Утре (17 јуни) во 19 часот, во скопското кино Синеплекс ќе се отвори Фестивалот на француски филм, кој се организира после девет години. Ќе трае до 20 јуни, а ќе се прикажат четири филма. Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе разговараат со македонската публика по проекциите. Отворањето е со филмот „Кралство“ на Колонаи (фото), на 18 јуни е ...

Фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“ ќе биде свечено отворен во среда, 17 јуни, во 19 часот, во киното Синеплекс, со проекција на филмот „Кралство“ (Le Royaume) на режисерот Жилиен Колона. По проекцијата е предвиден разговор со режисерот, со што ќе започне четиридневната филмска програма посветена на современата француска кинематографија. Ова издание на фестивалот, кое ќе трае до 20 јуни, се одржува по пауза од девет години и носи ...