Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги достави до Врховната рада номинациите на Андриј Сибига за функцијата министер за надворешни работи на Украина и на Евген Хмара за функцијата министер за одбрана на Украина. Со одобрение на претседателот Зеленски, владата вчера го назначи Евген Хмара за вршител на должноста министер за одбрана.Хмара претходно беше началник на Безбедносната служба на Украина, додека Андриј Сибига го водеше ...

Вчера во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична ...

Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол Сен-Пјер Пламондон, денеска изјави дека ќе го одложи секој референдум за независност од Канада се додека Доналд Трамп е претседател на САД. Пламондон, лидер на Партијата Квебек – која моментално е надвор од власт, но би можела да победи на следните избори во Квебек, што мора да се одржат најдоцна до 5 октомври – рече дека владата предводена од неговата партија сепак ќе распише референдум за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи ...

Осум земји надвор од ЕУ се приклучија на најновиот пакет санкции на ЕУ против Белорусија поради нејзината поддршка на руската агресија во Украина, усогласувајќи ги своите политики со мерките усвоени од Советот на ЕУ на 23 јули, објави „Еуроњуз“ . Меѓу нив, како што објави Европската Унија се наоѓа и Македонија. Другите седум држави се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Норвешка и Украина. Санкциите се однесуваат на ...

Со централна свеченост во Охрид денеска беше одбележан Денот на Армијата – 18 август, а во пораките кои беа упатени од неа доминираа оние за новите безбедносни предизвици, хибридните и киберзаканите, како и потребата од современо вооружување и опрема, и придонесот на земјава во НАТО. На овие предизвици во своето обраќање се осврна и претседателката на државата и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, која рече дека ...

Украина учествуваше на вежбите на НАТО „Балтичка доверба 2026“, одржани од 3 до 14 август во Летонија, а се фокусираа на борбени операции против беспилотни летала, објави денеска на Телеграм Генералштабот на украинската армија. Тие маневри собраа околу 650 војници, експерти и претставници од индустријата од 24 земји за да ги тестираат новите технологии во услови слични на оние што се среќаваат на теренот во Украина. Учесниците тестираа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во моментов нема никакви преговори со Иран, ниту пак се планираат разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Во исто време, тој порача дека Ормускиот Теснец е отворен и дека поморската блокада продолжува. Трамп информацијата ја објави на својата платформа Truth Social, наведувајќи дека меѓу САД и Иран нема ниту преговори ниту договорени средби. Според него, поморската блокада и натаму е целосно ...

Модернизацијата на Армијата се реализира согласно планираната динамика – изјави министерот за одбана Владо Мисајловски во обраќањето на свеченоста во Охрид по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 август. Мисајловски вели дека во тек е набавката на различни видови опрема – артилериски системи, средства за противвоздушна одбрана, беспилотни и системи за противоклопна борба, опрема за киберзаштита, за воздухопловна поддршка и ...

Пожар избувнал во автобус на ЈСП пред влезот во скопското село Цветово, при што нема повредени лица. Според информациите од МВР, на 17 август околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишниот Д.В. од Скопје, додека управувал автобус на ЈСП, забележал чад што доаѓал од неговиот преден дел. Возачот веднаш го запрел автобусот и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а увид на местото извршила ...

Вчера во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од село Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе ...

Полицијата во Шуто Оризари привела 47-годишен скопјанец по пријава дека нападнал двајца вработени во ЕВН Македонија додека извршувале службени задачи. Од МВР информираат дека на 17 август околу 10:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г. (47) од Скопје. Според пријавата, тој најпрво турнал скала на која се наоѓал еден од вработените во ЕВН Македонија, а потоа физички го нападнал и вториот вработен, при што ...

МВР информира дека вчера попладне во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16. овој месец во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок МВР информира дека вчера попладне во 19:30 часот во Полициската станица ...

МВР информира дека утринава во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека ја силувач нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава ...

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека МВР во дневниот билтен има информирано за инцидентот, а не, како што тврдат од СДСМ, дека настанот се крие од јавноста Фабриката од талогот на лажни вести повторно погреши – реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ дека во домот на вработен на МВР, близок со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, била фрлена бомба, наводно поради нереализиран бизнис со провизии. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ...

Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...

Полицијата спречила криумчарење на 10 мигранти во близина на Богородица, при што е приведен 59-годишен државјанин на Латвија. Како што информира МВР, случајот се случил на 17 август околу 22 часот во селото Богородица, гевгелиско. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Богородица“ го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија. При извршената контрола на патничко возило „фиат типо“ со скопски ...

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка. Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек. Ние ова, го ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните. Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата. – Армијата е многу ...

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето ...

Затвореник од затворот во Штип во текот на вчерашниот ден избегал за време на пауза од судење во Основниот кривичен суд во Струмица. За време на судењето откако била дадена пауза, лицето било спроведено од двајца затворски полицајци кога побарало да оди во тоалет, при што на излез од тоалетот го турнал едниот полицаец и се дал во бегство. Истиот избегал со лисици на рацете. Настанот за Инфомакс го потврдил и директорот на штипскиот затвор, ...

Убиство на 20-годишен француски државјанин во Ксамил доби нов развој откако албанската полиција го уапси осомничениот сторител, кој се обидел да го напушти подрачјето по крвавиот инцидент. Жртвата, 20-годишниот Мигел Мендес, беше пронајдена без знаци на живот во раните утрински часови на лежалка на плажа во Ксамил. Според првичните информации од полицијата, постојат сомневања дека бил избоден со нож. Како осомничен за убиството беше посочен ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност, објави 4news.mk Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=975hPa. U=27%. ...

УХМР ги измери температурите ова претпладне низ Македонија. Мерењата во 11 часот покажаа дека најниска температура има на Попова Шапка, каде се измерени 18 степени. Со 31 степени, Велес е најтопол град во 11 часот во Македонија. Во Скопје УХМР измери 28 степени Целзиусови во 11 часот, со што е еден од најтоплите градови денеска. Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има ...

„Во ранговите на самата војска владее кадровска криза и незадоволство при што професионалниот состав страда од масовен одлив на обучен кадар и незадоволство од ниските примања. Поголемиот дел од касарните се изградени во времето на СФРЈ и со децении зјаат невозобновени. Санитарните услови се катастрофални – нема парно греење во зима, тоалетите се руинирани, спалните соби ги разјадува влага, а покривите протекуваат. Квалитетот на храната во ...

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да ...

Дијалог постојан има, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на ...

Вечерва ќе биде спроведена 13-та дезинсекција против комарци за оваа сезона со теренски третман – соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својата фејсбук-страница. – Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август во раните утрински часови да се изврши авионска дезинсекција, а од 23 до 26 август да се ...

Карактеристичко за сите пожари, посочи тој, е тоа што никаде не гори квалитетна борова шума или друг тип шума. -Во овој момент нема загрозени села. Депонијата во Кратово е целосно затрупана и не претставува опасност за загадување на воздухот. Во текот на вчерашниот ден имавме 29 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата реакција, а понекогаш и повеќечасовната борба на пожарникарите со пожарите 23 од нив беа изгаснати во текот на ...

Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партискиот генерален скеретар Александар Саша Димитријевиќ. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42