Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон повторно ќе ги играат Катнис Евердин и Пита Меларк во новиот филм од серијалот „Игрите на гладните“, насловен „Sunrise on the Reaping“, кој ќе почне да се прикажува во кината на 20 ноември. Се враќа и Вуди Харелсон во улогата на Хејмич Абернати. Лоренс, која се прослави со улогата на Катнис во четирите филма снимени од 2012 до 2015 година, во еден подкаст раскажа дека повторната средба со колегите по 11 години ...
Насилството помеѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот, е тема на тридневната филмска работилница за ученици во основните училишта „Снимај паметно, остави трага“, која ја организираат Меѓународниот филмски фестивал Киненова и Општина Кисела Вода во Скопје. Работилницата се одржува во Домот на културата „Билјана Беличанец“, под менторство на режисерката Марија Џиџева. Проектот има за цел да ги трансформира паметните ...
Амбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со Недела на јапонски филм и работилници за оригами и јапонски чај. Влезот за сите настани е бесплатен. На 4 ноември во 19 часот, јапонскиот амбасадор Кавахара во Кинотеката во Скопје ќе го отвори 19. издание на Неделата на јапонски филм, на која ќе бидат прикажани современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на ...
Повеќе од дваесет години по премиерата на популарната романтична комедија „Како да изгубиш дечко за 10 дена“, се подготвува продолжение, а Кејт Хадсон ќе биде еден од продуцентите. Проектот е во многу рана фаза, а според американските медиуми, постои можност Хадсон и Метју Меконахи (фото) повторно да ги играат Енди и Бенџамин, ликовите од оригиналниот филм. Во филмот од 2003, Хадсон ја игра новинарката Енди, која за потребите на текст се ...
Од 27 до 30 август, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржува Охрид џез фестивал. Најавени се четири музички вечери посветени на различни џез изрази. Сите концерти почнуваат во 20:30 часот. Програмата почнува на 27 август со вечерта на млади музичари и концертот „Ехо од Македонија“, на кој ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. За следниот ден е најавена етно џез вечер со настап на дуото Сашко ...
Вечерва (26 август) од 19 часот, во галеријата „Божиновски“ на Широк Сокак во Битола ќе се одржи слушачка промоција на двојната плоча на бендот „Фолтин“, „Фолтин во живо“, како дел од одбележувањето на 30 години концертна активност. Бендот го опишува изданието како своја звучна монографија, на кој концертната енергија е преточена во аналоген запис. Материјалот е снимен во живо во Пловдив и Скопје на аналогна опрема, а винилот е печатен во ...
Австралиската музичка куќа „М2МР рекордс“ објави винил со четири композиции на џез музичарот Владимир Четкар, наменет за светскиот музички пазар. На изданието се најдоа композициите „Охрид“, „Не ме оставај да чекам“, „Небесно“ и „Океан на љубовта“ во ремикс верзии на англискиот диџеј и продуцент Доктор Пакер. Од тимот на Четкар велат дека ваквите винилни изданија на македонски музичари се реткост во поновата македонска музичка продукција. ...
Холандскиот јавен радиодифузен сервис АВРОТРОС соопшти дека нема да учествува на Евровизија 2027 во Бургас, оценувајќи дека натпреварувањето повеќе не може да се смета за неутрално додека учествува земја вклучена во голем воен конфликт. Од АВРОТРОС велат дека одлуката е донесена поради недостиг на јасни критериуми од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за тоа кои земји можат да учествуваат. „Тешкото хуманитарно страдање во Газа и постојаните ...
„Среќен сум што постојано наоѓам инспирација и мотив за создавање нова музика и за соработки со прекрасни музичари и уметници“, вели музичарот и продуцент Никола Стојковски, кој стои зад македонскиот музички проект „ФИН Проект“. Во периодот кога е актуелен новиот албум „ФИН Проект. Во живо“, направен во соработка со „Кафе де Анатолија“ и составен од концертни изведби на неговата музика, Стојковски се навраќа и на досегашните изданија. За ...
Архитектонското студио „Заха Хадид Архитектс“ (ЗХА) го претстави мастер-планот за „Баку Експо Сити“ , нов градски комплекс што се планира околу изложбениот центар во Баку, главниот град на Азербејџан. Проектот е голема урбанистичка целина со станбени, културни, деловни и рекреативни содржини. „Баку Експо Сити“ ќе се простира на 198 хектари и ќе има станови со различна големина, јавни паркови, културни институции, медицински центри и спортски ...
Кинотеката на Македонија во септември ќе понуди разновидна филмска програма со македонски и регионални филмови, холивудски класици, неми филмови и посебна програма посветена на хрватската кинематографија. Месецот почнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма за потрагата по сведок на воени злосторства, која отвора прашања за вината, правдата, политичката меморија и последиците од насилното минато. На програмата се и неколку класици на ...
Хрватската пејачка Нина Бадриќ на 29 август од 20 часот ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, за крај на летната сезона на поп концерти, објави продукција “Прагма”. На регионалната сцена Бадриќ е активна од 1996 и има издадено десет студиски албуми. Во 2024 во Скопје ја испеа нејзината верзија на македонската народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, што ја сними за албумот на браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“ од ...
Триесет и третото издание на Охрид фест-Охридски трубадури почнува на 26 август на сцената „Долни Сарај“ со Фолк вечерта, на која ќе бидат промовирани нови песни, во духот на староградска музика и охридскиот мелос. Интернационалната поп вечер ќе се одржи следниот ден, на 27 август. На Фолк вечерта ќе настапат 17 пејачи, меѓу кои Блага Петреска, Нино Величковски и Петар Нечовски. Водителка ќе биде Ирена Спировска. На Интернационалната вечер на ...
Актерот и поранешен кечер Дејв Баутиста ќе ја игра главната улога во ТВ-серијата „Бог на војната“, адаптација на популарната серија видеоигри за Плејстејшн. Баутиста ќе го игра Кратос, откако Рајан Херст морал да се повлече од улогата поради повреда. Баутиста, за кого веќе неколку недели се зборуваше дека ќе ја добие улогата, ја потврди веста објавувајќи фотографија од Кратос на Инстаграм. Според „Дедлајн“, снимањето ќе почне од почеток ...
Поп-пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ ќе одржат заеднички концерт на 28 август во Античкиот театар во Охрид, од 20 часот. „Ова ќе биде вечер љубовни песни, во која Томашевиќ и Босиљчиќ ќе ги спојат своите различни уметнички изрази на една сцена“, велат организаторите, „Тара продукција“. Јелена Томашевиќ е една од најпознатите српски поп-пејачки, препознатлива по моќниот вокал и баладите. Во 2008 ја претставуваше Србија на ...
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, преговара за актерска улога во серијата на „Нетфликс“, „Џентлмени“. Разговорите се во рана фаза, а засега не се познати деталите за улогата што би можела да ја добие. Тоа би била нејзината прва позначајна актерска улога по бракот со принцот Хари. Серијата, чиј автор е Гај Ричи, е комедија за војвода кој се вплеткува во светот на трговијата со дрога, а главната улога ја игра Тео Џејмс. Меган беше најпозната ...
Четворица долгогодишни пријатели и музичари: Џијан Емин на клавијатури, Георги Шарески на гитара, Оливер Јосифовски на контрабас и Александар Петров на тапани, вечерва (22 август) од 21 часот ќе настапат во „Јавна соба“ во Скопје со авторскиот проект „Џез екстраваганца“. На 26 август, истиот состав ќе настапи во клубот „Џез ин“ во Охрид од 22 часот. Музичарите се познаваат речиси 25 години, а концертот е замислен како спој на авторска музика ...
„Одисеја“ на Кристофер Нолан стана филмот со ознака Р (за публика под 17 години само со придружба на возрасен) со најголема заработка во историјата, откако глобално заработи 1,352 милијарди долари. Филмот го надмина досегашниот рекордер „Дедпул и Вулверин“, кој во 2024 заработи 1,338 милијарди долари. Ѕвездата на „Дедпул“, Рајан Рејнолдс, им честиташе на актерите и екипата на „Одисеја“ за новиот рекорд. Само три филма со ознака Р досега ја ...
„Филмот има моќ да отвори важни општествени теми и да поттикне разговор, но сам по себе не е доволен за суштински промени“, рекоа филмаџиите од регионот на панелот „Култура што поврзува – европски можности за креативните индустрии“, одржан во рамките на Сараевскиот филмски фестивал. Во фокусот беше поддршката од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“, која им помага на филмските автори во развојот на проектите, меѓународното ...
Утре, (22 август) во „Спарта ивент центар“ во Велес ќе се одржи хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа. Концертот ќе почне во 20 часот, а ќе настапат „Старбој и пријателите“. Целта на настанот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и да се испрати порака за еднакви можности и достоинствен живот. Влезницата чини ...
