Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партискиот генерален скеретар Александар Саша Димитријевиќ. ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
На граничниот премин меѓу Бугарија и Турција „Капитан Андреево“ официјално започна реконструкцијата и модернизацијата вредна над 43,55 милиони евра без ДДВ, со која капацитетот на пунктот треба да се зголеми за 25 отсто, односно за дополнителни 250.000 возила годишно, соопшти началникот на граничниот пункт Георги Господинов. Официјалниот почеток на градежните работи го означија Господинов и Марина Ганева, претставничка на компанијата ...
Турција подготвува нова стратегија за критичните минерали со која треба да го зголеми домашниот ископ и да ги намали ризиците во снабдувањето со суровини неопходни за стратешките индустрии. Планираното државно тело ќе обедини повеќе институции и ќе има задача да проценува кои минерали се од стратешко значење, но и какви се нивните еколошки и социјални ефекти. Со тоа Анкара настојува да ги поврзе економските и безбедносните интереси со ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...
„Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари. Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот. Ниту навреме, ниту сега. Нема намалување на акцизата. Нема привремена интервенција. Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните“ соопштија денеска од СДСМ. Велат „ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада. Додека ...
Во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при што до 12 август се регистрирани 110 заразени лица. Повеќе од две третини од случаите се во областа Атика, соопштија здравствените власти. Бројката е веќе повисока од бројот на случаи регистрирани во истиот период во претходните години. Посебно загрижува фактот што во 2018 година, која се смета за најтешка година во Грција, во текот на целата сезона биле регистрирани ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Операцијата била под името „Ќе те носам на крстарење 2026“ ...
Најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени во пукање во училишниот комплекс во градот Замбоанга, на југот на Филипините, изјави денеска градоначалникот Кимеро Адан Олас. Пукањето се случило околу 8:30 часот по локално време во училишниот комплекс на Универзитетот „Атенео де Замбоанга“, пренесе Синхуа. Според градоначалникот, осомничениот – ученик во седмо одделение – влегол во училиштето со пушка и пиштол, отворил оган врз учениците и ...
Пожар утринава избувнал во куќа на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, а на местото интервенираат екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита. Од објектот се забележува густ чад кој излегува низ прозорците. Пожарникарите интервенираат со две противпожарни возила, а на терен била присутна и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упатила кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Од МВР информираат дека ...
Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа. Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата. Набргу потоа беше променета и насловната фотографија на нејзиниот профил, ...
Трифун Костовски Македонија мора да ги заштити изворите пред да биде предоцна Цивилизациите низ историјата преживувале многу војни. Се уривало, но и градело. Секогаш може повторно да се изгради пат, мост или зграда. Но еднаш трајно загаден извор на вода за пиење, тешко се враќа. Затоа заштитата на водата мора да стане прашање од највисок национален интерес. Почитувани читатели, Сведоци сме на низа појави кои предупредуваат дека загадувањето ...
Во музеј на Сицилија, украдени се четири слики со непроценлива вредност од Ренесансата, соопшти италијанскиот министер за култура, Алесандро Џулио. Надлежните потврдија дека три панели од „Полиптихот на Свети Григориј“ од 1473 година, како и двострана плоча со прикази на Богородица и распнатиот Исус Христос, биле украдени од Регионалниот интердисциплинарен музеј во градот Месина, во саботата навечер. Уметничките дела му се припишуваат на ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ќе ја прекине изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк „Биг Бенд“ во јужниот дел на Тексас, додека шефот на агенцијата задолжена за изградбата не изврши „проценка на терен“. Проектот наиде на силно спротивставување кај двете најголеми американски политички партии. Критичарите тврдат дека ѕидот ја загрозува животната средина, а дека ...
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) – соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август, зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...
Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија. Украина во рамки на таканаречената кампања за „длабоки удари“ користела дронови произведени од две британски компании, објави лондонскиот весник „Сандеј тајмс“. Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови се почесто гаѓаат воената индустрија и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Дел од бензинските пумпи во Скопје прекинаа со продажба на дизел гориво, во пресрет на новото поскапување што стапува на сила од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од 18 август во 00:01 часот дизелот да поскапи за 6,50 денари и да достигне максимална цена од 98 денари за литар, објави 4news.mk Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава до 91,50 денари, а БС-98 до 93,50 денари за литар. Одлуката на РКЕ предвидува просечно ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати барање за вонредна седница на хрватскиот парламент поради еколошката катастрофа во Лика. Милановиќ поднесува барање за вонредна седница на хрватскиот парламент врз основа на одредбите од член 79, став 2 од Уставот на Република Хрватска, потврди денеска Никола Јелиќ портпарол на претседателот. Според Деловникот на хрватскиот парламент, откако Милановиќ, како овластен предлагач, ќе поднесе ...
Цели пет месеци во Министерството за култура немаат здравствено осигурување, со што дел од вработените се принудени од свој џеб да плаќаат за неопходните здравствени услуги, дознава “Фокус”. Ова се случувало и во перидот кога со министерството управувал Зоран Љутков, кој со владината реконструкција беше сменет од позицијата, а на министерското столче седна Седат Сулјемани од коалициониот партнер ВРЕДИ. Според информациите до кои дојде ...
– Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање ...
Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од земјата до 2025 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се повика на член 338 од Законот за ...
Приказната за трагедијата во Кочани продолжува да стигнува до меѓународната јавност преку документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал. Иван Ивановски, директорот на фотографија на филмот и дел од тимот волонтери на „Support Kočani“, сподели дека претставувањето на филмот во Сараево е важен момент за сведоштвата од Кочани да бидат ...
Вечерва на повеќе бензински пумпи се забележуваат редици од возила, откако беше објавено новото поскапување на горивата. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите пред стапувањето во сила на новите, повисоки цени, а на дел од бензинските се создадоа колони од автомобили. Зголемениот интерес за точење гориво доаѓа по информациите за сериозно покачување на цените, поради што дел од возачите одлучија да наполнат гориво по старата цена. ...
НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на земјите-членки на НАТО. Врз основа на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не бараат да го продолжат Меморандумот за разбирање што го потпишаа со Иран. -Техеран нема да се согласи со видот на договор за кој Трамп вели дека е потребен, изјави американскиот претседател. Трамп, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одговорил на неговите предлози откако американскиот претседател му нареди на Пентагон да ги намали годишните заеднички воени вежби ...
Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во пресрет на утрешното одбележување 34 години од формирањето на македонската Армија. – Нека одекне гордоста – кусо напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук каде се објавени снимките од почесната стрелба. Со повеќе активности во ...
Голем пожар избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, а огнот брзо се прошири и навлезе меѓу првите куќи. Според првичните информации, изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Ова вечерва во вонредна изјави го кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој додаде дека во овој пожар две жени вдишале чад, а по интервенцијата на Итната помош сега се чувствуваат ...