Младата пејачка од Струмица Тина Русева, која живее во Германија, влезе меѓу шесте финалисти на музичкиот онлајн натпревар „Гласот на Европа“. Во 2025, таа го воодушеви жирито на натпреварот „Гласот на Германија“. Русева, која девет години живее во Леверкузен, вели дека „Гласот на Германија“ отсекогаш бил повеќе од натпревар за неа. „Беше мојата визија, мојата страст и мојата длабока желба. Живеев за овој момент. Се пријавив да кажам еве сум, ...

Франција е најпосетена земја за минатата година со 102 милиони туристи. Франција можеби е синоним за сирење, вино и Ајфелова кула, но нејзината привлечност е многу поголема. Од кафулињата покрај Сена, уметничките музеи во Париз и суровите карпи на Нормандија, Франција ги спојува уметноста, храната, историјата и природата на начин на кој малку места можат да се пофалат. Светот забележа 1,47 милијарди меѓународни туристички пристигнувања во ...

Сер Том Џонс ги предупреди обожавателите за „тажна и обесхрабрувачка“ измама со лажни профили на социјалните мрежи за да се претстават како него. На Инстаграм, 85-годишниот пејач од Велс ги повика своите следбеници да не комуницираат никој од овие онлајн страници, додавајќи дека оние што стојат зад нив се обидуваат да „фатат и злоупотребат“ ранливи луѓе. Ова следи по претходните извештаи за луѓе кои биле измамени за илјадници фунти од профили ...

„Грешници“, „Марти Суприм“ и „Една битка по друга“ се меѓу филмовите што ќе се натпреваруваат на Златните глобуси, вечерва (11 јануари) во Лос Анџелес. „Франкенштајн“, „Сентиментална вредност“ и „Хамнет“ се некои од другите филмови што се борат за злато на церемонијата која се одржува по 81 пат. Оваа година е воведена нова категорија, најдобар подкаст, додека „Адолесценција“, „Пит“ и „Студиото“ се номинирани во ТВ категориите. Златните ...

„Вардар е Стикс“ е новата песна на „Мизар“ која излезе на дигиталните платформи. Музиката е на Горазд Чаповски, а аранжманот го работеа Чаповски и Нико Ѓорѓиевски кој го напиша и текстот, и е продуцент на песната. Култниот бенд за песната сними и спот, во режија на Александар Ристовски-Принц. Членови на бендот се Гораст Чаповски, Илија Стојановски, Пеце Китановски, Нико Ѓоргиевски, Александар Ристовски-Принц, Драган Теодосиев и Оливер ...

Прекумерниот туризам е многу реален проблем, особено во најголемите туристички градови во Европа. Приливот на гости може да предизвика оптоварување на локалната инфраструктура, а големите метежи честопати му пречат на локалното население. За да се помогне во справувањето со проблемот, некои градови воведоа ограничувања како што се туристички даноци или ограничувања за изнајмување имоти. Но, една популарна дестинација ги носи овие мерки на ...

На 28 јануари од 20.15 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) концерт ќе одржи групата „Парусион“. Членови на групата се: Трајче Велков на труба, Петар Колевски на саксофон, Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас гитара, Горан Трајков на тарабука и перкусии и Михаил Парушев на тапани и тапан. Во ноември во 2025, групата ја сними песната „Дај ми нешто“, (Give me Something). Тапанарот Михаил Парушев ги ...

Слаткаристика ќе одржи концерт во Охрид на 2 август на стадионот „Билјанини извори“, објави продукција „Прагма“. Концертот е насловен „Слаткаристика и пријателите“, а организаторите најавуваат многу гости. руна на мојата досегашна работа. Ова е за 20 години и за следните 20 во ова“, вели раперот кој слави 20-годишен јубилеј. Слаткар и Тони Зен на 11 октомври 2025 ја наполнија салата „Борис Трајковски“ во Скопје на заедничкиот концерт со многу ...

Ана Петановска (фото) ќе биде единствената пејачка од Македонија која ќе настапи на двата Василичарски концерта во Операта на 12 и на 13 јануари од 20 часот. Годинава, по неколкуте концерти со оперски арии изминативе години, ќе се пеат светски диско хитови. Концертите се насловени „Диско вечер“, а како солисти, заедно со оркестарот на Националната опера и балет ќе настапат Џудит Беноа од Велика Британија, Даниел Ситрит од Данска, Клара Лукас ...

Сосема нова верзија на народната „Јовано, Јованке“ во џез верзија и преработката на „Т’га за југ“ се актуелни на социјалните мрежи последниве месеци, а ги направи младиот македонски продуцент Дадо Џез. Кратките видеа кои се направени со помош на вештачка интелегенција засега ги има на инстаграм профилите „Дадо Џез 31“ и „Емпти глас“. Дадо Џез е продуцент и дизајнер од Западна Македонија кој засега не сака да се појавува со лик и вистинско ...

