„Силви бенд” ќе одржи концерт на 24 јули од 20 часот на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати песни, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ и „1762 лето“. „Подготвивме програма во која преку секоја песна ќе ја споделиме нашата енергија и љубов со публика од сите генерации. Охрид има посебна магија, а концертот на Долни Сарај ќе биде вистинска летна бајка и ноќ што долго ќе се памети“, ...

Шпанија и Аргентина ќе играат за титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, со што Лео Меси стана само петти фудбалер во историјата со три финалиња на мундијалите. Покрај Меси, тоа се и Бразилците Пеле, Роналдо и Кафу и Германецот Лотар Матеус. Сепак, Кафу е единствениот од нив кој ги играл сите три финалиња и неговиот рекорд вечерва ќе го израмни 39-годишниот Меси. Пеле беше повреден и не играше во финалето на СП 1962, Матеус ...

Студиото „Парамаунт“ ќе снима нова верзија на „Кошмар на Улицата на брестовите“ откако постигна договор со семејството на Вес Крејвен, режисерот на оригиналниот филм. Крејвен беше режисер и сценарист на првиот филм од 1984, како и на седмиот од 1994. Последниот, деветти дел од серијалот излезе во 2010. Главниот лик Фреди Кругер, во изведба на Роберт Енгланд, стана дел од поп-културата во 1980-тите и 1990-тите. Во последниот филм, неговата ...

„Лего“ создаде огромна реплика на трофејот на Светското фудбалско првенство, која е изложена пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк. Таа е изградена од повеќе од еден милион коцки. Моделот со размер 25:1 е зголемена верзија на комерцијално достапниот трофеј со размер 1:1, што „Лего“ го претстави пред годинашното првенство. Структурата е обвиткана околу челична рамка и беше транспортирана на локацијата во 16 големи делови. „Најголемите предизвици ...

Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“ во рамките на Велешко лето. Насловен е „Во чест на Ало Тончов, великанот на велешката чалгија“. Влезот е бесплатен. На 21 јули, на Светскиот ден на музиката, концерт во Младински парк ќе имаат групата „Д Чикс“ и велешанецот Александар Анастасов-Прија, што исто така е дел од Велешко лето. Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во ...

Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја освои наградата за најдобар дебитантски филм на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим. Наградата е финансиски поддржана од Германското здружение за заштита на филмски и телевизиски права. „Станува збор за суров, бескомпромисен и силен уметнички филм, исполнет со гнев и исклучително вешта кинематографија, кој го предводат неверојатно талентирана режисерка и извонредна актерска игра. ...

Дресот што го носел Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година се продаде за 4,9 милиони долари на аукција на „Сотбис“ во Њујорк. Тоа е вториот најскап фудбалски дрес, по оној што Диего Марадона го носеше кога го постигна голот со рака против Англија на Светското првенство 1986, кој се продаде за 9,5 милиони долари во 2022. Дресот на Пеле претходно се продаде во 2004 година за 105.600 долари. Пеле постигна два гола против Шведска ...

Десет необјавени песни од Дејвид Боуви за првпат ќе бидат споделени со јавноста во септември. Тие се снимени во раниот дел од неговата кариера, кога настапуваше како Дејви Џонс. Издавачката куќа на пејачот ја опиша колекцијата „The Shel Talmy Recordings“ како „најкомплетната колекција на песни снимени од младиот Дејвид Боуви“ со неговиот тогашен продуцент Шелдон Талми. Таа вклучува придонеси од гитаристот Џими Пејџ, кој подоцна го формираше ...

Тајзи го најави најголемиот самостоен концерт во својата кариера, што ќе се одржи на 27 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Насловен „Тајзи и пријателите“, пејачот со него ќе одбележи 18 години активна музичка кариера. За овие 18 години, Тајзи објави четири студиски албуми и повеќе од 80 авторски песни. „Кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека сите овие години вредеа за да стигнам до оваа точка. Ова е мојот најголем концерт досега, ...

Од денеска (16 јули), во скопското кино Синеплекс и во кината на Киноверзум во Штип, Велес и Драчево игра „Одисеја“, новиот филм на Кристофер Нолан. Филмот го следи грчкиот херој Одисеј (Мет Дејмон) додека патува дома по Тројанската војна. Дејмон глуми покрај Ен Хатавеј, Зендаја, Том Холанд, Лупита Њонго, Шарлиз Терон, Мија Гот, Бени Сафди, Џон Бернтал, Џон Легуизамо и други. Нолан го напиша сценариото и го продуцираше филмот заедно со ...

