Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
23-годишен штипјанец е кривично пријавен за измама, откако, според МВР, од жена од Пробиштип успеал да земе 2.500 евра претставувајќи се како лекар. Како што информира полицијата, на 3 јуни 2026 година, М.М. ја измамил жената со лажно тврдење дека нејзината внука претрпела тешка телесна повреда при пад и дека е потребна медицинска интервенција. За наводната интервенција, тој од жената побарал и добил 2.500 евра. Надворешната канцеларија за ...
Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите ...
Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира. Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на ...
50-годишен тетовец е кривично пријавен за загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука, откако, според МВР, физички ги нападнал сопругата и ќерката. Инцидентот се случил на 14 август во семејниот дом во Тетово. Р.М. физички ги нападнал двете жени, со што постапил спротивно на судското решение со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство. СВР Тетово по целосно расчистување на случајот поднесе кривична ...
Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе фокус. Професорот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан ...
29-годишен скопјанец е лишен од слобода во Гази Баба по пријава од неговата 81-годишна мајка дека ја нападнал во семејниот дом. Според МВР, на 19 август околу 12 часот, М.Ј. физички ја нападнал својата мајка со тврд предмет, а притоа искршил и дел од покуќнината. Полицијата го лишила од слобода истиот ден во 22:20 часот. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријавa. 29-годишен скопјанец е ...
Плата од околу 120 илјади денари. Нивната работа останува мистерија за јавноста. Никој не знае што точно „координираат“ дури и во влада која има повеќе ресори од прстите на двете раце и двете нозе. Имаат и заменици и помошници. Ретко ги има во јавноста. Иако се дел од извршната власт, не постои посебен закон или правилник кој ги регулира обврските на националните координатори. Затоа, кај јавноста останува впечатокот дека овие функции се ...
Млечни производи се повлекуваат од продажба во Косово по лабораториски анализи во кои биле утврдени неправилности во составот и декларациите. Случајот добива дополнителна тежина за македонската јавност бидејќи дел од производите од спорните брендови биле извезувани и на македонскиот пазар. Косовската Агенција за храна и ветеринарство презела мерки против операторот „Абразен“ (Abrazen), поврзан со млекарницата „Вита“ (Vita), и наредила ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби. „Граѓаните не можат да се прелажат, ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Абази денеска рече дека се враќа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, иако законот дозволува да трча за уште еден мандат На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, вели дека не размислува за повторна кандидатура. „После години раководна функција сметам дека треба човек да каже – доволно е, и да отстапи простор на другите ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за ...
Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки, пренесе 360 степени. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата. Предметот беше отворен на 10 септември 2021 г. по допрен глас, откако се случи ...
Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода. Во очи паѓа купувањето на леб за 120 денари по килограм. „По воведувањето дневна евиденција, месечните фактури во 2025 година се значајно намалени во однос на 2024 година. Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната ...
Од Управата за извршување на санкции информираа дека добиле значајна донација за подобрување на стоматолошката грижа во КПУ Затвор Скопје. -КПУ Затвор Скопје доби значајна и исклучително корисна донација од доктор Дејан Трифуноски, кој за потребите на притворените и осудените лица донираше стоматолошки стол и рендген апарат. Оваа донација има особено значење за установата, имајќи ја предвид реалната потреба од унапредување на условите за ...
Соопштение на СДСМ Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница! Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа”. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули ...
Шумски пожар што со денови беснее во областа Лас Хурдес, во шпанската провинција Касерес, и натаму е активен, а досега изгореле најмалку 3.700 хектари. Поради брзото ширење на огнената стихија, повеќе од 700 жители од 12 населени места биле евакуирани. Ситуацијата за пожарникарите во текот на ноќта била нешто поповолна, откако зголемената влажност, пониските температури и ослабениот ветер помогнале во интервенцијата, пренесува РТВЕ. Во текот ...
Португалија воведува забрана за покривање на лицето на јавни места, а за прекршителите се предвидени парични казни од 150 до 3.000 евра. Новиот закон, кој во дел од медиумите е наречен „закон за бурка“, забранува носење облека со која се сокрива лицето или се оневозможува идентификација. Прописот предвидува и забрана за присилување друго лице да го покрива лицето поради пол, вероисповед, возраст или потекло. Португалскиот претседател Антонио ...
Шабан Салиу, еден од обвинетите во предметот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, по смената од функцијата министер без ресор добил нова владина функција – национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Салиу за новото назначување информирал преку својот профил на „Фејсбук“ на 22 јули, само една недела откако беше разрешен од министерската функција по владината реконструкција. Тој навел дека ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, се вели во соопштението на ДУИ. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на ...
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија се зголеми на 314 лица – покажува најновиот извештај што го објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи (УНГРД). Во извештајот се посочува дека спасувачките екипи сè уште трагаат по 262 исчезнати лица. Бројот на повредени се издигна на 4.437, додека 364 лица се живи извлечени од урнатините. Вкупно 262.154 жители ...
Од почетокот на годината, заклучно до јуни, од наплата на патарина во државата инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра) во споредба со минатата 2025 година и наплатени се 21.891.532 денари повеќе – информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Основачот на кинеската градежна компанија „Evergrande“, Ксју Џијаџин, е осуден на доживотен затвор поради извршено кривично дело голема финансиска измама, соопшти Судот во Шенжен. На Ксју му е конфискуван сиот личен имот и доживотно му се одземени граѓанските права, додека компанијата „Evergrande“ и нејзината подружница за недвижности се казнети со вкупно 15,82 милијарди јуани, или околу две милијарди евра. Според судот, „Evergrande“ и Ксју ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер ...
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го уапсила Скоро на 3 август пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси, каде што ...
На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Македонија и Србија вчера беа забележани повеќечасовни колони странски возила, откако започна проверката и наплатата на казни за сообраќајни прекршоци евидентирани од камерите на системот „Безбеден град“. Голем дел од возилата биле со странски регистарски таблички, а меѓу патниците имало и туристи кои се враќале од одмор во Грција. На возачите кај кои системот претходно евидентирал прекршок им било ...
Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година. Експертите предупредуваат дека ...
За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на оваа сезона, заклучно со вчера претпладне во земјата се дијагностицирани и пријавени вкупно 157 домашни случаи на инфекција со вирусот и се регистрирани вкупно 13 смртни случаи, сите ...