Папата Лав во понеделникот вечерта накратко се сретна на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид со порториканскиот музичар Бад Бани, кој исто така е на турнеја во Шпанија, објави во вторникот Ватикан. Во соопштението на Ватикан се вели дека папата се сретнал со латиноамериканскиот музичар чиј албум „Debí Tirar Más Fotos“ освои Греми за најдобро издание оваа година. Лав XIV накратко разговараше со Бед Бани и неговото семејство пред да го ...

Европскиот туристички сектор би можел да се соочи со сериозни последици доколку новиот систем за влез и излез (ЕЕС) предизвика долготрајни задржувања на границите, предупредува Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Според анализата на организацијата, доколку патниците се соочуваат со редовни чекања од три до четири часа при влез во Шенген-зоната, до 41 милион посетители и 45,4 милијарди долари туристичка потрошувачка би можеле да ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на ...

Учесници во антимигрантските протести во Белфаст запалија автобус на градскиот превоз, повеќе возила, меѓу кои и полициски, како и неколку куќи, објави весникот „Белфаст телеграф“, повикувајќи се на агенциски извештаи. Протестите во главниот град на Северна Ирска избувнаа по напад со нож што, според медиумските извештаи, го извршил имигрант од Судан. Весникот објави фотографии од запалено полициско оклопно возило погодено со молотов коктел, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со ...

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе бидат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше исвиркан од дел од публиката за време на третата средба од НБА финалето, одиграна во арената Madison Square Garden. Трамп од трибините го следеше дуелот меѓу New York Knicks и San Antonio Spurs, а откако неговото лице се појави на големиот екран за време на интонирањето на американската химна, дел од присутните реагираа со гласни свирежи. И покрај тоа, тој се насмевна и им салутираше на навивачите ...

Еден месец откако објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам, професорката Симона Груевска-Маџоска денеска на Фејсбук се огласи во врска со причините кои стојат зад ваквата одлука. Груевска-Маџоска вели дека иако била решена да не дава изјави во јавноста во врска причините за нејзиното повлекување од фукцијата, била испровоцирана од вчерашната ...

Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и на ...

Чилеанските безбедносни служби изведоа една од најголемите антидрога операции во својата историја, запленувајќи рекордно количество кокаин вредно милијарди долари, соопштуваат тамошните власти. Забранетите супстанци биле вешто сокриени во пратки со градежен материјал кои требало преку поморските патишта да стигнат до европскиот континент. „Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царинската служба, ...

Бугарската Агенција за безбедност на храната од утре воведува вонреден и засилен мониторинг на сите пристигнати пратки млечни суровини кои влегуваат во земјата од Европската Унија и од трети земји. Според новата одлука, сите транспортни камиони ќе бидат запрени директно на граничните премини и нема да можат да влезат во земјата сè додека не пристигнат официјалните резултати од задолжителните лабораториски анализи. Мерката официјално стапува ...

На 7 јуни, во Паркот на Франкофонијата, се случи настан што долго ќе се памети. Музичкото училиште Ентерпрајз пред повеќе од 1000 посетители го одржа својот летен концерт „We Will Rock You” и со моќна рок програма ја заврши оваа учебна година. Концертот се состоеше од настап на 29 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, при што секој бенд изведе по една песна. Вкупно настапија 120 ученици, а програмата беше составена од обработки на ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) доби 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање лица во скриени простори, седум возила од кои четири теренски и три комбиња, како и пет видеокамери, а кои се наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против шверцување мигранти и трговија со луѓе. Возилата и опремата се обезбедни во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за ...

Сомалискиот судија Омар Артан изјави дека минал 11 часовен разговор пред да биде спречен да влезе во САД. Фудбалскиот судија од Сомалија требаше да суди на Светското првенство, имаше „валидни документи и виза. Но, тој е „тргнат“ од листата откако му беше забранет влез во САД на Меѓународниот аеродром во Мајами. Американските имиграциски власти не објавија зошто е одбиен, а Сомалија е една од државите на кои администрацијата на Доналд Трамп ...

Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој Ројтерс имаше увид, пренесува БТА. Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска на конференција во Брисел дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес и официјалниот почеток на преговорите по тематски поглавја. Соопштението беше ...

Планираната прва комеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините. Монетата, првично закажана за објавување во втората половина на 2026 година со планиран тираж од еден милион парчиња, не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Одлуката ...

Надворешната политика на Европската Унија се води од геополитички избори и двојни стандарди, а не од доследна посветеност на меѓународното право – изјави италијанскиот европратеник Данило дела Вале во интервју за „Анадолија“ повикувајќи на темелна реформа на надворешните односи на Унијата. Во интервјуто Дела Вале упати остри критики кон дипломатскиот правец на ЕУ тврдејќи дека неспособноста да се применат истите принципи кон постапките на ...

Во Израел сè почесто се поставува прашањето дали премиерот Бенјамин Нетанјаху самостојно ги носи клучните безбедносни одлуки или станал премногу зависен од американскиот претседател Доналд Трамп. Дебатата се интензивираше откако Трамп во повеќе наврати јавно објавуваше договори за прекин на огнот што го вклучуваа Израел, вклучително и примирјата поврзани со Газа, Иран и Либан. Министрите блиски до Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења. ...

Лидерите на осум скандинавски и балтички држави денеска изразија поддршка за „неповратниот курс“ на Украина кон НАТО и ЕУ преку заедничка декларација усвоена на регионалниот самит во Талин. „Украина е партнер за стратешка безбедност на НАТО, кој директно придонесува за евро-атлантската безбедност. Ние го поддржуваме неповратниот курс на Украина кон целосна евро-атлантска интеграција, вклучително и членство во НАТО“, се наведува во ...

Иран стои зад вчерашното соборување на американскиот хеликоптер „апачи“, а Соединетите Американски Држави мора да возвратат – објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Тру соушл“ (Truth Social). Трамп информира дека американската војска го известила оти Иранците собориле еден од нивните софистицирани хеликоптери „Апачи“ за време на патрола над Ормуската Теснина. Тој додаде дека двајцата пилоти се безбедни и ...

Најновиот пресек на УХМР за термометарските вредности во 17 часот покажува високи летни температури низ котлините во земјава, со вредности кои на неколку места достигнаа до 34 степени. Велес во 17 часот е убедливо најтоплиот град со измерени 34.0 степени (максимални 34.5), а веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци со 32.4 степени во 17 часот. Во Скопје-Петровец се измерени 31.8 степени, додека на Зајчев Рид беа регистрирани 31.4 степени. ...

Израелскиот Кнесет усвои закон со кој се овозможува одземање средства од палестинските даночни приходи, потег што би можел дополнително да ја продлабочи финансиската криза на Палестинската самоуправа. Станува збор за приходи од царини и од даноци на стоки што се увезуваат на палестинските територии, било од Израел или преку граничните премини под контрола на Тел Авив. Овие приходи Израел ги собира во име на Палестинската самоуправа. Сепак, ...

Случајот со наводната узурпација на локалитетот Куклица добива судска разврска. Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, соопшти дека судот донел времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мора да се повлечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. „Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која ...

Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги повика младите Хрвати од дијаспората да се вратат во татковината и да придонесат за нејзината демографска обнова, предупредувајќи на континуираното намалување на бројот на населението. – Хрватите во Хрватска секоја година ги има сè помалку – изјави Пленковиќ за време на приемот на учесниците во програмата на Летната школа „Татковина“ во Бански двори во Загреб. – Би ни било драго доколку дел од ...

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Патничко возило ...

Вонредна прес-конференција одржува поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако Основниот кривичен суд му изрече затворска казна. Јакимовски изјави дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил ...

Експлицитни фотографии од малолетничка биле споделувани на Интернет. Случајот во полицијата го пријавила мајката. – На 8 јуни 2026 година во 16:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека на мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка, стои во денешниот полициски билтен. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности. ...

Со презентирање на снимки од претресот во семејната куќа во Неготино, обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска ја почна доказната постапка против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари. Еден од клучните моменти беше исказот на таткото на обвинетиот, Здравко Ристов, даден за време на претресот, во кој тој посочил дека просторот каде ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Калај

53.60

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54