава“ со панорамски мотив од центарот на градот и Градското пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, на кој се промовира користењето на велосипедите, според многумина, најдобро транспортно средство за движење во градски услови. Сведоци сме дека во последно време се користи се’ повеќе во нашиот Охрид, а како било некогаш? Ви пренесуваме дека од написот за сегментот „Муабети од Охрид и околината“ на OhridPress, напишан од охриѓанецот Ѓорѓи Љатко, кој има ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат денот посветен на Светиот цар Константин и Светата царица Елена. Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред ...

Охрид, 1. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со стартна позиција кај Холандскиот парк во Охрид, денеска, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи третото издание на настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Настанот има за цел да ја поттикне употребата на велосипедот како здрав, еколошки и модерен начин на превоз, истовремено промовирајќи ги локалните бизниси низ градот. – Заедно ќе возиме низ улиците на Охрид, ќе уживаме во позитивна атмосфера и ќе ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Каков е нашиот однос кон заедничкото добро, хигиената и културата, цел град да работи во „Комуналец“, повторно не ќе може да се исчистат нашите „дела“. Ова е заеднички впечаток за се’ она што му правиме на градот, фрлајќи ѓубре на сите страни. Охриѓани постојано реагираат до редакцијата на OhridPress и Супер радио и испраќаат фото и видео материјали од местата каде се фрла ѓубре, но и секаков вид покуќнина, ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, ден кога се одржуваат повеќе меѓународни и локални настани за поддршка на развојот на велосипедската култура во заедницата. Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедите. Во Република Македонија секојдневно се’ повеќе луѓе го користат велосипедот како превозно средство, мотивирани од здравиот ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Читатели до редакциите на OhridPress и Супер радио доставија фото и видео материјали од состојбата во која се наоѓа покриениот базен, кој повеќе од една деценија се гради во Охрид. – Оградата е урната на повеќе места, а и вратата со денови е отворена. Од некоја чешма постојано тече вода, а напуштени се и работничките бараки кои се лево од самиот влез. Побаравме чувар или одговорно лице, но не сретнавме никого ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25 степени. – Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Струга, 2. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 4 јуни 2026 година, во Струга се одржува 10 Дримска Конференција, како дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиот Басен (2011) и Вториот ГЕФ Дримски проект за имплементација на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план за Дримскиот Басен (2020). На конференцијата учествуваат преставници од надлежните институции на државите од Дримскиот Басен, локалните ...

Скопје/Охрид, 2. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Со Одлуката се ограничува: – Пловидба на скутери во период од 1 ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Бакар

13.01