Слаткаристика го наполни стадионот „Билјанини извори“, на еуфоричниот концерт кој на Илинден го одржа во Охрид. Концертот почна со детски хор кој ја испеа песната „Да полетам“. Публика од сите генерации во еден глас ги пееше хитовите со херојот од денешно време, како што го нарече Калиопи, една од гостинките на концертот. „Не знам како ми успеа да снимам песни со најголемата наша музичка ѕвезда. Има нешто по кое сум им симпатичен. Кога ми се ...

Една од најголемите светски поп-ѕвезди, Рита Ора, вчера (1 август) првпат настапи во Охрид, на концерт на стадионот „Билјанини Извори“. Со впечатлив сценски настап, танчари и моќни светлосни ефекти, таа приреди незаборавна вечер. Концертот го организираше продукцијата „Прагма“, а илјадници фанови од Македонија и од соседните земји ја пречекаа со овации. Вечерта ја отвори младата поп-пејачка Мартија Станојковиќ со богат сценски настап со ...

Гости од целиот регион дојдоа на концертот на Здравко Чолиќ вчера (1 август) во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“. Битола личеше на популарно туристичко место во ек на сезоната. Сите ресторани и кафулиња на Широк сокак беа полни, а во повеќето локали се слушаше музика од Здравко Чолиќ и гости од повеќе генерации кои зборуваа на македонски и српско-хрватски јазик. Хотелите и апартманите во Битола и во околината беа полни, а дел од ...

Интернационалната поп вечер на 33. издание на фестивалот Охрид Фест Охридски трубадури ќе донесе современ звук, музичари од повеќе балкански земји и продукции со светски стандарди, вели музичарот, композитор и продуцент Давор Јордановски. Тој е уметнички директор на Интернационалната вечер на фестивалот која ќе се одржи на 27 август на сцената на Долни Сарај. Според него, концептот останува насочен кон спојување на различни музички култури и ...

Шестгодишната Исидора Танаскоска од Охрид заедно со Ружица Милошеска-Брчиоска го испеа хитот на „Ареа“, „Јас сум ти пријател“, на одличниот концерт на гостиварскиот рок-бенд вчера (31 јули) во Античкиот театар во Охрид. Исидора расте со музиката на „Ареа“, но и на Тоше Проески и други македонски пејачи. На првите звуци на овој хит, нејзиниот татко Владимир ја крена во раце ќерката, а кога ја виде во првиот ред, пејачката на бендот веднаш ѝ го ...

Пред многубројна публика во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, музичкиот публицист Тошо Филиповски одржа аудио-визуелно предавање „Историја на македонската рок музика“. Се одржа и изложба посветена на домашната рок-сцена. Преку ретки фотографии, архивски видеоснимки и музички записи, Филиповски го претстави развојот на македонската рок-музика од 1960-тите години до денес. На настанот присуствуваа претставници на ...

Словенечко-германскиот квартет саксофони „Сигнум“ вечерва (31 јули) од 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“, во рамките на програмата на фестивалот Охридско лето. Ансамблот го сочинуваат Михаил Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, четворица врвни саксофонисти кои со години комбинираат класична музика, современи аранжмани и рок-класици. Познати се по енергичните настапи и по необичниот репертоар, кој опфаќа дела ...

Пред концертот што ќе го одржи на 2 август во Охрид, Марко Маринковиќ-Слаткаристика вели дека за него Охрид е во топ три најубави градови во светот. Слаткар на Илинден, со повеќе гости, ќе слави 20 години кариера на стадионот „Билјанини Извори“, а концертот го организира продукција „Прагма“. Во разговор за СМАРТ.СДК.МК тој зборува за концертот, за љубовта кон Охрид, за стереотипот дека скопјани и охриѓани не се поднесуваат и за документарниот ...

Холивудската двојка Том Холанд и Зендаја заедно дојде на премиерата на новиот филм „Спајдермен: Сосема нов ден“ во Лондон. Филмот е најновото продолжение од популарната франшиза, во кое Холанд повторно се појавува во улогата на Питер Паркер, односно Спајдермен, додека Зендаја ја игра неговата партнерка Ем-Џеј. Во разговор со медиумите, актерката рече дека снимањето со сопругот не ѝ претставува никаков предизвик. „Мислам дека кога сте најдобри ...

