Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Младиот македонски музичар Петар Саркањац на 21 јуни ќе одржи концерт во Сули ан во Скопје (20 часот), на кој ќе го претстави неговиот деби албум „Conference of Grammars“. Саркањац дипломирал на Беркли во Бостон. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Саркањац вели дека музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет. На концертот во Скопје ...
Заврши второто издание на „Урбан фест“, единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија, кој и оваа година го наполни скопскот Градски парк. Фестивалот се одржа на 9 и 10 јуни на локацијата „Вембли“, со настапи на повеќе македонски музичари и диџеи. На втората фестивалска вечер настапија Зарина Првасевда, Миа Перевска, Полина Тасева, Симона Попоска, Александар Тарабунов, Сара Мејс, Тони Зен (фото), „2Бона“, Ерик Фокс и „Преку ред“, ...
Скопскиот бендот „Занаду“ започна соработка со хрватската независна издавачка куќа „Интерстелар“ со новиот сингл „Ураган“, кој е достапен на сите стриминг платформи. Од бендот кој важи за еден од предводниците на новата урбана музичка сцена во Македонија, велат дека „Ураган“ е звук што се движи помеѓу инди, синт и диско-поп музиката. Песната е прв сингл од претстојното ЕП издание, кое ќе биде објавено по летото. Фронтменот на бендот и автор ...
Светски познатиот диџеј од Турција Махмут Орхан ќе настапи во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“ на 25 јули од 20 часот, објави продукција „Прагма“. Орхан, кој на крајот од декември гостуваше во Скопје е еден од најбараните музички продуценти денес. Роден е во 1993 година во Бурса и стана светски популарен во 2016 година со мегахитот „Чувствувај“ (Feel), кој со стотици милиони прегледи го освои глобалниот пазар. Неговиот специфичен ...
Мијата го објави својот нов сингл „Ти биди СВОЈ“, за кој вели дека е мотивациско продолжение на нејзиниот најголем хит „Верувам во себе“. Како што вели кантавторката, оваа песна е дел од нејзината душа и носи порака за слобода, автентичност и храброст да се биде свој. „Со видеото сакав да ја пренесе енрегијата што значи за мене кога јас сум своја, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и ...
Во близина на градот Роли, во американската сојузна држава Северна Каролина, е отворен новиот парк „Бич блаф каунти“, дело на локалните архитектонски студија „Ин Ситу“ и „Срфејс 678“. Паркот се простира на 121 хектар и е осмислен да ја зачува природната средина, а истовремено да биде простор за рекреација. Меѓу највпечатливите содржини се подигнатата шумска патека низ крошните, поставена на 7,6 метри височина како и платформа за набљудување ...
Тамара Тодевска на музичките платформи ја објави насловната песна од новиот албум „Кукла жива“ која е автобиографска. „Секоја грешка ти ја памтат, од твојата болка пак се хранат, ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават. Ти велат биди помалку своја, светот сака копија, не боја. Никој не сака жена силна, треба да си убава и мила, на светот му треба кукла жива“, се дел од стихопвите кои ги пеам во песната, вели Тодевска. Музиката ...
Драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, е годинешен добитник на меѓународната награда „Претнар“, почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“. Ова признание се доделува на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот. ...
На 13 јуни од 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност- Скопје. „Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство“, велат од ФМУ. Настанот е дел ...
Од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија ќе се одржи петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. На денешната прес-конференција за програмата, гостите и новитетите зборуваа директорот на фестивалот Јани Бојаџи, селекторот Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. „Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм останува доследен на тоа да е фестивал на филмови од тој ...
Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, во продукција на „Унита филм“. Продуцент на филмот е Вардан Тозија, копродуцент е Лидија Ивановски. Климоска, која е и актерка, во 2024 го сними филмот краткиот независен филм „Нова Енергија“, по нејзино сценарио и режија. Од продукцијата велат дека „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка ...