Тамара Тодевска ќе го промовира новиот албум „Кукла жива“ на 3 септември во Скопје. „10 песни. 10 приказни. Една нова ера. Визуелниот албум ‘Кукла жива’ пристигнува на 3 септември“, вели поп-пејачката. „Кукла жива“ е составен од 10 песни и 10 визуелни приказни, а од тимот на Тодевска го најавија како првиот визуелен албум во Македонија. Песните ги напишаа Тодевска и Коста Петров, Џијан Емин ги работеше аранжманите и музичката продукција. ...
Многу познати актерки, телевизиски ѕвезди и модели учествувале на избори за убавина пред да станат славни. Меѓу нив е Хали Бери, која во 1986, како Мис Охајо, се натпреварувала на Мис САД и завршила како прва придружничка на победничката Кристи Фихтнер. Подоцна изгради голема холивудска кариера и освои Оскар за најдобра актерка. Опра Винфри победувала на изборите Мис за противпожарна заштита и Мис Тенеси, а учествувала и на „Мис блек Америка“ ...
Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев на 21 август ќе одржи концерт во Хераклеја во Битола. Георгиев во Битола доаѓа по двата концерта на „Канли Кула“ во Херцег Нови. Посебно внимание предизвика појавувањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше меѓу публиката, а во еден момент спонтано му се придружи на црногорскиот хип-хоп музичар Игор Лазиќ-Нигор, кој беше гостин на концертот на Георгиев. Ѓоковиќ заедно со Георгиев и со Лазиќ ја ...
Норвешкото архитектонско студио „Хелен и Хард“ ја заврши дрвената „Кабина Санде“ на карпестиот атлантски брег во Рандаберг, Норвешка. Објектот од 112 квадратни метри е изграден на местото на викендичка од 1970-тите, а поради строгите правила за заштита на пределот морал да ги задржи нејзините димензии и висина. Највпечатлив дел од кабината се 18 столбови направени од цели смреки, ископани заедно со корењата. Потоа биле дигитално скенирани и ...
Пијан славеј на вечерва (19 август) ќе одржи концерт во Велешкиот театар, од 21 часот. Пијан Славеј е алтер-егото на фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов. Влезот е бесплатен. На концертот Николов ќе настапи со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев, а ќе го изведат вториот албум „Нудист“, објавен во 2024 година. Идејата на Пијан славеј е создавање нова македонска шансона, која со современ звук се надоврзува на музичката поезија од ...
Полскиот квартет „Глам“ и американскиот пијанист Стен Брекенриџ вечерва (19 август) од 21 часот ќе одржат одржат во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот Охридско лето. Квартетот „Глам“ го сочинуваат полските инструменталистки Барбара Шелчаејевич која свири прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска, втора виолина, Каролина Вашчинска-Лукановска на виола и Агњешка Ковалчук на виолончело. Музичарките настапуваат ...
Мадона е предводничка според бројот на номинации за видео музичките награди на Ем-Ти-Ви (ВМА), со вкупно 11 номинации. Меѓу нив се оние за видео, изведувач и песна на годината, како и за најдобра соработка, танц, режија, сценографија, кинематографија, монтажа, кореографија и визуелни ефекти. Зад неа е Тејлор Свифт со девет номинации, додека Аријана Гранде и Сабрина Карпентер имаат по седум. Бруно Марс, „Пинк Пантерес“ и Зара Ларсон се ...
Продолжението на филмскиот хит „Барби“ од 2023 година е доведено во прашање поради застој во преговорите меѓу „Ворнер брос.“ и главниот креативен тим. Режисерката и косценаристка Грета Гервиг, косценаристот Ноа Баумбах, Марго Роби, која е продуцентка и главна актерка, и Рајан Гослинг веќе три години преговараат со студиото за втор филм. Според извори на „Варајети“, „Ворнер брос“, досега доставил повеќе од шест понуди, но ниту една не била ...
Четирите џез вечери на Охридско лето поминаа во знакот на врвни музичари, разновидни музички изрази и полни гледалишта, велат од фестивалот. Џез-програмата на сцената „Долни Сарај“ ја затвори британскиот бенд „Киото“, кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор Рохан Хит и Лу Роудс. Нивниот настап донесе музика инспирирана од заедничките искуства и значајни животни теми. На 15 август настапи Питер Сомуа со својот состав, спојувајќи го ...
Групата „Фолтин“, која годинава одбележува триесет години, во Охрид го промовираше двојниот винил „Фолтин во живо“, во пресрет на јубилејниот концерт на 29 август во Хераклеја во Битола. Во Културниот центар „Култ“ во Охрид се одржа слушачка промоција на изданието. Промоцијата продолжи и на винил саемот „Охрид 33/45“, каде посетителите можеа да го набават лимитираното издание. Од винилот се изработени 150 рачно нумерирани и потпишани ...