Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии. ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. Тоа постапувајќи по претходна пријава ...
Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за ...
Oбид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат, пишува во реакцијата на Министетството за образование и наука на ...
Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 локации се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, од увидот во изградбата на фекална канализација во Идризово. ...
Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се ...
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираа денеска од ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но забележа дека не посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи. -Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус падна од автопатот М3 во Унгарија синоќа, објави утрово унгарскиот премиер Петер Маѓар. Автобусот паднал во канал и се превртел во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ. -Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3, објави унгарскиот премиер Петер ...
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека му завршила научно-образовната екскурзија, па го прашаа кога ќе оди во Гостивар. -Мислевме дека екскурзијата е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образованиеm Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна. Првиот ден – милион теми. Мора да го надомести ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“, изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на претежно мирен начин. -Фактот што ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата војска го погодила рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...
Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34, велат од Центарот за јавно здравје Скопје, во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново. Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево. -Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат денеска е детектиран случај оттаму. Има канали, базени, застојани води и ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за следниот четврт век, во говорот по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на партијата. Годишнината синоќа беше одбележана со голем митинг во паркот „Милет бахчеси“ во главниот град Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. Говорот на Ердоган во живо го пренесуваа водечките турски телевизии. -Почнуваме ...
Случајот со забранетата вода за пиење на водата во Демир Капија да не се користи за дневнополитички поени – апелира в.д. директорот на демиркапиското јавно комунално претпријатие „Бошава“, Петар Јованов, откако вчера беше објавено дека водата од градскиот водовод се забранува за пиење и за подготвување на храна. „Нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните. Вакви ситуации не се нешто што се случува по првпат и ...
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска го посети гробот на Арбен Џафери, по повод 14-годишнината од неговата смрт. „По тој повод, тој положи свежо цвеќе и му оддаде почит на ликот на Арбен Џафери, една од најважните личности на албанската политика во Северна Македонија“, се наведува во фејсбук-објавата на ДПА. Арбен Џафери беше долгогодишен политичар и еден од најзначајните претставници на албанската ...
Најмалку 38 лица загинаа во силниот земјотрес што ја погоди Индонезија во раните утрински часови во саботата, а бројот на жртвите се очекува да расте додека продолжуваат пребарувањето и спасувањето. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погодил островот Флорес непосредно пред 05:00 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри. Епицентарот бил на приближно 1.000 километри од Бали. Плиткиот земјотрес ...
Од опозицискиот СДСМ велат дека иако вчера политичари и функционери вчера во Гостивар пред камери пиеја вода од градскиот водовод, се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е безбедна за пиење. Од партијата потсетуваат дека гостиварци цел месец пиеле загадена вода и дека илјадници завршиле во болница. „Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ертрактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видео-изјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „eртрактори“ со концентрирано дејство на неколку ...
Екстремно високите температури што ја погодија Европа годинава би можеле да предизвикаат огромни економски загуби, при што проценките покажуваат дека сметката би можела да достигне 180 милијарди евра, односно околу еден процент од европскиот БДП. Според холандската банка Триодос, топлотните бранови веќе создаваат проблеми во земјоделството, енергетиката и транспортот, додека намалената продуктивност на работниците дополнително ја оптоварува ...
Од обично летување на Ситонија до драматична борба за спас на човечки животи – така изгледал еден ден од одморот на Иван Катанчевиќ од Ниш, кој на плажата Сикија двапати влегол во морето за да спаси луѓе што силните бранови ги одвлекле од брегот. Иван раскажал дека неговото семејство тој ден решило да остане на плажата и покрај предупредувањата дека морето е опасно поради силниот ветер и високите бранови. Тој влегол во морето со својата ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри финансирање до 120 милиони евра за изградба на голема соларна електрана во Романија, која ќе биде опремена и со батериски систем за складирање електрична енергија. Проектот во округот Брашов предвидува изградба на соларна електрана со капацитет од 342 мегавати, како и батерии со капацитет од 150 MW/300 MWh. Целта е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, но и ...
Возач од Германија бил лишен од слобода откако бил затекнат како со својот автомобил се движи со брзина од 203 километри на час на автопатот „Пријателство“ кај Милетково, соопшти МВР. Полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија денеска во 8 часот извршиле контрола на сообраќајот со радар, при што утврдиле дека 46-годишниот М.Ф. од Германија управувал автомобил „БМВ“ со германски регистарски ознаки со 203 километри на час. На ...
Поради непристапниот терен, пожарот што избувна во областа на Сува Гора, во општина Јегуновце, во моментов се гасне од воздух. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица од Тетово, Авни Амети, се на терен и ја следат состојбата, како и координацијата на активностите за справување со ...
Слаб земјотрес попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот, со локална магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот, според овие податоци, бил на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна ...