Охрид, 19. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид неодамна беше отворена изложбата „MOTİF“ од уметницата Есра Дехар, со серија дела инспирирани од традиционалните мотиви, културната меморија и поврзаноста помеѓу различни култури. – Во делата комбинирам современ визуелен израз со елементи од килими, орнаменти, архитектонски детали и текстилни структури што потекнуваат од различни културни простори. Преку ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од утре ќе биде домаќин на интересен гастрономски настан со Шеф Филип Ондрушек, кој доаѓа во организација на мрежата на Slow Food во Република Македонија. Во својата богата кариера тој готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, а денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. Неговата посета на Република Македонија е посветена на ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа повеќе од девет месеци од трагичниот настан кој се случи во водите на Охридското Езеро, кога во близина на заливот кај селото Трпејца, исчезна 52-годишниот бугарски нуркач Илија Иванов Танчев. – Се претпоставува дека телото би требало да биде на длабочина од 80 до 100 метри, но никој не може да претпостави точно каде, изјавија неодамна за Супер радио и OhridPress професионалниот нуркач Александар Ацев ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 17 мај 2026 година, во 17:45 часот, 40-годишно лице од охридското село Врбјани, вработено како обезбедување во хотел во селото Пештани, пријавило во СВР Охрид дека при интервенција за нарушен јавен ред и мир било физички нападнато од едно лице, при што се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид. – Претходно, во период од ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 18 мај 2026 година, во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишно лице од Охрид, изгубило контрола и излетало од коловозот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Талентираната Leony ги здружи силите со скандинавската поп сензација Marcus & Martinus на новиот сингл „Moonlight“. Спојувајќи заводливи поп мелодии со елегантна продукција и неоспорна хемија, „Moonlight“ ги истакнува силните страни на овие уметници во шарена, позитивна соработка. Со повеќе од две милијарди преслушувања, над 30 златни и платински награди, како и големи соработки со уметници како што се ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличната Jorja Smith, со својот нов сингл „What’s Done Is Done“, го означува почетокот на еден сосема нов креативен период за неа, како еден од најпрепознатливите гласови во современата британска музика. Песната, продуцирана од познатиот лондонски продуцент P2J, комбинира електронски елементи со суптилни перкусии и препознатливата soul изведба на Smith. Текстуално, песната зборува за емоционалната ...

Охрид, 18. Мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Црвен крст Охрид го освои второто место, во конкуренција на 14 екипи, на Регионалниот натпревар по прва помош што викендов се одржа во Скопје. – Екипата по прва помош ја сочинуваа: Марио Ѓорески, Ивона Ристеска, Стефани Шапевска, Антонија Шуменкоска, Теона Талевска – ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид и Филип Танаскоски и Ања Алческа – ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид. На ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот Drake се враќа моќно на сцената со албумот „Iceman“, дело кое истовремено функционира како лична исповед, одговор на неговите критичари и обид за уметничко рестартирање по неговиот жесток јавен судир со Kendrick Lamar. Издавањето на албумот беше придружено со уште два изненадувачки албуми, „Maid of Honour“ и „Habibti“, создавајќи троен музички проект кој прикажува различни аспекти на личноста и ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Охрид објави јавен повик бр. 01/2026 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор за контрола на материјало-финансиското работење на Јавните претпријатија, основани од Советот на Општина Охрид. Истиот е распишан врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – По ракциите во јавноста и од одредени политички партии, од Општина Охрид излегоа со соопштение во врска со Проектот за реконструкција на плоштад „Чинар“ („Крушевска република“) во центарот на градот. – Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен надзор ангажиран согласно законските процедури. При ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, во чии рамки работи и Охридскиот театар, за оваа година ќе реализира четири детски претстави насловени со работен наслов Куфер театар. Најновата премиера на детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески, а по текст на Кристина Тодороска- Петреска, по мотиви на „Се бара стар Кловн“ од Матеј Висниек, ќе се одигра во недела, на 24 мај ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Викендов, во водите на Охридското Езеро, со централна локација кај автокамп „Градиште“, се реализираше регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид. Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од повеќе клубови во Република Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, кои заедно повикаа на поголема заштита на едно од најстарите и ...

Белград/Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Гудачкиот квартет „Атака“ вечерва од 19:00 часот во македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе оджри концерт, а меѓу делата што ќе ги изведат ќе има и на охридскиот композитор Гоце Гавриловски. – Овој музички проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, пред белградската публика ќе го претстават Васко Шутаров од име на КИЦ Белград и Дејан Мојсовски од име на СОКОМ. На ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на потегот од Градското пристаниште до „Сараиште“, во стариот дел на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 20 мај, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи Студентската конференција за економија и бизнис во услужните дејности – СЕРВЕКО 2026.Согласно агендата, ќе се одржи пленарно предавање на д-р. Лоренс Елиот, DNP-AGNP, St. Louis Community College, USA на тема „Anatomy and Gastronomy: How Food Affects Our Bodies”, по што ќе следи ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува промоцијата на новиот, двоен албум „Навикни на промени“ од Коки Јанков, кој содржи вкупно 20 песни. Албумот носи современ поп звук со емотивна приказна, спакувана во внимателно продуцирани аранжмани. – Концептот на промоцијата е секој понеделник да бидат објавувани по две нови песни, проследени со видео записи, со цел континуирано да се одржува интересот кај публиката и медиумите. Сите песни се ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од Горна порта, во стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 7 Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, Фестивалот на планината и езерото 2026 година, кој ќе се одржи на 20 и 21 јуни. – Авантурата започнува во сабота на 20 јуни со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, 21 јуни. ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Завршни подготовки пред годинашната матурска парада,што ќе се одржи во четврток, 21 мај, точно напладне, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид. На овој, веќе традиционален настан ќе учествуваат околу 350 матуранти од сите охридски средни училишта кои ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се грижи ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода, кои ќе се грижат за безбедноста на охридските капалишта во текот на летната сезона. Заинтересираните кандидати треба да се постари од 17 години, да бидат психофизички подготвени, да знаат да пливаат и да достават потврда за здравствена способност за извршување на спортски активности, издадена од ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Света великомаченичка Ирина. Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше владетел. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабошка од родители-незнабошци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Светиот Тимотеј, ученикот на ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден, 18 мај, се одбележува Меѓународен ден на музеите, посветен на музеите како чувари на културното наследство, историјата, уметноста и колективната меморија на човештвото. Меѓународниот совет на музеите го востанови овој датум во 1977 година, со цел да се истакне важноста на музеите во современото општество и нивната улога во едукацијата, културната размена и зачувувањето на идентитетот. Во ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени. – Во текот на работната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник и кон крајот на седмицата, ...

Охрид, 18. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 17. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кога две музички енергии ќе се спојат, резултатот на оваа соработка на младост и неоспорен талент мора да биде одличен. Така е и со новата заедничка песна „Претера“, потпишана од Дупер и Young Dadi. Музиката е дело на Илчо Нечовски, Давид Даниловски, Борис Какуринов и Андреј Николов, текстот на Давид Даниловски, Борис Какуринов, Илчо Нечовски и Андреј Николов, а за аранжманот се погрижија Борис Какуринов и ...

Охрид, 17. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со постигнат забележителен успех и освоени две први и три втори награди, ученици од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид се враќаат од Меѓународниот натпревар „Пијано фест“, кој од 15 до 17 мај се одржа во во Офицерски дом – КИЦ Битола. – Со голема радост и гордост им честитаме на нашите ученици за освоените награди на Меѓународниот натпревар „Пијано фест“ во Битола. Кирил Мостров и Илина Аслимоска, од класата на ...

Скопје/Охрид, 17. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Република Македонија (АСОМ), преку допис до медиумите потенцираат дека, според нив, е неразбирливо како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. – Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа ...

Скопје/Охрид, 17. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Барањата на компанијата не се вклопуваат во нашиот пазар, односно имаат невозможни барања. Ова се дел од деталите од разговорите со нискобуџетната авиокомпанија Ryanair за влез на пазарот во Република Македонија, откри денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пишува Тв21. – Не мислам дека тоа е добро за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги поставуваат се невозможни. Во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Калај

53.60

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54