Актерката Сара Џесика Паркер ја доби почесната награда „Керол Барнет“ за извонреден придонес кон телевизијата, а нејзина најголема поддршка на црвениот тепих беа сопругот Метју Бродерик и нивниот 23-годишен син Џејмс Вилки Бродерик, кој ретко се појавува во јавност. Паркер и Бродерик се во брак од 1997, а ги имаат и близнаците Табита Хоџ и Марион Лорет Елвел, кои се родени во 2009. На церемонијата се појавија и нејзините колеги од култната ...

Раде Шербеџија заедно со бендот „Западни колодвор“ на 24 јануари ќе одржи концерт во Центарот за култура во Битола од 20 часот. Ден претходно, хрватскиот актер со холивудска кариера ќе одржи концерт во Филхармонијата на Скопје. На денешната прес-конференција, концертите беа најавени како уметнички спектакли каде се преплетуваат поезијата, музиката, актерството и емоциите. Воедно публиката ќе има можност премиерно да ја слушне и песната „Кога ...

Младите актери Тиган Крофт и Мајло Манхајм ги добија главните улоги во филмската верзија на „Златокоса“ (Tangled), заснована врз анимираниот филм на „Дизни“ од 2010. Тие ќе ги играат Рапунзел (Златокоса) и Флин Рајдер, разбојникот кој ѝ помага на принцезата да избега од замокот во кој е заробена. Режисер на филмот ќе биде Мајкл Грејси, кој се прослави со мујзиклот „Најголемиот шоумен“. Дејството на филмот засега не е познато. За 21-годишната ...

Анимирани филмови, документарци и македонски филмови се дел од програмата која Кинотеката ја најави за јануари. „Посебно место во програмата зазема ‘Кино утро’ со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот Киненова и проекции на значајни документарни филмови, меѓу кои ‘Југо Флорида’ и ‘Фанк Ју’. Ќе се емитува и музичкиот документарец „Трет свет“, посветен на ...

Триесет и петгодишниот британски актер Калум Тарнер е најновиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд, пренесуват британските медиуми. „Дејли мејл“ објави неофицијални информации дека Тарнер „раскажал на сите страни низ градот“ дека е избран за улогата на агентот 007 и дека „сите во неговиот круг зборуваат за тоа“. Изворот вели дека во план е, неговата свршеница Дуа Липа, да ја сними насловната песна за Бонд. Сепак, како што пишува „Индипендент“, ...

Ќе се снима шеста сезона од популарната ТВ-серија „Емили во Париз“, објави стриминг-гигантот „Нетфликс“, преку видео со главната актерка Лили Колинс. Креаторот на серијата, Дарен Стар, веќе почнал да размислува за тоа што би можело да биде следно за Емили во шестата сезона. „Има многу места што би сакал да ги посетам. Серијата се вика ‘Емили во Париз’. Никогаш нема трајно да ја напушти својата база. Но, ако можам да ја однесам публиката на ...

„Неодоглед“ е новата песна на младата поп-пејачка Мартија Станојовиќ од Куманово која ја испеа во дует со Роберт Билбилов. За песната тие снимија и спот во продукција на „Такат студиос“, а режисер е Генк Халими. Тој е автор на музиката и продуцент на песната, а текстот го напиша Кристина Станоески. Песната е достапна на Јутјуб и на сите дигитални платформи. Мартија Станојковиќ (22) ја започна кариерата во 2015 со учество во регионалното ...

Повеќе познати пејачи и групи најавија дека ќе објават нов албум оваа година, како Мадона, Лана Дел Реј, Биб Дилан, „Ју-Ту“, и „Би-Ти-Ес“. Долго се одложуваше новото студиско издание на кантавторката Лана Дел Реј, која рече дека новиот албум е нејзиниот музички пресврт. Со овој албум, Дел Реј се доближува кон кантри правецот. Албумот се вика „Stove“ и треба да излезе на крајот од јануари. Албумот „Бритпоп“ од Роби Вилијамс е најавен за 6 ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ доби признание во Кина, почесна награда за визуелна имагинација на филмскиот фестивал „Блу планет Скај фај“. Наградата ја доделува организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителен визуелен концепт и иновативен пристап во градењето на изгледот на филмот. Посебен придонес за визуелниот идентитет на филмот има уметничкиот директор Михајло ...

Бендот „Корка“ од Кочани ја започна првата интернационална турнеја со седум концерти во шест држави. Таа почна во Приштина, продолжи во Подгорица, а утре (6 јануари) бендот настапува во Задар. На 8 и 9 јануари ќе има два настапи во Љубљана. Последниот концерт од регионалната турнеја е во Белград на 11 јануари. Бендот ќе одржи концерт во Скопје, во клубот „Котур“ на 19 јануари. Оваа турнеја доаѓа по неколку настапи надвор од Македонија, како ...

