Реал Мадрид го слави името на Карлос Еспи кој успеа да погоди во самата завршница од мечот со Еспањол, погодок кој беше доволен за „кралевите“ да се изборат за тешка победа на гостувањето во Барселона. Младиот шпански напаѓач се најде на вистинско место и успеа да го совлада искусниот Дмитровиќ, кој откако прими гол за 2:1, мораше да трпи и „јавање“ од еден свој поранешен соиграч. Последниот судиски свиреж донесе и една необична сцена меѓу ...

Мохамед Салах го отвори контото како главна ѕвезда на Трабзонспор во турската фудаблска Суперлига, натпреварување во кое досегашната ѕвезда на Ливерпул ги постигна првите голови. Во трансфер кој изненади голем дел од јавноста, Салах ги замени црвените бои на Ливерпул за оние на гордоста на градот Трабзон, а денеска верните фанови на Трабзонспор сведочеа на првиот фудбалски мастерклас на големиот мајстор. Салах постигна два гола во свој ...

Ливерпул покажа дефанзивни аномалии какошто тоа беше случај цела мината сезона и на дебито на Андони Ираола како менаџер на „црвените“ во Премиер лигата, а во меч во кој традиционално носи многу возбудувања и голем број шанси, Њукасл може повеќе да жали што остана без победа. „Страчките“ на Германецот Јајсле двапати водеа против фаворитот и се чинеше дека ја имаат победата во раце во самата завршница, но кога сите го чекаа последниот судиски ...

Атлетико Мадрид реши добар дел од прашањата кога се влезните трансфери во прашање, но еден излезен се уште надвиснува над клубот и навистина никој не може да претпостави што ќе се случи до самиот крај. Челниците на клубот во повеќе наврати уверуваа дека Хулијан Алварез ќе остане во Атлетико и покрај тоа што самиот играч побара трансфер во Барселона, но дури и да се случи такво нешто, јасно е дека односот меѓу Аргентинецот и навивачите на ...

Ерлинг Халанд направи радикална промена и се „чекираше“ во новата натпреварувачка сезона со целосно нова фризура, односно се прикажа во издание со кое остана без својот препознатлив знак. Репчето барем некое време оди во историјата во ситуација кога Халанд се потшиша навистина кратко, а во низата објави кои самиот ги имаше пред мечот со Борнмут, посебно за издвојување е видеото со кое ги долови реакциите на тројца добри познаници. Халанд им ...

Интер на извонреден начин ја отвори новата сезона во Серија А и ја победи Монца со 4:1, натпревар на кој Лаутаро Мартинез го прослави и својот 29-ти роденден. Капитенот на Интер немаше можност да го зачини посебниот ден со гол во мрежата на Монца, но затоа славеникот доживеа големо изненадување на улиците во Милано. Додека одел на пат кон дома заедно со својата сопруга, Мартинез бил пресретнат од неколку аргентински фанови кои биле во друг ...

Македонските борачи се прикажуваат во извонредно светло на Медитеранските игри во Таранто, па така во текот на денешниот ден запишавме низа резултати кои вредат да се одбележат. Македонија ќе има двајца претставници во битката за златен медал во утрешните финалиња, најпрво во категоријата до 74 килограми, а потоа и во категоријата до 97 килограми. Фати Вејсели во полуфиналната битка оствари победа од 5:3 над Турчинот Јасин Јесил и покажа дека ...

Тибо Куртоа не задоцни да му одговори на Еспањол и да застане во одбрана на својот соиграч Винисиус Жуниор по натпреварот во Барселона, но голманот на Реал Мадрид привлече внимание и со изјавата која ја даде за јунакот Карлос Еспи. Засилувањето од Леванте се издвојува од останатите фудбалери со карактеристиките на „класична деветка“ и тоа е играч од кој може да се очекуваат многу голови во завршницата од натпреварите, па Куртоа кој лани ...

Навивачите на Атлетико Мадрид се бесни на Хулијан Алварез и тешко ќе му простат за изјавата која ја даде за време на мундијалот, но додека фановите сакаат што побрзо да биде продаден и да си замине од тимот, клубот има други намери. Атлетико прави се што е во негова моќ да го задржи Аргентинецот и одбива да преговара со Барселона, па додека челниците на клубот тераат свој правец, навивачите денеска добија вистинска шанса да покажат што мислат ...

Патеката во Зандворт за последен пат е дел од Ф1 календарот оваа сезона, а токму поради тоа, Макс Ферстапен ќе има повеќе причини да жали поради инцидентот кој му се случи на крајот на вториот круг. Влажната патека на стартот на трката предизвика да видиме едно страшно извртување на домашниот миленик кој заврши во заштитната ограда, а позитивна околност беше тоа што ниту еден друг ривал не налета на него со оглед на тоа што несреќата се случи ...

Артур Фис ја продолжи својата одлична серија на Мастерсот во Синсинати и со победата над Џовани Коболи стигна до финалето на овој турнир. Французинот го доби мечот со италијанскиот ривал во два сета (6:3/6:4), а од неговата победа индиректно ќе профитира и Новак Ѓоковиќ. Грен-слем рекордерот веќе се подготвува за настап на Ју-Ес Опен, а на турнирот ќе пристигне како четврти носител, пред се поради фактот што поразот на Коболи значи дека ќе се ...

Лионел Меси, Антоан Гризман и останатите големи ѕвезди на МЛС можеби добиваат најмногу внимание од медиумите на глобално ниво, но и другите фудбалери кои се докажуваат на американскиот континент имаат простор за блесок. Тоа се случи на дуелот меѓу Сан Хозе и Минесота, на кој првиот гол го постигна добро познатиот Тимо Вернер од пенал, но гостите до крајот направија пресврт и стигнаа до убедлива победа со резултат 1:5. Најдобриот потег беше ...

Манчестер Сити направи пресврт во завршницата на драматичниот дуел со Борнмут (2:1), додека Астон Вила доживеа тежок пораз (4:0) на гостувањето кај Брајтон. Екипата која неодамна се бореше за европскиот Суперкуп денеска настрада на гостувањето кај Брајтон, примајќи дури четири голови во првото полувреме Линделоф со автогол ја отвори серијата уште на стартот, а Де Кујпер со еден Хиншелвуд со два гола го дотолчија тимот на Унај Емери, кој пред ...

Баерн Минхен ја најави новата сезона со победа на Суперкуп пресметката со Борусија Дортмунд, а она што го приметија медиумите е фактот што Саша Бои воопшто не беше во составот на Баварците. Бои е еден од играчите кои се прогласени за прекубројни и одамна им било посочено да си најдат нов клуб, но тој засега останува во статус кво позиција и очигледно не се решил за нова дестинација во кариерата. Тренерот Венсан Компани вчера не го ни повика ...

Трент Александер-Арнолд признал дека очекувал да биде дел од англиската репрезентација на последното светско првенство и бил шокиран откако селекторот му го соопштил спротивното. Фудбалерот на Реал Мадрид реализирал интервју за „Мирор“, а во него покрај за другите теми, зборувал и за пропуштениот миндијал. Трент открил дека не правел никакви планови за одмор или било што друго во текот на летото, очекувајќи дека ќе има обврски кон ...

Тотенхем доживеа убедлив пораз на стартот на новата сезона, а натпреварот против Брентфорд ги потсети фановите на фрустрациите од претходната сезона. Лондонскиот клуб потроши голема сума за инвестиции во нови играчи, но вчера загуби со 3:0 од градскиот ривал, а менаџерот Роберто Де Ѕерби се обидел да ги детектира причините за ваквото издание. – Мислам дека се уште не сме тим и тоа од различни причини, не сме доволно подготвени ни на физички ...

Навивачите на Милан очекуваа дека новиот спортски менаџмент и тренерската смена ќе донесат и одредени промени во ростерот, но ретко кој можеше да претпостави дека „росонерите“ толку брзо ќе се откажат од Кристофер Нкунку. Французинот се најде надвор од проектот на Рубен Аморим и неговите агенти добија задача да му најдат нов клуб до крајот на преодниот рок, а решението е пронајдено во неговиот поранешен клуб РБ Лајпциг. „Биковите“ планираат ...

Елиф Елмас вчера беше промовиран како засилување на Аталанта, а денеска барем теоретски може да дебитира за својот нов клуб. Македонскиот репрезентативец беше поврзуван со повеќе италијански клубови, на крајот новиот спортски директор Кристијано Џунтоли го доведе во Бергамо, со што Елмас ќе соработува со искусниот Маурицио Сари. Сари ќе дебитира на клупата на Аталанта во Серија А со натпреварот против Сасуоло, а утринава го утврдил и составот ...

Во пресрет на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити конечно ги комплетирал преговорите за еден од играчите за кои беше заинтересиран подолго време. Најугледните европски новинари предводени од Дејвид Орнстајн, попладнево потврдија дека Сити постигнал договор со Лил за трансферот на Ајуб Буади, кој ќе се пресели во Сити. Премиерлигашот ќе плати фиксни 95 милиони еври, а францускиот клуб ќе може да добие уште 5 ...

Мохамед Салах изненади голем дел од своите фанови откако прифати да потпише за турскиот прволигаш Трабзонспор, а амбициозното раководство се обидува дополнително да го надгради квалитетот на екипата, со што таа ќе биде поконкурентна во дуелите со ривалите од Истанбул. Медиумите тврдат дека во Трабзонспор сега ќе пристигне и Фабињо, поранешниот соиграч на Салах од трофејните денови во Ливерпул и фудбалер кој може сериозно да му помогне на овој ...

