Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Македонската машка ракометна репрезентација за играчи до 20 години ќе учествува на претстојното Европско првенство во Романија, а од денеска е познат и составот со кој ќе располага селекторот Игор Илиевски. Илиевски неодамна го наследи досегашниот селектор Наум Танески, а денеска тој ги откри картите и го објави списокот на играчи кои се повикани за престижното натпреварување. Првиот собир на репрезентативците е закажан за на 15. јуни во ...
Лина Ѓорческа им се врати на тениските турнири, а денеска немаше среќа во дуелот со Екатерина Казионова во Загреб. Најдобрата македонска тенисерка играше речиси два и пол часа на мечот во хрватската престолнина, а почетокот и донесе предност откако го доби првиот сет со убедливи 6:1. Лина имаше предност од 5:3 во вториот сет, дојде и до сет и меч топка, која за жал не ја искористи, по што Казионова успеа да направи серија за 7:5 и ...
Манчестер Јунајтед почнува да го конфекционира тимот за новата натпреварувачка сезона и за очекување е да пристигнат неколку големи засилувања, но пред да дојде на ред промоцијата на нови фудбалери, клубот почна да се поздравува со оние кои не се дел од плановите. Иако клубот имаше голема желба да ја продолжи соработката со Касемиро барем на уште една година, искусниот Бразилец процени дека неговото време во Манчестер Јунајтед е завршено, но ...
Бенфика како клуб го потврди трансферот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид и искусниот поругалски стручњак се одјави на социјалните мрежи, што значи дека полека се подготвуваат и завршните детали за негова промоција на „Бернабеу“. Мурињо набрзо ќе ја започне својата втора етапа како тренер во Реал Мадрид и дефинитивно ќе има голем предизвик да го врати тимот на вистински пат, особено откако „кралевите“ останаа без ниту една освоена титула две ...
Килијан Мбапе најголема ѕвезда во француската репрезентација и како капитен на тимот ќе понесе најголема одговорност на Светското првенство, притисок со кој напаѓачот се носи веќе неколку години. Досегашниот учинок на Мбапе се две финалиња на двете одиграни Светски првенства, па како ѕвезда која сака да биде дел од трето финале во низа, нормално е да се наоѓа во ситуации кога сите камери и погледи се вперени кон него. Лошата сезона во Реал ...
Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ го отвори брифингот со новинарите, но дел од тимот кој се појави пред медиумите беше и селекторот на најсилната репрезентација, Гоце Седлоски. Човекот кој донесе шампионска титула за Вардар во домашниот тим од крајот на сезоната ја извршува исклучиво улогата на национален селектор, па после лошиот старт кој го имаше во месец март и мај, Седлоски најави дека следат доста подобри денови за репрезентативниот ...
Кошаркарската Федерација на Македонија успеа да ја продолжи соработката со еден од своите најверни партнери низ годините, па денеска со големо задоволство ја сподели информацијата за нов договор со Комерцијална банка АД Скопје. Контиунираната поддршка на македонската кошарка им овозможува на играчите да имаат најдобри можни услови за тренинг и подготовки, а новата соработка само потврдува дека двете страни се задоволни од взаемната ...
Маркус Рашфорд имаше солидна сезона во Барселона и Ханси Флик јавно побара да се направи напор за англискиот репрезентативец, но како што стојат работите, каталонскиот великан сепак нема да ја активира клаузулата која ја има како опција за откуп на договорот. Пред да дојде ред прашањето „Рашфорд“, Барселона како клуб направи голема инвестиција и го купи Антони Гордон за сума од 80 милиони евра, па тоа по се изгледа се покажува како пресуден ...
По Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, ПСЖ е уште еден клуб во низата кој му дава „корпа“ на Флорентино Перез, особено откако новиот претседател на Реал Мадрид најави „Галактико засилување“ кое ќе чини најмалку 150 милиони евра. За време на претседателската кампања која ја водеше, Перез најави дека ќе испрати понуда 150 милиони евра за елитен играч, па иако вчера стана познато дека станува збор за Хулијан Алварез, негативниот одговор од Атлетико ...
Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ имаше свој брифинг со новинарите и направи една рекапитулација на тоа што се случуваше во мак-фудбалот во сезоната која неодамна заврши, но секако ги коментираше и најактуелните теми поврзани за најдобрите клубови на нашата сцена. Вардар како клуб вчера информираше дека спогодбено се договорил за УЕФА да исплати казна од 250 илјади евра поради неправилно работење и водење двојни договори во сезоната ...
