Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
По воведниот турнир во Скопје каде македонската репрезентација имаше половичен учинок и забележа една победа и еден пораз, пред нашите „спартанци“ е турнирот во Атина, град во кој ќе ги одмериме силите со домаќинот Грција и со Исланд. Селекторот Јошко Миленкоски не направи промени и најави дека гледа на Грција како тим кој ја има фаворитската улога на овој турнир, но Филип Савовски како играч кој ја мина сезоната во Панатинаикос, смета дека ...
Реал Мадрид оваа вечер го потврди Жозе Мурињо за нов тренер и соопшти дека Португалецот потпишал тригодишен договор, но веднаш откако оваа вест стана официјална, се појавија силни гласини за првата трансфер желба која ја побарал „специјалниот“. Иако пред два дена се говореше дека неговата прва мета ќе биде Матеус Фернандеш од Вест Хем, последните вести велат дека приоритет му се дал на играчот кој е слободен агент, односно елитниот сонародник ...
Мексико ја оправда фаворитската улога и фудбалерите на Хавиер Агире режираа големо задоволство за повеќе од 80 илјади фанови на „Ацтека“ стадионот во Мексико Сити, не само поради играта која ја прикажаа, туку и поради победата и трите освоени бода. Јужна Африка во ниту еден момент не беше достоен ривал за Мексико и ниту еднаш не го загрози голот на Ранхел, а од друга страна, правеше големи грешки и непотребни потези кои резултираа со два гола ...
Александер Зверев во неделата си го исполни животниот сон и стана грен слем шампион на 29-годишна возраст, откако во големото финале на Ролан Гарос успеа да слави со 3:2 во сетови против Флавио Коболи. Германскиот тенисер стави крај на „клетвата“ и после три загубени финалиња стигна до толку посакуваниот трофеј на турнирите од големата четворка, но низата честитки кои ги доби на социјалните мрежи, самиот Зверев призна дека поважни му се оние ...
Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и тој беше дел од последната генерација на Бразил која освои Светска титула, онаа во 2002-ра година која беше најдобра во Кореа и Јапонија. Во својата блескава кариера, Кафу во два наврати беше светски шампион, но бидејќи Бразилците чекаат за најпосакуваниот трофеј цели 24 години, се поставува прашање дали Карло Анчелоти може да направи нешто поразлично од неговите ...
САД, Мексико и Канада се домаќините на 23-то Светско првенство во фудбал, а еден од кодомаќините ја доби привлегијата да го отвори големиот спортски настан. Во моменти кога трае официјалната церемонија по повод отворањето на мундијалот, пристигнаа и првите стартни постави од двете селекции кои ќе истрчат на теренот, односно домаќинот Мексико и Јужна Африка. Искусниот стручњак Хавиер Агире се одлучи за неколку изненадувања во стартната ...
Антонио Валенсија одбележа убава ера во Манчестер Јунајтед и заврши на „Олд Трафорд“ како капитен на тимот, а како човек кој секогаш беше препознатлив по својот професионализам и напорна работа, посакува да гледа такви играчи во актуелниот тим на Мајкл Карик. Таков профил на фудбалер дефинитивно беше Касемиро кој реши да си замине, а во период кога се бара замена за Бразилецот, Валенсија препорачува играч кој е негов сонародник. Челси плати ...
Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка стартуваше 23-то Светско првенство во фудбал, а веќе во воведната фаза на мечот, се доби впечаток кој тим ќе се прашува за сите работи на теренот. Кодомаќинот на мундијалот отвори максимално агресивно и со силниот пресинг им направи проблеми на играчите од Јужна Африка, па по неискористената шанса на Раул Хименез, следеше голема грешка на гостите. Киксот во потесната одбрана му овозможи на Кињонес да ...
Лотар Матеус верува дека овој тим на Јулијан Нагелсман може да го поправи впечатокот од последните две Светски првенства и очекува подобар резултат, но сепак вели дека „Ди Машафт“ нема да најде лек за својата „црна мачка“. Германија во поновата фудаблска историја загуби многу важни натпревари од Шпанија, а после контроверзната елиминација на Европското првенство пред две години, Матеус смета дека Гермаците сега ќе загубат од европскиот првак ...
САД, Мексико и Канада се домаќините на 23-то Светско првенство во фудбал, а еден од кодомаќините ја доби привлегијата да го отвори големиот спортски настан. Во моменти кога трае официјалната церемонија по повод отворањето на мундијалот, пристигнаа и првите стартни постави од двете селекции кои ќе истрчат на теренот, односно домаќинот Мексико и Јужна Африка. Искусниот стручњак Хавиер Агире се одлучи за неколку изненадувања во стартната ...
Тоа што се најавуваше во шпанската спортска јавност од крајот на сезоната, денеска доби официјална потврда, и тоа од страна на Реал Мадрид преку официјално соопштение. Иако требаше да биде претставен на крајот на месец мај, претседателските избори во Реал го одложија пристигнувањето на Жозе Мурињо, па иако во меѓувреме неговата клаузула двојно се зголеми, Флорентино Перез не се штедеше и исплати 15 милиони евра во касата на Бенфика. ...
Асан Оудраого доби дополнителен повик и сензационална шанса да биде дел од Светското првенство, сето тоа како последица на немила повреда која ја заработи Ленарт Карл. Младата ѕвезда на Баерн Минхен се повреди и отпадна од списокот на Јулијан Нагелсман, а изборот за замена на селектор падна на Асан Оудраого од редовите на РБ Лајпциг. Младиот офанзивен фудбалер се приклучи на тимот и веќе тренира со новите соиграчи неколку дена, па исто како и ...
Фернандо Алонсо се уште нема донесено одлука за својата иднина и дали ќе остане дел од „најбриот циркус“ и наредната сезона, но и самиот се помирува со фактот дека нема да вози во 2028-ма година. Поради ротацијата со СПА, трката во Каталонија нема да биде дел од Ф1 календарот наредната сезона, па оваа претстојната која се вози овој викенд ќе биде последната за Алонсо на една од омилените патеки. Возачот на Астон Мартин говореше за поврзаноста ...
Њујорк Никс последната титула во НБА лигата ја има освоено во далечната 1973-та година, а сега дојде на само една победа од испишување на нова историја. Најдобриот тим на Истокот направи сензационален пресврт на четвртиот натпревар во финалната серија и „стопи“ 29 поени негатива во пресметката на Сан Антонио, но додека сите зборуваат за лудилото во „Медисон Сквер гарден“ со суперлативи, легендарниот Чарлс Баркли распали по лошиот противник. ...
Лошата сезона беше јасна најава дека Њукасл ќе мора да се откаже од дел од најдобрите фудбалери, а прв кој се реши за таков потег уште во раната фаза на месец јуни испадна Антони Гордон. Англискиот репрезентативец направи трансфер уште пред почетокот на Светското првенство и веќе е член на Барселона, па ако за него тоа значеше исполнување на сонот, за Њукасл овој потег донесе зголема активност уште во раната фаза на летниот преоден рок. ...
Рафаел Надал е човек кој е горд на себе и на се она што оствари во тенисот, но ако треба да бара нешто за кое жали, се навраќа на епското финале во 2012-та година. После речиси шестчасовна битка на „Род Лејвер арената“, Надал после пет сета беше поразен од Ѓоковиќ и мораше да му подаде рака на српскиот ривал, иако во петтиот сет тој беше оној кој беше во подобри услови да стигне до победа. Надал прв направи брејк и водеше со 4:2, но кога ...
Виктор Вембањама и неговите соиграчи од Сан Антонио одиграа перфектно полувреме во „Медисон Сквер Гарден“, но колку што беа добри воведните 24 минути, толку беа лоши останатите 24. Спарси успеаја да прокоцкаат предност од 29 поени во четвртиот натпревар од НБА финалето и испишаа негативна историја во овој спорт, или поточно, Њујорк испиша нова страница во историјата со најлудиот и најголем пресврт во НБА финалињата. Никси беа на работ од ...
Омар Артан се претвори во топ тема во светската спортска јавност од едноставна причина што му беше забранет слободен влез во Америка, земја која му одреди вето и која не му ја одобри визата за престој во земјата. Еден од домаќините на Светското првенство го остави најдобриот африкански судија без толку посакуваниот мундија, а додека медиумите пишуваа за големата неправда, во Сомалија се случи нешто навистина посебно. Артан беше пречекан како ...
Њујорк Никс е на еден чекор од прва титула во НБА лигата уште од 1973 година откако рано утрово успеа да го добие Сан Антонио Спарс во четвртиот меч од финалето. Гостите од Тексас „продадоа“ уште еден натпревар и сега ќе им треба вистинско чудо да направат нешто повеќе во оваа битка. Спарси водеа со 29 разлика во „Медисон Сквер Гарден“, предност која ја загубија за помалку од едно полувреме и сега се во исклучително тешка ситуација. Херој на ...