Осум концерти на регионални и македонски музички ѕвезди ќе има летово во организација на „Прагма продукција“, која најави соработка и повилности за младите преку „НЛБ Банка“ преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките. Партнерството ги опфаќа настапите на: „Дупер“, Слаткаристика и пријатели, „2Бона“, Рита Ора, Сенидах, Петар Грашо, Саша Ковачевиќ, „Црвена јабука“ и Нина Бадриќ. Со ова партнерство, „НЛБ Банка“ ја ...

Проекција на филмот „Бикини Мун“ на режисерот Милчо Манчевски и изложба на фотографии од Националниот џез оркестар се двата настана најавени за денеска (14 јули) на Скопско лето. Проекцијата на „Бикини Мун“ е закажана во 20:15 часот во Кинотеката. Билетите се во продажба на karti.com.mk. Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе се отвори во 20:30 часот во Музејот на Град Скопје. „Поставката претставува дел од десетгодишниот пат на ...

„Дај ми“ е новата песна на Симона Поповска, која спојува модерен звук и впечатлива визуелна приказна. Песната е во современ афро-хаус стил, на која гостува перкусионистот Бока Конга. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), текстот го потпишува Робин Зимбаков, а миксот и мастерингот ги направија Дулелуд и Симона. За песната е снимен е спот во режија на Крсте Шупев. „Кога првпат ја слушнав ‘Дај ми‘, знаев дека ...

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот нов филм на Алехандро Гонсалес Ињариту, „Дигер“, во кој публиката има можност да го види Том Круз во речиси непрепознатливо издание. Оваа комична драма ќе има светска премиера на почетокот на октомври, а Круз го игра Дигер Роквел, „најмоќниот човек на светот“, кој е на мисија да го спаси светот од еколошка катастрофа. „Никогаш ништо не ме предизвикало на овој начин, ниту, пак, Алехандро, како кога ...

Мик Џегер изјави дека „Ролинг стоунс“ се надеваат дека ќе одат на турнеја откако на 10 јули го објавија новиот албум „Foreign Tongues“. Претходниот албум „Hackney Diamonds“ од 2023 беше проследен со северноамериканска турнеја во 2024 година. Ова е втор студиски албум на „Стоунс“ по смртта на тапанарот Чарли Вотс во 2021 и 25-ти откако групата беше формирана во Лондон во 1962 година. „Се надеваме дека ќе одиме на турнеја. Рони Вудс и јас сме ...

Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга ќе одржи концерт во Охрид на 29 јули од 21 часот во Античкиот театар, објави приодукцијата „Евентум“. Розга во Охрид ќе ја промовира и новата песна „Љуби ме“, која неодамна премиерно ја претстави на фестивалот „Мелодии на Јадранот“ во нејзиниот роден град Сплит. „Возбудена сум што новата песна ќе ја отпеам и пред публиката во Македонија. Охрид има посебна енергија и едвај чекам да видам како луѓето ќе ја ...

На 8 август, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи музичкиот С.О.С. фестивал, во рамките на Бит фест 2026. Настапуваат „2Бона“, Тони Зен со својот бенд во живо и Влатко Лозаноски-Лозано, со своите најголеми хитови. Фестивалот е во организација на „Фреш Унион“. „Настанот е замислен како промоција на квалитетната домашна музика и поддршка на македонската сцена, без кич и турбо-фолк. Драго ни е што ќе настапат едни од најпуларните ...

Во Амфитеатарот во Дојран вечерва (10 јули) ќе се отвори 5. издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. По свеченото отворање во 20 часот ќе следуваат проекциите на краткометражниот македонски филм „Вошки“ (фото), во режија на Розе Симоновска и на долгометражниот филм „Држи се за мене“ на кипарската режисерка Мирсини Аристиду. Филмот е дел од официјалната селекција на фестивалот и е копродукција на Кипар, Данска, ...

Со вечерашниот настап на групата „Некст тајм“ започнува манифестацијата Велешко лето. Концертот е од 21 часот во амфитеатарот во Младински парк. Организаторот Општина Велес најавува програма со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и други уметности. Настаните ќе се одржуваат на различни локации низ градот за да бидат достапни за сите граѓани на Велес. Велешко лето треба да трае до крајот на ...

Македонските пејачи Ана Петановска и Мартинијан Кириловски ќе бидат македонските претставници на третото издание на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“, кој ќе се одржи на 18 јули во Тиват, Црна Гора. „По тримесечниот конкурс, на кој пристигнаа 164 песни, селекциската комисија избра 25 што ќе се натпреваруваат во финалната вечер. Меѓу нив се најдоа и двајца македонски пејачи“, кажа директорот на фестивалот Бојан Делиќ. ...

