На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов во Основниот граѓански суд во Скопје му се определени мерки на претпазливост, дознава Скопје1. Прифатен е предлогот за определување три мерки – одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување. Мерките следуваат по инцидентот што се случи вчера во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што ...

На завчерашните избори во САД, гласачите во четири американски сојузни држави одобрија предлози за ограничување на правата на трансродовите лица. Гласачите во четири сојузни држави – Вашингтон, Колорадо, Аризона и Небраска – одобрија мерки со кои се забранува трансродовите деца да играат во спортски тимови што одговараат на нивниот родов идентитет или се забрануваат операции за промена на полот кај малолетници. Според анализата на Ројтерс, ...

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на украинската државна нафтена и гасна компанија „Нафтогас“, соопшти вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на компанијата, Сергиј Федоренко. – Синоќа непријателот трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централниот дел на Украина. Како резултат на нападите, оштетени се постројките – напиша Федоренко на Фејсбук. Тој посочи дека во погодениот објект избувнал голем пожар, но ...

Уште 20 институции во наредните три месеци ќе бидат приклучени на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Целта, како што посочи, е административните предмети да се обработуваат електронски низ целата постапка, од приемот до потпишувањето и архивирањето. На прес-конференцијата посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, ...

Две сестри. Близначки. Угледна фамилија. Диктатура во споро распаѓање. Забранета љубов Бебе на две мајки? Современата албанска писателка, Мимоза Хиса, ја нашла (скоро) совршената шема за приказна која тешко ја испуштате од рака. Ви создава тензија врзана со плејада ликови од кои дел на моменти ве иритираат, но и ве интригираат доволно за да се задлабочите и да ја завршите во неколку часа. Ова рецензија не се обидува да биде текст за книжевна ...

Елој Морено (1976) е еден од најчитаните современи шпански писатели, автор на романи за возрасни и млади читатели. Во 2010 година го објавува својот прв роман, Зеленото пенкало (El bolígrafo de gel verde), кој досега е продаден во повеќе од 250.000 примероци. Меѓународен успех постигнува со романот Невидлив (Invisible, 2018), приказна за врсничкото насилство, стравот, осаменоста. Романот е продаден во повеќе од еден милион примероци, преведен ...

Сликата „Шахисти“ на македонскиот сликар Никола Мартиноски беше продадена за 44.000 евра на аукција во францускиот град Тулуз. Делото, кое претходно беше проценето на 4.000 до 6.000 евра, достигна цена десетпати повисока од горната граница на проценката, а со провизијата за аукциската куќа конечниот износ за купувачот изнесува околу 55.000 евра. Аукцијата ја организираше француската аукциска куќа „Camille Chabroux Maison de ventes aux ...

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката вечер ќе организираат ново издание на месечните „Кино средби“, во чии рамки ќе биде прикажан современиот француски филм „Тест на издржливост“ во режија на Орелијан Пере. Филмот, снимен во 2025 година, ја следи приказната за 19-годишниот Иго, кој летниот одмор традиционално го поминува на остров во Атлантскиот Океан. Ова лето, меѓутоа, носи промени во неговиот живот, особено по доаѓањето на неговата ...

Книгата за деца „Ина“ од Весна Мојсова-Чепишевска, со илустрации на Иванка НиБа и во издание на „Светулка“, ќе биде промовирана на денеска во „Лабораториум“ во Скопје. За книгата ќе говори Ана Јовковска, а во програмата ќе настапат и децата од „Доза среќа“. Обликувана како дневник, книгата ја следи првата училишна недела на главниот лик Ина, која од понеделник до недела раскажува за своите другарства, семејството и чувствата со кои се ...

Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех – порача оперскиот пејач, едукатор и ментор Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта. Во својата порака, Диновски наведува дека и покрај предизвиците со кои се соочија сценските уметности во изминатите години, останува вербата дека времето на живата комуникација меѓу уметникот и публиката повторно ...

Теориите дека сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог е производ на имагинација, претходни скици и сеќавања на пејзажи набљудувани од неговата соба во една француска психијатриска установа – претпоставки стари повеќе од еден век, сега добиваат нов тек… Живописно небо пред зората (масло на платно), исполнето со големи, сјајни ѕвезди, блескава полумесечина и вртлози од сина и бела боја, доминира над пејзажот во којшто се истакнува чемпрес, ...

Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски ...

Институтот за македонска литература го промовира зборникот на трудови „Траумата во литературата“ и презентација на резултатите од истоимениот научноистражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија. Промоцијата ќе се одржи на 29 октомври 2026 г. во 12 часот во конференциската сала на Институтот за македонска ...

