Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите од теренот, за кратко време земјата се забелела од големото количество град, кој предизвика сериозни штети врз земјоделските култури, градините и дворовите во ова населено место, Жителите известуваат дека градот паѓал со голем интензитет, уништувајќи ги земјоделските насади пред самата берба. Од надлежните служби ...

Новиот корупциски скандал во најблиското опкружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски добива сè поголеми размери. Антикорупциските тела во меѓувреме ги објавија имињата на лицата што ги сметаат за осомничени, меѓу кои е и поранешната заменичка-шефица на Претседателската канцеларија, Ирина Мудра, која Зеленски претходно ја разреши. Истражителите и натаму објавуваат инкриминирачки аудиоснимки од осомничените. Украинското општество ...

По зголемена појава на глодачи на неколку локации во централното подрачје на Скопје, денеска и утре се врши вонредна дератизација. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале. „По пријавите од граѓаните за зголемена појава на глодачи, веднаш реагираме на терен. Ќе ја следиме состојбата и во наредните денови и, доколку има потреба, ќе ...

Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој ѝ се дозволува на државата привремено да презема контрола врз стратешки важни инфраструктурни објекти, доколку тие не се доволно заштитени од украински напади со дронови и други закани. Според указот, државата ќе може да ги презема контролата, имотот и сопственичките права доколку компаниите одговорни за објектите не ги исполниле обврските за нивна заштита или доцнат со нивната обнова по ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм, додека реакцијата на институциите е задоцнета, и во преземањето мерки, но и во делот со прскањето. Власта потфрли во менаџирањето со западнонилската треска, но и во справувањето со труењето со вода во Гостивар – се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој погрешно го разбрал повикот на Левица за обединување на опозициските сили. Во изјава за порталот „Локално“, Апасиев порача дека Филипче „очигледно се истрчал“ и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани што сакаат поинакво општество од она што, како што вели, го нудат ДПМНЕ и досегашните ...

На весникот „Вашингтон пост“ му е наложено да врати на работа една од неговите колумнистки и да ѝ исплати заостанати плати, откако арбитер пресуди дека весникот незаконски ја отпуштил поради нејзини коментари по минатогодишното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк. Арбитерката пресуди дека „Вашингтон пост“ немал „добра и доволна причина“ да ја отпушти Карен Атија и на тој начин го прекршил колективниот договор, објави денеска ...

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. ...

Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два порази во ПМФЛ, совладувајќи го вечерва на домашен терен Силекс со 4-1 (1-1) во рамки на 4. прволигашко коло. Актуелниот шампион рано дојде во водство со голот на Данев во 3 минута, но кратовскиот прволигаш до крајот на полувремето го израмни резултатот со погодокот на Анѓелески (37 минута). Нововлезениот Маневски го врати водството на Вардар во 63 минута, а Пиреш во 69. и Спахиу во 88. минута ...

Полска ја предупреди Украина за последиците од оддавањето почит на контроверзни националистички лидери во рамките на планираниот меморијал на хероите во главниот град Киев. – Оддавањето почит на таквите историски личности не само што е за жалење од полска перспектива, туку од украинска гледна точка претставува и „кратковида политика – изјави денеска Марчин Пшидач, советник за надворешна политика на полскиот претседател Карол Навроцки. – ...

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали. Авни Амети, командир на тетовската ...

Јужноафриканската полиција соопшти денеска дека уапсила четири лица осомничени за убиството на поранешниот светски првак во бокс Золани Тете. Тете беше застрелан во својот автомобил во петокот пред семејниот дом во Мдантсане, во покраината Источен Кејп, а неговата сопатничка беше ранета и подоцна хоспитализирана. Полицијата соопшти дека 38-годишниот Тете пристигнал во својата куќа и чекал да се отвори портата кога бил нападнат од двајца ...

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна во синоќа во источниот дел на турскиот главен град Анкара, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Пожарот во шумското подрачје во градскиот округ Мамак бил ставен под контрола по осумчасовна операција, се наведува во извештајот. Приведено е едно лице осомничено дека го предизвикало пожарот. На снимките објавени на социјални мрежи се гледа како пламените јазици го зафаќаат ...

Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча. Кога добил увид од комарец бил во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а по тестовите се потврдило дека е заразен од западнонилска треска, објавија ...

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. ...

Израел продолжува да изведува целни убиства на осомничени членови на исламистичката организација Хамас, за кои се верува дека биле вмешани во масакрот од 7 октомври 2023 година. Израелската армија денеска соопшти дека двајца припадници на Хамас биле убиени во текот на ноќта во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа. И двајцата се обвинети дека влегле на територијата на Израел и учествувале во нападот. Според армијата, во неделата ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...