Јелена Розга вчера (29 јули) повторно настапи пред полн Антички театар во Охрид, точно една година по минатогодишниот концерт на истата сцена. Концертот, во организација на продукција „Евентум“, траеше повеќе од два и пол часа, а публиката ги пееше нејзините најголеми хитови и ја врати на бис. На сцената ѝ се придружи и гудачки оркестар, а хрватската поп-ѕвезда ги испеа и хитовите од периодот кога беше дел од групата „Магазин“. Посебен момент ...

Репертоарот на класична музика на годинешното 66. Охридско лето вечерва (30 јули) продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција. Концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција и Францускиот Институт од Скопје. Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на ...

Дваесетина ученици од Оркестарот на скопската гимназија „Орце Николов“ добија покана за настап во септември во Њујорк, откако го освоија првото место на Меѓународниот младински музички натпревар (International Youth Music Competition – IYMC). Како награда за освоеното признание, средношколскиот оркестар доби покана за два концерта во Њујорк, каде што би требало да настапат со македонска народна музика во автентични аранжмани. За реализација ...

Една од најпопуларните македонски рок-групи, „Ареа“ на 31 јули ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, во рамките на С.О.С. Фестивал 2026, од 21 часот. На концертот публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на гостиварскиот бенд, меѓу кои „Сите мои слики“, „Јас сум ти пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“ и многу други песни што ја одбележаа нивната повеќедецениска кариера. „Со препознатливиот вокал на Ружица Милоошеска – ...

Ана Петановска ја освои наградата за најдобар дует на фестивалот Бисер на Јадранот 2026 во Тиват, заедно со српската пејачка Наташа Михајловиќ, поранешна членка на дуото „Фрајле“. Тие ја промовираа песната „Под нозете“, (Под ногама) која ја напишаа Григор Копров (музика), Душан Бачиќ (текст) и Стефан Петановски (аранжман). По наградата, Петановска им се заблагодари на соработниците. „Заедно со мојата Наташа, која за многу кратко време ми ...

Во Вела Лука во Дамлација и оваа година ќе се соберат илјадници фанови на еден од најголемите хрватски музичари, Оливер Драгојевиќ. Осмото издание на манифестацијата „Траг во бескрајот“, почна на 26 јули и ќе трае до 31 јули. Настанот со години ја слави музиката на Драгојевиќ кој почина на 29 јули во 2018 на 70 години, по неколкугодишна борба со ракот. Програмата започна со концерт на море, на брод на „Јадролинија“, каде настапија Марко Тоља, ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски – Ѓумар“ вечерва (28 јули) ќе настапи на 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, а ќе диригира Иван Еминовиќ (фото). Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува 40 години од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на ...

Актерот Мет Дејмон ослабел 15 килограми за да го одигра легендарниот Одисеј во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан. Актерот кажа дека од околу 91 килограм стасал до 76 килограми, тежина што ја имал уште во средно училиште Дејмон вели дека подготовките траеле шест месеци и вклучувале строго контролирана исхрана и интензивни тренинзи. „Кристофер Нолан сакаше да бидам послаб, но силен, како ветеран од Тројанската војна кој може да се снајде ...

Американскиот диџеј и продуцент Стив Аоки бесплатно ќе настапи во Битола на 2 август, на стадионот „Петар Милошевски“, објави „Авалон“. Настапот на Аоки е дел од одбележувањето на 35 години независност на Македонија. „Бидејќи завршната манифестација е на 8 септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник Илинден, со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите ...

Кантавторот Александар Тарабунов – Тара ја промовираше новата верзија на песната „Прва љубов“, која во оригинал ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов во 1973 на Скопскиот фестивал. Идејата за преработката настанала додека Тарабунов преслушувал стари снимки од својот татко, и кога ја открил песната, вели дека посакал да ѝ даде нов живот. „Кога ја открив песната меѓу старите снимки на татко ми, веднаш почувствував дека има нешто безвременско ...