Унгарија го заокружи овој јунски ФИФА прозорец со втора победа во период од неколку дена, а онаа вчера ја оставри над Казахстан на домашен терен. Унгарците нема да бидат дел од Светското првенство кое следи, но селекторот Роси извади најдобар можен состав против Казахстанците и неговите избраници славеа со 3:1. Собослаи како најголема ѕвезда во домашниот тим го постигна првиот гол за Унгарија и израмни на 1:1, но потегот на средбата го изведе ...
Дидие Дешамп е пред својот последен голем турнир како селектор на Франција и ќе се одјави онака како што доликува, односно како лидер на тимот кој ќе настапи на ново Светско првенство. Франција играше во финалињата на двата последни мундијали и дел од тој пат беше токму Дешамп, кој по мундијалот кој следи ќе стави крај на своето импресивно патување како национален селектор. Човекот кој ја освои светската титула и како играч и како селектор е ...
Роберто Мартиез направи уникатен потег и го вклучи Диого Жота како почесен член на неговиот список на 27 повикани фудбалери за мундијалот во САД, Мексико и Канада, а сега во пресрет на последната контролка која следи денеска со Нигерија, проговори и за значењето кое го има трагично загинатиот фудбалер за цел негов тим. Духот на Жота ќе биде дел од португалскиот тим на мундијалот кој следи, а Мартинез на целата ситуација гледа доста емотивно и ...
Александер Зверев мина десет дена во академијата на Рафаел Надал во јули минатата година и се обиде да вопостави тренерска конекција со Тони Надал, па иако остана максимално задоволен од дружбата и одработените тренинзи, искусниот Шпанец ја одби оваа понуда. Чичкото на легендарниот Рафа учтиво го одби Саша и му порача дека не е расположен за секојдневно патување во овој момент, но речиси една година подоцна, токму Тони е оној кој му ја ...
Рој Кин влезе во вербална расправија со Бруно Фернандеш на крајот на сезоната и го обвини дека брка лични рекорди, наместо да се грижи за тимскиот успех на Манчестер Јунајтед, јасно алудирајќи на потерата која ја имаше Португалецот по бројот на запишани асистенции во Премиер лигата. Бруно постави нов рекорд и стигна до 21-на асистенција во една натпреварувачка сезона, но иако стануваше збор за историски потфат, легендарниот Рој Кин не остана ...
Серена Вилијамс на 44-годишна возраст му се врати на професионалниот тенис, и тоа четири години по последниот меч кој го одигра во својата извонредна сингл кариера. Славната Американка вчера се врати на теренот и беше дел од мечот во двојки во Квинс Клубот, па откако успеа да слави во Лондон, даде и хит изјава за неочекуваниот кам-бек. Откако се пензионираше, Серена се исполни на личен план и по вторпат стана мајка, а сега како сопруга која ...
Лионел Меси се уште прави разлика на највисоко фудбалско ниво и тоа го покажа рано утрово во Алабама, стадион на кој капитенот на Аргентина постигна гол и ја започна акцијата по која „гаучосите“ ги поставија конечните 3:0 против Исланд. На Меси доволни му беа само 20 минути за да дојде до израз и да ја разбие одбраната на Исланѓаните, па иако главна вест е тоа што целосно ја санираше повредата пред стартот на Светското првенство, огромно ...
Чаби Алонсо брзо си најде атрактивна работа и ќе има прва тренерска авантура во Премиер лигата, откако во месец мај успеа да се договори со Челси. Кратката авантура во Реал Мадрид дефинитивно е прва негативна епизода во неговата почетна фаза од кариерата, а како човек кој заврши фантастична работа во Баер Леверкузен, сега ќе има добри предуслови за докажување и во Челси. Шпанецот нема да има лесна задача по турбулентната сезона на „Стемфорд ...
Хари Кејн остави зад себе страшна сезона на клупски план во Баерн Минхен и веднаш се насочи на Светското првенство како капитен и носител на англискиот тим, а како човек од кого ќе се очекуваат доста голови, напаѓачот е подготвен да одговори на најдобар можен начин. Англија не игра баш допадлив фудбал во последно време и Кејн не ужива во стопроцентни шанси како што тоа му се случува во Баерн, но сепак центарфорот е убеден дека овој англиски ...
Аргентина успешно ја положи генералката за Светско првенство и со победа ќе го пречека новиот фудбалски мундијал, турнир на кој ја брани титулата на актуелен светски шампион. Избраниците на Лионел Скалони рано утрово играа тест натпревар против Исланд во Алабама, а пред речиси 90 илјади фанови на трибините, „гаучосите“ се прикажаа во доминантно издание. Резултатот го отвори Барко со гол во раната фаза на мечот, но за вистинските возбудувања ...
