Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Луис Хамилтон покажа голема класа со начинот на кој му оддаде признание на новиот шампион Кими Антонели на трката за Големата награда во Мексико, но истовремено го искажа и својот бес преку тимското радио, но и по крајот на трката кога даваше интервјуа за медиумите. Седумкратниот светски шампион распали по тимскиот колега Шарл Леклер и го осуди за невнимателно возење уште во првиот круг и заклучи дека возачот од Монако ја компромитирал трката ...
Јаник Синер не можеше да се прости од Дарен Кејхил со настапи на тенискиот терен, но затоа му посвети специјално видео на својот тренер со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата. Кејхил најави повлекување од тренерските води уште минатата сезона, но по барање на Синер остана уште една година дел од стручниот штаб на Италијанецот, кој во иднина ќе соработува со Магнус Норман. Синер денеска официјално ја потврди разделбата со ...
По трите порази во низа, Голден Стејт целосно ја промени плочата во изминатите десетина дена, па во период помал од две седмици успеа да запише шестата победа во серија во НБА лигата. Стеф Кари и натаму е вистински лидер на „воините“ и прави главна разлика на теренот како организатор и пресуден шутер, па во тој стил се прикажа и во битката со Јанис Адетокумбо и пријателите. Голден Стејт го победи Мајами со убедливи 20 поени разлика и славеше ...
Чарлс Баси го заврши натпреварот против Мајами со задоволувачки за него 8 поени и 7 скокови, па иако заврши добра работа во двата правци, еден негов обид за тројка стана вирален хит. Резервистот во тимот на Голден Стејт служи за ротација и во моменти кога треба да се одмори стартната петорка, а во моменти кога победата над Мајами беше решена, тој успеа да ги измасмее двете најголеми ѕвезди на тимот. Стеф Кари доби одмор откако ги реши ...
Дербито во Кратово кое се одигра денеска од 13:00 часот беше речиси пресликано од она што започна еден час порано, но со единствена разлика што на второто победата ја однесе гостинскиот тим. Струга со минимални 1:0 ја победи Шкендија и го презема првото место на табелата, додека во второто дерби ова попладне, Вардар како гостин со истиот резултат славеше над Силекс во Кратово. Иако домашниот тим прв постигна гол во првото полувреме, истиот ...
Лука Дончиќ одигра антологиски натпревар рано утрово против Портланд и го заврши истиот со 53 поени, а во моменти кога испиша неколку рекорди во НБА со оваа партија, очекувано е тоа што Словенецот се најде во центарот на вниманието. Дончиќ има МВП бројки од стартот на сезоната и навистина игра во страшна форма, но по натпрварот во центарот на вниманието се најде и Заир Вилијамс кој успеа да ги помеша најдобрите белци во тимот. Остин Ривс ...
Струга и Шкендија одиграа тврд натпревар кој е карактеристичен за големите дерби пресметки во нашата земја, а како по непишано правило, на крајот решаваше еден момент на инспирација кој попладнево беше на страна на домаќините. Човек на одлука беше Христијан Малески кој мајсторски биеше со глава во 72-та минута за гол во мрежата на Шкендија, но мора да се нагласи дека голема работа претходно заврши и голманот Василев кој во неколку наврати ги ...
Унаи Емери изовнредно ја води Астон Вила веќе неколку години, но ако треба да бира едно место кое е доста некомотно за него и неговите играчи, тоа дефинитивно е „Олд Трафорд“. Работејќи за три различни клуба во својата кариера (Валенсија, Арсенал и Астон Вила), Емери дури 11 пати гостуваше на театарот на соништата и не успеа да запише ниту една победа, а неговиот биланс од осум порази и три реми средби прави да влезе со максимален респект за ...
Манчестер Јунајтед му даде посебно значење на вчерашниот ден и објави низа спомени од времето кога Сер Алекс Фергусон го водеше тимот, од едноставна причина што вчера се одбележа 40-годишен јубилеј од моментот кога славниот Шкотланѓанец го презема великанот од „Олд Трафорд“. Вчера се навршија точно 40 години од фамозниот 6-ти ноември 1986-та година кога Фергусон за првпат седна на клупата на театарот на соништата, а со овој значаен јубилеј се ...
Матео Гендузи пристигна со статус на „персона нон грата“ на „Олимпик Парк“, а по крајот на натпреварот си замина од стадионот како човек кој е убедливо најомразен во градот Лион. Гендузи како поранешен играч на омразениот ривал Марсеј влезе со провокативен настап уште за време на загревањето кога им покажуваше среден прст на навивачите на Лион, а како што одминуваше натпреварот, тензијата го достигна врвот. Фенербахче успеа да победи со 1:2 и ...
