Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои ...
Американските федерални обвинители објавија обвинение од 14 точки против 17 членови на иранскиот институт Мабна за 10-годишна кампања на кибер шпионажа. Групата е обвинета за напади врз стотици институции низ целиот свет, а според Министерството за правда, тие дејствувале првенствено по налог на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Овие обвиненија разоткриваат поширока мрежа за која се верува дека стои зад обемна кампања спонзорирана од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и ...
Aдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 5.000, објави Институтот за јавно здравје на земјата. Како што е наведено во најновиот извештај за состојбата, досега се регистрирани 5.021 случаи, вклучувајќи 2.378 со смртен исход. Во меѓувреме, претставникот на Светската здравствена организација, Тиерно Балде, изјави дека епидемијата на ебола во ДР Конго би можела да се стави под контрола во рок од три месеци ...
Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение од село Долни Балван реагираат против најавената оптимизација и затворање на подрачното училиште поради што нивните деца од 1 септември треба да посетуваат настава во соседното село Таринци. Тие доцна попладнево, како што пренесува МИА, присуствувале на седницата на Советот на Општина Карбинци, каде што се усвојувал Планот и програмата за работа на Општинското основно училиште „Страшо ...
Нови детали се појавија за трагичното убиство што рано утрово се случи во познатото албанско летувалиште Ксамил, каде животот го загуби 20-годишен турист од Португалија. Според информациите на албанските медиуми, жртвата е Луис Мигел Варела Мендес, кој бил смртно прободен со нож за време на конфликт во угостителски објект. Истражителите ги сослушале пријателите на младиот Португалец, кои биле сведоци на случувањата. Според нивните искази, сè ...
Неверојатен случај на непочитување на одлуките на локалните власти е забележан на Халкидики, каде што само неколку часа по интервенцијата на општинските служби, повторно биле поставени чадори на јавна површина. Според грчкиот портал „Thestival“, утрово Општина Полигирос спровела акција за ослободување на јавниот простор од чадори кои биле трајно прицврстени и поставени спротивно на правилата. Екипите излегле на терен и ги отстраниле спорните ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицискиот СДСМ не бара одговорност за загадувањето на водата во Гостивар од градоначалникот Ваљбон Љимани бидејќи заедно се дел од локалната власт. Од партијата сметаат дека проблемот со водата во Гостивар е во надлежност токму на локалната власт бидејќи градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината. „А, СДС во Гостивар е коалиција и дел од ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека непоколебливо и цврсто стои зад својот персонал, откако САД воведоа санкции врз претседателката на тој суд, Томоко Акане. „Рестриктивните мерки од страна на државите насочени кон судиите, обвинителите и персоналот што работи на исполнување на мандатот на МКС го поткопуваат владеењето на правото“, се вели во соопштението на МКС. САД воведоа санкции врз јапонската судијка Томоко Акане, која ...
Зголемениот интерес кај граѓаните по појавата на случаи на западнонилска треска резултирал со стотина пријави за угинати птици до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Пријавите пристигнувале преку бесплатната телефонска линија, електронската адреса и други достапни канали. Од АХВ апелираат граѓаните да не создаваат непотребна паника доколку забележат поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни ...
САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства ...
Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во ...
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална нота на српските власти со барање информации за пожарот во областа во близина на границата, што предизвика густ чад и на бугарска територија. Бугарското МНР исто така, понуди помош во гаснењето на пожарот. Бугарското МНР објави дека бугарските дипломатски мисии во Белград и Ниш се во постојан контакт со надлежните српски институции. Поради густиот чад што стигна до делови од Софискиот, ...
Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија, пишува француски „Интелиџенс онлајн“ во статија објавена денеска. -Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од две години откако премиерот Еди Рама го објави создавањето на ...
Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека во Хрватска моментално се ...
– Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. – ...
Трагичен настан се случил во морскиот предел кај Лејдис Мајл во Лимасол, Кипар, каде што 27-годишен маж го загубил животот откако скокнал во морето во обид да го пронајде својот мобилен телефон. Несреќата се случила на 15 август, а деталите за случајот беа објавени откако била извршена обдукцијата, која потврдила дека причината за смртта е давење. Според информациите од британските бази на Кипар, 27-годишниот маж, по потекло од Египет, се ...
Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници. Моделот за државната администрација ...
Невремето денеска попладне зафати повеќе делови од Македонија, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено нестабилно време има во охридско-струшкиот регион, каде силниот ветер го разбранува Охридското Езеро, а над езерото се развива и грмотевична активност. Невреме е регистрирано и во Берово и други делови од источна Македонија. Силниот ветер попладнево се почувствува и во Скопје, особено во Ѓорче Петров. Според информации од ...
Преговорите меѓу ПСЖ и Ливерпул за трансферот на францускиот репрезентативец Бредли Баркола продолжуваат, а европскиот првак ја намали првобитната цена. ПСЖ од првобитните 169,5 милиони ја „спушти цената“ на 146,1 милион, пренесуваат британските медиуми. Ливерпул сега ја разгледува новата понуда и се очекуваат завршни преговори меѓу двата клуба. Според медиумите, Баркола веќе ги има договорено своите услови за престојот на Енфилд. Доколку се ...
Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода 5 недели а над 5.000 граѓани беа заболени денеска ќе слават. Вечерва, Општинскиот комитет на ВМРО ОКГ во Гостивар ќе слави партиски настан годишнина од основање. Што славите? Тоа што го отрувте цел Град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење? Тоа што не објавувате документ и анализа за водата? Мицкоски од екскурзија ја „пушти” водата за ...
Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...
Две балистички ракети испукани од Иран беа пресретнати од Обединетите Арапски Емирати вечерва, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ. Во него се наведува дека тие паднале во морето – едната во територијалните води на ОАЕ, а другата надвор од нив. Министерството за внатрешни работи на ОАЕ претходно денеска испрати известување до мобилните телефони на граѓаните, објавувајќи дека ситуацијата во земјата сега е безбедна и дека луѓето можат да ...
До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. ...
Министерството за буџет на Франција ќе користи алатки за вештачка интелигенција за тестирање на безбедносната ранливост во државните агенции, објави денеска министерот Давид Амиел. Тој потег следува по откривањето голем хакерски напад врз државната даночна администрација минатата недела. Министерството за финансии потврди минатиот четврток дека податоците за речиси 700.000 даночни обврзници биле компромитирани во кибернапад. Во меѓувреме, ...
Податоците поврзани со 1,2 милиони луѓе и 200.000 компании се украдени во голем кибер напад, објавија денеска властите во Летонија. Податоците како што се имиња, детали за плаќање, регистарски таблички на возила и адреси наводно биле украдени во напад извршен минатата недела. Се уште не е јасно кој стои зад инцидентот. Премиерот Андрис Кулбергс изјави дека не може да се исклучи дека нападот е извршен од друга земја. Кулбергс нареди истрага ...
– Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери ...