Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Супер талентираната македонска кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен“, точно на неговата прва годишнина. Нејзините песни, автентичен звук и органски прецизниот бенд во мај и јуни 2026 пристигнуваат во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана, еден од водечките центри за урбана култура во ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Следниот месец ќе се спроведат уписите на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август. Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс. Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Grammy номинираната кантавторка Gracie Abrams го издаде својот долгоочекуван нов сингл „Hit the Wall“, песна која означува почеток на нова ера за уметницата и е првиот сингл од нејзиниот претстоен трет студиски албум „Daughter from Hell“. Заедно со објавувањето на синглот, Gracie го објави и официјалното видео за „Hit the Wall“. Режирано од Renell Medrano, видеото фрла надреален поглед на внатрешниот свет на ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид се одржа Студентската конференција за економија и бизнис во услужните дејности – СЕРВЕКО 2026, која ги обедини студентите, наставниот кадар и гостите околу актуелни теми од услужниот сектор, туризмот, гастрономијата и современите бизнис практики. – Особена чест беше пленарното предавање на Dr. Laurence Elliott, DNP-AGNP, од St. Louis Community College, ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Се сеќавате ли на едно друго време, кога немавме интернет и социјални мрежи, и кога спортот беше еден од најчестите избори за рекреација, но и забава и дружење за младите, но и сите останати граѓани на Охрид, Едно од омилените места своевремено беше и Спортскиот центар „Билјанини извори“, каде имаше избор за фудбал, атлетика, но и своевремено многу популарната кошарка. Тоа игралиште, со измените и ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Kylie Minogue објави сосема нова песна, „Light Up“, еуфорична поп-химна создадена за документарната серија на Netflix „Kylie“. Песната е објавена во последната епизода од трилогијата и делува како емотивен и триумфален врв на нејзината приказна, доловувајќи ја светлината, силата и отпорноста што го карактеризираат целото нејзино патување. „Light Up“ е песна за љубовта, човечката поврзаност и моќта што може да ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на „Мазија“, кај холандскиот парк. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од каналот „Студенчишта“ и новата генерација лебеди кои го разубавуваат езерото. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Годините минуваат, а Старото кино во Охрид, познатото „Охридско Езеро“, и понатаму останува руина и грда слика за туристите во строгиот центар на градот. Запуштено, со искршени стакла, тоа претставува само слика на колективната неодговорност, иако, барем за охриѓани, има непроценлива историска, културна, а особено емотивна вредност. На ова место е предвидено да се гради објект со ист габарит како постоечкиот ...
Вевчани/Охрид, 21. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Христовото вознесение Спасовден, кој секогаш се паѓа на четириесет дена по Велигден. Во Република Македонија празникот има голем култ, а именден денеска празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска… Обичаи и легенди за Спасовден во Вевчани Спасовден (Вознесение Христово) во Вевчани се слави три пати во годината и тоа како пролетен, есенски и зимен ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 8 мај, денот кој православните верници го слават во чест на Св. апостол и евангелист Јован. Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8 по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на ...
Охрид, 21. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот Вознесение Господово – Спасовден. Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид и годинава ќе го одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, точно напладне на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржи годинешната матурска парада. На настанот што прерасна во традиција ќе учествуваат околу 350 матуранти од сите охридски средни училишта и ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е уште еден продолжен викенд, за одбележување на Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а понеделник, 25 мај 2026 година е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Овој викенд, но и следниот, кој исто така е продолжен ќе помогне туристички Охрид уште подобро да се подготви за новата сезона. И покрај релативно ладното, дождливо и ветровито време периодов наназад, бројни ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени. – Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Старото кино во Охрид, познатото „Охридско Езеро“, е локација која е силно вградена во колективната меморија на постарите охриѓани. Место каде се гледале филмови, но и многу повеќе од тоа, локација каде времето се минувало во дружба, се испраќале првите срамежливи погледи кон саканите, се креирале спомени кои траат цел живот. Денеска, за жал е запуштено, со искршени стакла, и претставува само огледало на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре го одбележуваат празникот Христовото вознесение Спасовден, кој се паѓа четириесет дена по Велигден, а во Македонија има голем култ. Утре именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска… Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за две пријави за закани поради должничко-доверителски односи, случени во текот на изминатите 24 часа во Охрид. Во првиот случај, на 19 мај 2026 година, во 17:25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Охрид дека околу 12:35 часот во Основен суд Охрид, каде требале да ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид ќе го одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, информираат ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за лицето П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд во Штип, воедно и претседател на ...
Скопје/Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Република Македонија (АСОМ), преку допис до медиумите потенцираат дека ако пратениците го поддржат новиот закон, тој ќе остави на улица 10.000 луѓе. – Откако на 14 мај, Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и официјално пристигна во Собранието, ви се обраќаме со ова отворено писмо за јавно да ги разобличиме сите напади врз нашата индустрија ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро го надмина просекот за месец мај. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,68 м.н.в, што е за 3 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 58 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Минатиот месец имаше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на 18 мај 2026 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Детален Урбанистички План (ДУП) за УЗ 10, УБ 10.3 – Опфат 1 Охрид. Повеќе информации ОВДЕ. (Крај) ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со дефиле со противпожарни возила низ Охрид и останати соодветни активности, ТППЕ Охрид денеска го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите. Дефилето започна околу 10:00 часот, по што следуваа и останатите предвидени активности во склоп на објектот на охридската противпожарна територијална единица. Во Охрид првите контури на противпожарно делување датираат уште од 1886 година, кога се создадени маалски ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 22 мај, во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со условите за настава, современо опремените кабинети и практичната работа што се реализира во училиштето. Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажан дел од денешната улица „Македонски просветители“ пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – Интересна игра била сигурно, тркалање ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во стариот дел на градот, на потегот кај плажата „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со промоцијата на последните две песни „Еден пат за еден живот“ и „Едно мирно топло лето“, Коки Јанков го заокружи новиот албум „Навикни на промени“. На албумот има 20 преработки на песни кои ги свиреше со дуото „Дуле и Коки“ и со групата „Тајфата“. – Секој понеделник во изминативе два месеца излегуваа по две песни и два спота, кои ги снимавме во Велешкиот театар. Овојпат, со екипата музичари решивме да не го ...