Џејми Дорман ќе го наследи Виго Мортенсен во улогата на Арагорн во новиот филм „The Lord Of The Rings: The Hunt For Gollum“. Претходно беше објавено дека Мортенсен нема да се врати во улогата што го прослави. Минатиот месец беше објавено дека Кејт Винслет ќе ја игра главната женска улога, а од ѕвездите од оригиналната трилогија се враќаат Илајџа Вуд (Фродо), Ијан Мекелен (Гандалф) и Енди Серкис (Голум), кој сега ќе биде и режисер. Филмот се ...

Откако лани настапи на фестивалот Егзит во Нови Сад и одбележа десет години постоење со концерт во Младински културен центар, скопскиот емо/пост-хардкор бенд „Ју“ (YÖU) ќе помине дел од следниот месец на европска турнеја. Таа ќе почне со настапот во клубот „Буква“ во Скопје на 15 мај, а потоа се закажани уште 11 датуми во Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија, пред да финишираат на фестивалот „Метал дисчарџ“ во ...

Најголемите К-поп продуценти во Јужна Кореја ќе се здружат за да организираат музички фестивал кој би можел да ги обедини најголемите ѕвезди од музичката индустрија, што некои локални медиуми го нарекоа корејска верзија на американскиот фестивал Коачела. Четири издавачки куќи изјавија дека планираат формирање на заедничка компанија за развој на „Фаноменон“ (Fanomenon), голем фестивал насочен кон претставување на корејската популарна култура ...

Националниот џез оркестар на 29 април ќе настапи на десетгодишниот јубилеј на фестивалот „Денес е сѐ во знакот на џезот“ во Скопје. Првиот фестивалски ден е посветен на децата и ќе се одржи во паркот „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода од 12 часот. Настанот насловен „Џез за децата“ е едукативна и интерактивна работилница преку која учениците од локалните основни училишта и сите други заинтересирани деца ќе имаат можност да се запознаат со џез ...

Фанови на Мајкл Џексон со стари плочи од него дојдоа на премиерата на автобиографскиот филм „Мајкл“, во скопското кино „Синеплекс“. Колекционерите на плочите на Џексон се фотографираа покрај постерот за филмот, а некои беа облечени и во стилот на кралот на поп музиката, од времето на 1980-тите. Во холот пред киното имаше и дел наречен „Месечевиот од“, насловен според познатиот танц на Џексон. Режисер на филмот за животот на Мајкл Џексон е ...

„Дента кога наполнив 45“ е новата песна на „Нокаут“ со Дарко Гелев-Брејк. Од бендот велат дека оваа песна е приказна за нештата со кои се судира секоја зрела личност по 45. година. Автор на музиката е Никола Перевски-Пере, текстот е на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Перевски и Дарко Димитров. Песната е снимена и миксана во студиото „НК продукција“, а финалниот микс, постпродукцијата и мастерингот се направени од Дарко Димитров во студиото ...

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Поп-пејачите велат дека на концертот ќе им дадат шанса на млади танчари да заиграат со нив на сцената. „На 25 април од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години. Ќе се игра на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од сценското шоу. Најдобрите шест ќе бидат избрани од тричлено ...

На Светскиот ден на планетата Земја, рок-групата „Ван Гог“ од Белград ги промовираше новите песна и видеоспот „За планетата С.O.С.“, како трет сингл од нејзиниот претстоен, 11. студиски албум. Од бендот велат дека ова е песна со силна еколошка порака, осмислена како музички триптих. Првата верзија се појави во 2024 во изведба на детскиот хор „Колибри“, додека новата верзија, „Ван Гог“ ја сними заедно со детски хор. Од бендот најавуваат дека ...

По повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде премиум сет кој содржи два албума на винил и две стихозбирки. Албумот „Од изворот на изборот” е издаден во 2019 на цеде, но овојпат е на плоча, додека новиот албум, седми по ред, ќе биде единствено на винил и е насловн „21/7 – Другата страна на изборот”. И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот „Од изворот на изборот” се преведени и на англиски ...

Биографскиот филм „Мајкл“ од денеска (22 април) игра во киното Синеплекс и во Киноверзум во Велес, Штип и во скопските населби Кисела Вода и Драчево. Режисер на филмот за животот на „кралот на поп-музиката“ Мајкл Џексон е Антоан Фукуа. Светската ѕвезда почина на 50 години во 2009. Во насловната улога е Џафар Џексон, син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон. Продуцент е Грем Кинг, кој стоеше и зад „Боемска рапсодија“. Таткото на Мајкл, ...

Денеска (21 април) од 20 часот, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи донаторски концерт на младите музичари од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. Според директорот Илија Ќосевски, средствата од влезниците по цена од 300 денари, како и од донациите, ќе бидат наменети за реставрација на музичките кабинети и за набавка на нови инструменти, пред сè, за учениците од нижото музичко образование. Ќе настапат ученици ...

Битолскиот оркестар „Дива“ ќе ги свири хитовите од детскиот фестивал „СИ-ДО“ на концерт на 7 мај во Центарот за култура во Битола. Со концертот ќе се одбележат 30-години од постоењето на детскиот фестивал. „Овој концерт ќе донесе на едно место музика, спомени и емоции и ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ги доживее песните со кои израснаа многу генерации. Ќе настапат оригиналните пејачи со најпознатите песни од ‘СИ-ДО‘, кои по многу ...

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен, актерите од „Ѓаволот носи Прада“ се обединија на светската премиера на вториот дел, што се одржа во Њујорк. Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Стенли Тучи и Емили Блант се појавија на црвениот тепих во центарот „Линколн“, прославувајќи го враќањето во светот на модата и модното списание „Ранвеј“. Настанот се пренесуваше во живо на „Дизни+“. Продолжението ја следи Миранда Пристли (Стрип) ...

Поп-пејачката Мими Јовановска ја промовираше својата нова песна „Заборави“, за која вели дека е емотивна љубовна балада. Иако снимена уште минатата година, песната не беше објавена поради пожарот во Кочани на 16 март, во кој загина и придружниот вокал и професорка по пијано Сара Пројковска, која ги отпеа пратечките вокали со Ана Костадиновска и Драги Лазев. „Песната беше готова уште минатата година и тогаш најавив две нови песни. Но, се случи ...

Изминатиот викенд (18 и 19 април) во Националната опера и балет се одржа 23. издание на детскиот фестивал „Поточиња“, кое помина во знакот на одлична посетеност и шест распродадени претстави. Публиката се забавуваше со 17-те нови песни, збогатени со анимирани видеа и модерна сценска ЛЕД техника, Дополнителна забава донесе ликот Поки, односно актерот Мартин Јорданоски, кој интерактивно ја анимираше публиката. Фестивалот понуди содржини ...

Полска и Швајцарија ги откажаа претстојните концерти на Кање Вест поради неговите минати антисемитски коментари, со што се доведува во прашање неговата европска турнеја. Швајцарскиот фудбалски клуб Базел, кој е одговорен за концертите и настаните што се одржуваат на неговиот стадион „Санкт Јакоб парк“, соопшти дека го одбил барањето на Вест да настапи таму во јуни. Во петокот, стадионот во Хожов, Полска, објави дека ќе го откаже концертот на ...

Пијанистот Дино Имери вечерва (20 април) од 20 часот, во концертната сала на Факултетот за музичка уметност, ќе одржи концерт во чест на 60-годишниот јубилеј на Факултетот. На програмата е делото „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах, кое Имери го изведе лани во Виена и ќе го свири на својата претстојна турнеја во Германија. „Со задоволство се приклучувам кон честитките за овој значаен јубилеј на мојата матична институција Факултетот ...

Стотици луѓе се собраа во град во северен Велс за да го гледаат актерот добитник на Оскар, Сер Ентони Хопкинс, за време на снимањето на новиот филм. Претстојниот филм на 88-годишникот, „Посета на дедо“, го следи младото момче испратено да помине лето со својот ексцентричен дедо на велшка фарма. Сер Ентони и екипата за филмот, кој е базиран на кратка приказна од Дилан Томас, привлекоа доста луѓе во Долгелау, Гвинед, носејќи „многу возбуда и ...

Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, Цоби, Криско и диџеј Че ќе бидат гости на концертот на Слаткаристика кој ќе се одржи на 2 август од 20 часот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Хип-хоп музичарот најавува спектакл со кој ќе прослави 20 години кариера, а концертот е насловен како „Слаткаристика и пријателите“. „Изборот на гостите не е случаен, секој од нив има значајна улога во кариерата на Слаткар“, велат ...

На 22 април од 20 часот во камерната сала на Филхармонијата, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност-Скопје „Солисти на ФМУ“, на кој ќе диригира маестро Сашо Татарчевски. Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр.3 BWV 1054 од Бах. Програмата на концертот опфаќа дела од Персел, Јомели, Бетовен, Скрјабин, ...

Со танчарска точка на студиото „Прима Данца“ и оркестарот на „Јохан Штраус“ , вчера (18 април) во Скопје почна традиционалниот Виенски бал. Годинава, настанот се одржа по 25. пат. Како музички гости настапија Ана Петановска, Џон Илија Апелгрен, Полина Тасева, Калина Велковска и „Свингерси бенд“ кои ја разиграа публиката по отварањето и официјалниот дел. Диригентка на оркестарот беше маестра Бисера Чадловска. „Драго ми е кога гледам полн ...