Барселона важи за колектив кој има најмногу избор во средниот ред, а во таква ситуација, Ханси Флик не може да биде праведен кон сите фудбалери кои ги има на располагање. Ако пред една година најголемо откровение во стартниот тим на Германецот беше Касадо, младиот играч за врска во сезоанта која измина не добива шанса како обично, па тоа што се шпекулираше и минатото лето, по се изгледа ќе се реализира во раната фаза на новиот летен преоден ...
Јувентус никако не може да биде задоволен од последната сезона, во која покрај тоа што не успеа да обезбеди ни пласман во Лигата на шампионите, ги разочара фановите и со новата серија промашени трансфери. Демиен Комоли кој беше доведен во клубот да ја подобри трансфер стратегијата и кој во меѓувреме доби функција на Извршен директор, денеска добил отказ од првиот човек на клубот, Џон Елкан, кој очигледно решил да направи посериозни промени во ...
По децении запоставеност, култната спортска сала „Расадник“ одново ги отвора вратите како нов дом на спортот, младите таленти и идните шампиони на Македонија. Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ја пушти во употреба комплетно реконструираната сала „Расадник“, една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура. На свеченото отворање ...
Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига. Битката за влез во елитното фудбалско друштво во Македонија почнува на 15 август, а првиот дел од шампионатот завршува на 21 ноември. Според календарот на натпревари вториот дел од сезоната почнува на 20 февруари, следната година и ќе трае до 22 мај. Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на ...
Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од Дејвис купот. Во второто коло нашите тенисери беа подобри од селекцијата на Косово, поточно работата беше завршена уште по натпреварите во поединечна конкуренција. Калин Ивановски ја потврди улогата на фаворит и го доби Дони Гаши со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-4, додека пак Олег Приходко беше убедлив против Јасин Јакупи со 6-1 и 6-1. Македонија утре ќе ...
Антоан Гризман дефинитивно се стекна на статус на легенда на Атлетико Мадрид, тим во кој одработи два мандати со тоа што измеѓу беше епизодата во Барселона. Тој пристигна на „Камп Ноу“ како огромно засилување, Барса издвои огромна сума на пари за неговите услуги, но Французинот не успеа да ја пронајде соодветната магија, да се спои со соиграчите на идеален начин иако токму тука го освои најважниот трофеј во Шпанија (во неговата кариера) и тоа ...
Светското фудбалско првенство ќе биде во фокусот наредните 40 дена, турнир кој ќе се прати несекаде низ светот. За жал Македонија не е дел од 48 селекции со обезбеди билет за мундијалот, но без разлика на тоа ќе можеме да уживаме во настанот кој се одржува во три земји-САД, Мексико и Канада. Рио Фердинанд како познато име, ѕвезда сигурно ќе има што да каже во наредниов период, а во меѓувреме одлучи да ја промени и прогнозата за трката за ...
Вечерва започнува Светското фудбалско првенство и тоа со средбата меѓу Мексико и Јужна Африка, натпревар кој својот старт ќе го има во 21 часот. Во пресрет на отварањето на турнирот, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино има соочување со новинарите каде имаше можност да проговори за ситуацијата со најдобриот судија од Африка, Омар Абдулкадир Артан кој пристигна во САД за да ја дели правдата на мундијалот, ама беше вратен назад или поточно не ...
Енцо Фернандез веќе некое време е член на Челси со кого има договор до 2032 година што би требало да значи дека нема никакви шанси да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Меѓутоа се уште има дилеми кога е во прашање Енцо и неговата иднина со тоа што медиумите пренесоа дека премиерлигашот би расчистил со Аргентинецот ако на нивна сметка стигне понуда од 120 милиони фунти. Колку е ова реално ќе покаже времето, но според Емануел Пети играчот од средината ...
На значајниот едукативен собир учествуваа околу 40 национални инструктори од повеќе европски земји, со главен фокус на анализа и унапредување на судењето, како и размена на искуства и знаења меѓу инструкторите. Во рамки на клиниката беа направени детални анализи на судењето во Европа и во одделните региони во изминатиот период, со посебен акцент на ситуациите кои претставуваат предизвик за судиите – како што се неспортска грешка, блокирање и ...
Њујорк Никс со историски пресврт го сруши Сан Антонио Спарс и дојде на еден чекор од титула во НБА лигата, нешто што се чека долго време, уште од минатиот век. Никс губеа со 29 разлика, ама успеаа одново да покажат карактер, знаење, упорност и да го свртат резултатот и донесат огромна радост на нивните навивачи. Меѓутоа поддржувачите на Њујорк се познати по тоа дека знаат да се „исклучат“, знаат да направат инциденти, па така се собраа пред ...