Играта „Pokémon Go“ е сè уште активна. Додека беше во подем играчите „ловеа покемони“ со сликање локации, каде виртуелните покемони се појавуваат во реалниот свет на улица или во околината на играчите, и се детектираат со мобилен телефон. Податоците собрани од локациите што милиони играчи ги сликале, моментално служат за систем за навигирање дронови напаѓачи и тренираат ВИ модели за милитаристички цели, во случај на леталата да им се попречи ...

Автопатот Скопје-Блаце ќе го гради македонската градежна компанија „Гранит“, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Министерот денеска оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговарало за изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Од Министерството информираат дека на средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во ...

Со изложбата „Пркосните 12“, поставена во КСП Центар Јадро во Скопје, беше заокружен тримесечниот инклузивен курс за фотографија организиран од граѓанската организација Пркос, под менторство на фотографот Драги Неделчевски. Изложбата содржи 30 портретни фотографии создадени во рамки на две фотосесии реализирани за време на практичниот дел од курсот. На фотографиите се претставени самите учесници, кои во текот на програмата биле и фотографи и ...

Американските војници го убија водачот на венецуелската банда Трен де Арагва во воздушен напад, објави претседателот Доналд Трамп, пренесува Би-Би-Си. „По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен кинетички удар за успешно да го егзекутира Нињо Гереро“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Нињо Гереро, чие целосно име е Хектор Растенфорд Гереро Флорес, беше долгогодишен водач на Трен де Арагва. ...

Договорот со САД за прекин на борбите во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи на Иран. Сејед Абас Арагчи изјави за државната телевизија дека договорот, исто така, вклучува и укинување на блокадата на САД кон Иран, но дека разговорите за нуклеарната програма на Иран ќе започнат подоцна. Американските претставници потврдија некои од деталите од договорот, велејќи дека ...

Откако беше пропуштен рокот за усогласување со одлуката на федералниот судија за отстранување на името на претседателот Доналд Трамп од Центарот Кенеди, историското место за сценски уметности бара дополнително време за спроведување на неговата директива, пренесува Си-Ен-Ен. Адвокатите на Министерството за правда кои го претставуваат центарот изјавија дека додека работата е во тек, грмотевиците во областа на Вашингтон предизвикале одложувања. ...

Вработените во јавнообвинителската служба во сите обвинителства во државата денеска преку писмено соопштение реагираат на новиот предлог-закон за јавнообвинителска служба, кој е веќе во собраниска процедура. Според нив, предложеното законско решение, кое треба да го замени постојното, донесено пред 10 години, не претставува реформски исчекор, туку, како што велат, пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во ...

Во светот постојат околу 2,4 милијарди деца на возраст под 18 години. Но, речиси речиси 138 милиони од овие деца, околу едно од 17, се вклучени во детски труд, вклучувајќи 54 милиони кои работат во опасни услови што го загрозуваат нивното здравје и безбедност, според проценките на Меѓународната организација на трудот (ILO) и УНИЦЕФ, пренесува Ал Џезира. По повод Светскиот ден против детскиот труд, Ал Џезира ги анализира најновите податоци за ...

Премиерот Христијан Мицкоски на Бизнис-форумот Македонија – Турција во Истанбул денес, упати повик до турските компании да инвестираат во земјава и да станат дел од, како што рече, „развојната приказна на Македонија“. „Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и ...

На социјалните мрежи деновиве кружи повик до граѓаните на општините Виница и Кочани да присуствуваат на, како што се вели, „сенароден собир и разговор“ посветен на македонско-руското пријателство, на православната поврзаност и на иднината на Македонија. Според објавата, собирот е најавен за 14 јуни пред руската православна црква во селото Блатец. Останува непознато е кој е организатор на собирот. По објавувањето на повикот, следуваше реакција ...

Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека е уапсен американски научник, обвинувајќи го за шпионажа и загрозување на кинеската национална безбедност, пренесува Би-Би-Си Њуз. Ју Мин Зин, директор во тинк-тенк фокусиран на Мјанмар, бил уапсен на почетокот на јуни, изјавиле извори претходно за „Њујорк тајмс“. Тој наводно исчезнал додека бил во кинескиот град Кунминг, кој се наоѓа на границата со Мјанмар, се наведува во извештајот. ...

Меморандум меѓу САД и Иран за запирање на војната во Заливот би можел да биде потпишан веќе во недела, изјави западен извор за Ројтерс во петокот, а Женева се појавува како најверојатно место. Изворот рече дека формулацијата во меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против милицијата Хезболах, поддржана од Иран. Целта беше да се ...

Деветтоодделенците од денеска електронски се пријавуваат за упис во средно образование за учебната 2026/2027 година. Согласно конкурсот, пријавувањето се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со корисничките имиња на schools.mk, каде што учениците треба да ги прикачат скенирани или фотографирани документите за упис, односно свидетелствата од 6 до 9 одделение, додатоците на свидетелства како и извод од матична книга на родени. Како и изминатите ...

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја заземе нафтената инфраструктура на Иран, вклучувајќи го и главниот извозен терминал на островот Харг, „во не толку далечна иднина“, објави Си-Ен-Би-Си. Трамп во објава на „Truth Social“ изјави дека американската војска ќе го нападне Иран „МНОГУ ЖЕСТО“ вечерва, откако во средата беа извршени воздушни напади. Претседателот се закани дека ќе ја преземе „целосната контрола“ врз пазарите на нафта и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека почетниот договор за завршување на војната со Иран е близу, откако објави дека ги откажал нападите врз земјата. „Тукушто постигнавме одлично решение за војната со Иран“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави за државната телевизија дека извештаите за договор се шпекулативни и дека ништо не е финализирано. ...