Ерлинг Халанд повторно ќе биде главен адут во нападот на Манчестер Сити, а големата норвешка ѕвезда реши да направи голема промена во однос на својот имиџ. Напаѓачот на премиерлигашот преку социјалните мрежи најави „нова фризура за нова сезона“, потврдувајќи дека се збогувал со долгата коса, која беше препознатлива за неговата досегашна кариера. View this post on Instagram A post shared by Erling Braut Haaland (@erling) Халанд беше најдобар ...

Раководството на Рома конечно ја заврши потрагата по нов лев бек и изборот падна на Џејден Остерволде од редовите на Фенербахче. Холандскиот дефанзивец ќе пристигне во Рим на заем, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор за околу 18 милиони евра. Опцијата може да стане задолжителен откуп доколку бидат исполнети одредени услови, меѓу кои најверојатно и одреден број настапи. Преговорите меѓу двата клуба се интензивирале ...

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието и за него најмногу се зборува по првиот натпревар на Реал Мадрид во новата сезона на Ла Лига. Од Реал обвинуваат дека Бразилецот е жртва на булинг од противничките играчи и навивачи, од таборот на Еспањол сметаат дека се што се случувало било во рамките на нормален фудбалски натпревар, а самиот фудбалер реши да реагира поради еден потег на член на домашниот тим. Кала и Винисиус беа ...

Манчестер Сити влегува во новата сезона со нов менаџер и многу промени во составот, а една од нив е разделбата со Родри, кој имаше многу важна улога во тимот кој сега е предводен од Енцо Мареска. Родри се пресели во Барселона, а Сити се уште преговара за неговите потенцијални наследници на клучна позиција во тимот. – Ќе се обидам да најдам нов Родри за Сити, мора да ја прифатиме реалноста. – Родри немаше освоено ниту еден важен трофеј пред да ...

Дејан Георгиевски победи на својот прв настап на таеквондо турнирот во рамките на Медитеранските игри во Таранто и денеска ќе го очекува својот нов дуел од следната фаза. Македонецот имаше незгоден противник во Тунижанецот Моатаз Ифауи, но успеа да го победи на поени со 2:1 и на тој начин ја оствари првата победа во категорија 80+ килограми. Во четвртфиналето, противник на Георгиевски ќе му биде турскиот репрезентативец Хусеин Демирчиоглу. ...

Лучијано Спалети морал да зборува на многу теми на првата прес-конференција поврзана со новата сезона во Серија А, а неговиот Јувентус денеска ќе ја има премиерата на гостувањето кај Фрозиноне. Меѓу другите теми, новинарите ја начнале и таа за големиот интерес на Арсенал за Кенан Јилдиз, односно желбата на Микел Артета да го доведе турскиот репрезентативец за сума од околу 100 милиони евра. Спалети смета дека Јилдиз има јасна иднина и таа е ...

Лионел Меси го постигна единствениот гол за Интер Мајами на дуелот со Торонто, а неговата екипа доживеа нов пораз во МЛС. Аргентинецот погоди на асистенција на својот сонародник Де Пол, но гостите од Канада стигнаа до три големи бодови во сезоната во која имаат само пет победи. Сарџент и Етјен набрзина донесоа убедлива предност за гостите во второто полувреме, Меси успеа да намали во 82. минута, но неговиот тим не стигна до израмнување и сега ...

Реал Мадрид ги освои трите бода на незгодното гостување кај Еспањол, а и по овој натпревар, во Шпанија повторно се зборува за Винисиус и се она што што се случуваше околу неговиот настап во Барселона. Домашните фанови бараа втор жолт картон поради симулирање, од Реал Мадрид бараа црвен картон за еден груб старт над него, а на крајот Бразилецот беше поддржан и од тренерот Жозе Мурињо. На прес-конференцијата по средбата, португалскиот стручњак ...

Џенова прими два гола од Наполи во финишот на средбата од првото коло на Серија А, а домаќините се бесни на судиите кои не го поништија првиот погодок, односно реализацијата на Кевин де Брујне. Де Брујне оттурна противнички играч пред да постигне гол, судијата тргна да суди прекршок во напад, но на крајот се повлече, а Наполи го отвори патот кон победата. Спортскиот директор Диего Лопез не го поштедил судијата Марко Ди Бело, ниту неговите ...

Манчестер Јунајтед целосно потфрли на гостувањето кај Хал Сити и дозволи да загуби на премиерата во новата сезона, и тоа од тим кој многумина веќе го видоа како апсолутен фаворит за враќање во Втора лига. Новајлијата во елитното друштво му ги замрси сметките на Мајкл Карик и профитираше од лошата поставеност на „ѓаволите“ при прекини, а во победата од 2:0, доста потфрлија и големите летни засилувања кои добија своја шанса во стартниот тим. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42