Денеска (9 јули) од 20 часот, во „Лабораториум“ во Скопје ќе биде промовиран фанзинот „Наши“, проект на Кеј Зеќировиќ. Станува збор за визуелно истражување на независната македонска музичка сцена, спојувајќи графички дизајн, фотографија, интервју и визуелно раскажување во публикација што ги слави DIY културата и локалното независно творештво. Изданието е создадено под менторство на новинарот Бојан Шашевски, како дел од резиденцијалната ...

Џастин Бибер е уште една музичка ѕвезда која ќе настапи на полувремето на финалето на Светското првенство во фудбал, кое ќе се игра на 19 јули во Њу Џерси. За првпат во историјата на мундијалите, ФИФА организира шоу во стилот на Супербоул. Покрај Бибер, ќе настапат и Мадона, Шакира, јужнокорејската група „Би-Ти-Ес“, нигериската ѕвезда Бурна Бој, диригентот Густаво Дудамел, хорот „ПС22“ со членовите на групата „Колдплеј“, и популарните ликови ...

Трап пејачот Јанг Дади ја промовираше новата песна „Син на мама“, која веќе е достапна на Јутјуб и на музичките платформи, објави „Авалон“. Видеоспотот беше објавен вчера (8 јули) и за кратко време има повеќе од 10 илјади прегледи. „Син на мама“ е авторска песна на Јанг Дади, кој ги напиша и музиката и текстот. Продукцијата е на Андреј Николов-Андрејник, е кој е автор на аранжманот, миксот и мастерингот, а копродуцент е Димитар Николов. ...

Поп-пејачот Огнен Здравковски ја промовираше својата нова песна „До небото“ (До неба), за која музиката и аранжманот ги напипша Димитар Андоновски, а текстот е на Милан Милетиќ. Видеоспотот е снимен во Белград, во режија на Никола Шуњевиќ. Во реализацијата на песната учествуваа и „Истанбул стрингс“, Иван Кукиќ, Петар Богосављевиќ, Бурхан Буки и Сузана Бранковиќ. „На песната работевме повеќе од половина година. За мене, оваа песна е почеток на ...

Том Холанд вели дека улогата на Телемах во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан е почеток на ново поглавје во неговата кариера. Британскиот актер, најпознат по улогата на Спајдермен, кажа дека „снимањето на филмот било момент за кој тешко се верува дека е реален“. Во епската приказна од грчката митологија, Холанд го игра Телемах, единствениот син на Одисеј, кој тргнува во потрага по својот татко, отсутен уште од Тројанската војна. „Ми се ...

Поп-дуото „Коктел“ ја објави својата нова песна „Помисли на мене“, која доаѓа неполни четири месеци по претходниот сингл. Ова е трета песна откако дуото се обедини, со звук, како што велат, инспириран од поп-музиката од 1980-тите и 1990-тите. Песната е во реге-поп стил со балкански музички елементи. Музиката и текстот се на пејачот Блаже Темелков, а аранжманот и инструменталниот дел се на Стевче Грозданов. Миксот и мастерингот ги изработи ...

На 9 јули од 20:30 часот, Кинотеката организира омаж на Стефан Сидовски-Сидо, еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм и истакнат филмски педагог. Ќе биде прикажан избор од неговото богато творештво, кое се одликува со интелектуална провокативност, сатиричен пристап и со филозофски идеи. „Преку своите филмови, Сидо отвора прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет, оставајќи траен белег во македонската ...

Австралискиот стендап комичар Амос Гил на 21 јули ќе настапи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со своето шоу „Блед, здодевен хетеросексуален бел маж“. Со овој настап ќе се отвори осмото издание на интернационалниот фестивал „Летен маратон на комедијата“. Гил е еден од најпознатите австралиски стендап комичари, а неодамна беше специјален гостин на европската турнеја на Џим Џефрис. Настапувал во Австралија, САД и Велика ...

Во чест на оперскиот пејач Војкан Јовановиќ (1964–1999), на 8 јули од 21 часот во „Три кичен бар“ во Скопје ќе се одржи вечер посветена на неговите живот, уметност и трајно музичко наследство. Јовановиќ беше долгогодишен солист на Операта и еден од најпрепознатливите басови на македонската оперска сцена. Со својот длабок и моќен глас остави значаен белег во домашната музичка култура, а настапуваше на најзначајните сцени во земјата и регионот. ...

Поп-пејачката Луна го промовираше новиот сингл „Ритуали“, како најава на нејзиниот прв студиски албум „Атлас“, кој има 15 песни. Албумот е снимен во соработка со продуцентот Лазар Цветкоски. „Возбудена сум што конечно ја споделувам музиката на која работев подолго време. На албумот ‘Атлас’ има 15 песни. Секоја е различна и носи своја емоција. Посебно е чувството кога си автор на своите песни. Оваа година имав чест да соработувам со познати ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35