Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 7 август 2026 година, во 21:35 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Ботун, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 39-годишно лице од скопското село Чучер Сандево. – При превземање мерки, полициските службеници запреле патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 7 август 2026 година, во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. – Тој бил приведен во Полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 7 август 2026 година, во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49-годишно лице од Охрид. – Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На падините на ридот Олмец, во охридското село Велгошти се наоѓа манастирот „Света Петка“, посветен е на света великомаченичка Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8 август, денот кога е и манастирската слава. Бројни граѓани секоја година на овој ден го посетуваат манастирот со отворено срце и молитва до Светицата за здравје и добросостојба за своите и целиот свет. Манастирската црква е еднокорабна ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во близина на прекрасното село Љубаништа, на самиот брег на Охридското Езеро, веднаш под Манастирот Свети Наум, како негов метох, е лоцирана црквата посветена на Света Петка. Подигната е на место каде што се верува дека извира лековита вода, а со својата духовна и историска значајност се претвора во истински извор на вдивување и културно богатство. Од срцето на манастирскиот комплекс Свети Наум, одекнува со ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ќе го одбележат денот на Св. Климент Охридски Чудотворец, Светецот кој ги лекувал луѓето, заштитник на Охрид и на целиот македонски народ. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Karol G ја објави една од најважните соработки и прва за неа со Bruno Mars на синглот „Still“, песна која е дел од шестиот студиски албум на колумбиската ѕвезда, „No Me Arrepiento de Sentir Tanto“, кој беше објавен вчера, на 7 август. Karol G ја сними „Still“ целосно на англиски јазик, избирајќи го овој пат да се движи подалеку од пеење на шпански јазик, што беше главен столб на нејзината кариера. Вели дека ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај црквата Мала Света Богородица и Света Петка кај Канео. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Carly Rae Jepsen го претстави новиот сингл „Don’t Leave Me On The Dance Floor“, кој доаѓа со музички спот во кој глуми Alden Ehrenreich. „Don’t Leave Me on the Dance Floor“ е третиот сингл од претстојниот двоен албум на канадската поп-ѕвезда, „Day and Night“, кој се очекува да излезе на 18 септември. Со влијанија од pop и disco музиката од 70-тите, новата песна за прв пат ја открива „Night“ страната на ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, во кампот „Љубаништа“, гитаристот Владимир Четкар со својот музички ансамбл ќе одржи авторски концерт, настан кој ќе биде збогатен и со сетови на DJ Face и DJ Chvare. Билети по цена од 400 денари може да се купат online или во охридската чаршија кај тезга „Аждер“. Од тимот на Четкар информираат дека за искуството на публиката да биде уште поегзотично, организиран е и бродски превоз на линија ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во населбата „Канео“ во Охрид, во карпа во подножјето на црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се сместени црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна во две нивоа: едното ниво е посветено на „Св. Петка“ и на тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено на „Рождество на Пресвета Богородица“. Црквата ја освети, Неговото ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од плажата „Канео“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...
Скопје, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ беше пресретнат во заседа од страна на терористите од т.н ОНА, при што загинаа десет македонски бранители од Прилеп. Бранителите со камиони се упатиле кон касарната во Тетово. Секоја година на местото на настанот се положуваат венци и свежо цвеќе, а свештеници од МПЦ-ОА држат панихида, во присуство на членови на ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Манастирот „Света Петка“ се наоѓа на падините на ридот „Олмец“ во охридското село Велгошти, важи за олицетворение на духовноста и културното богатство на регионот. Посветен е на света великомаченичка Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8 август, кога е манастирската слава. Манастирската црква е еднокорабна и над двоводниот покрив се издига еден висок осмостран тамбур со прозорци. Градена е од кршен ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се прославува денот посветен на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка, чиј култ е раширен кај нашиот народ. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, охридскиот Црвен крст и оваа година ќе ја спроведе крводарителската акција „Плаошник“. Секоја година за празникот Свети Климент, Црвен крст Охрид ја организира оваа крводарителска акција, која ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Свети Климент Охридски“. Денеска акцијата ќе се одржи во периодот од 19:00 до 24:00 часот, а утре, недела, 9 август, во периодот од 10:00 до 14:00 ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележување на празникот Св. Климент и Пантелејмон, ќе се одржи Богослужба и литургија во истоимениот манастир на Плаошник. Вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи празнична вечерна Богослужба, додека утре, недела, на денот на празникот, ќе се одржи Света божествена литургија, со почеток во 08:45 часот. Православните христијани утре ќе го одбележат споменот на Св. Климент Охридски, кој е ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка. Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога и’ умреа родителите, го раздаде имотот на ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 35 степени. – Викендов и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ...
Охрид, 8. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, а на преминот „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општината. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Центарот на Охрид секоја година се’ повеќе наликува на најдобрите времиња и старите слики на кои се гледа како бројни граѓани уживаат во убавините на летото и езерото на кеј „Македонија“. Најчесто се користи потегот пре поранешно ПТТ и натаму кон „Мазија“, каде граѓаните ги користат и сенките на старите дрјва, за со семејството и пријателите да уживаат во летните денови до последните сончеви зраци. ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј денеска присуствуваше на свечената презентација на мозаичната икона „Исус Христос на престол“, што се одржа во Галеријата на икони во Охрид. Настанот беше организиран по повод одбележувањето на 75-годишнината од основањето на НУ Завод и Музеј Охрид и претставуваше можност пред пошироката јавност повторно да биде изложено едно од ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во екот на летото, доброто место на охридските градски плажи не се наоѓа лесно, а уште потешко се напушта. Кога еднаш ќе се сместите покрај езерото, последното што го посакувате е да ја оставите лежалката поради барање ресторан, чекање слободна маса или пробивање низ летната гужва. Крајот на јули и август, особено околу празникот Илинден, се најраздвижениот период во Охрид. Плажите се полни, градското јадро ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Среќен и горд што ја најавувам новата соработка со одличниот Dr. Packer, објави неодамна на социјалните мрежи нашиот врвен гитарист, охриѓанецот Владимир Четкар, чиј Dr. Packer ремикс на песната „Ocean of love“ е објавен токму денеска. – Кој е расположен за малку filter disco? Денешното издание ексклузивно на промоција преку Traxsource доаѓа од многу талентираниот Владимир Четкар со мој ремикс, порача Dr. ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 10 август 2026 година, на плоштадчето „Вангел Наумовски“, кај поранешен „Мини маркет“, ќе се одржи годинешното, 6 издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со К-2“. – По тој повод екипата на К-2 со нејзините млади таленти сними една преубава химна за нашите поддржувачи Култура Охрид и Културата расте со децата „За сите деца“ која ќе ја промовираме на настанот во изведба ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 6 август 2026 година, во 20:45 часот во СВР Охрид, 24-годишник од Охрид пријавил дека околу 04:00 часот, на булевар „Македонски просветители“ во Охрид бил физички нападнат од страна на друго лице. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР ОХрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 3 Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 6 август 2026 година, во 20:45 часот во ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува културно-уметничката програма со која Охрид одбележува 1.110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски и 1.140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Вечерва ќе се одржи свечена музичка вечер „Деца сме на Климента“. Ќе настапат охридскиот женски квартет „Harmonix“, сопраните Стефани Дудиќ и Билјана Буџакоска – Трифуноска, флејтистката Кристина Љушковска и пијанистот Дамјан ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од брендот „Мама Љубинка“, домашните торти и колачи за кои зборува цел град, продолжуваат со новитетите, проверени и превкусни, изработени рачно со премиум состојки, на врвна опрема и со толку многу љубов. – Време е за нешто ново и неверојатно вкусно Од денес, пробајте го нашиот превкусен LOTUS BISCOFF cheesecake. Изработен со оригинални состојки и врвен квалитет, а можете да го пробате по супер-промотивна ...
Охрид, 7. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Две големи музички ѕвезди, Μadonna и Κylie Μinogue ги здружија силите за прв пат во нивните кариери, со издавањето на синглот „Love Sensation“ (Afterhours Mix). Двете врвни поп-ѕвезди за прв пат ја изведоа песната во живо на сцената Club Confessions во AFAS Live во Амстердам, како дел од настаните WorldPride 2026. Кратко потоа, тие споделија фотографии и снимки од нивниот заеднички настап на социјалните ...