Насер Ал Келаифи во повеќе наврати нагласи дека Луис Енрике е најдобрата одлука која ја донел за ПСЖ во својата етапа како мандатар на „светците“, заклучок кој уште еднаш го повтори во најновото интервју кое го направи во Катар. Првиот човек на старо-новиот европски шампион не може да биде посреќен што неговиот тим ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, а како што вели самиот, смета дека производ на тоа е извонредната работа која ја ...
Поради исполнување на обврските кон португалските власти, секој клуб од оваа земја е должен да ги открива сите финансиски детали од операциите во јавноста, па така Бенфика како клуб прв ја соопшти веста за заминувањето на Жозе Мурињо. Пред да дојде официјалното соопштение на Реал Мадрид за кам-бекот на Жозе, Бенфика ја информираше јавноста дека „кралевите“ доставиле гаранција дека ќе ја исплатат откупната клаузула, која поради одложеното ...
САД, Мексико и Канада се домаќини на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и тоа со рекорден број на учеснички, 48 репрезентации. Ова значи повеќе натпревари, повеќе возбудувања и оној кој на крајот ќе ја подигне титулата ќе испише историја затоа што ова е нов форма со оглед на бројот на национални тимови кои ќе бидат дел од настанот. Суперкомпјутерот на Опта излезе со прогноза за тоа меѓу кои селекции треба да се бара ...
Двете најдобри екипи во женскиот ракомет на домашната сцена, Ѓорче Петров и Чаир влечат потези и ги градат составите за наредната сезона. Актуелниот првак Ѓорче Петров ја продолжи соработката со средниот бек Мила Ѓорѓиевска. Претходно нови договори добија Ана Вранчиќ, Ива Велкова и Анастасија Трпеска, а воедно беа доведени Нина Вуксановиќ, Аника Јовановиќ и Ана Марија Коларовска. Кога е во прашање пак вицепрвакот Чаир, тој во еден ден ...
Ју-Ес Опен вчера официјално најави дека Рожер Федерер се враќа во Њујорк за да одигра меч под големата сцена, и тоа во импресивна егзибиција од која дел ќе бидат и Енди Родик, Андре Агаси и Џон Мекинро. Федерер ќе влезе во тениската Куќа на славни во САД на 29-ти август оваа година, но четири дена претходно ќе го одигра својот последен меч на „Артур Еш“. Седум години по последниот официјалниот настап на Ју-Ес Опен, Федерер повторно ќе заигра ...
Два дена по претседателските избори во Реал Мадрид, стана јасно дека ќе следат големи промени во клубот, а првата почнува со тренерската смена. Жозе Мурињо веќе беше најавено од Флорентино Перез како нов тренер на првиот тим, но до денеска, немаше официјална информација за заминувањето на Алваро Арбелоа. Досегашниот тренер отфрли сценарио во кое би му бил асистент на Мурињо, па Реал Мадрид денеска му се заблагодари со официјално соопштение и ...
Најсилната женска фудбалска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство, и тоа со нов претрпен пораз, овојпат од селекцијатат на Азербејџан. Натпреварот кој денеска се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола понуди четири гола, а интересно е тоа што сите беа постигнати во првото полувреме. Гостинките од Азербејџан поведоа рано и го отворија резултатот, но Македонија израмни преку Хава Мустафа и најави неизвесен ...
Аталанта ја заврши сезоната надвор од местата кои водат во двете најсилни ннатпреварувања во Европа и тоа е нешто на кое клубот не навикна под водство на Џан Пјеро Гасперини, па уште во раната фаза на летниот преоден рок, клубот реши да прави промени. Тоа што се шушка во јавноста веќе неколку недели, денеска посебно доби на интензитет, откако Аталанта како клуб информираше дека го ослободува од своите обврски шефот на стручниот штаб, Рафаеле ...
Атлетико Мадрид нема никаква намера да го продаде Хулијан Алварез и тоа го апострофираше во неколку наврати, но оваа вечер се најде во ситуација одново да се огласува на оваа тема, веднаш по „бомбата“ која пристигна од соседството. Реал Мадрид како клуб информираше дека испратил 150 милиони евра за Алварез и дека понудата учтиво била одбиена од Атлетико Мадрид, или поточно, од „кралскиот клуб“ појасни дека поради добрите односи меѓу двата ...
Проетот кој долго време се најавуваше, денеска официјално стартуваше со работа, па така во иднина ќе гледаме елитен спорт на македонски јазик, и тоа преку Арена Спорт Македонија. Спортскиот телевизиски гигант од Србија со години е водечка сила на овие простори, а отсега каналите ќе се емитуваат и на македонски јазик. Познати македонски новинари и коментаторски имиња се дел од тимот на Арена Спорт Македонија, а почетокот на работата ...