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ вчера имаше светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. -На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши. Фер. Публиката дишеше со филмот. Се радувам што вака убаво го пуштивме во свет, изјави Манчевски по проекцијата во Токио. По премиерата, режисерот и главните актери од филмот Сара Климоска и Филип Трајковиќ ...

Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 ноември, во чест на слободата и мирот, како и со цел промовирање на културата, уметноста и науката. ...

Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ канат на книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. Настанот ќе се одржи во четврток, 5 ноември 2026 година, во 19:00 часот, во Францускиот институт во Скопје. На средбата ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во издавачката куќа „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на ...

Македонскиот филм „Сестра, брат и шахта“ во режија на Милчо Манчевски го доби престижното признание „Grand Prix“ и победи во Токио. Според изјавата од жири-комисијата, филмот на Манчевски ја доби наградата за неговиот беспрекорен спој на хумор, трагедија и драма, за хуманоста и сочувството покажани кон неговите ликови. Манчевски ја сподели радоста од освоената награда и им се заблагодари на сите кои верувале во создавањето на филмот: „Многу ...

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари во банките, а штедењето бележи раст и покрај економските предизвици и инфлацијата. Според податоците на Македонската банкарска асоцијација и на Народната банка, депозитите на граѓаните на годишно ниво се зголемени за 9,2 отсто, додека орочените депозити бележат раст од 5,7 отсто. Tокму парите на граѓаните се столб на македонските банки, бидејќи учествуваат со ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 106 долари за барел поради сигналите од за дипломатско решавање на војната против Иран и новиот круг разговори во регионот. На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 105,83 долари, што е за 7,60 долари помалку во споредба со цената во петокот. На американските берзи нафтата се тргуваше за 96,95 долари односно за 7,17 долари поевтино од петокот. Октомври заврши со ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека по изборите за Конгресот на САД, на кои Демократската партија освои мнозинство во двата дома на американскиот парламент – Сенатот и Претставничкиот дом, на американскиот претседател, републиканецот Доналд Трамп, му порачал „Горе главата“, објави „Блумберг“. Поранешниот премиер на Холандија рече и дека НАТО е „платформа на која Американците можат да ја покажат својата сила“. – Тоа во ...

Кон крајот на минатиот месец, рецензентска комисија при Универзитетот „Мајка Тереза“ ја предложи Нора Таравари – сопруга на ексминистерот за здравство Арбен Таравари, за доцент. За случајот, дел од јавноста слушна бидејќи тој доби политички контекст. Во објава на Фејсбук, пратеничката од ВЛЕН, Саранда Имери Стафаи, обвини дека се доведува во прашање изборот според заслуги. Според јавните податоци, ова е кандидат без претходно високообразовно ...

Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во Алта банка мора редовно да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај одземањето на дозволата за работа на банката и започнувањето на стечајната постапка. Ова го појасни адвокатот Немања Тодоровиќ, нагласувајќи дека затворањето на банката не значи и автоматско бришење на долговите. По одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка, во сопственост на ...

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка и бизнисмен кого српските медиуми го поврзуваат со Српската напредна странка, бил приведен во текот на ноќта. Според објавата, на приведувањето му претходел полициски претрес во просториите на Алта банка, кој почнал во саботата и траел повеќе од 30 часа. Веста доаѓа по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката во негова сопственост, Алта банка АД Белград и ...

Полскиот премиер Доналд Туск го обвини својот политички ривал, претседателот Карол Навроцки, за продолжувањето на хаосот во Уставниот суд, наведувајќи на платформата Икс дека постои можно решение и без промена на Уставот. Туск напиша дека „претседателот ги признава судиите кои се законски избрани, бидејќи тоа е предвидено со Уставот“. Тоа, според него, би требало да им овозможи да започнат со работа во судот. Полскиот премиер, сепак, нагласи ...

Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од ...

На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати. Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а ...

Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска се искачија до 97 долари по барел. На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 97,05 долари, што е за 2,43 долари повеќе од вчера. Додека на американските берзи цената на нафтата се зголеми за 2,25 долари односно се тргува за 90,37 долари. Цените на нафтата вчера се намалија поради шпекулациите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја заврши војната во Иран. ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги – изјави на попладневната прес-конференција гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Тој најави три нови олеснувања што се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на ...

Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Тој посочи дека бараат купувач за банката. – Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, ...

Новата власт во Србија побараа од врховната јавна обвинителка Загорка Доловац и од Обвинителот за организиран криминал Младен Ненадиќ да отворат постапка врз основа на објавените Sky пораки. Бараат да се испитаат врските на Александар Вучиќ со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Sky преписките се во Министерството за внатрешни работи, добиени од Европол. Француските власти најавија дека од 1 декември повеќе нема да прифаќаат ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58