Карлос Корберан побара двајца голмани кои можат да бидат стартери во секој момент за новата натпреварувачка сезона, а откако тоа го имаше во Столе Димитриевски подолго време, сега тренерот на Валенсија доби и втор голман. „Лилјаците“ го промовираа Кејн Ван Увелен кој дојде на позајмица од Ипсвич, па иако медиумите го најавија како човек кој треба да му биде сериозен конкурент на Столе, младиот 23-годишен Холанѓанец посочи дека доаѓа со желба ...
Новиот Реал Мадрид на Жозе Мурињо вчера се претстави на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се соочи со одредени проблеми во првото полувреме, во второто целосно го нокаутираше Реал Сосиедад и на крајот победи лесно со 4:1. Реално гледано, домаќините можеа да постигнат и многу повеќе погодоци во вторите 45 минути, но Мурињо си замина од теренот со голема насмевка на лицето, особено и поради фактот што ова за него претставуваше „второ деби“ во ...
Жоан Лапорта вчера имаше институционално обраќање и се огласи за „жешката“ тема наречена Хулијан Алварез, односно претседателот на Барселона отворено призна дека клубот се уште е во игра за ангажман на аргентинскиот напаѓач. Иако нагласи дека шпанскиот првак во еден момент се откажа од оваа операција, Лапорта образложува дека дошло до нова промена откако разбрале дека Атлетико го нуди Алварез на други клубови, па за нив се уште важи понудата ...
АЕК, Слован, Фенербахче и Викинг ги пополнија последните четири места во главната фаза во Лигата на шампиони, а во пресрет на денешната ждрепка која е закажана за 18:00 часот, УЕФА го одреди и изгледот на четирите шешири. Со оглед на новиот распоред кој е на сила веќе трета сезона, Лигата на шампиони брои 36 тима во главната рунда и секој тим ќе добие по два ривали од секој квалитативен шешир, а пред ждрепката која ќе биде актуелна во Монако ...
Манчестер Јунајтед внимателно влече потези во овој преоден рок, трансфер пазар во кој фокусот беше ставен на засилувања на средината на теренот. По Андреј Сантош и Јури Тилеманс кои пристигнаа од Челси и Астон Вила, „црвените ѓаволи“ го доведоа Карлос Балеба, фудбалер кого го посакуваа и минатото лето. Јунајтед издвоија 65 милиони фунти, сума која може да дојде и до 70 со одредени бонуси, сума која е далеку помала од она што Брајтон го бараше ...
Ноа Фарахан е едно од новите имиња во редовите на МЗТ Скопје, американски интернационалец кој треба да биде еден од главните играчи во сезоната 2026/2027. „Штрковите“ ги очекуваат борби на повеќе фронтови, а Фарахан е подготвен да даде се од себе за да се остварат целите на клубот. –Скопје е навистина убав град, особено Аеродром каде што минувам најголем дел од времето, а луѓето се прекрасни и ме пречекаа со раширени раце. Стручниот штаб, ...
Њукасл се одлучи да ја обнови екипата оваа лето, остана без значајни играчи, но и доведе доста нови имиња од кои последното доаѓа од Манчестер Сити. Нов член на клубот од „Сент Џејмс Парк“ е 24-годишниот Нико Гонзалес кој потпиша повеќегодишен договор. -Навистина сум среќен што сум тука во овој неверојатен клуб. Слушнав само најдобри зборови за клубот и градот, па затоа сум навистина возбуден што живеам тука и што сум дел од овој проект. Веќе ...
Третото коло од англискиот Карабао куп подразбира вклучување и на екипите кои имаа најдобар пласман во Премиер лигата минатата сезона и на тој начин изборија и пласман во европските купови. Фановите со нетрпение ја очекуваа ждрепката за оваа рунда, по која стана јасно против кого ќе играат и најелитните и најамбициозните клубови, а најинтересната двојка дефинитивно е Ливерпул-Тотенхем. „Црвените“ ќе бидат фаворити и ќе играат на домашен ...
Норвешкиот фудбал доживува вистинска експанзија, па откако репрезентацијата блескаше на Светското првенство сега гледаме како во нагорна линија се движи и клупскиот фудбал. Имено оваа земја ќе има два претставници во групната фаза на Лигата на шампионите, односно на Бодо Глимт вечерва му се приклучи и Викинг. Викинг го доби Динамо Загреб со 3-1 во реваншот и со вкупни 5-3 испиша нова страница во историјата. Оваа вечер ќе ја памети и ...
