Охрид, 25. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23 степени. – Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток, ...

Охрид, 25. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 25. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Герман, патријарх Цариградски. Син на првиот царски сенатор, кого што го уби царот Константин Погонат. Истиот овој зол цар го кастрираше сенаторовиот син Герман и насилно го протера во манастир. Како монах Герман засветли со својот добродетелен живот како ѕвезда. Заради тоа беше избран прво за епископ Кизички, а потоа, кога се зацари Атанасиј ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на ГРК „Охрид“ ја совлада екипата на Татабања со 28-29 во првиот финален натпревар одиран денеска во Унгарија, и е на чекор до освојување на првиот клупски трофеј, и тоа во ЕХФ Европскиот куп. Реванш натпреварот ќе се игра следната недела во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Ако охридските ракометари стигнат до победа, ГРК „Охрид“ ќе биде вториот тим по Алкалоид кој го освоил овој трофеј. ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од свечената програма за чествување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари. Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, д-р ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните на Охрид дека во вторник, на 26 мај 2026 година, поради престојот на Премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во Охрид, ќе бидат на сила одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид. – Станува збор за потегот на булевар „Туристичка“, булевар „Св. Наум Охридски“ и Стар град. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“. Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, која истакна дека е возвишено чувството во древниот Охрид, колевката на писменоста и духовноста да се одржуваат вакви научни собири во ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод 24 Мај, Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот, д-р Кирил Пецаков денеска положи свежо свеќе пред нивниот монументален споменик на кејот на Охридското Езеро. ‎Во чест на Просветителите пред нивниот споменик се поклонија и бројни делегации на образовни институции и претставници на Владата на Република Македонија, чии централни ...

Скопје, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 2022 година, Поглаварот на СПЦ, патријархот г.г. Порфириј соопшти дека СПЦ го благословува барањето на МПЦ-ОА за автокефалност. – Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот го благословува и го одоборува барањето за автокефалност. Во исто време саборот донесе одлука заедно и во соработка со архиепископот Стефан да ги разработиме сите ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 18 до сабота 23 мај 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија носи мотив од споменикот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј во Градскиот парк во центарот на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – ...

Рим/Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Ширењето на словенската писменост во 10 век е најголемата заслуга на светите браќа Кирил и Методиј, поради која словенските народи и ден денес им оддаваат должна почит на светците кои на својата просветителска мисија тргнале од нашиот Охрид. И додека гробот на свети Кирил е познато место и светилиште за нивниот ден, 24 мај, локацијата на гробот на неговиот брат Методиј е мистерија и се’ уште не се знае ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. И покрај неповолното време, бројни туристи уживаат во убавините на Охрид (Фото) Охрид некогаш: На едно ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, од 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид, по 12 пат традиционално ќе се одржи свечена културна манифестација, посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патче“, под уметничко раководство на м-р Даниел ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден, 24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат празникот на вети Методиј и Кирил Рамноапостолни. Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид и годинава го одбележува 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени. – Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за ...

Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На спортското игралиште при ОСУ „Св. Климент Охридски” во Охрид, вчера, во чест на празникот Св. Кирил и Методиј се одигра турнир во баскет 3х3, „Гимназија куп 2026”, во организација на училишниот спортски клуб „Гимназија Охрид“ и во соработка со ГКК „Охрид“ и Општина Охрид. На турнирот учествуваа вкупно девет екипи, од кои седум во машка и две во женска конкуренција, со преку 50 учесници. – Двете екипи од ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 23 мај 2026 година, во 01:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица на возраст од 36 и 28 години од охридските села Велгошти и Косел. – Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 01:00 часот пред угостителски објект во Охрид физички нападнале три лица од Охрид и Лескоец на возраст од 23, 21 и 22 години, при што употребиле тврди и остри предмети. По целосно ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 мај 2026 година, во 15:00 часот, 38-годишна жена од Охрид пријавила во СВР Охрид, дека на 21 мај 2026 година, околу 12:00 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче од Ресен, со престој во Охрид. – Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 22 мај 2026 година, околу 19:30 часот во Полициската станица Охрид е извршен службен разговор со 37-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека телефонски ја вознемирувал неговата поќерка и дека претходно, додека живеел заедно со неа и нејзината мајка, полово ја вознемирувал и допирал по телото во присуство на нејзината мајка. – По целосно документирање на случајот, против него ќе следува ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jovanotti се враќа со нов музички проект кратко по објавувањето на „Niuiorcherubini“, инстант албумот што го создаде во Њујорк за само една недела и го издаде неочекувано пред Божиќ. Овој пат, италијанскиот уметник соработува со Alfa на новиот сингл „Buon Vento“, песна што го означува почетокот на летото. „Buon Vento“ е светла и ритмичка поп-креација, полна со енергија, движење и летно чувство на слобода. ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото, објавена е уште една фотографија од Охрид од пред многу години. – Охрид во 1974 година, во срцето на охридската чаршија. Нема некој што не поминал тука и не видел како низ рацете една обичната сребрена жица се претвора во чиста уметност и магија, напишаа во објавата на фотографијата администраторите на групата. И оваа фотографија е вистинска „временска машина“ и ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани, во петок, на 29 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе имаат можност да ја погледнат театарската претстава „Марта“, која е силна приказна за тивката борба со анорексијата. Претставата „Марта” е работена според делото „Марта пред огледалото“ и претставува интимен театарски запис, односно покана за влез во дневникот на една млада ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Olivia Rodrigo сигурно чекори кон датумот кога ќе биде објавен новиот албум „You Seem Pretty Sad for a Girl So in Love“, претставувајќи ја новата песна „The Cure“, која доаѓа со кинематографски музички спот. Новиот сингл, продуциран од нејзиниот близок соработник Dan Nigro, се движи помеѓу емоционалниот интензитет и темната поп естетика што пејачката сега ја воспоставила. Во исто време, објавувањето е ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза носи мотиви од црквата „Света Софија“, во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 14 Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Владината вила „Свети Стефан“ во Охрид го дочекува и ова лето во стариот „сјај“. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија Ивица Томовски минатата година во неколку наврати истакна дека владиниот имот кој е во сопственост на државата е во многу лоша состојба. Екипа на OhridPress деновиве повторно направи обиколка на објектот и сними соодветен фото материјал од ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Калај

53.60