Македонскиот квартет тромбони „Макбрас“ ќе настапи на Меѓународниот фестивал на тромбонот кој ќе се одржува од 29 јули до 1 август во Рига, Латвија. „Македонија за првпат ќе има свои претставници на овој реномиран светски фестивал, кој повеќе од педесет години ги собира најдобрите тромбонисти, ансамбли и професори од целиот свет“, велат од „Макбрас“. Квартетот „Макбрас“, кој годинава одбележува 10 години постоење, го сочинуваат Бранко ...

Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан ги разигра охриѓани и туристите на шоуто кое се одржа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Светската диџеј ѕвезда ги собра љубителите на електронската музика од земјата и странство, потсетувајќи зошто е еден од најпопуларните диџеи денес. Орхан е музички продуцент од Турција кој стекна глобална слава со својот специфичен спој на хаус и традиционални ориентални и етно-мотиви. Неговата кариера брзо ...

Практично ја измислија електронската музика, но тоа останува свежо и ефектно и по толку многу време. „Крафтверк“ испорачаа уште еден концерт вреден за паметење, овојпат на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк, каде што нивната музичко-сценска впечатливост уште повеќе дојде до израз. Концертот беше час по историја на електронската музика и штета е што во публиката немаше повеќе млади за да го видат и слушнат еден од највлијателните и ...

Дуото „Силви Бенд“ вчера (24 јули) одржа концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со кој одбележаа 35 години кариера. Силвана Мучиќ-Плевнеш се расплака додека ја пееше песната „Некогаш и негде“ од Владо Јаневски, која таа и нејзиниот сопруг Влатко Плевнеш му ја посветија на починатиот колега. „Оваа песна не е дел од нашиот репертоар, но ја подготвивме за вечерта, откако пред неполн месец откако го загубивме нашиот Владо ...

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва (24 јули) ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на Охридско лето, која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Дејвис и Намекава првпат концертно соработуваа во 2003. По нивниот одличен настап на фестивал во Линц, тие започнаа постојана соработка како дуо. Оттогаш до денес, редовно настапуваат низ ...

По „Топ ган“, Том Круз ѝ се враќа на уште една своја позната улога од почетоците на кариерата. „Парамаунт“ го потврди снимањето на продолжението на „Денови на грмотевицата“, чиј режисер треба да биде Џонатан Левин. Круз ќе биде и продуцент, заедно со Џери Брукхајмер, кој го продуцираше оригиналниот филм од 1990, што беше режиран од сега покојниот Тони Скот. Круз го играше Кол Трикл, тркачка ѕвезда ангажирана од нов НАСКАР тим, предводен од ...

Холандското архитектонско студио „МВРДВ“ победи на конкурсот за дизајн на ново обележје на Ротердам, кое ќе чини 240 милиони евра. Дизајнот ќе има форма на седум џиновски камења наредени еден врз друг на брегот на реката Мас, каде што ќе има тераси, изложбени простори и зеленило. Објектот што ќе зафаќа 30.000 квадратни метри ќе биде дел од новата населба Ватеркант, која треба да има над 3.500 домови, училишта, железничка станица и деловни, ...

Камерниот оркестар на Националната опера и балет (НОБ) вечерва (23 јули) ќе има концерт на 66. Охридско лето, во црквата „Света Софија“ од 21 часот, под диригентство на Бисера Чадловска. Камерниот оркестар е формиран во 2010 и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017), подоцна под диригентство на Џанлука Мартиненги од Италија и Чадловска. Камерниот ...

По неколку месеци исчекување и шпекулации, „Марвел“ објави епски трејлер кој им дава на фановите прв поглед во следното поглавје од неговиот филмски универзум. Четвртиот дел на „Одмаздници“, насловен „Судниот ден“, веќе најави голем успех на киноблагајните откако во рок од 12 часа биле продадени карти за рекордни 10,5 милиони долари во претпродажба. Во филмот играат Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Крис Хемсворт, Педро Паскал, Пол Рад, Ентони ...

Откажан е концертот на британската пејачка Џос Стоун, што требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“. Ова е последица на големото невреме што попладнево го зафати Скопје, што предизвикало штети и на поставената опрема за концертот. „По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и ...

Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје со концерт на Охридско лето ќе прослави 60 години од основањето. Концертот е закажан за вечерва (21 јули) во 21 часот во црквата „Света Софија“. Ќе настапат Катерина Костадиновска-Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска-Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ-Симовиќ, Дарко Багески и ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Калај

46.54