Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, ...
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка. Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе останеш сам’“, изјавил Трамп. Трамп воедно ги ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира“, коментира ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за оставката што ја поднесе претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски Поранешниот градоначалник на Струмица од ...
Косовскиот премиер Албин Курти ја доби изборната трка, но не и мнозинството што би му овозможило самостојно да формира стабилна влада. Неговата партија Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори, но резултатот повторно го остава Косово пред тешки преговори и неизвесен политички расплет. Според прелиминарните резултати, Самоопределување освои околу 43 проценти од гласовите, со преброени речиси сите избирачки места. Тоа ...
Два билети за третиот натпревар од финалната серија меѓу домаќинот Њујорк и Сан Антонио се продадени на аукција за еден милион долари, објави вечерва НБА лигашот Њујорк. Победничката понуда за две места за познати личности на аукцијата за натпреварот, кој ќе се игра во 2 часот наутро по средноевропско време во вторник наутро во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, ја дадоа адвокатската фирма „Гибсон Дан“ и фирмата за приватен капитал „Веритас ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да внимава со следните потези кон Иран, бидејќи Израел може брзо да се најде сам во евентуална поширока војна. Во изјава за израелскиот Channel 12, Трамп рече дека му порачал на Нетанјаху да не дозволи размената на напади со Иран да прерасне во целосен воен конфликт. – – „Му реков на Биби да внимава што прави, затоа што многу брзо може ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени” на МРТ 1, Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата. – Тоа е природно ...
Албанскиот премиер Еди Рама категоричен е дека ќе продолжи со проектот за изградба на луксузен ресорт, проект на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и покрај постојаните протести поради неговото влијание врз животната средина. Тоа ќе биде прекрасен проект и ние ќе го направиме и ќе бидеме горди што ќе придонесеме за Европа. Јас бев избран за да ги остварам овие работи. Не сум избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква идеја за тоа како да се ...
Седум жени го обвинуваат милијардерот и косопственик на британскиот фудбалски клуб Вест Хем, Дејвид Саливен за злоупотреба на својата моќ и искористување за сексуални односи. Некои од жените биле искористени додека биле тинејџерки. „Би-би-си Панорама“ и „Тајмс“ истражуваа од 80-тите години од минатиот век. Жените кои тогаш биле во тинејџерски години и биле манекенки наводно биле злоупотребени од Саливен додека барала работа во неговите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури откако ќе има официјален документ. – Мојата оценка е дека кога ќе видиме „пејпер“, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, ...
360°: Вие како го читате Протоколот 2, позицијата на историската комисија и давањето резултати од нејзината работа во контекст на пристапниот процес? Силјановска-Давкова: Како го читам Протоколот 2? Протоколот 2 го читам како записник, записник на двајца министри за надворешни работи, записникот ниту бил ниту ќе може да биде правен инструмент за дополна на Договорот за пријателство и добрососедство. А тој и тоа го прави, бидејќи во членот 12 ...
🚨Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди ОДГОВОРНОСТ и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра. ❌️Денес наместо репреговарање, како што ветуваше Мицкоски во опозиција, неговата влада сега обезбедува нови ...
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево објави дека поднел оставка од партиската функција и ја доставил до лидерот Венко Филипче. Одлуката, како што пишува Даскаловски во објава на Фејсбук, е донесена со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини. Марјан Даскаловски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица / Фото: Фејсбук „Изминатиот период беше исполнет ...
Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. „Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга. Како последица на тоа, регионот на Охрид и Струга остана без напојување ...
Откако Иран и Израел соопштија дека ги суспендираат нападите, иранските државни медиуми објавија дека е укината наредбата за ограничување на летовите и воздушниот простор се враќа во нормална состојба. Претходно беа стопирани сите летови од иранските аеродроми поради страв од нови израелски напади. Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита го суспендира речиси сите ограничувања, а Министерството за образование потврди дека утре ...
Палестинец, кој добил азил во Грција, е уапсен и обвинет за терористички дела поврзани со Хамас, јавија денеска грчките медиуми. Уапсениот пред една година пристигнал во Грција од Газа и добил азил. Триесет и седумгодишниот Палестинец е уапсен пред два дена на Крит, каде работел во хотел. Тој е обвинет за членство во Хамас и обука за терористички цели. Полицијата пронашла докази дека нарачувал експлозивни материјали преку интернет. При ...
Калчолигашот Фиорентина го назначи денеска поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо за свој нов тренер, потпишувајќи двегодишен договор. Четириесетиосумгодишниот Гросо, кој го постигна победничкиот гол за Италија во пенал серијата против Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, ја почна својата тренерска кариера во Серија Б со Бари и Верона, пред да ги предводи Бреша, Сион, Фросиноне, Лион и Сасуоло. „Никогаш не ...
Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски истакна денеска дека е задоволен од прикажаната игра на воведниот турнир од Европската лига што изминатиот викенд се одржа во Струмица. Макеоднските одбојкари на стартот претрпеа пораз од фаворитот Холандија со 3-0, а во вториот натпревар извојуваа победа од 3-1 над Луксембург и ја остварија целта која претходно им беше поставена. „Македонија во дуелот со Холандија ...
Во американската сојузна држава Тексас потврдени се уште два случаи на црв-месојад, соопшти американското Министерствои за здравство. Новите случаи се откриени кај теле и куче, кои не само што немале контакт, туку биле оддалечени стотици километри. Со ова, вкупниот број на случаи на инфекција со црв-месојад во САД се искачи на четири. Црв-месојад или шраф-црв всушност е вид на мува што произведува специфична месојадна ларва – јаде живо месо ...
Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните, здравствени и енергетски капацитети. – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници низ државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево-Охрид (57 километри), што ...
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните ...
Поранешниот претседател на украинскиот Врховен суд, Всеволод Књазев осуден е на пет години затвор откако украинскиот суд денеска ја потврди неговата спогодба со обвинителството. Књазев, кој е обвинет за примање мито, во целост призна вина. Како што соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО), Књазев се согласил да сведочи против соучесниците. Високиот суд за борба против корупцијата, покрај петгодишната ...
Македонската фудбалска репрезентација до 20 години загуби од селекцијата на САД со 2-0 во контролен натпревар одигран попладнево на неутрален терен во бугарскиот град Петрич. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен контролен натпревар против силен противник, што ќе послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Македонската репрезентација добро се спротивставуваше во текот на ...
Англискиот селектор Томас Тухел истакна денеска дека Џуд Белингем ќе се соочи со голема конкуренција за место во почетниот состав на Светското првенство. „Да, тој ќе се соочи со голема конкуренција. Улогите секогаш можат да се менуваат, но во моментов имаме 14 или 15 потенцијални стартери и тој е меѓу нив“, одговори Тухел на новинарско прашање. Англискиот селектор истакна дека е задоволен од формата на играчот од средниот ред на Реал Мадрид ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови. „Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за ...
Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот. Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Дали рејтингот на ...
И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на ...
Во интервју за „Неделник.рс”, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, говореше за борбата против корупцијата и потребата од широко општествено обединување за враќање на правдата и институциите во служба на граѓаните. Филипче истакна дека СДСМ и граѓанскиот сектор работат на враќање на темата за корупцијата во фокусот на јавноста. „СДСМ и дел од граѓанскиот сектор се обидуваат прашањето за корупцијата и одговорноста повторно да го вратат ...