Музичарот Игор Јагуриноски од Прилеп, поранешниот пејач на групата „Бен Хур“ на музичките платформи ја промовираше новата песна „Блуз во душата“. „Напишав молски блуз кој буди тага и носталгија, а инспирацијата за доаѓа од искрена љубовна приказна на близок пријател“, вели музичарот. Јагуриноски, како поранешен пејач на групата „Бен Хур“, е вклучен и во Македонската рок енциклопедија. Денес е пејач и гитарист на групата „Рок блуз бенд“ и ...
Култната група „Архангел“ новиот видеоспот за песната „Дни оловни“ го сними во зградата на Централната пошта во Скопје. Спотот денеска (9 јуни) беше промовиран на прес-конференција по повод концертот „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев, рече дека изборот на локацијата не бил случаен, туку длабоко поврзан со атмосферата на песната. „Се одлучивме за локација со амбиент на ...
„Јас сум дете кое верува“, вели Слаткаристика во песната „Верувај“ која ја сними заедно со рап дуото „Зи бомб“ а ќе биде искористена во документарниот филм „Слушни ме“ чија премиера ќе биде до крајот на годината. Хип-хоп музичарот одржа прес-конференција со дел од гостите на концертот на 2 август на стадионот „Билјанини ивори“ во Охрид, со кој ќе прослави 20 години кариера. Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, ...
Денеска (9 јуни) од 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовиран новиот роман „Понекогаш се враќаат“ од писателот и сликар Димитрие Дурацовски. За романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе зборуваат Ангелина Бановиќ-Марковска, Ненад Јолдески и Оливера Ќорвезироска. „Понекогаш се враќаат“ е роман за сеќавањето, домот, враќањето кон корените и за приказните што остануваат да ...
Словонечката трап пејачка Сенидах и скопското дуо „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Рита Ора кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. „Покрај светската поп-ѕвезда Рита Ора, настапува и Сенидах, една од најпопуларните пејачки на регионалната сцена како и македонското хип-хоп дуо ‘2Бона’, кои се доста популарни кај младата публика“, велат од продукција „Прагма“. Сенидах има снимено три албуми, а актуелна е со ...
Поп-пејачката Антониа Гиговска одржа уникатна промоција на нејзиниот нов албум „Жена“ со девет нови песни, вчера (7 јуни) во Сули Ан во Скопје. „Жена“ е песна која стана голем хит откако Гиговска ја испеа на Макфест во 2024, и во 2025 беше прогласена за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Поп-пејачката рече дека песните се во различни стилови, работени со повеќе автори, а на секоја од нив посветено работела со тимот зашто секоја песна за ...
Вечерва (8 јуни) од 18.30 часот, на сцената Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концерт на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската армија. Концертот е по повод одбележувањето на роденденот на Кралот Чарлс трети, а го организира Британската амбасада во соработка со Армијата на Македонија, „Целта на настанот е заедничко одбележување на роденденот на британскиот монарх, и прослава на ...
Шефот на студиото „Лајонсгејт“ кое стои зад биографскиот филм за Мајкл Џексон изјави дека се подготвува продолжение и дека новиот филм можеби нема хронолошки да продолжи таму каде што заврши „Мајкл“. Приказната за животот на Мајкл Џексон, кого го игра неговиот внук Џафар Џексон, досега заработи 715 милиони долари на киноблагајните ширум светот. Филмот заврши со натписот „Неговата приказна продолжува“, што навести дека ќе се снима продолжение. ...
Шоу по теркот на големите светски ѕвезди одржаа Јован Јованов и Елвир Мекиќ на заедничкиот концерт во арената „Борис Трајковски“, што беше камбек на дуото популарно во 2000-тите. Актуелноста на хитовите на Мекиќ и Јованов и денес не е намалена. Повозрасните се сетија на времето кога скокале во клубови на „Магија “ или „Некаде после два“, а помладите играа на истите песни кои и денес се хитови на социјалните мрежи и на музичките платформи. ...
Јубилејното 25. издание на Офф-фест се затвора вечерва (6 јуни) со два концерта во Младинскиот културен центар во Скопје. Како што почна, така и завршува: со африканска вечер. Од 22 часот настапува Мачуме Занго, мајсторот на тимбила, односно традиционален дрвен ксилофон. Неговиот аудиовизуелен концерт е насловен „The Native Practices of Mozambique“ и содржи обновена верзија на песни, танци и ритуали на Банту народите од Мозамбик. Проектот се ...