Диригентот и композитор Џијан Емин ги направи оркестрациите и аранжманите за новогодишното шоу што се одржа во Дубаи под куполата на „Ал Васл Плаза“ во „Експо сити Дубаи“. Ангажманот на Емин е уште една успешна соработка со продуцентот Мет Феди, кој живее и работи во Дубаи. Оркестрациите на Емин ги слушаше публиката на десетте распродадени празнични концерти во рамките на шоуто наречено „Carols by Candlelight“. „Настанот се одржа на ...

„Ледениот хотел“ во Јукасјерви во Шведска Лапонија го отвори своето 36. издание со сосема нови дизајни. Во него можете да спиете во ледени соби окружени со специјално направени скулптури од мраз и снег, кои се дело на 33 уметници од 12 држави. Работите почнале уште во март со вадењето на блокови мраз од реката Торне. Тие потоа биле искористени за изградба на хотел од 2.800 квадратни метри, во што учествувале вкупно 89 луѓе, според ...

По 19 години, Малколм се враќа со неговото дисфункционално семејство, со главните ѕвезди Френки Муниз, Брајан Кренстон и Џејн Качмарек. Стриминг платформата „Хулу“ го објави првиот трејлер за обновената серија „Малколм во средина“, чие полно име е „Malcolm in the Middle: Life’s Still Unfair“, која ќе има премиера на 10 април 2026. Најавено е дека ќе има само четири епизоди. „Откако се криеше од своето семејство повеќе од една деценија, ...

Шкотската поп-ѕвезда Емели Санде за првпат ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во организација на продукција „Прагма“. Како што велат од продукцијата, Санде ќе биде дел од голем музички фестивал кој ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“. Адел Емили Санде, родена на 10 март во 1987 е шкотска пејачка и текстописец. Санде стана популарна по нејзиното гостување во синглот на „Чипманкс“ во 2009 „Дијамантски прстени“ (Diamond Rings), кој ...

Поп-пејачот Даниел Дан ја сними новата песна „Ќе се шекнам“, која е дел од новото ЕП издание „Топ“, кое го објави „Ап 28 мјузик“. Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски-Принц. За новата песна, пејачот сними и спот во продукција на „Хит мејкер“. Во спотот учествуваат танчарите и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска. „Среќен сум што токму со оваа песна ја започнувам новата година. Овој проект за мене ...

Премиери на повеќе светски и регионални филмови ќе се одржат оваа година во Скопје, објави киното „Синеплекс“. Продолжението на филмскиот хит „Ѓаволот носи Прада“ игра во киното од 30 април, а на 23 април е премиерата на автобиографскиот филм „Мајкл“ посветен на Мајкл Џексон. Продолжение на хит-филмот од 2006 „Ѓаволот носи Прада“ повторно го напиша Алин Брош Мекена, со Мерил Стрип Ен Хатавеј и Емили Блант во главните улоги. „Мајкл“, ...

На традиционалниот новогодишен концерт на Виенската филхармонија, кој се одржа вчера (1 јануари), во празнично украсената „Златна сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“, за првпат диригираше канадската диригентска ѕвезда, маестро Јаник Незет-Сегин (50) кој воведе голем број новини. Шармантниот Канаѓанец со платинесто обоена коса и лакирани нокти, за разлика од повеќето негови многу постари претходници му даде ...

Серијата „Чудни нешта“ имаше емотивен крај, со драматично двочасовно финале од кое накратко паднаа серверите на „Нетфликс“. Гледачите брзаа дома за да ја гледаат последната епизода, која го завршува 10-годишното прикажување на научно-фантастичната хорор серија, бидејќи се емитуваше во 1 часот по полноќ по Гринич. Некои обожаватели беа на специјални проекции на финалето во кината низ САД и Канада, каде што присуствуваше и екипата на серијата. ...

Еден од музичките настани кој ја одбележа 2025 во Македонија е концертот на шпанската оперската ѕвезда Пласидо Доминго, кој се одржа на 14 март во 2025 во Скопје во салата „Борис Трајковски“. 84-годишниот тенор и диригент, заедно со сопранот Марија Жозе Сири (Уругвај/Италија) и Оркестарот и Хорот на Националната опера и балет (НОБ) под диригенство на Марчело Рота, одржаа дваиполчасовен концерт со кој ја оставија публиката без зборови. ...

Хрватската поп-ѕвезда Северина ќе одржи концерт во Скопје на 18 април во салата „Борис Трајковски“, објави продукција „Прагма“. Скопскиот концерт е дел од нејзината регионална турнеја насловена „Јас само пеам“ (Ја само пјевам) насловена по една од нејзините песни. Една од своите актуелни песни „Така е, сине мој“ (Тако ти је, сине мој) Северина им ја посвети на српските студенти кои протестираат и ги блокираат Универзитетите барајќи ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Загреб

5ᴼ / -1ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.21
62%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.34
82%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / -1ᴼ
1.03
92%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
71%
1024
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
68%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.79
63%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
100%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Платина

69606.37

Алуминиум

3.35

Сребро

2704.52

Калај

51.64

Паладиум

52823.68

Бакар

11.80

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Цинк

3.28

Родиум

368126.05

Злато

166049.28

Кобалт

66.14