Со концерт во Арената „Борис Трајковски“ на 3 октомври, Тамара Тодевска ќе одбележи 25 години музичка кариера. На концертот, ќе ја придружува оркестарот на Џијан Емин. Пред концертот, поп-пејачката најави нова музичка ера со албумот „Кукла жива“ со 11 нови песни. Тодевска вели дека албумот е уникатно музичко доживување, реализирано во соработка со македонскиот диригент, композитор и аранжер Емин Џијан и неговиот оркестар. „Истовремено сум ...

Третото издание на модниот фестивал „Штипски денови на модата“ започна вчера (17 април) со осум модни ревии, од поголемите конфекциски фирми од Штип. Се одржаа и ревии на студентите од државните и приватните универзитети во Македонија. Настанот привлече големо внимание, особено кај младата публика. „Заради поттик и стимулација на младите дизајнери, студентот кој ќе ја добие наградата за најдобар моден дизајн ќе учествува на следниот моден ...

Младата поп-пејачка Дорис Ди (16) ја промовираше новата песна „Земјо моја“, преработка на легендарниот хит на Исмета Крвавац, напишан од Кемал Монтено, кој се сними за поранешна Југославија во 1975. Дорис Димовска сними нова верзија посветена на Македонија со текст на Огнен Неделковски и аранжман на Никола Мицевски. „Идејата за ‘Земјо моја’ беше на татко ми Дејан, уште пред неколку години. За мене тоа изгледаше како недостижен материјал, но ...

По песната „Head High”, на која гостува Tи-Кеј Вондер, Кирил Џајковски го објави вториот сингл од најавениот нов албум. „Trigger Vision” е соработка со Рутсман, фронтменот на реге групата „Конкеринг лајон“ и член на концертниот бенд на Џајковски. Како и „Head High”, песната стилски му припаѓа на драменбејс жанрот, но вклучува и реге влијанија. Албумот „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа „Филтер ...

Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ започна кампања за онлајн донации за да го финансира своето годинашно издание. Организаторот на фестивалот, колективот „Гола планина“, е принуден на ваков модел на финансирање откако, за разлика од лани, не доби поддршка од Министерството за култура и туризам. Кампањата се спроведува преку македонската платформа eCrowd и е достапна на следниот линк. Овој патувачки фестивал промовира млада локална авторска ...

Том Круз се враќа во „Топ ган 3“, потврди студиото „Парамаунт“ за време на манифестацијата СинемаКон во Лас Вегас. Тоа ќе биде продолжение на блокбастерот „Топ ган: Маверик“ на Џозеф Косински од 2022, кој стана хит во време кога повеќето киносали сѐ уште беа затворени поради ковид пандемијата. Снимен со буџет од 170 милиони долари, филмот заработи 1,5 милијарди долари на светско ниво. Круз со тоа ја повтори улогата на пилотот Пит Маверик ...

Мадона официјално објави дека нејзиниот следен албум ќе биде продолжение на „Confessions On A Dancefloor“ од 2005, од кој излезе хитот „Извини“ (Sorry). Таа најави дека новиот, 15. албум излегува на 3 јули, што ќе биде нејзиниот прв албум од „Мадам Икс“ од 2019. За продолжението, таа повторно соработуваше со британскиот продуцент Стјуарт Прајс. Тие го снимија првиот дел во поткровјето на неговиот дом во Лондон, каде што Мадона го врежа своето ...

Младата поп-пејачка Марија Спасовска вчера (16 април) промовираше дел од новиот албум „Седатив“, кој треба да излезе во јули. На претпромоција за медиумите слушнавме четири песни, за кои Спасовска ги напиша музиката и текстот, а аранжманите се на Никола Мицевски и Иван Јованов-Ивајо. Спасовска рече дека албумот е личен и инспириран од вистински ситуации и зборови кои ги слушала низ животот. „Беа промовирани песните „Седатив“, „Скопје го сакам ...

на улицата „Македонија“ во Скопје, во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Центарски улици“, по повод Светскиот ден на уметноста. Настанот започна напладне со диџеј сет на Папак Басс и ликовна колонија. Во текот на денот, се одржаа повеќе улични перформанси и шоу настапи на Фаз Бабл, Кристијан Бенито и Ѓурчиновски. Дина Јашари со својот препознатлив стил испеа дел од песните од нејзиниот албум „Растенија без корен“. По неа, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54