Тамара Тодевска ја сними песната „Драма квин”, со која го најави новиот албум „Кукла жива”. Песната ја напишаа Коста Петров и Тодевска, а аранжманот е на Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор. Спотот е снимен во студиото „Такат“, во режија на Мартин Трајановски. „Кукла жива” е албум со 10 песни. „Ова е само мал дел од она што следува, албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со ...
Ученици од музичките училишта од Македонија одржаа успешен концерт насловен „Младите доаѓаат“, вчера во Филхармонијата во Скопје, во придружба на оркестарот на Филхармонијата. Младите таленти од Скопје, Битола и од Штип ја воодушевија публиката која ги врати на бис по концертот. Настапија пијанистите Софија Михајловска и Јане Петровски од Битола, Ива Амелија Микулчиќ од Скопје и Јана Јованова од Штип, виолончелистите Ева Малиновска, Ада ...
На 7 јуни од 20 часот во фоејето на Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт „Вивалдијада“ со млади музичари кои ќе севират дела од Антонио Вивалди. На концертот ќе настапи оркестарот на „Полифонија“, а ќе диригира Кристофер Мускат од Малта. Настапуваат солистите Илина Ристова (флејта), Теона Павлова (флејта), Михаела Васковска (флејта), Албина Бојко (флејта), Илија Богоев (виолина), Теодор Трајковски (виолина), Уна ...
Продукциската куќа од Виница „Кафе де Анатолија“ која стана светски популарна, го најави првиот дводневен фестивал во Виница, на 10 и на 11 јули во „Александар парк“ во центарот на градот. Од „Кафе де Анатолија“ велат дека фестивалот е ново искуство кое ги спојува афро хаус и органик хаус музиката со уметноста, гастрономијата и винската култура. Дводневната програма ќе се одржи од 20 до 3 часот по полноќ, а ќе вклучува настапи на ...
Пејачот Јанг Дади на 12 септември ќе го одржи својот прв солистички концерт, во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Трап пејачот во изминатиот период стана доста популарен, а најактуелен е со хитот „Лидија“. Настанот е во организација на „Авалон“, а за концертот се најавува настап со бенд, засилена продукција и визуелен концепт што ќе ја следи неговата музичка естетика. Ќе има и гости, музичари со кои Јанг Дади соработува од почетоците. ...
Основното музичко училишпте „Стефан Гајдов“ од Велес одбележува 80 години постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Тоа ќе се случи со два концерта, првиот вечерва (4 јуни) на кој ќе настапат ученици од учебната година 2025/26 година. Вториот е на 8 јуни, на кој ќе настапат ученици од досегашните генерации завршени основци, а се познати во македонската музичка јавност. И двата концерта се бесплатни и ќе се одржат во салата на Велешкиот ...
Денеска (4 јуни) од 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на Џез стрим фестивалот. Ќе диригира маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на НЏО во Струмица. „Џез стрим е нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез програма и свежа музичка енергија во градот“, велат од НЏО. Концертот е со бесплатен влез, а билетите ...
По африканскиот прв ден, јубилејниот 25. Офф-фест музички се сели во Европа. Двата концерта од вториот ден се во Националната опера и балет. Од 20 часот настапуваат норвешките музичари Нилс Екланд (хардангер фидл, виолина, виола) и Сигбјерн Апеланд (хармониум, пијано). Музиката не Екланд (фото) се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација, а во Скопје ќе настапи соло или во дует ...
На 8 август од 20:30 часот, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи С.О.С. фестивал, кој е дел од БитФест 2026. Организаторите го најавуваат фестивалот како музички собир со внимателно избрана програма, но и како симболичен повик против турбофолкот, шундот и кичот, идеја што ја споменува и актерот Игор Џамбазов. Меѓу првите најавени учесници се „2Бона“ (фото), „Кун“ и Тонито, препознатливи на домашната трап сцена. С.О.С. фестивалот е ...