Ниту еден од десетината пратеници Албанци, членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на денешната сесија во Собранието посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. На настанот не присуствуваше ниту претседателот на Собранието и претседател на Интерпартиската парламентарна група, Африм Гаши. Наместо него, воведно обраќање имаше потпретседателот на ...

Од пет шумски пожари, што денеска се активни на територијата на државата, најтежок и најкомплекснен за гаснење е оној на планината Китка, во Општина Студеничани, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој во својата пладневна видеоизјава за состојбата со пожарите, со доза револт, вели дека постојат индиции оти пожарот на Китка некој намерно го реактивира, бидејќи иако пред три дена бил целосно изгаснат и цел ...

Секретарот на Ватикан за односи со државите и меѓународните организации, надбискупот Пол Ричард Галагер, денеска допатува во Москва, каде што до 28 август ќе разговара со руски функционери, претставници на Московската патријаршија и католичката заедница. Галагер утре ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а потоа и со митрополитот Антониј Волоколамски, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на ...

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако било прегазено од возило управувано од неговиот татко. Според првичните информации, несреќата се случила во Тетово, а детето се здобило со тешки телесни повреди. По несреќата, детето било пренесено во здравствена установа, каде му била укажана медицинска помош. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а дополнително се утврдуваат околностите под кои дошло до ...

Три деца загинаа во голем украински напад со дронови врз градот Краснодар во јужна Русија – соопшти денеска регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев. Тој изјави дека во текот на ноќниот напад остатоци од дрон паднале врз приватен центар за згрижување деца, при што загинале три деца. Шест лица се повредени, а две возрасни лица биле пренесени во болница. Кондратјев соопшти дека остатоци од соборени дронови погодиле и магацин, неколку куќи и ...

Пожарот кој почна од селото Гујновци во општина Пробиштип е локализиран, но пожарникарите на ТППЕ-Пробиштип и доброволците на Доброволното Противпожарно друштво (ДПД) „Рудар“ се уште се на терен. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека пожарот во 12.30 часот почнал од селото Гујновци кое се наоѓа на регионалниот пат Штип-Крупиште, но поради ветерот бил проширен и во атарите на селата Трооло, Гајранци и Лезово. -Нашите екипи се ...

Политичките препукувања ги нема во истрагите Заплената на марихуана по избивање на скандалот | Фото: МВР На почетокот на годината, кога српската полиција соопшти дека открила пет тони марихуана на плац во селото Коњух, во близина на Крушевац, доминираа политичките обвинувања од двете страни на границата. Во Србија, во фокус беше партиската припадност на човекот што ја прифаќал и ја складирал марихуаната близу Крушевац, кој бил општински ...

Интервју со Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“ (Neptun International) „Нептун“ влегува во нова фаза на развој со воспоставувањето на „Нептун Интернешнл“, обединувајќи ги своите операции во Албанија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина во поинтегрирана регионална структура. Овој чекор претставува значајна етапа во развојот на компанијата, со цел да се обединат локалното познавање на пазарите со поголем ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска предупреди дека во пресрет на следните избори се засилува пропагандната машинерија на власта преку купување медиуми и влез на српски медиумски структури во Македонија. „И сега во целата оваа ситуација, кога се спремаат очигледно за избори, без разлика дали ќе бидат предвремени, тогаш освен медиумите коишто оваа власт веќе ги има, 40% од вкупниот број на медиуми кај нас под контрола на луѓето ...

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски. Тој беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово и претседател на Скијачката федерација на Македонија Циговски со години беше главен управувач и сопственик на „Ресорт Маврово“, кој ги опфаќа Скијачкиот центар Маврово, како и познатите хотели „Бистра“, „Спорт“ и „Лодка“. Во мај 2025 година, тој официјално го продаде својот сопственички удел од 80% на австралиски ...

Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите, се посочува во соопштението од СДСМ. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија. Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на ...

Со денешната одлука на РКЕ, дизелот по првпат во овој циклус ја пробива границата од 100 денари и од полноќ ќе чини најмногу 101,5 денари за литар Цената на дизелот во Македонија од почетокот на американско-израелските напади врз Иран досега е зголемена за повеќе од 30 денари за литар, односно за околу 43 отсто. Бензините во истиот период поскапеа за речиси 20 денари или за околу 26 отсто. Според новото поскапување што го објави денеска ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Злато

130856.75