Цените на нафтата паднаа над еден долар утрово, продолжувајќи ги загубите од претходната сесија откако американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за напад врз Иран, и ги намали стравувањата од ескалација на непријателствата. Фјучерсите на Брент паднаа за 1,83 долари или 2% на 88,55 долари за барел, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) падна за 1,60 долари или 1,8% на 86,11 долари. Трамп, кој прво се закани ...

Британската економија се намалила за 0,1% во месец парил, покажаа бројките објавени во петок, бидејќи влијанијата од војната во Иран продолжуваат да го попречуваат растот, пренесвуа Си-Ен-Би-Си. Намалувањето од 0,2% во услужната активност беше наведено како главен двигател на негативниот раст, а официјалните лица рекоа дека делумно е компензирано со зголемување од 0,1% на градежништвото. Производството покажа нулти раст за месецот. ...

НАТО постепено ќе ја прилагодува силата на својата мисија за поддршка на мирот во Косово, која е во сила од 1999 година, во текот на следната година поради стабилната безбедносна ситуација во земјата, соопштија денеска од Алијансата. „НАТО и КФОР се целосно посветени на безбедноста и сигурноста во Косово“, изјави генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на сојузничките сили за Европа (SACEUR). „Токму ...

Околу еден милион млади луѓе во Англија, Велс и Шкотска ќе добијат можност да се вакцинираат за заштита од менингитис Б, пренесува Би-Би-Си Њуз. Еднократната програма е воведена поради загриженоста од најголемото и најбрзо растечко жариште на менингитис Б досега во Обединетото Кралство, регистрирано годинава во Кент, како и по појавата на уште две „невообичаени“ групирања на случаи во Вејмут во Дорсет и Ридинг во Беркшир. Вакцината, која се ...

Мајка од Канада ги тужи „OpenAI“ и нејзиниот извршен директор, Сем Алтман тврдејќи дека „ChatGPT“ ја охрабрил нејзината ќерка да се самоубие. Тужбата е најновата во низата обвинувања дека компанијата не успеала да се справи со опасните разговори меѓу корисниците и четботот на компанијата, објави Гардијан. Кристи Кериер во тужбата поднесена до државниот суд во Сан Франциско изјави дека нејзината ќерка, Алис, му кажала на четботот за своите ...

Елон Маск се очекува да стане првиот билионер (АНГ:trillionaire) во светот по долгоочекуваното деби на неговата компанија СпејсИкс на американската берза, пренесува Д Хил. Се очекува најбогатиот човек во светот, чие моментално богатство е околу 790 милијарди долари, да го види своето богатство над 1 билион долари откако акциите на неговата компанија за вселенски летала и сателитски комуникации денеска во текот на денот ќе почнат да се ...

На 10.06.2026 полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село. Тој бил баран поради основано сомнение дека не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел неговата 38-годишна сопруга од Албанија со привремен престој во Тетово, ...

Поради слабости во системските контроли и службената размена/преземање на податоци по службена должност за 2024 година, државните ревизори откриле дека 235 корисници неосновано стекнале, односно користеле права од социјална заштита и пензија, во висина од 14,5 милиони денари, пишува во ревизорскиот извештај „Исплата на права на парична помош од социјална заштита“ кај Министерството за социјална политика, демографија и млади. Како што се ...

Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот Стевчо Јакимовски, му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, соопштија денеска од Основниот кривичен суд. Со оглед на тоа што, екс градоначалникот на Карпош беше во куќен притвор пет месеци, во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор, па казната што ќе треба ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“, каде се анализираат три тендерски постапки кои отвораат сериозни прашања за транспарентноста и заштитата на јавните средства. Истражувањето се темели на анализа на таканаречените „црвени знаменца“ во јавните набавки, увид во јавно достапни документи и информации добиени од граѓани. Лични документи изработувани по ...

Од денеска стартуваат обуките во автошколите за граѓани кои сакаат да возат мотоцикл и да се стекнат со категорија А1. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, финализирани се сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со примена на измените на законот со кои сите кои имаат возачка дозвола од Б категорија, можат да ја поминат оваа обука и да управуваат со мотоцикл до 125cm³. „Министерството за ...

Уште едно студио на Ubisoft ги затвора своите врати. Ubisoft Belgrade е најновото студио што е затворено од страна на францускиот издавач. Ова затворање доаѓа директно по ненадејното затворање на Ubisoft Winnipeg, пренесува Инсајдер Гејминг. Ubisoft Belgrade беа формирани во 2016 година. Во тоа време, српското студио за поддршка работеше на игри како што се Tom Clancy’s Ghost Recon Breakpoint и Wildlands, The Crew 2, Rainbow Six, Skull & ...

Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град Тирана во досега најголемиот протест против изградбата на луксузен туристички комплекс зад кој стои зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пренесува Ел Џазира. Демонстрантите во средата носеа транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и извикуваа „Нова Албанија“ пред кабинетот на премиерот Еди Рама, додека колоната протестанти се протегала речиси еден ...

Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“, преку кој десет средношколци ќе добијат стипенција од 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи во текот на учебната 2026- 2027 година. Повикот, како што посочуваат од Фондацијата, е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. „Ова е можност за младите кои ...

Партија Тиса победи на изборите во април, соборувајќи го Виктор Орбан и неговата партија Фидес по 16 години на власт, а новата влада се обврза на реформи за владеење на правото што ги бара Брисел за да се деблокираат замрзнатите средства на ЕУ. Зајакнувањето на слободата на медиумите и плурализмот во Унгарија сега мора да биде приоритет, соопшти CPJ (Commitiee to Protec Journalsits). „Заземањето на унгарскиот медиумски пејзаж од страна на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Калај

53.60

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59