Екипата на Реал Мадрид ја забележа втората победа во вториот сезонски натпревар во шпанската Примера. Тимот предводен од Жозе Мурињо славеше над Реал Сосиедад со 4-1 и со тоа им се приклучи на Севилја и Бетис на врвот на табелата, состави со 100 процентен учинок во досегашниот тек на шампионатот. Првото полувреме донесе два гола во самата завршница Мбапе погоди во 40, Сучиќ одговори во 44 за 1-1 на паузата. Фаворитот се наметна по одморот, ...
Тотенхем доживеа потоп на отварањето на новата сезона во Премиер лигата и токму поради тоа се очекуваше соодветен одговор, реакција на вечерашниот меч против Чарлтон во Лига Купот, реакција до која дојде со оглед на остварената победа од 5-1. Мур и Соланке погодија во првиот дел, Дансо, Дејвис и Савињо во второто полувреме. Ова за Бразилецот беше деби во дресот на „петлите“, за 20 минути освен гол забележа и асистенција. ТУКА погледнете ги ...
Премиерлигашот Астон Вила прави огромни промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок и тимот ќе изгледа комплетно изменет за натпреварувачката 2026/2027, состав за кој допрва ќе видиме дали ќе може да соодветно да одговори и донесе добри резултати. Актуелниот освојувач на Лига Европа остана без услугите на неколку клучни играчи како Роџерс, Конса, Тилеманс, Дињ…листа на која сега ќе биде додаден и Оли Воткинс. Англискиот ...
Нов ден, ново засилување за македонскиот второлигаш Пелистер кој има јасна цел и амбиција експресно да се врати во првата лига. Клубот од Битола вчера ја засили офанзивната линија со Иван Ивановски, додека пак денеска се пофали со потписот на Марко Стојилевски. Тој може да покрие повеќе позиции во дефанзивата со тоа што најчесто е користен како десен бек. Беше дел од Вардар, Брера Струмица и Смедерево од Србија. Нов ден, ново засилување за ...
Ракометарите на Алкалоид со пораз од Партизан од 39:31 го започна настапот во Регионалата лига. Ова беше соочување на актуелниот и поранешниот македонски селектор Кире Лазаров и Раул Гонзалес, а поуспешен беше Шпанецот кој пронајде начин неговата екипа да слави во Автокоманда. „Црно-белите“ од Белград имаа подобри решенија на натпреварот, ја контролираа играта и заслужено дојдоа до триумф. Партизан водеше со 17:15 по првото полувреме, ...
Екипата на Еурофарм Пелистер забележаа нов триумф во Регионалната лига, овојпат во соочувањето со Ловќен кое го добија со 45:33. Избраниците на Лино Червар беа расположени за игра и без проблеми се справија со ривалот од Црна Гора. „Зелено-белите“ наметнаа свое темпо и ритам уште во првото полувреме кое го реализираа со 24:15 и на тој начин го најавија триумфот. И по паузата Пелистер беше подобар тим и ја заврши работата за второ славје во ...
Нови порази претрпеа одбојкарската и ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Таранто. Одбојкарките загубија од Грција со 3-1 во сетови во меч во кој добро го отворија и поведоа (25-22), меѓутоа потоа таа игра не ја повторија, противничките покажаа зошто се фаворити и со 26-13, 25-7, 25-17 дојдоа до посакуваниот резултат. Следно за избраничките на Милош Гавриловиќ е соочувањето со Алжир. Ракометарките пак немоќни во ...
Македонската кошаркарска репрезентација доби супер квалитетно засилување во името на Мозес Рајт, еден од најдобрите центри во Евролигата во минатата сезона, ас кој прифати за игра за нашата земја. Тој веќе работи со новите колеги, соиграчи и со нетрпение го очекува важниот меч со Австрија во Виена закажан за 30 август. –Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе ...
Поранешниот македонски шампион Работнички официјално потврди уште едно засилување за натпреварувачката 2026/2027. Нов член на скопскиот тим е Атанасиј Трајанов кој доаѓа од Партизан Водно Санс. Се работи за младински репрезентативец на Македонија кој ги покрива позициите три и четири. Претходно центарци ги доведоа Дарин Говенс, Тарик Брунчевиќ,Фатјон Реџа и Кристијан Николов, додека соработката беше продолжена со Дамјан Робев, Лука Петровски ...
Брегалница повторно е дел од најсилната домашна фудбалска конуренција каде по првите четири кола забележа две победи и два порази. Клубот од Штип има цел да биде стабилен фудбалски прволигаш и токму поради тоа се обидува да изгради квалитетен и конкурентен состав. Токму денеска „сините“ обезбедија две квалитетни имиња, двајца играчи кои се повратници во Брегалница. Првиот е Иван Николов, фудбалер од средината на теренот кој по ангажманите во ...
Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица. Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат. Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава ...